1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името на државата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 19 јуни 2017.

?

Кое име е прифатливо според вас?

  1. Република Вардарска Македонија

    33 глас(а)
    8,4%
  2. Република Скопје

    8 глас(а)
    2,0%
  3. Друго

    56 глас(а)
    14,3%
  4. Ниту едно, да си остане како што е

    295 глас(а)
    75,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
    Многу сложено е ова име. Кратенката би била РМД. Ко некоја игра за пц.
    Смисли нешто подобро.
     
    На wanderlust, crimson и Elen4e_sonce им се допаѓа ова.
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Се што сакав да кажам јас,кажа @jacqueline.s со што се сложувам од збор до збор ;) но сепак само малку ќе се надоврзам :D

    Не би да се правам патриот,многу треба за патриот,но име и историја на држава не се менува туку така само за наши лични бенефиции.
    Како бе така не ви е важна историјата и борбите и тоа крвави борби кои ги воделе нашите предци(кои сега сигурно се превртуваат во гроб слушајќи како нивните потомци за читај 500 евра плата ќе прифателе и Тунгузија да се викаме) и пак може муабетов накај патриотизам го завртив,ама ова ми го диктира срцето и чувствата и вредностите кои ги негувам кон татковината....
     
    На Abeja, carangigia, Anacid и 8 други им се допаѓа ова.
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    За Република Скопје сигурно гласал @Згодно Момче
    :rofl:

    Кога може Зеланд да си додадат Нов, можеме и ние.

    Нова Македонија- колку убаво звучи.
    :handshake:

    Прво ќе ви биде чудно ама после... Ќе пробате, ќе пробате- убо ќе ви биди.
    :devil:
     
    На Someonespecial, theowndemon и fina erika им се допаѓа ова.
  4. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.941
    Допаѓања:
    14.002
    Пол:
    Женски
    Хмм.. факт е дека Република Македониja сме само последниве 25 години... just sayin'.
     
    На Babyby и daylight им се допаѓа ова.
  5. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Исто како што е факт дека освен Грција другите земји на Балканот се викаат така како што се викаат денес само 25 години. Оваа твоја коснтатација често ја користат како спин нашите соседи веројатно од таму ти е. Не викам дека го правиш тоа свесно.
     
    На Abeja, Anacid, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  6. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.941
    Допаѓања:
    14.002
    Пол:
    Женски
    Не е баш така, сега и ти спинуваш :) Грците велат дека целото име Република Македониja, т.е. конкретно зборот Македониja е во нашето име само последниве 25 години. Jac велам дека конкретново цело име го имаме само последниве 25 години. Пред тоа бевме Социjaлистичка Република Македониja.
    Инаку конкретно Грците не нарекуваат "Vardaska". Само толку. Вероjaтно ова Вардарска Македониja е компромис помегу нивниот и нашиот поглед на нештата.
     
    На daylight, theowndemon и fina erika им се допаѓа ова.
  7. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Воопшто не спинувам. До 1990 година, Република Бугарија беше Народна Република Бугарија исто и Албанија и Романија. Грција последен пат го сменила името на државата во 1973 (Од Хеленска Држава во Хеленска Република).
    Грците не не нарекуваат така туку неписмени сајбер воини од Грција не нарекуваат така. Основата ја земаат од Вардарска Бановина име за територијата на денешна Република Македонија користена за време на СХС. Тоа што овие сајбер неписмењаци од Грција забораваат е дека тогаш сите денешни републики биле именувани според реките на пример поголемиот дел од Хрватска бил Савска Бановина. Да ја скратиме приказната - менување на име (во 99% од случаите се работи за менвуање за да се истакне државното уредување) не е необично и тоа го правеле сите земји во последниве 50 години. Второ, ниту една од овие земји тоа не го направила под надворешен притисок како што тоа сака Грција да го наметне денес.
     
    На Abeja, Nigredo Odor, Nalayan и 5 други им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Значи ЗМ кратенка?

    Јас химна имам.

    Си имам земја родена
    Уф што ми е погодена
    Сите ја испокрадоа
    Името го продадоа

    З'Ма З'Ma ЗМ
    З'Ма З'Ma ЗМ
    З'Ма З'Ma ЗМ ЗМ ЗМ

     
    На Someonespecial, Nigredo Odor, ..Queen..1998 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. BlondPrincess

    BlondPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Кои ви се овие предлози ало,уште па дискутираат кое име подобро звучело.За што гинеле револуционерите? Ако не се чувстувавте како македонци тогаш декларирајте се како тоа што се чувстувавте и одете си од тука. И едуцирајте се прво од каде и кога потекнуваме.
     
    На zuto, carangigia, Bitter-Sweet и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
    Од каде потекнуваме?

    Инаку факт е дека тие револуционери кои ги збориш учеле и се школувале во Бугарија, Грција, што значи слушале и учеле на бугарски јазик, а и ништо чудно да збореле. Во документи се пишани Бугари, на уста не се чувствувале Бугари, и тоа некои само.
    Имало некој кој викал дека ако некој го наречел Македонец, ќе му ја скинел главата. Има споменик на тој борец за Македонија. Го славите него.
    И така за уште други, кои можеби немало да кинат глави ама пишани се како Бугари.
     
  11. BlondPrincess

    BlondPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Малку да не си се збунил? Нормално дека ќе се пишани како Бугари,Грци,Срби затоа што биле под нивно.Прабабами ми има кажувано дека секој кога доаѓал им менувал имиња и презимиња на нивно што значи не е дека баш така се чувствувале. Ама не е ни важно,ако ти лично се осеќаш како бугар тогаш никој со сила не те држи
     
    На Lianna Anna, Bitter-Sweet и Rama им се допаѓа ова.
  12. LokY

    LokY Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2016
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Шо сами се чепкаме за ИДЕНТИТЕТОТ грците рекока промена на името а не на идентитетот, име на јазик и слично..
     
  13. hardcore

    hardcore Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2016
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Машки
    Грците не сакаат да преговараат. Тие чекаат Македонија сама да се избрише од мапа.
     
    На Nigredo Odor и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.774
    Допаѓања:
    259.763
    Мојот став е следен:

    Не сакам промена на името.

    ЕУ и сличните моменти не се доволно добар изговор, барем за мене.

    Кога би имало референдум, не би поддржала промена.
    Мене лично ништо не ми значи влезот во ЕУ. Со добра политика имаме доволно ресурси и без ЕУ добро да живееме.
     
    На zuto, Espadrila, kikikikirika и 12 други им се допаѓа ова.
  15. ..Queen..1998

    ..Queen..1998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2017
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Република Македонија....било,е и ќе биде..засекогаш. Дали ние им се мешаме во името на другите држави? Какви луѓе се тие што сакаат и предлагаат други имиња за својата држава? Денес државата, утре семејството така...жално
     
    На Abeja, Rama, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Не сум за промена на името, никако.

    Не треба ниту да постои референдум за тоа прашање, се знае какви ќе бидат резултатите.
     
    На edenandrej, Jacques, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Само што си ги утнала буквите, не е З туку Ѕ, слабо азбукава нешто или и азбука менуваше во меѓувреме.:D

    Не знам, ама темава бе... Македонци да расправаме за промена на име. Ма за такво нешто не треба ни да се размислува, а не да губиме време и букви. Кој си има проблем со нашето име, тоа значи дека не не признава како народ а територијално не сака за себе.
    А ние уште да размислуваме за предлози?? Кој при здрава свест и разум би размислувал да се прекрсти заради ќеиф на соседот. Немојте само Ве молам да играте на карта да ви е полн џебот па како сакате нека се викате, таа финта одамна не пали а и нема врска едното со другото.
     
    На zuto, Jacques, orevokrsacka и 6 други им се допаѓа ова.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Ме чуди грците што предлагале Врадарска Македонија а од друга страна стравуваат од територијални претензии кон нивната територија. Па зарем не им е страв утре Македонија дека ќе рече Вардарис тече низ дел од Грција па по таа логика припаѓа и тој дел на Р. Вардарска Македонија?
     
    На fina erika и theowndemon им се допаѓа ова.
  19. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.723
    Нека новата влада работи на покачување на животниот стандард и покачување на платите и нека не се замара со промена на името? Нема проблем. И кој ќе излезе да се "бори" ако се промени името? Сиромавиот, оној кој покрај сите проблеми што си ги има во животот, ќе оди да исправува криви дрини, додека капиталецот ќе плука на прстите броејќи кеш. Значи, покачување на стандард = помалце грижа за името и дали во Тетово има вработено македонци во општина. Интересно...
     
    На fina erika му/ѝ се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.243
    Западно Балканска Република.

    Читав некаде, ама незнам каде.По порталиве.
    Битно им било да нема географска одредница.
    Е сега, што е приказната со името...од Грци-политичари изворно и просто ми раскажаа што им е ,,штосот,,

    Некогаш порано цел регион се викал Македонија.
    Кога се оформила СФРЈ, се отцепил еден дел кој Тито го нарекол Република Македонија (ама Република:!:).Тогаш како дел од друга држава не правеле проблем, ама денес им пречи бидејќи баш тој дел сака да се отцепи како самостојна држава Македонија.Затоа не сакаат во името на државата на комшиите да се споменува зборот Македонија.

    Ние пак си имаме своја приказна за Антички македонци...за сонце, за вергина...

    Ама пак во Грција ги има тие знаци како арте-факти со далеку поголема историја отколку на пример нашата Триумфална капија.

    Едно сакам само: СИТЕ да имаме поубав и поквалитетен живот.Да се покачи стндардот на луѓето.Да може секој со примањата да живее нормален живот.
    .....па ако сакаат нека ме викаат и Централно Тунгузиска Држава !!
     
    На fina erika и JuLleE им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.