Форумџика на годината

Промена на името на државата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 19 јуни 2017.

?

Кое име е прифатливо според вас?

  1. Република Вардарска Македонија

    33 глас(а)
    8,4%
  2. Република Скопје

    8 глас(а)
    2,0%
  3. Друго

    56 глас(а)
    14,3%
  4. Ниту едно, да си остане како што е

    295 глас(а)
    75,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    Се убаво, само дали си сигурна дека референдумот би бил веродостоен? Штом вака лесно се спрема референдум, значи многу вројатно да е средено се однапред. Нешто како предвремените избори кои случајно или не толку пати се одложуваа...Јас лично нема да излезам на референдум.
     
    На Espadrila, joy1, Kolumbo и 4 други им се допаѓа ова.
  2. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.813
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2018-06-13-15-55-40.jpg

    Дали се овие свесни каква криза е тоа за едно семејство?
    Просечно по 4 лица од семејство ејј ало, тешко на тие што се повеќе члено семејството.
    Лоповска држава.
    Кога ќе почниш лична карта, здравствена картица, возачка дозвола, пасош и што уште не.

    Страшно:^)
     
    На A.27 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Rock star

    Rock star Активен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2018
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    А со шактите што правиме кога ке се променуваат? :D
    [​IMG]
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    Нема да се менуваат сега, туку по истекот на важноста. Кога ќе се вадат нови, ќе бидат со новото име.
     
    На La.loca, zhap4e, WildMk и 10 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.073
    Допаѓања:
    268.887
    А од друга страна пак, НАТО гарантира непроменливост на граници, нешто што балканскиве земјички имаат тенденција да го прават често ;)
     
    На WildMk, boomsleng, blackwave и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.586
    Допаѓања:
    201.818
    Пол:
    Женски
    Оти и ако не добиеше СДСМ на избориве, ако пак беа ВМРО на власт, истово ќе го направеа, и тоа како, ко попчиња ќе си потпишеа се што треба за промена на името.

    Искрено, ми с****и од проблемот со името во овие 30 години од самостојноста на Македонија.
    Ми с****и од политика на сите страни, ми с****и од национализам кој дополнително го разгоре претходнава владејачка гарнитура со проектот Скопје 2014 и ја доупропасти државата. Не ми е важно името, кога и онака остануваме Македонци, останува јазикот македонски. Немаме леб да јадеме, колку семејства се на прагот на сиромаштија, секојдневно има апели за помош на бездомни фамилии и болни деца, ама патриотизам и национализам се на нивоУ. Ко да ќе ги реши сите проблеми. Најгласни оние во странство, и со бугарски пасоши, што не ни планираат да се вратат и да живеат тука.
    Не дека со ова се решава нешто, ама ајде, може ќе мрднеме од мртва точка на која сме заглавени 30 години. Немам надеж дека ќе се оправи државава, ама сигурно нема да се оправи ако не преземеме нешто. А решение сигурно нема да биде упорно држење за името ко слеп за стап.

    Ќе иде постепено најверојатно, можно е да има рок од пет години за промена на документите. Како што ќе истекуваат, така ќе се менуваат.
     
    На La.loca, sparklie, WildMk и 14 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.073
    Допаѓања:
    268.887
    Предците на Германците денес се нацисти. И?
    Среќа, па не сме дрва.
     
    На WildMk, boomsleng, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.337
    Пол:
    Машки
    "Границите се направени за да се менуваат"
    Кој бил на Правен Факултет ( и читал книги нормално) ја сретнал дефиницијава

    И сигурно се гордеат со тоа....или не?
     
    Последна измена од модератор: 13 јуни 2018
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.073
    Допаѓања:
    268.887
    Ти што мислиш, се гордеат ли?
     
    На WildMk и Someonespecial им се допаѓа ова.
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.060
    Пол:
    Женски
    Поздрав, Северна Македонијо! Се мислев дали да пишам, ама многу ми е мака, не за друго, ами кој ќе менува документи?! :rofl:

    Рано е да ви честитам. Ќе почекам ратификација и ќе почекам да излезе договорот во јавност, во оргинална форма, за да можете да ги видите сите фусноти, цртички, објаснувања и појаснувања во истиот. Да ви стане тогаш јасно дека по кој знае кој пат, бевме излажани. Ах да, знам. Ни тогаш нема да верувате.

    Јас на референдум нема да излезам. Избори. Не референдум.
     
    На VDT2906, Kolumbo, orevokrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.337
    Пол:
    Машки
    Со предавници на својот народ никој не се гордее...па да видиме нашите деца како и што ќе мислат за нас кога нема да знаеме да им кажеме од кај ни е потеклото...и дека ништо не сме направиле за да си ја зачуваме државата
     
    На Kolumbo, carangigia, orevokrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.156
    Допаѓања:
    88.530
    Пол:
    Женски
    Мене стварно не ми јасно што сакавме кога преговаравме 30 години.Имавме можности и да ги прекинеме и да го решиме спорот,кукавици ,ништо не направивме!
    Сега спорот ни го решија,доста не чекаа.
    Само што ги изгубивме тие 30 години,поминаа во надежи за подобро ,додека сите трчаа напред,ние тоневме,изолирани,блокирани,а се тешевме дека ЕУ ке се распадне.
    Не се распадна,само што ние сме надвор.
    Остануваме Македонија,друга нема!
    Остануваме македонци,други нема,Да постоеше Јужна сите ке се прашуваа кој сме јужни или северни ко во Кореја,сосема е јасно дека само ние ке сме македоци.
    Се отвара пат кон Еу во која нашите деца ке живеат,ке го имаме НАТО кој значи безбедност за инвестиции,секој би инвестирал во земја што е во нато него ли во незнам во јужна осетија.
    Но,не, ние и овој пат ке избереме уште 30 год.млатење празна слама,лажен патриотизам и зголемување на променети идентитети во бугарски.
     
    На sparklie, WildMk, boomsleng и 17 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.073
    Допаѓања:
    268.887
    Ја мајката?!
    Како знаеме кој е предавник, а кој не? Зборувам за нашите прадедовци!
    Оние кои се бореле за "македонштината" или "комуњарите"?
     
    На daylight, boomsleng, bile454 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    НАТО е гарант на границите до некоја глобална војна.
     
    На A.27 и Kolumbo им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.073
    Допаѓања:
    268.887
    Нас ни се проблем блиските соседи ;)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека во големи војни некои држави менуваат страни, а меѓу нив имаш истакнати примери во блиското соседство? Знаеш воопшто кој хаос значи војна?
     
    На Espadrila и Kolumbo им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.686
    Допаѓања:
    79.809
    Пол:
    Женски
    Македонскиот народ ќе биде единствен кој се самоуништил.
     
    На VDT2906, Таа Сум, Роберт 7 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Го поздравувам потегот на претседателот Иванов.Најдобрата работа ја направил,нема отстапвање пред грчкиот и европскиот хегемонизам.Можи за некој е бесгласна буква,ама супер си работи.И ЕУ не е „ветена земја“ ниту рај,не мора по секоја цена таму.А и еве сега ќе биде мнозински систем на гласање,и грција ќе може да се слика.Ама нели да се разграби што може.
    Како граѓанин на Република Македонија и како иден правник,ќе искоментирам само од правно-социјален аспект.Го увидувам кршењето на Уставот.Нашето уставно име се знае,не може со амандман во Уставот да внесуваме што ќе ни текне.Се дрзнува да се гази правото на само определување.Тоа право е основно човеково право,и никој,ама баш никој,ни грција,ни Европа,не смее да дејствува фрадулозно кон тоа право.Која црна правна држава кога основните човекови права се кршат? Робови во сопствената држава? Да сме избришеле делови од преамбулата,драги мои преамбулата се менува само кога се менува устав и се носи нов.Во 2001 ја смени ја,и со тоа сме единствен пример во уставната практика,менување на преамбула без промена на устав.Сега по втор пат ќе менуваат? Ќе менуваат одредби за да откажеме од нашето малцинство? Што ќе бидат тие луѓе,македонци или народ од Недојдија? Не смеат,Уставен Суд знае тоа.Кршат и одредеби од Кривичен законик,зашто за вакво дело се одговара кривично.Водат тајни преговори по телефон,каде е нашето право да бидиме информирани навремено? Во мое име јас не сакам никој да изразува волја која не е согласна со мојата.Под присила за нас е ова.Апсолутизам,робовладетелство...И ова е велепредавство.За вакво велепредавство,за непочитување на волјата на народот македонски и на граѓаните,за непочитување на историското минато,за кршење на основните човекови права,се одговара со најтешки казни.Па вакво нешто да се случеше во САД,смртна пресуда ќе му потпишеа на претседателот.
    Сега лично,јас не би излегла на референдум.Од причина што местенки има и може да се фалсификува.Моето не да стане да,и така натаму,како што беше и во Шкотска и ред други земји.А вака,нема мој потпис,нема цензус од 50% излезеност,пропаѓа во вода.Бојкотирањето е најдбора заштита во хаосов.
    И навредите за Иванов,страшни.Ама марионетка,ваков,таков,изврсен правник и доктор на науки.И со најголем легитимитет,попусто ви се коментарите со кои го омаловажувате.За Заев што да кажам,ветуваше,се колнеше,во татко,ќерки,синови,во здрав памет...Си ги зеде парите,си направи бизнис,и си промовира „историско решение“.
    Ќе не доведе до работ на граѓанска војна или државен удар,протестите не се за поддршка,против оваа неправда се.
     
    Последна измена: 13 јуни 2018
    На VDT2906, Роберт 7, Kolumbo и 5 други им се допаѓа ова.
  19. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    2.148
    Убаво објаснето дури и многу се чекаше, да и3ѕнајдеа некакво решение до сега , сега ќе бевме пред портите на еу, али тое ова било вистинскава шанса.
     
  20. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Не сум партиски определен,искрено никогаш политика не ме интересирала,но со имево ме чепнаа и тоа јако.Не сум патриот и не се лупам во гради,како јас ке гинам за државата и незнам си што,но да седам со скрстени нозе и да гледам некој лудаци како си играат со овој народ,тоа дефинитивно нема.Многу загинати,многу семејства во црно завиени,многу историја изнапишана под ИМЕТО МАКЕДОНИЈА,не ми треба ама баш никој да не признава,демек ке видиме некаков аир од нато и еу,жими ашимов.Едноставно треба само да се држиме сите во државава и така ке има профит,и убав живот,верувајте никој од страна не ни треба.

    500 години Турците не ни го смениле името,сеа некој си Зајко кој има милиони и го заболе и за народ,и за држава,ке си земе парталите и ке го снема,бар за него тоа е ептен лесно.

    Не се вреѓајте едни со други,партии,бои,националности,вери,сите сме граѓани на оваа држава,затоа заедно да се избориме да опстанеме како народ,кој има огромно минато,и прејака историја.

    ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
     
    На VDT2906, Kolumbo, Abeja и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.