Промена на името на државата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 19 јуни 2017.

?

Кое име е прифатливо според вас?

  1. Република Вардарска Македонија

    33 глас(а)
    8,4%
  2. Република Скопје

    8 глас(а)
    2,0%
  3. Друго

    56 глас(а)
    14,3%
  4. Ниту едно, да си остане како што е

    295 глас(а)
    75,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.337
    Пол:
    Машки
    Па нека го пишат грк...
    Македонија е грчка
    Македонија е бугарска
    Македонија е српска
    Како бе не ни се паднаа јапанци за соседи...
     
    На zhap4e, realGirl, "Zoki" и 3 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    И тоа откако од Јонче или Јован, се прекрстил во Џон!
    Е таквите, ама ич не ги можам!!! :@

    Ние сме си Македонци, само многу различни од тие на Филип и Александар.
    А и да ни направат ДНК-анализи, ќе видиш дека сите сме измешани од 300 различни раси. И не само во Македонија и Балканот, туку во цел свет.
     
    На daylight, dunika, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.337
    Пол:
    Машки
    Баш супер што спомна днк анализа...
    Инаку iGenea е водечки институт за днк информации и потекло во Европа.. па еве еден клип за инфо
     
    На Плавуша123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    @Роберт 7 Дечко ти треба да оладиш малце и да почнеш реално да гледаш на работите,вклучи се у реалноста и живеј денес,гледај напред а не да бркаш баби и жаби од минатото. Пред 50години што се вика,не знаеме што се случувало на ова парче земја, а да не збориме за многу многу пред тоа. Историјата ја пишува кој како сака. Затоа и секоја држава си има своја верзија за својата историја. За нашата се смејат сите, и предмет на заебанција сме, и има и зошто . Што ако Александар ВЕЛИКИ не бил Македонец ? Крај на светот ли е? Помалце ли сме вредни ? Што ако вистински бил ? Ќе стане ли сега тој Александар да ти ги плати сметките, да ти даде достоинствена плата, ќе отвори ли работни места,ќе изгради ли училишта и болници?
    Што корист имаш ти денес ако бил Македонец и што си обештетен ако не бил !!!!
     
    На Lella, daylight, JuLleE и 11 други им се допаѓа ова.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски

    Да сакаат само да го погледнат ова видео, можда ќе им светне нешто у тоа главите. Ама на слеп не можеш да отвориш очи, ќе се држат до својата вистина и тоа е макар ти доживотно докажувај се.
     
    На daylight, bile454, dunika и 5 други им се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.203
    Пол:
    Женски
    На Kolumbo, zuto и "Zoki" им се допаѓа ова.
  7. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.337
    Пол:
    Машки
    Никој не се спротивставува на миграциите на народите низ светот и на мешањето меѓу нив. Но обичаите, песните, верата, носијата, говорот, писмото, уметноста се оние кои се пренесуваат од колено на колено.
    Можеби и јас сум албанец по днк но моите претци ми ја пренеле љубовта за Македонија и сето нејзино културно наследство со надеж дека ќе го чувам она за кое они ги дале своите животи а не да го распродавам за куферче евра
     
  8. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.337
    Пол:
    Машки
    Зошто тогаш се гордееме со Пандев, Панчев, Лазаров, Трпчевски, наши професори по целиот свет кои предаваат на врвни универзитети??
    Зошто постои олимпијада?
    Зошто постои борба за престиж од област на хемија, биологија, архитектура, економија и други области помеѓу народите во светот?
    На симпозиум во Данска нема да се гордеете дека како претставник од Македонија сте ги надминале во проектот Данците, Кинезите, Бугарите??
     
    На Kolumbo, zuto, Rabbit и 3 други им се допаѓа ова.
  9. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    Борисов денес ја откажал средбата со Иванов поради неговото арогантно однесување вчера.
    Цел свет се чудеше на ваков претседател, но вчера се надмина Хорх.
     
    На daylight, cresa-jagoda, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.596
    Пол:
    Женски
    Регионот Македонија во Грција не е поделен на посебни административни региони, туку сам по себе е посебен административен регион со свое министерство. Самата Грција си е поделена на посебни административни региони и во склоп на нив, значи еден од тие региони е грчка или ако милувате егејска Македонија.
    Не ширите дезинформации.

    Подобрете го англискиот.
    И дај еднаш засекогаш мавнете ги штабските узди и проширете го видикот.
    Прво и основно име не се менува. Промена на име е ако претходно сме биле Македонија, сега да сме Тунгузија. Ние само додаваме геогравска одредница ДО ИМЕТО!
    Можете до утре да одите со главата во ѕид, да извитоперувате факти, тоа нема да ја смени реалноста, а таа е, дека ние сме биле, сме, и ќе останеме МАКЕДОНЦИ, секаде во светот, та дури и онаму каде никогаш претходно не не признаа. Нема сила на светот што може да го спори тоа. И конечно добивме потврда за истото. Освен проблемите што си ги имате сами со себе, во вашите глави па очајно ги презентирате и наметнувате овде.

    Факт е дека за историја може многу и долго да се збори, и јас се чувствувам наследник на Ацета и тато Фиќо, и на Гоце и на Никола Карев исто. И на Наполеон Бонапарта и Луј 14ти. И некој таму од Латинска Америка или Французин или Јапанец или од кој било дел на светов, може да се чувствува Македонец или наследник на истите историски личности како и јас. Тоа право никој не може да ни го одземе. Не е ексклузивно. Оти нема чиста крв, нема директна линија од ниедна историска личност до било кој човек денеска, џабе и овие овде и џабе и вие таму што си се фрустрирате за Аце, а крв да даат за днк и едни и други попрво турци ќе биднат и се останато што мигрирало овде за последниве 2500 години.
    Престанете да се ограничувате со цртање шаблони и да решавате математики, историјата константно се открива и секогаш одново и одново се испишува.
     
    Последна измена: 14 јуни 2018
    На Lella, MissChievous, daylight и 14 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Не знам од каде е инфото во видеото, ама ова е од официјалните истражувања.

    Y-DNA haplogroups
     
  12. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    https://sitel.com.mk/sonceto-od-vergina-kje-mora-od-sekade-da-se-otstrani-vo-rok-od-6-meseci
    Најнова вест...:puke: Само не знам како ќе не натераат.Ќе прават концентрациони логори,ќе затвораат за Македонија? Убаво,историјата се повторува.Геноцид во Егејска Македонија,денес геноцид во Република Македонија.Ах бе цигани грци...и домашни квислинзи.Баш нешто не ми се трга знамево :D
    П.С.Ќе пропаднеме ако бугарите ја откажале средбата :rofl: Уште подобро,браво за Иванов.
     
    На Плавуша123, Kolumbo, zuto и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.337
    Пол:
    Машки
    Какви небулози...
    Јазикот и Националноста ги имавме и пред Заев..
    Кирил и Методиј се дел од Македонската историја....не се основа
    Словени како термин не постои. Постојат племиња кои се населени на овие простори и кои не оставиле трага ниту од својот јазик ниту од својата вера ( бог-перун), ниту архитектура ниту обичаи
    На овие подрачја поминале и оставиле многу повеќе трага Келти и Саси па ние немаме ништо со нив.
    Овде имало и средновековни Крстоносни држави па и од нив единствена трага е католицизмот кој го донеле...
    Корените се бесконечни .
    Не постои народ во светот кој нешто открил за своите корени и сопрел со истражувањето...не би имало наука ако е тоа така..
     
    На Плавуша123, Kolumbo, Selest и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.980
    Јас сум Македонка и атеист.
    Ништо немам со православците и нивните верувања.
     
    На daylight, lovestoneddd, makedonkamak и 6 други им се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.203
    Пол:
    Женски
    Еве кој шири дезинформации. Википедија ги шири дезинформациите околу административните региони во Грција (а-ха).
    List of administrative regions
    [​IMG]

    1. Attica / Αττική
    2. Central Greece / Στερεά Ελλάδα
    3. Central Macedonia / Κεντρική Μακεδονία
    4. Crete / Κρήτη
    5. Eastern Macedonia and Thrace / Ανατολική Μακεδονία και Θράκη
    6. Epirus / Ήπειρος
    7. Ionian Islands / Ιόνια νησιά
    8. North Aegean / Βόρειο Αιγαίο
    9. Peloponnese / Πελοπόννησος
    10. South Aegean / Νότιο Αιγαίο
    11. Thessaly / Θεσσαλία
    12. Western Greece / Δυτική Ελλάδα
    13. Western Macedonia / Δυτική Μακεδονία
     
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    6.663
    Пол:
    Женски
    Не давај претпоставки за мене и не треба да интересира што правам надвор од форумот.

    @SeaMermaid промената на име не е за влез во ЕУ и НАТО, туку да го променат нашиот идентитет, да бидеме народ без историја и без идентитет.
    Сонцето од Вергина е симбол кои се користи од периодот на Александар Македонски, сега сакаат со укинување на овој симбол полека да подзаборавиме на нашата историја.
     
    На zuto, "Zoki", Selest и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.596
    Пол:
    Женски
    Девојче живеам во Грција. Нон стоп сум со нотари и адвокати. Имам адвокат што ме преставува во административен регион Македонија, во Солун, и адвокат што ме преставува во Атики, односно во Атина. Официјално.
    Ја не читам и толкувам интернет, имам лични документи.
     
    На Mishela, referentka, dunika и 8 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Баш на ова видео мислев, ама реков: Ај не е на темата.
    Стварно треба сите да го видат, за да си ги тргнат малку предрасудите од главите.

    Баш тоа Роберт, не може лист хартија да ни го избрише она што го носиме во нас. Никој нема да ме натера да не пеам македонски народни песни или да играм оро, по можност ороводец да сум :inlove:

    Дефинитивно!! Геноцид е ова. :clap:
    Не користи поими кои не ги разбираш.
     
    Последна измена: 14 јуни 2018
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    @carangigia Баш така.Меѓутоа нашиве се дигаат со надеж дека ќе влеземе во ЕУ и Нато.А знам дека нема,со договорот со Бугарија и сега ова со грција,си ги исполни ја идеите за збришување на македонскиот народ.Од османлиско време ширеле пропаганди и сега еве,по повеќе од сто години.Сега јасно „докажуваат“ дека Македонија е творевина на Тито.А ние пак понижени,обезвреднети и подлежни на геноцид.И тоа геноцид од корен.Мислев дека се остварила вековната идеја за македонска држава,барем на еден дел,пошто Егеј и Пирин ги нема,ама сум се излажала.Историјата ни се повторува,а ние,до нас е дали ќе дремиме.
     
    На Kolumbo и carangigia им се допаѓа ова.
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Tи т.е твојата држава СЕГА се води како творевина од Тито, со тоа што името и е ФИРОМ. Нема да биде од утре таква, моментално е.
     
    На makedonkamak, CameliaMiller, simonka93 и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.