Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името на државата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 19 јуни 2017.

?

Кое име е прифатливо според вас?

  1. Република Вардарска Македонија

    33 глас(а)
    8,4%
  2. Република Скопје

    8 глас(а)
    2,0%
  3. Друго

    56 глас(а)
    14,3%
  4. Ниту едно, да си остане како што е

    295 глас(а)
    75,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Имај во предвид дека истиов муабет им го сервираат грчките опозиционери на народот, нешто отприлика вака:
    „А чекајте малку, вие навистина поверувавте во причата на Ципрас и Коѕијас за добрососедски односи?
    Помисливте дека доволно е да организирате вечери во Солун и посети на Скопје, па Фиромците ќе ве засакаат? Фиромците се националисти и тоа нема да се смени ни во следните 20 години.„

    Тоа е проверена рецепта на балканот: кога не си паметен да ја подобриш економската состојбана сопствените граѓани а сакаш да дојдеш на власт, тогаш удри на патриотизам и поттикнување страв од соседните народи.
     
    На Rama, CameliaMiller, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Либералниот и прогресивен Запад, опериран од национализми и фанатизми, сите овие години го поддржува грчкиот фашизам и национал-шовинизам кој бил дно, наводно :l: А некои уште си мислат дека светот функционира наивно.
    Грците паметно размислиле, имале предвид што би можело да се случи во иднината, па ако им бил соседот мал и немоќен 1991., тие се потрудиле да остане таков, поточно да стане бетер, за да не им се одбие некогаш добрата волја и невниманието... Туку, овде кај нас има многу плачковци кои не знаат да се носат со предизвиците. Менталитет, да му се невиди. Се е во главата.
     
    Последна измена: 5 февруари 2018
    На zhap4e, Rama, YoungandBeautiful и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Да бидам искрена, ме насмеа. Прво заради тоа што мојот коментар е од страна на анонимен член на форум, поточно моето мислење нема никаков допир до надворешната политика на Македонија и Грција.
    А второ, Македонците не се националисти. Никоја политичка партија или движење, неможе да собере ни приближна бројка од оваа на Грците.
    Трето, не е потребно нивните политичари да им сервираат јавно мислење. Тие од мали се задоени со фашизмот и мислењето дека имаат северен сосед кој им краде се, вклучувајќи и историја. Само 20% од населенението не го дели тоа мислење и во случајов се небитни.

    Колико год, овде ве повикуваат на либералност, смиреност и сите тие фини термини. Очигледно е дека соседите ви се умешуваат во внатрешната политика. Земи ги за пример договорот со Бугарија, законот за јазици сервиран и поддржан од најалбанецот Рама, а сега најновото барањето од вашиот јужен сосед да смените устав. Овие работи нема да ја подобрат економијата во Македонија, напротив овој законот за јазици ќе го троши буџетот секоја година. Поентава ми е, сервилноста на Македонија е тотално контрапродуктивна.
    Не ви помага тој однос ќути-трпи, туку баш напротив. За промена, пред само една година бевме убедувани од функционери на сдсм дека до вакво нешто нема шанса да дојде, све тоа било црна пропаганда и политички поени. Guess what?
     
    На Rama, zuto, orevokrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    :rofl: не ме смеј, ти се молам
     
    На daylight, CameliaMiller, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Не е битно дали биле 140.000 или 1.000.000 излезени, факт е дека 99% од Грците не сакаат да се содржи зборот Македонија во нашето име, не сакаат да бидеме Македонци и да имаме македонски јазик, и не сакаат да признаат дека некогаш (а камоли денес) постоеле Македонци (како нас) во Егејска Македонија. Дополнително, добар дел од нив не сакаат ни да постоиме како држава.
     
    На zhap4e, Aquamarine93, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  6. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    На daylight, Someonespecial и DAngel им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.928
    Допаѓања:
    177.526
    Пол:
    Женски
    Вака кога ќе излезете со некој процент колку се ок и колку не се ок за зборот Македонија да биде содржан, освен нашиве медиуми имате некој друг извор на информации?
    Чисто онака, читате независни грчки сајтови? Во разговори сте со грчки народ? Или и вие сте задоени од мали со мислењето “такви се тие, националисти, никад нема да прифатат ништо”. Секој со својата задоеност му иде, пошто и на нас не ни треба некој да ни каже нешто за нив, кога од мали ова ни го зборат по дома.

    Ама тоа некаде.. во една точка се сменило. Во нивната историја никогаш немало контра антифашистички протест. Никогаш во нивната историја не се пишуваше толку многу против овие што протестираа и никогаш немало поголемо тролање на истото. Еден куп сајтови и млади луѓе јавно говореа и пишуваа за сериозните проблеми што грција ги има, а името е најмал проблем. Дека само лесно манипулативен народ може да верува дека ние ќе ги прошириме границите кај нив, и затоа тоа им се сервира за политички поени.
    И те како е битно колку народ излезе, односно не излезе.
    Луѓе што ќе паѓаат на ефтини пропаганди, секогаш ќе и има и секаде.

    Туку, секое чудо за 3 дена.
     
    На daylight, Rama, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  8. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Претпоставувам на мене мислеше. Не, немам време да испрашувам секој Грк поединечно. Моето мислење го базирам на изјавите на сите нивни релевантни политичари и јавни личности. Делумно и на мое лично искуство со обични Грци. Кажи дека не е така?
     
    На Rama и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.928
    Допаѓања:
    177.526
    Пол:
    Женски
    Мислењето ти е според лична интерпретација и лично доживување што е во ред. Како некој што живее таму тврдам дека не е баш така. Често пати нивни изјави нашите медиуми не ги пренесуваат, или ги пренесуваат делумно или извадени од контекст. Единствено пренесени целосно се изјави на националистите.
    Непријатните искуства со Грци последниве години посебно се значително намалени, скоро на минимум. Тоа секој што патува таму секое лето може да го потврди. Јас лично сум немала никакво лошо искуство со одморите, а сега таму каде што живеам никој не се замара со политика.
     
    На Rama, CameliaMiller, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  10. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Ајде признајте кога одите во Грција колку е израдуван обичниот Грк кога ќе кажете дека сте од Македонија? Очите ќе ви ги ископа и ќе ве нареди со еден куп комплименти од најпростачки жаргон. Пошто они се лулка на демократијата, ама што знаеме ние за демократија! :headbang:
     
    На Rama, Mari-Ja, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Па не се сите... како што не се ниту сите срби, бугари, грци и алнбанци националисти. Но некои се, и тие некои се многумина за да ја трујат и сопстевната и туѓата држава.
    А кој ги задоил од мали нозе со фашизмот? :?: Па токму политичарите, честопати во колаборација со црквата.Така е и во Србија кога е во прашање Косово, така е и во Бугарија кога е во прашање Макеоднија, но и ромите и турците. Така е во Хрватска кога се во прашање србите. Така е Романија кога се во прашање унгарците. Така е во Унгарија кога се во прашање словаците и романците...

    Истата демонштина наречена национализам и „соседот е виновен„ се протнува низ балканот но и пошироко низ светот, оневозможувајќи мир и вистински напредок меѓу луѓето.
    Па зарем не беше црна пропаганда? Ништо од тоа не се оствари!
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  12. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Нормално дека е лична интерпретација исто како и твоето мислење. Никаде не реков дека е научен труд. Извадени од контекст некогаш можеби но те предизвикувам да најдеш сериозен грчки политичар на кого му е сеедно како ќе се вика Република Македонија. Исто се однесува и на интерпретација која, ајде нека не е иста со нашата позиција, но барем далечно слична со нашата. Не постои такво нешто.
    Да јас патувам секое лето во Грција и чат пат преку годината на прошетка. Генерално никогаш не сум имал проблем иако секогаш сум кажувал дека доаѓам од Македонија (кога ќе ме прашаат). Но, не се работи за тоа. Не сум задоволен ако не сум претепан ако кажам од каде доаѓам. До сега сеуште чекам еден Грк да сврти на шала кога ќе го кажам тоа. Нема таков, барем јас не сум сретнал. Како попарени се, бегаат или ќе се намрштат што доста зборува за нивното мислење.
    Последната твоја реченица исто зборува за тоа што сакаш да го кажеш - демек никој таму не се замара со политика каде и да се наоѓаш во Грција небитно. Е па и тоа не е доволно за да се реши спорот затоа што молчењето на некои е согласност за оваа шовинистичка политика на грчката држава спрема Македонија.
     
    На Rama и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.928
    Допаѓања:
    177.526
    Пол:
    Женски
    @edenandrej Ние сме две држави со скроз спротивни идеологии. Нив не им е најдраго кога ќе чујат од каде си, исто како и нас кога ќе чуеме Македонија е грчка. Меѓутоа тој гнев веќе е значително намален, и веќе учат/дел научија да го канализираат во смиреност. И тука сите сме сведоци.
    Колку што ти немаш искуство со такви што тоа не го свртеле на шала, јас лично имам, и плус од блиски луѓе. Секакви ги има и таму и овде. Ама ако генерализираме нека ти е.
    Цели 2 месеца константно секојдневно имаат по неколку дебати на ден околу ова прашање. Само затоа што ти не си слушнал не значи дека не постојат и такви што единствено се залагаат за географска одредница. Та дури и убедуваа и објаснуваа како ние не сме ама баш никаква опасност по нивната територија како што оние “намрштените” за кои ти зборуваш, мислат. Од политичари, екс политичари, експерти, па дури и од музичка и актерска елита. Линк не можам да поставам зошто не сум уште спретна во гуглање на грчки. Твое право секако, е да не ми веруваш.

    Кога веќе генерализираме, никој не го спори фактот дека за разлика од нас се понетрпеливи во однос на ова прашање, ама тоа повеќе говори за нивната култура. Зарем ние треба да бидеме ко нив?
    Но исто, не може да се негира ниту фактот што последниве години се доста поопуштени. Епа не може да очекуваш од некој што до вчера гребел мк регистрација, утре да ја гушка истата. Ама затоа процесот на прифаќање и помирување со одредена ситуација е бавен. Дека дел нема никогаш да прифатат и попуштат ќе има. Има и кај нас уште такви што никогаш нема да прифатат дека дел од таа Македонија припаѓа и на денешна Грција, ама реалноста е поинаква.

    Тоа што спомнав тука не се замараат, не значи под дифолт се неми. Само се повеќе свесни околу одредени работи.
     
    На daylight, Rama, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Грците како што се запнаа да ни го сменат името тераат до крај.Ни долгови ни ништо не ги спречува да ни го сменат името.А ние, турни ме да кинисам.Послаби сме од нив економски затоа си играат со нас како сакаат.А тие што одат во Грчка не дека пукнале да одат, или за морето или за евтиниот шопинг како што доаѓаат Косоварите кај нас.Демек не одите на Копаоник,во Банско или Бороветс или кај нас се многу подобри?
     
  15. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Разликата е што ако човек тука рече дека е од Грција ќе биде најпријателски истретиран, така да не е исто. Плус кај нас не е чудно да се слушне грчка песна во кафич, дури и на свадба. Во Грција се истуривме од пари давање, проблеми направени од наша страна НУЛА и пак така се однесуваат. Ама ајде ќе чекаме уште 100 години да разберат дека сме кул луѓе.
    А со дебатите ми го потврдуваш тоа што сакам да го кажам - нас со години ни викаат дека се преговара за името за меѓународна употреба и кај нас мнозинството население е против. И сега одеднаш излезе муабет дека Грците сакаат уште еден куп работи за да не обезличат како нација и држава. Само затоа што некој стои на истиот муабет дека треба да го смениме името не значи дека ете почнале да попуштаат. Сите овие години борбата е името да се задржи а сега треба да бидеме среќни ако го задржиме Macedonian language и ethnicity. Не знам за тебе, ама за мене Republic of Macedonia е доволно. Не ми треба географска одредница заради грчките апсурдни барања. А промена на устав и други глупости што ги бараат не сакам ни да ги коментирам.
    Јас прифаќам дека дел од Македонија припаѓа на Грција, но историјата треба да се каже таква каква што е, без разлика колку ги боли Грците минатото. Поентата е дека имаме направено многу отстапки, имаме пријателски однос и за возврат не добиваме ништо. Успех е ако некој релативно влијателен Грк рече "народе и овие над нас се луѓе, и ако си со го сменат името, уставот, и се откажат од историјата (Македонците од Егејот не постојат за нив), и понизно не замолат тогаш да им дадеме шанса"
     
    На Rama и zuto им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    268.814
    Абе ајде.
    Пречесто одам за Солун и Кукуш, на пример. Сретнувам МНОГУ обични Грци.

    Ниту еднаш, ниту еден единствен пат не сум имала проблем.
    Кога не сум сигурна каде да возам на пример, ако не начекам полицаец, прашувам обичен минувач на тротоар. НИКОЈ НИКОГАШ не се однесувал дрско со мене ниту ме нападнал, ниту вербално ниту физички. Ниту кола ми уништувале, ама ич ништо не ми направиле.

    И тоа ти зборам за ОБИЧНИТЕ Грци.

    За оние кај кои одиме на одмор ич не ми се зборува, ама па тие ајде имаат некаква корист од мене.
    Ама случаен минувач на улица, нема никаква корист. И никогаш проблем не сум имала.
    А по регистрацијата очигледно е од каде доаѓам.
    По кафани ниту во Македонија не одам нешто многу, ниту пак во Грција.
    Ама во Лутраки, во кафаната „Кај Митре“ (да, баш така се вика кафаната), покрај грчка свират и македонска музика.
    Голем дел од населението тамошно се егејски Македонци, па постарите сите зборуваат македонски.
     
    На daylight и Rama им се допаѓа ова.
  17. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Не да се смени тоа е исто како некој да сака вие да си го смените името,не треба да го даваме името
     
    На Rama, carangigia и zuto им се допаѓа ова.
  18. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Никој тоа не го негира ама смешното е што се задоволуваме на најнормална човечка реакција. Е тоа ти е проблемот со менталитетот на Македонецот. Уште одиме на одмор и се радуваме ако некој не бил дрзок затоа што сме прашале каде е патот за халкидики.
    Зборувавме за официјалната политика на грчката дражаба спрема македонската држава. А таа политика е шовинистичка. А ако сакаш и за обичните луѓе да зборуваме, на колку места во Грција може да најдеш мени на македонски јазик? Еве ако е проблем нека не ставаат MAKEDONSKI јазик нека стават знаменце од нашата држава. Јас не сум сретнал такво мени а сум седел во доста ресторани во кои има менија на 10 јазици. Исто и пред хотелите, знамиња од 200 држави само македонско знаме нема. На едно место сум видел само и тоа толку ми оставило впечаток што го памтам точно кај е хотелот :)
     
    На Rama и Bridget им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    268.814
    Официјалната политика на Македонија беше СРАЊЕ до скоро.
    Сега не ни знам како е.

    Антички бљувотини.

    Нема разлика меѓу македонски и грчки националист. А нашиве бивши на власт не беа нешто цвеќиња за мирисање, се отепаа со антика на сите страни... Џизс.
     
    На daylight и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Секој обид да се претстави дека двете страни се виновни за спорот е нереален. Точно е дека Македонија се сврти кон античкиот период од историјата но пред се заради блокадата на Грција во НАТО. Претходно Грците во 1990 сменија имиња на аеродроми и некои институции поинтензивно почнаа да се вртат кон антиката т.е. македонскиот/хелинистичкиот период. Сепак и покрај тоа никогаш со апсолутно ништо не сме покажале територијални претензии или директни провокации кон Грција. А ако сакавме можевме да направиме многу поголеми проблеми - на пример актуелизирање на прашањето за децата бегалци (никогаш како држава не сме имале активен пристап кон ова сериозно прашање само за да не ги провоцираме Грците).
    Грчкиот национализам е всушност шовинизам, а македонски национализам речиси и да не постои а кога добива на интензитет тоа е пред се одбрамбена реакција.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.