Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името на државата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 19 јуни 2017.

?

Кое име е прифатливо според вас?

  1. Република Вардарска Македонија

    33 глас(а)
    8,4%
  2. Република Скопје

    8 глас(а)
    2,0%
  3. Друго

    56 глас(а)
    14,3%
  4. Ниту едно, да си остане како што е

    295 глас(а)
    75,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mich

    Mich Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2017
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Машки
    Распадот на Македонија ќе доведе до голема Албанија. На ова предупредува поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, пренесува Top Channel.

    За време на презентацијата на новата партија "Движење за демократија во Европа 2025" (DiEM25) Варуфакис истакна дека спорот меѓу Македонија и Грција за името е поврзан со создавањето на Голема Албанија.

    "Неопходно е да се разбере дека најголемата закана од нашиот сосед не се демонстрациите за Александар Велики, туку самиот распад на државата", истакна Варуфакис.

    Значи пред се Варуфакис си ја сака стабилна Грција а под тоа тој подразбира и соседот Македонија да е стабилен а тоа ќе се деси ако сме интегрирани во ЕУ и НАТО. Да се деси интеграција треба да се реши спорот со името.
    Доколку не се реши спорот и државата остане надвор од тие текови бидејќи е мала, соромашна,со слаба економија а минативе 10 години цветаше диктатура,корупција,крадење и е опустошена и како таква ќе се распадне. Нормално тука браќава улетуваат и отцепуваат дел кај се мнозинство и прават голема А.После останува делот со Чемерија каде што албанците немаат никакви права па полека ќе почнат да си ги бараат јазик, школување и др.А далеку од тоа дека Гр може да настрада како нас бидејќи тие се веќе интегрирани во НАТО ЕУ.
    Е па тоа е СЈДГО накратко.
     
    Последна измена: 28 март 2018
    На mira.mira и baba Rada им се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    ^^ Да, Варуфакис ваљда во координација со Бихачка го мисли сето тоа што ти го пишуваш, сигурно и тој е опседнат со rezhimod. Али јбг, баш во мандат на Заеб му истекна да спомнува вооружени албанци и делби, да и квари имиџ на оваа исклучително способна влада која не спаси од dikdadura ii siromashtija.

    Очигледно не си свесен кој е мојот став околу името за кое патем, не ми е гајле, едно 10 пати сум напишала и на оваа, и на други теми дека не ме интересира тој спор кој и онака нема да се реши. Проблемот е, штом нема ново име (зашто Заеб еве ни тоа не може да го изведе), нема ниту НАТО (исто како што нема ниту ЕУ пред 2055-та).
    За луѓето да веруваат во сите предвидувања и предупредувања за дестабилизација, најмногу придонесе Заеб со тензиите кои ги подгреа и бадијала вие од сдс посочувате некој надвор од вашите редови. Секој со барем грам памет во земјава, во двојазичноста и се што таа повлекува со себе гледа најголема закана, зашто тоа и е.
     
    На Kolumbo, Lianna Anna и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  3. Mich

    Mich Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2017
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Машки
    Или не читаш или не сфаќаш, по стоти пат! Ти пишав Варуфакис го интресира само благодетот на Грција, а стабилна Македонија е еден од условите за тоа! Албанија е во НАТО, Косове е меѓународен протекторат и Западот ги држе за шија. Ние со претходната багра сами ќе се распадневме коа ќе немаше веќе кредити ни за плати пензии, само беда и политиканство па ќе си имаше граѓански немири па меѓународна интервенција и the end!

    Некојпат и овој знаеше нешто паметно да каже.

    https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=969084326589640&id=718010678363674
     
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Во Македонија ќе се случи раздели па владеј.Веќе и се случува уствари.Се е или ВМРО или СДСМ.Сите ни мислат добро сите се со крстот на чело и сите се би дале за,нас.Никој не не краде никој не ја предава државата.И кога ќе се испоколиме ќе кршиме излози ќе мачкаме споменици ќе спиеме во шатори мислиш на планина сме.Ќе дојде некој од брачалата или од грекос и ќе не решат фино лепо.Нит име ќе имаме нит териториторија ќе имаме.Ние сме 2 милиона овци и секој не стриже како сака.
    Во вакви моменти место да се караме кој е поголем патриот,треба и од ВМРО и од СДСМ да се отарасиме пошто мамата но ја е*аа и двете партии.Ако сме демократска држава ќе ги тргнеме и едните и другите.Нити сме горна,долна и што знам ти каква Македонија нити фиром.Ние сме Македонија на Македонците а Голема Албанија нека си прават на Косове или во Сирија па да видам како ќе ја свиткаат опашката.
     
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Oh well :D И без тебе не мислев дека Грците се будали да се грижат за интересите на соседите ко овие тука што гласаа за Заеб само да спреми терен за голема албанија преку двојазичноста и уште го бранат.

    Среќа па дојде актуелната багра и ја опраи државава (facepalm) А значи подготвени бевте да одите до крај доколку Зајас не го добиеше мандатот, ќе предизвикувавте граѓански немири и ќе чекавте странците да интервенираат воено, така? А викавте дека Грујо бил способен да направи војна само да остане на власт. И што се случи со таа војна, ниту Грујо е власт, ниту е лидер на партија - немаше војна. Од друга страна, сега со Заеб црните сценарија се многу поизвесни. Не дека ве здоболе безбедноста и стабилноста, ама ако не го реши дотичниот името и приемот во НАТО, дури тогаш твоите ќе се збогуваат со фотелјите засекогаш.

    Ми здосади цело време да го објаснувам истото. До кога како напуштени невести пред олтар ќе замарате со бившите... владеачи, т.е. со вмровците? Со години сите сме заложници на вашата фиксација со Грујо и покрај тоа што никој не е должен да ве трпи.
     
    На Kolumbo, Lianna Anna, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Mich

    Mich Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2017
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Машки
    Со законот за јазици се спрема терен за голема Албанија??,а од СДСМ само дополнет!Каква глупост!
    На тебе треба да ти баат од уплав.

    Јас не пишав така нити се вади таков заклучок од напишаното или тролаш.
    Од друга страна ги имавме Кумановските настани и се виде дека и на војна се спремни само на власт да останат!

    Дотичнио ме интресира само што побргу да биде затворен.
     
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Да де, дополнет т.е. појачан НА ЦЕЛА ТЕРИТОРИЈА, неуставно проширен за 20 нови сфери. Абе глупост, шо, ситница.
    Свесно лажете други, или и самите сте излажани?

    Шарените повикуваа на сите можни средства против режимоД, ништо јас не измислив.
    Ти да не располагаш со валидни докази за Диво насеље, постојат обвиненија против нарачатели на кои алудираш? Симпатизери на едната страна шпекулираат едно, на другата поинаку, не можам рекла-казала да ви прифаќам како факт.

    Мислам дека спорот со Грција ќе биде решен, онолку колку што ја видовме целосната снимка за „Поткуп“ и колку што твојот непреболeн Груевски ќе лежи во затвор. :yawn: Премногу надежи полагаш во Заеф, или се обидуваш да прелажеш по некој што останал неинформиран, но не е убаво ниту едното, ниту другото. Името изгледа служи чисто да се крева прашина воочи новиот закон за јазици и тоа е тоа. Не верувам дека Мкд му е од голема важност на НАТО, и онака (од почетоците, веројатно) не гледаат само како привремена држава на без'рбетни вазалчиња кои не мора да бидат во сојузот за да прават како што ќе им се каже, затоа и на Грција и е дозволено да се изживува :) и така ќе продолжи, дури има на кого.
    Линкот со Варуфакис го споделив како уште една поткрепа на мои ставови колку е заглибен Балканот во новава ситуација, ама штом не си ги следел моите постови, не ми ни коментирај. Најмалку ми треба по сто пати да се објаснувам со сдсовци, луѓето кои пред 11-ти јануари негираа секаква дезинтеграција, тирански платформи, а после 14-ти март па плочата е дека Грујо бил крив што тоа ќе се случи, никако лажгото за кој гласаа.

    Чувај си ги броевите од бајачки за себе, ќе ти требаат богами сега кога се свестуваш дека во иднина нема фотелји за сдс.
     
    На Kolumbo, Aquamarine93, carangigia и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Mich

    Mich Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2017
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Машки
    Само требаше реално линкот да си го прочиташ.
    Ама на вакви твои филозофии каде си поставуваш теза па ќе си ја одговораш на свој начин немам намера да одговарам!
     
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Вчера во Топ тема, Владо Бучковски и Оливера Трајковска убедуваа дека нема да се задира во идентитетот, туку се бара само ново име. Мене ми е смешно тоа. Како мислат да се реши спорот, ако не сакаат да преговараат за идентитетот?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Секоја ти чест ако си можела нив двајца да ги слушаш.
    :D

    Владе после процесот „Бачило“ уште има лице да се појави на ТВ. (facepalm)
     
    На carangigia, orevokrsacka и sjdgo им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Се присеќав на старите времиња, пријатели се они одамна. Ако им ја памтиш дебатата со оној Ѓорчев? :D Се уште се сложни.
     
    На Aquamarine93 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Дебата со Ѓорчев? :o
    Не се сеќавам, пушти линк. :D
     
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Не најдов ништо на јутјуб, штета, и јас сакав да се навратам на детали, популарен стана тој дуел во тоа време. Епа така, една вечер во 2006-та, додека си ги спремав книгите за во школо, тогаш премиерот Бучковски и Влатко Ѓорчев се спукаа (читај, се бламираа) во емисија кај Оливера Трајковска (она си држеше страна, нормално).
     
    На Aquamarine93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ciudad_juarez

    ciudad_juarez Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Машки
    Novo ime nov ksmet ako go menime mozi ke ni trgni :P
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Последна измена: 17 април 2018
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Да да..ке ни тргнит ако не фанат за газо..хаха
     
    На LadyInTheDark му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    И овие од СДСМ удрија на патриотизам а?
    Ударна вест е дека решението за името би било "Република Илинденска Македонија".
    Мислам,баш е кул,ем важноста на Илинден не се губи,ем пак сме Македонија :D
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Уште и да сме Илинденска Македонија. Ние сме рамковно-талибанска-југоносталгичарска Македонија.
     
    На SV1911 и ADOKI им се допаѓа ова.
  19. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Ако имаат уши да чујат:
    ...„Од рода одродени, на адот служители, во суета ничкосани, со души празноверни, зар грутка земја како жртва на злото ќе ја принесете?“...
    Александар Русјаков
     
    На Dark artist, Роберт 7, Aleksandar1212 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    2.148
    REpublika Ilindenska Makedonija e dobro I ne povrzuva so minatoto.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.