Промена на името на државата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 19 јуни 2017.

?

Кое име е прифатливо според вас?

  1. Република Вардарска Македонија

    33 глас(а)
    8,4%
  2. Република Скопје

    8 глас(а)
    2,0%
  3. Друго

    56 глас(а)
    14,3%
  4. Ниту едно, да си остане како што е

    295 глас(а)
    75,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Машки
    Е добро де што сте се исплашиле? И да има некаков договор со Хелас (а се сомневам дека ќе има) ќе биде ставен на референдум така да сите ќе си го кажеме своето мислење тогаш кој е за а кој против промена на име.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.987
    Допаѓања:
    108.489
    Пол:
    Женски
    ^^
    И после Грците ни се криви? :shake: Читајќи ги коментарите на некои членови овде , се фаќам за глава. Како може да ви е сеедно ако го сменат името , мене не ми е јасно? :x читам Илинденска било добро , не поврзувало со минатото ццц.. (n)

    Овој спор никогаш нема да се реши , среќа што Грциве не се согласуваат за ништо од горенаведените предлози , инаку тешко нас..
     
    На XMaN, Harper, jacqueline.s и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.263
    Пол:
    Женски
    @koritsaki И јас сум на тоа дека Грците нема да попуштат и дека ќе се влечкаме ко и досега уште бар 20 години.
    Ама Барем се изнабакнуваа Димитров и Коѕијас,да ти е милина да ги гледаш :D
    А Ципрас и Заев само се ракуваат на секоја средба,нема цункање:rofl:
     
    На ane.bella, theowndemon, realGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Што се згодни, згодни се (Димитров и Коѕијас) :rofl:.
     
    На koritsaki и Rama им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.263
    Пол:
    Женски
    Од сите тие кројачи на нашето судбинско име,најзгодни ми се Димитров и Ципрас.
    Ептен харизматични се,наспроти цела политика што ја бркаат:lol:
     
    На ilyan му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Мислев на Ципрас, а сум пишала Коѕијас(facepalm).
    Луѓево ќе помислат оти сум забегала, Коѕијас не е ни елегантно пополнет, тој е елегантно ПРЕПОЛНЕТ:rofl:.
     
    На cresa-jagoda, zhap4e, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.263
    Пол:
    Женски
    Затоа ги нагласив овие другиве јас,ми падна малку чудно кога го спомна Коѕијас,ама ај си реков за вкусови не се дискутира:lol:
     
    На elimkd, cresa-jagoda и ilyan им се допаѓа ова.
  8. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Тие веќе го промениле името тоа гарантирам. Ова е само театарска претстава за народот. Затоа јас не се замарам .
     
    На elimkd и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  9. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Што си ја стегаш душичката кажи ми дирекно : алоооо да не си забегала малку?:rofl::rofl::rofl:
    Во право си, на некој може и тој му се свиѓа, не му се знае тука :rofl:.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Македонија реално гледано треба да го промени името, затоа што најголем дел од народот го сака тоа, а воедно гласаа и за таква опција на изборите. Ова не го зборувам паушално, туку од секојдневна комуникација со многу луѓе. Штом народот толку сака во ЕУ и НАТО и да му лепат налепници ко стока на граница во Грција тогаш бујрум.
     
    На elimkd, realGirl, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  11. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Министерот Димитров да биде храбар и мудар во и3наоњање на решение при и3борот на имињата, две од понудените ги отфрлија, сепак Илинденска нека остане на маса, и некаква ако веќе се мора геофрафска одредница да биде неодредена како Вардарска.М. тоа е некоја подобра опција, али да се гарантира 100%дека ке ги почнеме преговорите со ЕУ И временски рок да се имплементира,бидејќи читав дека во ре3улуцијата 817 што ја имаат потпишано двете страни, не смеат да не блокораат само под Фиром, но дека сакаме да се смени сега ќе не може да не попречуваат кога ке се и3најде некакво В3аемно решение.
     
    Последна измена: 23 мај 2018
  12. mari_sa

    mari_sa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2015
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    209
    Пол:
    Женски
    Јас лично не би сакала да се смени името, ама гледајќи каков е стандардот за живеење, се разочарувам и ми станува сеедно, секој би сакал да створи нешто, да види, да осознае, но за жал во Македонија нема услови за сето тоа, владее живот со врски, криминал бидејќи нашиот менталитет е научен на тоа. Покрај сето ова ако не се избориме ние младите тука, иднината ни се гледа во друга држава, како и повеќето што го направија истото и не помислија да се вратат. Сепак не планирам да изигравам патриот и времето и годините да ми отидат во тоа.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Инспирирана од тв дуелот,морав да прокоментирам.Не знам на кого му дошло дека мнозинството од граѓаните сака промена на име,ама јас го тврдам спротивното.Ако веќе единствената цел е ЕУ и заради тоа мора да го проемниме името,и притоа да задоволиме фантазии на грција,за жалење сме.Полесно е исселувањето од Македонија ако сме во ЕУ,нели? Инаку бугарски пасош,па процедури,многу е...Да не се лажеме,таа е целта.И си зацртале одреден дел од популацијава дека гајле ни е за се,само да одиме.Лично за мене е прифатливо само Република Македонија,и никако поинаку.За тоа име,неговата историска позадина,жртвите,можеме до утре да дискутираме.Пред некое време,на еден семинар,си дозволи една граѓанка (не беше македонка етнички) да каже дека не и гајле за името,нека го сменат,тоа е пат за ЕУ.Намерно истакнав дека не е етнички македонка,не за да направам поделба,туку дека утре таа пак ќе си ги негува нејзините етнички корени.Паралелизам на дело,ама оф топик е тоа.Ама истата таа,со својот став,упати лична навреда и непочит кон мене и сите македонци во просторијата.Доби убави контра аргументи.Јасно кажа еден присутен:Не е крај на светот ако не влеземе во ЕУ.Не мора по секоја цена да се продаваме за да земаме 500е плата...Верувам,нема уште еднаш да се осуди да каже такво нешто пред македонци.Ама јавно,зошто се молчи на вакви испади? Зошто воопшто да се декларираме како држава ако не ни е гајле ни за еден наш национален интерес?Нека не разделат,нека се декларира секој како што ќе му текне,само и само да се има повеќе пари.Абе луѓе 27 години незавсни сме.Јас не велам дека ние мора да го потрошиме животот на патриотизам,ама треба да се градиме чекор по чекор.Нема успех преку ноќ.На грција и смета се што е македонско официјално од 1912,неофицијално од кога добиле баварски крал и држава-со интерес да заграбат што повеќе (и она што е нивно,и она што не е).
    Во контекст на ова,под присила во 1991 во Уставот ни е ставен амандман 2.Истиот гласи дека: Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави.Со тоа сме си го запечатиле нашето прашање,и судбината на нашите во тие соседни држави,на наша штета.Биле свесни тие дека со формирање на Македонска држава,ќе се отворат и овие прашања.Ако не е така,зошто толкав притисок за амандман 2?
    Сега не ми се јасни скандалите од типот дека Република (референца некоја евентуално) Македонија,мора да потпише дека нема да има територијални претензии кон соседните држави.Граѓаниве најголем дел,не го знаат Уставот,не пак амандман 2,па можи да се фарбаат како сакаат.
    Ах бре,епа Македонче.
     
    Последна измена: 23 мај 2018
    На XMaN, Joi, Kolumbo и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    9.543
    Untitled.jpg
     
    На cresa-jagoda, makedonkamak, marchi-cool и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.126
    Јас не сум за промена на името затоа што сметам дека се е манипулација и ни ЕУ ниту ништо нема да се смени а грците ќе си го добијат тоа што го сакаат.
     
    На Плавуша123, Harper, Kolumbo и 4 други им се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Откако го навлекоа Заев на ерга омнес, мислам дека наредните 20 години ќе ги минеме така што ќе ни бираат име за севкупна употреба. :D Судејќи според тоа што се случи во Букурешт 2008 (кога Грците не ги испочитуваа најавите на американскиот претседател), и според „ефикасноста“ на преговорите сега, не изгледа дека е присутен вистински интерес и консензус кај западните сили за прием на Македонија во НАТО.

    Не разбирам како некои уште типуваат на Илинденска, па згора сигурни. Не се Грците Заев да прифатат предлог што претходно јавно го отфрлија. :D
     
    На Annah87, Milita18, Kolumbo и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
    2018

    [​IMG]

    Костур 1903
     
    На Selest, elimkd, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    9.543
    Како и секој празник по интернет ги ставаат тие слики со гужви од граница. И вие да имате шанса и вие ќе отидете по 3-4 пати во годината. Тие што не го даваа името први се.

    Охрид дупло поскапо а ништо не нудат и после зошто Грција, епа Грција. Во Солун има повеќе избор за шопинг.
     
    На makedonkamak, Rama и LollySky им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.817
    Допаѓања:
    80.668
    Пол:
    Женски
    Не е проблем што луѓето одат во Грција. Проблем е што веднаш тоа се поврзува со ,,лажен патриотизам", дека луѓето не го давале името а оделе таму. Проблем е што веднаш тука политика се меша, името се меша, грчкото вето и непризнавање се меша. Треба некој да го наречеме предавник ако оди во Грција? Не би рекла. Па уште и партии кога ќе се замешаат, посебно голема катастрофа и лицемерие било некој од ВМРО да отиде таму. (facepalm) Ако сакаат, нека одат. Кој не сака, нека не оди. Тоа не ги прави ниту лажни патриоти ниту предавници.
    Инаку, ми изгледа дека никогаш нема да се реши спорот со името. Дури и во случај да биде така, некоја држава ќе стави вето за влез во ЕУ и повторно ништо од таа работа. Најпаметно би било да престанат преговорите и владата самата да се потруди да направи нешто за развојот на земјава, без ЕУ.
     
    На Harper, Rama, SeaMermaid и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Поради вакви либерални комуњари Македонија и Македонците ги губат своите позиции во борбата за името и историјата.

    Најголема иронија и пародија е тоа што најголемите борци за словенството во Македонија немаат словенска физиономија.

    [​IMG]

    Заев и Ципрас изгледаат како први братучеди.
    [​IMG]
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.