Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името на државата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 19 јуни 2017.

?

Кое име е прифатливо според вас?

  1. Република Вардарска Македонија

    33 глас(а)
    8,4%
  2. Република Скопје

    8 глас(а)
    2,0%
  3. Друго

    56 глас(а)
    14,3%
  4. Ниту едно, да си остане како што е

    295 глас(а)
    75,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Треба да расчистиме дека во Грција и најлибералните јавни личности имаат ставови кои не се ни малку блиски до ставовите на нормален Македонец. Во однос на името и историјата зборувам.
     
    На orevokrsacka, Lianna Anna, Aquamarine93 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Gentlemen

    Gentlemen Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2017
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    upload_2018-2-3_19-41-58.png

    Заев, курво!! остави го името не е од мајкати
    Името_Не_Е_Хаштаг
     
    На Rama и Zaljubena26 им се допаѓа ова.
  3. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    На Macedo-Bulgarian му/ѝ се допаѓа ова.
  4. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Преведено на македонски, Заеф не спрема на евентуален референдум со наместен резултат. Има некој во државава на кого тоа не му е уште јасно?
     
    На edenandrej, Rama, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Macedo-Bulgarian

    Macedo-Bulgarian Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Зошто наместен?, има многу луѓе кои прифаќаат промена на името со цел влез во НАТО и ЕУ, јас сум сигурен дека резулатите од анкетата се приближно точни и дека референдумот ќе биде успешен.
     
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Без разлика кое е мислењето што преовладува кај граѓаните, исходот од евентуален референдум ќе биде наместен, нема да остане на случајност.
    А што се однесува до граѓаните, најверојатно ќе се раководат според ставовите на партиите кон кои се приклонети кога ќе дојде време за референдумот (ако дојде). едит - За гротото граѓани зборувам.
     
    Последна измена: 4 февруари 2018
    На Aquamarine93, YoungandBeautiful, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Дали Заев или Мицковски спремаат заедно наместен референдум не ме интересира. Како сакаш интерпретирај го ова, тоа е твое.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Што се случува во Грција, повеќе од милион народ излегол да протестира против името Македонија?
     
  9. Macedo-Bulgarian

    Macedo-Bulgarian Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Мало морген милион :D, околу 140 000 според грчката полиција.
    http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/93/134094579
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.085
    Допаѓања:
    12.828
    Епа тоа е немање на национална свест и продавање на своите деца. Би ме гризело совест, да одам евра да трошам во фашистичката грчка земја која не ме признава. Македонците се мекуши, кои дали и заслужуваат да имаат држава е прашање.
     
    На zuto, carangigia, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Теодоракис



    :music::d: :sun: :D
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  12. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Интересно е тоа како македонските медиуми не известуваат за тоа дека се организирале исто така и контра-протести против националистите и фашистите. Инаку истите овие ги употребуваа некои одамна познати мерки што беа присутни во македонската политика а тие се: носење на луѓе со автобуси на протестов:

    Ма да бројката искрено ми е сомнителна, ама ајде.

    В Афинах на улицы вышли более миллиона анархистов

    https://tvzvezda.ru/news/vstrane_i_mire/content/201802041752-9qnz.htm
     
    На daylight и Someonespecial им се допаѓа ова.
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Е би го задавила
    Screenshot_20180204-201659.jpg
     
    На galapce, elimkd, YoungandBeautiful и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Сања,а јас би ги задавила и поповите кои се на чело на протестов,место да го смират народот,тие уште повеќе ја силат толпата фашистичка.

    Не дека очекувам некој напредок од испрани мозоци,но срамота е во 21 век вакви фашисти и националисти да постојат.
     
    На YoungandBeautiful, sanjaeva, Nigredo Odor и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Протестиве во Атина се дно дна, најтешка брука за самите нив.
    Читав и гледав по твитер, имаше постирани некакви срцепарателни постери и илустрации на кои поентата е дека Македонците се најголемиот нивен непријател. Не ми се веруваше со што и таму перат мозок на народ, и тоа guess who - повторно десничари кои играат на карта „патриотизам“ :)
    И ова што се случува во Грција е доказ дека национализмот и религиозниот фанатизам (ова попови што се мешаат) е најголемото зло во секоја држава.

    Браво за ова :bow:

    фдхгфх.PNG
     
    На Joi, daylight, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Gentlemen

    Gentlemen Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2017
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    upload_2018-2-4_20-38-20.png
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Немам право да судам никој,но овојпат ќе го направам тоа.
    Како верник,згрозена сум што гледам колкав замав земаат и поповите и монасите на протестиве,и тоа замисли и од Света Гора се активирале монаси.
    Резил невиден!!
    Па уште и со некои навредливи и сулуди параболи :worried:
     
    На galapce, softy1, orevokrsacka и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    А чекајте малку, вие навистина поверувавте во причата на Зајко за добрососедски односи?
    Помисливте дека доволно е да преименувате име на аеродром и на автопат, па Грците ќе ве засакаат?
    Грците се националисти и тоа нема да се смени ни во следните 20 години.

    Референдум таму нема да помине, па колку и да го местат. Ама овде ќе помине затоа што Македончето отсекогаш е заебана странка.
    Каква Горна Македонија, тие сакаат да станите Централна Балканска Република. Бараат менување на устав, а нашите интелтуалци никаде ги нема. Страв, пари, што ли е?

    Статусот од овој Мицковски е патетичен, нешто у стилу ќути си-трпи си.
    Ако има барем некој македонски политичар со достоинство, јавно ќе ги осуди протестите.
    Се ми се чини дека ситуацијава има потенцијал да стане полоша и од 12 годишниот режим на Грујо.

    Испаѓа, ЉуБчо бил визионер кога заговарал припојување кон Бугарија и поклон на Западна кон Албанија.
    Нема капацитет да опстои оваа држава.
     
    На Lianna Anna, YoungandBeautiful, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Имаат доста пагански обичаи.
    Не сум згрозена после она што го видов кај нив за Велигден...
    Прават човек на бесилка (глава му е фудбал, некое одело, патики...) и во 00:00 го палат. :tmi:
    Само се прекрстив и излегов од дворот на црквата која се повеќе има примеси од католицизам.
    Во секој случај, по се што гледав онлајн, видов само омраза.
     
    На carangigia и Rama им се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.928
    Допаѓања:
    177.526
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial ќе се надоврзам и сложам со тебе.
    Протестите им се дно дна. Тој народ што беше излезен денеска во најмала рака е за жалење. Тој народ, колку нас и да ни е смешно, сериозно верува дека ние ќе ги окупираме. Тие се длабоко убедени во тоа и за наша иронија тие навистина стравуваат од нас. И нормално лошиот образовен систем, домашната политика и мас медиа-та како најголема пропагандна машина си ја вршат работата... впрочем како и кај нас.

    И да. Општа хистерија им се дешава. Моментално се чувствуваат истовремено “нападнати” и беспомошни. А медиумите упорно ги убедуваат дека само и само тие можат да ја спасат “Македонија”. Во паника се, пресмешно е. Многу е битно во вакви моменти да се остане смирен. Ние за прв пат во овој спор сме трезвени. Обично и кај нас пропагандата сеела паника, но овој пат можеби научивме дека паниката не ни е пријател.

    Фактот што Грција е на секаков начин зависна од Брисел, како финансиски, безбедносно, економски, нема што да му понуди на народот. За политички поени, со ефтина пропаганда која едино останува, и плус тие одамна не одржуваат митинзи пред гласање, паметните го искористија протестов и го канализираа во антивладин. Се си има свој скриен мотив.

    Најавуваа 2500 aвтобуси и над милион народ, добија 250 автобуси и демек 140 илјади. Иначе околу 100 илјади. Што и не воопшто многу со оглед на тоа колкава е Грција. Кој памти, вемеро кај нас собра дури 350 илјади. :lol:

    Грците одамна се излезени од онаа рамка на големи верници и традиционалисти и почитувачи на истата. Нит знаат кај се нит кај тераат. Вредностите си ги испревртиле и прилагодиле како во моментот им одговарало. Последниве 20 години посебно традиционалните вредности им се претерано осиромашени и или ги нема, или се извитоперени. Муабетот ми е дека имаме погрешна слика за нив кога се работи за такви работи.
    Ние и во услови на далеку полоши ситуации во какви сме биле во земјава, сме зачувале далеку поголемо традиционално наследство.
     
    На koritsaki, Lianna Anna, +++ и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.