Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името на државата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 19 јуни 2017.

?

Кое име е прифатливо според вас?

  1. Република Вардарска Македонија

    33 глас(а)
    8,4%
  2. Република Скопје

    8 глас(а)
    2,0%
  3. Друго

    56 глас(а)
    14,3%
  4. Ниту едно, да си остане како што е

    295 глас(а)
    75,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    А бе дечки, на Фчерашни пред неколку месеци ја „сменија“ химната со префиксот Горна мислам дека беше, ја пееја да пробаат како ќе звучи :D Ама ние во реалноста живееме, не во скеч. Дај фокусирајте се малку, размислете што е неизводливо и само предмет на параноја.
    Уште повеќе, како жити сѐ ќе ни забранат славење на Илинден, посебно верски како слава?
    Мешате политика, религија, патриотизам, национализам... :drunk:

    Знамето на Вергина не е наше официјално. Сеа тоа што еден од вашите банирани истомисленици имаше некни пишано дека треба да се врати на местото на „грдото комуњарско“ сегашно и официјално, тоа е друга работа и не знам како се чувствувате у врска со тоа :)
     
    На blackwave, daylight, boomsleng и 9 други им се допаѓа ова.
  2. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Ако тоа го смета грција,ООН и поединци,мене не ми е гајле.Во Устав стои Република Македонија,не фиром.
    190+ земји не признаа под тоа име,мнозинство си е мнозинство.
     
    На Bitter-Sweet и Kolumbo им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Јас се чувствувам збунето :drunk:

    Оние (those we don't speak of), паметот му го извадија на народот, со квази тези и формулации.

    Какво поле за негување на најразлични психози направија, тоа чудо едно!! Да оди и до таму работата, па да се зборуваат глупости како: 'Постари сме од сонцето', 'Од нас цел човечки род започнал', 'Клеопатра била македонка' итн. Тоа од што нема со што да се фалиме и гордееме денес. Ништо не сме направиле како треба со децении, па имаме потреба да се величаме себе си со туѓи достигнувања. Ова е исто како оние со: 'Еее што убаво ни беше во Југославија', 'Да се врати Тито'... и други такви небулози. Сите шизнаа, скроз.

    Никако да сфатиме дека друго време е, други услови се и други очекувања се има од една држава во денешниот свет. Ни е страв да мрдниме, ни е страв од промени, ни е страв од се'... случајно да не се изгубиме себе си по пат..... Жално...

    Едно е да си ја сакаш државата, друго е да забегуваш со нереални хипотези и тврдења.
     
    На Lella, blackwave, daylight и 7 други им се допаѓа ова.
  4. bjorn

    bjorn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Машки
    Пријатели, баталете александар и филип, кои харале по светот 350 години пред Исус да се роди. Тешко се греете зимоска а? Е тешко е, со 200 евра плата. Глејте напред, не во антиката. Не знаете утре како сметките да ги платите, а знаете што јадел александар додека бил во поход во индија пред 2.500 години.
     
    На blackwave, daylight, Dennings и 15 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    АМИН!
    Тоа е тоа!
     
    На boomsleng, nena2010, Annora и 2 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.071
    Допаѓања:
    268.863
    Имам едно прашање до оние кои тврдат дека би биле Северномакедонци.

    Денес сме Македонци, граѓани на Република Македонија.
    Албанците - граѓани на Република Македонија.
    Ромите - граѓани на Република Македонија.
    Власите - граѓани на Република Македонија.
    Турците - граѓани на Република Македонија.

    Со оглед дека овие националности не ги нарекуваме ниту денес Албаномакедонци, Ромомакедонци, Власомакедонци, Туркомакедонци, како ние би станале Северномакедонци?

    Сите сме граѓани на републиката.

    Во случај ние да сме Северномакедонци, останативе што ќе бидат? Албаносеверномакедонци? Ромосеверномакедонци? Власосеверномакедонци? Туркосеверномакедонци?

    Дали денес е погрешно да кажам: националност Турчин, граѓанин на Република Македонија? Не е - затоа што е вистина.

    Епа која е невистината во: Македонец, граѓанин на Република Северна Македонија?
     
    На Lella, MissChievous, Плавуша123 и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.868
    Допаѓања:
    19.578
    Пол:
    Женски
    Тачно сесре !
    Побитна ми е иднината за нашите деца отколку за минатото за прадедоми (што не ми оставил ништо во наследство ) !!

    Пак ке кажам ние сме ништо во очите на светот ,''некои" нахранети се со патриотизам на митинзи и патриотски песни , а стомакот празен ... Народот леб нема јадено .... Децата бегаат .. И уште има приврзаници на лоповите што не искрадоа Грујо и Мијалков и одат по паметот нивни !
    Знаете зошто Грујо и Мијалков не сакаше промена иако се пазареше ?
    Затоа што тогаш Еу и Нато ке има голема контрола врз политичарите тука и немаа туку така да крадат како што ке им текне ;)
    Грујо на изборите во 2014 година и вети на Циа дека ке го реши името и наравно не го реши , и Циа ке го спастри :)
     
    На blackwave, daylight, boomsleng и 6 други им се допаѓа ова.
  8. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Мислам дека е и проститутките размислуваат поразумно од некои лица со кои делам воздух во Македонија. Проститутката има тарифа. Клиентот завршува работа и она добива точно толку пари колку што било договорено. После тоа малку се чувствува посрамено ама и проаѓа кога ги гледа парите и си вика е добро де ова го правам за да можам да платам сметки.
    Е сега во нашава ситуација сакаат да не злостават со ветување дека можеби ќе добиеме нешто. И има лица во истава наша Македонија кои ракоплескаат на ветувањето.

    Втора работа. Зошто се мачите да објаснувате со некакви крајно глупави споредби дека не се уништувала националноста, не се уништувал идентитетот а во исто време викате што има врска дај да гледаме напред немаме пари? Која ви е потребата? Сами пред себе се правдате?

    И трета работа. Може ли на овие што сте стиснале лајк, да ви изберам име како сакам да ве викам и вие да си смените име на форумов, на фејсбук и секаде каде што го користите вашето име и да не спомнувате како сте се викале претходно ако ви давам по 500 евра месечно?
     
    На Плавуша123, Safira26, Bitter-Sweet и 3 други им се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Видете, овие непостоечки региони Западна, Источна, Централна Македонија во Грција (непостоечки исто како промената на уставот и законот за јазици кои нашиот премијјјер изрично ги негираше :D) имаат и свои (владини) сајтови! Да не ти се верува.

    http://en.pdm.gov.gr/
    https://www.emtgreece.com/en/


    Според новата административна реформа од 1 јануари 2011, Грција е поделена на 13 региони (поранешен назив периферии), кои понатаму се поделени на окрузи, а пак тие на општини.
    Меѓу тие 13 региони се вбројуваат и Западна Македонија, Централна Македонија и регионот Источна Македонија и Тракија. Точка.
     
    Последна измена: 14 јуни 2018
    На Kolumbo, carangigia и edenandrej им се допаѓа ова.
  10. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Мислам дека на секого му е јасно какви шовинисти се сите досегашни грчки влади. Сепак, тоа не им пречи на некои луѓе од Македонија да "гледаат напред".
     
    На Kolumbo и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    А ти не си шовинист?
     
    На blackwave, daylight, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  12. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Во однос на Грците? Не. Патем муабетот е за грчките влади така да требаше да прашаш дали ние како држава овие 27 години сме се однесувале шовинистички особено споредено со Грците. Одговорот е едно големо НЕ.
     
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    И ти си шовинист и голем број македонци шовинисти.
    Ми рече дека имам секс за пари.
    Македонците извикуваат: Солун е наш.
    Ни бил, ни ќе биди. Никогаш
     
    На blackwave, daylight, Waka-waka и 4 други им се допаѓа ова.
  14. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Само поставив едно сценарио не за тебе директно. Инаку ако не знаеш има и мажи и жени проститутки. Луѓе. поединци и групи може да извикуваат што сакаат. Во Грција се извикува сешто против нас на натпревари митинзи и тоа не е страшно. Страшно е што кај нив повеќе од пола серизони политичари не нарекуваат скопјанос, словени и како уште не. Страшно е што официјално за нив не постоиме, ние сме некои си доселеници без идентитет а кај нив никогаш немало македонско малцинство само грци што зборат словенски јазик (каква луда теорија).
    Солун бил македонски за време на Античка Македонија. Во текот на средниот век добар дел од населението околу градот а и во градот биле словени (зачетоци на модерните Македонци). На почеток од 20 век исто така. Сега разбирам дека тебе ти е потребна едукација, но се уште не сум сигурен дека имаш волја и капацитет да учиш. Јас сум расположен да подучувам.
     
    На Плавуша123 и Kolumbo им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Се согласувам дека има многу грци кои се безобразни према нас како народ и држава, ама треба да се согласиш дека и ние не сме бесгрешни.
    Мене не ми е потребна едукација, мене ми е потребен свет без граници, луѓе со емпатија, почитување меѓу луѓето и почитување на природата.
     
    На blackwave, daylight, boomsleng и 4 други им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    На Kolumbo и daylight им се допаѓа ова.
  17. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Кој кажува безгрешни. Тоа е истиот муабет ти викаш дека Александар Македонски е наш. Не, туку викам дека има врска со Македонија. Хелоу, зошто воопшто се викаме Македонија и Македонци ако немаме апсолутно никаква врска со Античка Македонија?
    Сите тие работи што ги наброја се постигнуваат со учење :)
     
    На Плавуша123 и Kolumbo им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Александар не не дефинира како Македонци. Ние сме тоа што сме, благодарение на милион работи. Нашето ЈАС не може никој да ни го земе.... Освен ако не може да ни влезе во душите и од внатре да го извлечи она што го имаме во себе.
    Многу сте површни и жал ми е што е така.
     
    На blackwave, daylight, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  19. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Вадиш работи од контекст. Инаку јасни ми се тезите - по дома ќе се викаме како сакаме ништо не ни можат. Наивна теза.
     
    На Плавуша123, Bitter-Sweet и Kolumbo им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не е наивна. Иднината треба да биде свет без граници, луѓе кои имаат разбирање едни за други.
    Нема да можеме никогаш со вакви радикални ставови.
     
    На blackwave, daylight, boomsleng и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.