Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името на државата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 19 јуни 2017.

?

Кое име е прифатливо според вас?

  1. Република Вардарска Македонија

    33 глас(а)
    8,4%
  2. Република Скопје

    8 глас(а)
    2,0%
  3. Друго

    56 глас(а)
    14,3%
  4. Ниту едно, да си остане како што е

    295 глас(а)
    75,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.928
    Допаѓања:
    177.528
    Пол:
    Женски
    @edenandrej апсолутно неточно. За разлика од мене што апсолутно не сум имала никаков инцидент таму, мм, тогаш дечко ми редовно во Македонија имаше изгребана и ишкртана кола и во делот за бензин натуткана трева. Во тој поглед исто го*но сме. Се согласувам дека ние значително повеќе сме биле подлежни на такви инциденти таму(ова што сум читала на интернет не познавам никој лично со такво искуство), ама никако не значи дека под дофолт овде тие се истретирани секогаш најдобро.


    Абе види, политиката таму од секогаш била националистичка и фашистичка. И не можат тие народот што до сега го хранеле со патриотизам, одеднаш да им го одземат тоа, зошто тие секако во каква ситуација се, немаат што друго ниту да понудат. Затоа денеска целиот тој процес им се одвива бавно. Зошто видоа дека со национализам можат да добијат единствено ако и другата страна е иста. Е Европа нејќе веќе националисти.

    Мене и те како ми е битно националност и јазик да биде Македонски. Географската одредница има за намена само да покаже кој дел од античката Македонија сме ние во денешните граници. Факт е дека ексклузивност на таа историја и тоа име не може да се има. Се поинаку од ова, за мене е неприфатливо, ама мојот глас и мислење кај нас е еднакво безначајно исто како и оние мислења на протестантите вчера кај нив. Одлуките секако друг ќе ги донесе и за нас и за нив.
     
    На galapce, daylight, Joi и 2 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    268.817
    Јас сепак нема да се согласам.
    Што арно добиваме од инаетењето и од чив е Александар? И да е наш - што?
    Наеднаш поарен ќе ни биде животот?
    Ако толку го сакаат, нека го имаат. Ништо битно во 21 век.

    И они и ние имаме побитни работи за решавање од Александари и такви слични глупоштини. Кои ништо, ама ништо денес не значат, за денешниот живот за секој од нас. Ама додека ние се инаетиме со нив кој е поантички, во мизерија живее цел народ.
    За тоа не ни се криви Грците, да се разбереме. За тоа сме си самите ние криви.

    Нормално дека ќе бидеме, колку Македонци одат во Грција, а колку Грци во Македонија? :)
     
    На galapce, iloveyou29, daylight и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Се виде Мaкедoнците кoлку се нaциoнaлисти, ќе oстaне oвa кaкo мит или зaблудa сo кoјa сме живееле. Ништo oд нaциoнaлизaм штoм сите тивки дури јaзик и име се менувa. Некoј oтвoренo не те признaвa декa пoстoиш и те терa име дa смениш a ти се рaдувaш штo не ти јa скршил кoлaтa или не се нaлутил кoгa си кaжaл декa oд Мк си, и тoa дури престoјувaш вo вилaтa негoвa зa време нa летен oдмoр. И ќе се смеaт нa сетo oвa
     
    На orevokrsacka, Rama, carangigia и 6 други им се допаѓа ова.
  4. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Прв параграф - океј да речеме дека донекаде си во право иако како што кажав Грк тука ќе помине многу подобро отколку Македонец во Грција во 90% случаи. Но тоа и не е толку битно а и не може да се измери нели.
    Втор параграф - тоа ми е мене сосема јасно, но не разбирам зошто ние треба да имаме разбирање а они спрема нас не? Затоа што имале хунта, затоа што имале андарти, затоа што биле вакви или онакви сега ние треба да ги разбереме дека им треба време? Не е точно дека национализмот не е во мода, тој се враќа во мода и единствено што може да заклучиме на балканов е дека со сила и закани се добива нешто (земи ја Србија/Косово, Македонија со Албанците, Хрватска што го избрка Србите и тн.).
    Трет и последен параграф - по мое видување, Republic of Macedonia доволно зборува дека не е регионот Македонија. Една од тезите кои вртеа е дека ние бараме ексклузивност што никогаш не било вистина. Единствена вистина е дека Грција сака целата античка историја да биде нејзина ексклузива пошто меѓу другото врз основа на тие митови ја имаат добиено и изградено државата.
    Што се однесува до тоа кој ги носи одлуките можеби си во право но верувала или не мислењето на луѓето значи. Еве во моментов заради активниот отпор во Грција мислам дека сме многу далеку од било какво решение, што иронично ми одговара затоа што мислам дека моменталнава власт (а според тоа како игра до сега исто и опозицијата) би не продала сосе партали.
     
    На orevokrsacka и Rama им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    268.817
    Ако има референдум ќе одам и ќе напишам против промена. Тоа веќе го имам и кажано тука.
    Ама не знам што друго да правам? Да земам да кршам, палам, горам? Македонија вечна?
     
    На galapce, daylight, Joi и 4 други им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Бриџо, од странство најубаво се сака Македонија, нели?
     
    На galapce, daylight, +++ и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Нештo нoвo имaш ли, нa oвa му пoминa мoдaтa.
     
    На Rama, carangigia, Petra777 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Е за ова ме изнасмеа. Значи овде правиме муабет завземаш грчка страна и на крај викаш на референдум ќе гласаш против промена. Од прилика вака си го замислувам просечниот Македонец :) Затоа гајле немаме, името останува.
     
    На orevokrsacka и Rama им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    268.817
    Завземам страна? Грчка?
    Исто срање ми се и грчките и македонските националисти, античките де. Немам јас таму што страни да бирам.

    Јас сум лично против промена на име. Но тоа не е нешто за што јас одлучувам, ако бидам прашана знам што ќе одговорам.
    За антиката, односно “историјата“ да ја присвојуваме како ексклузивно наша, не би рекла дека е така.
     
    На daylight, Joi, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    *Дали мислите дека некој ќе прочита 25 страни овде и ќе каже а добро нема да се менува името само пошто на Фемина така сакаат?:?:
    Нема.Не не редат 2%:!: и џабе се карате и се препирате никој не сака да се смени името ама никој не не ни прашува.Министрите си се договараат.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Некој таму, судбина, министри недопирливи од Бога наместени на функција, народот небитен, ништо не може да стори па зошто и да се обидува? Ете така зборат "националисти".
     
    На orevokrsacka, Rama, carangigia и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.928
    Допаѓања:
    177.528
    Пол:
    Женски
    Затоа што сме посвесни како народ од нив. И послободно сме можеле да формираме индивидуално па според тоа и колективно мислење. Грците не. Цел живот им е продавана приказна дека Македонија е грчка и дека ние сакаме да им ја земеме територијата и историјата, за разлика од кај нас кога се било далеку поумерено. И дел од нив сериозно мислат дека само нивниот регион Македонија е Македонија и сериозно стравуваат од нас, затоа и не можат да не разберат. Не дека ги оправдувам, само и јас пробувам да си објаснам на себе дека не можеш да разбираш нешто од кое ти е навестено да се плашиш. Да земеме да се нервираме и да тепаме зошто нивниот колективен идентитет е извитоперен? Не. Свеста се менува. Од човек на човек и многу бавно. Ама и ние за 10 години од сега нема да мислиме и делуваме како сега.

    Се сложувам. Единствено они се залагале за ексклузивност и затоа толку онаа мала но многу значајна победа е кога грчки политичар ќе излезе, а веќе јавно говорат дека ексклузивност не може никој да има. Што никогаш претходно не било случај. Сега се во фаза на убедување на својот народ околу истото. Ние тој процес одамна го поминавме.


    Од друга страна, со оглед на тоа дека и Коѕијас и Заев говорат дека решение ќе има до средина на годинава, и покрај протестите, значи овие протести се промашени. Исто како што ќе биде “промашен” референдумот кај нас. И тоа длабоко ме разочарува. Бар ја така мислам.
     
    На Joi, Rama, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    268.817
    Не, јас еве тебе лично Бриџо те прашувам.
    Кажи ми совет што би требало да направам.

    На крајот, мене лично, не ме погодува до толку географска одредница за да не знам како ќе продолжам со животот понатаму.
    Не ми е мило, не ми е драго, ама немам ни намера мојот живот да го посветувам на нешто што нема НИШТО да ми донесе, ниту мене, ниту на останатиов дел од народот.

    За мене, Македонија има побитни работи за решавање од име.
    Ако е географска одредница цената која треба да се плати, наше е да одлучиме дали сакаме или не сакаме.

    Никој не не` тера во ЕУ со сила. Едноставно може да запреме со тој процес, да си бидеме Македонија, да се ориентираме кон други држави за соработка.

    Е не, ќе се инаетиме и ние и јужниве до немај каде, па веќе 25 години и кусур само повеќе и повеќе тонеме.
     
    На galapce, iloveyou29, daylight и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    @Yowannty Ти сериозно сакаш да протнеш мислење, или и сама веруваш дека Грците исплашени се од Македонија дека дел ќе им земе:^) или претензии за нешто поголемо има и затоа ова од паничен страв го прават? Па уште и психолошки пристап како кон жртви. Немој жити сВе.
     
    На carangigia, orevokrsacka, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.928
    Допаѓања:
    177.528
    Пол:
    Женски
    Сериозно? Ја сакам да протнам? (facepalm) Јас кажувам нив што им е протнато и зошто така се однесуваат. Патем сите што беа интервјуирани вчера на протестот, истово го кажаа. Оди ѕирни, за да не ме обвинуваш мене дека ја протињам нешто.
    Композиторот јавно на бина им говореше како Скопје со помош на ЕУ и странците сака да ги прошири границите на грчка територија. И да, тие веруваат во тоа.
     
    На galapce, daylight, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Која е реалноста? Грција тебе ќе те покори или ти неа? Кој кого треба да го сожалува и кој за кого треба да има разбирање како што пишуваш во постовите твои? Кој ќе биде заебаниот на крај? Бидејќи ги знаеш одговорите, уште ли планираш да се поставуваш кон нив како кон кутро дете растено во дисфункционално семејство кое не знае поинаку? |( Сите сме такви деца растени во дисфункционални семејства, Македонците што ги замислуваш, со напредна свест и памет се родени?
     
    На orevokrsacka, Aquamarine93 и Rama им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.928
    Допаѓања:
    177.528
    Пол:
    Женски
    Никој тебе не те тера да сожалуваш или разбираш. Земи пушка и покажи како треба ако не.
     
    На galapce и Rama им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Кој тоа пушки спомна? За почеток доволно е глас да се пушти.
     
    На orevokrsacka и Rama им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.928
    Допаѓања:
    177.528
    Пол:
    Женски
    Добро, тогаш глас пушти.
     
    На galapce, daylight и Rama им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш пазете за кој гласате;)Од народот за народот.Се што ќе направиме ни се врти ко бумеранг.Можат да ни го сменат името ама ако во душата сте Македонец џабе е тогаш, на нив тоа им е поентата.Во душата да се изгубиме.Ние и онака сме FYROM за сите,секаде така не пишува.Некој не ни чул за нас..
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.