Промена на името на државата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 19 јуни 2017.

?

Кое име е прифатливо според вас?

  1. Република Вардарска Македонија

    33 глас(а)
    8,4%
  2. Република Скопје

    8 глас(а)
    2,0%
  3. Друго

    56 глас(а)
    14,3%
  4. Ниту едно, да си остане како што е

    295 глас(а)
    75,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Машки
    a.k.a * ОТВОРЕНО ОПШтЕСТВО * (y)
     
    На nena2010 и WildMk им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Точно! И не го измисли тоа Сорос, ако алудираш на тоа.
    Гледај го Стар Трек, читај за комунизмот, ама без делот со револуцијата, слушај ја Имеџн од Џон Ленон... Идеата одамна постои. Дури и Александар Велики сонувал за обединет свет, затоа и тргнал во поход. Гоце Делчев рекол ' Јас го разбирам светот како поле за културен напредок меѓу народите'.

    Идеата не е нова... тлее со векови, со милениуми...
     
    На Lella, blackwave, daylight и 4 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    323.762
    Јас го поддржувам овој чекор.

    Еднаш за секогаш ќе се стави темел на идентитетот кој одамна ни е под знак прашалник, па колку ние и да протестираме и да се нарекуваме славо,антички и незнам какви Македонци.

    Се е повеќе од јасно уште кога ќе видиш дека State department-от упати честитки за дадениот чекор.Зарем не е јасно дека ова е однапред трасиран пат кој кога-тогаш ќе го одиме.
    Само што криво ми е што ќе се организираат избори и референдум, тоа е огромен трошок за нас, а исходот од референдумот дали треба да кажам каков ќе биде.

    Доста тепање во гради, што ќе се случи понатака, никој неможе да влијае ни како единка ни како народ.

    И престанете веќе со гледање назад и риење со опашките.
    Божем незнам колку моќна држава сме, па нас никој не ни треба и ние се сами можеме.
     
    На dunika, CameliaMiller, blackwave и 15 други им се допаѓа ова.
  4. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Машки
    Преку ноќта имаше Павле видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: Премини во Македонија и помогни ни!Делата на апостолите 16,9.
     
    На Kolumbo и monibejbi им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Сигурна сум дека Павле не замислувал ваков свет за 2000 години.
    Нели ветената иднина е свет во кој сите луѓе се еднакви?
    Нели после Армагедон-от не чекаат 1000 години во мир, љубов и просперитет?

    Дури и Библијата пишала илијадници години пред нас, дека треба да сме обединети.
     
    На CameliaMiller, blackwave, daylight и 2 други им се допаѓа ова.
  6. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    932
    Пол:
    Машки
    Кој се нарекувал така? Никој, никогаш. Ние сме Македонци. Точно е дека има некои научни дебати во врска со моментот на етногенезата на модерните Македонци, ама тоа го има кај секој народ и нема ништо лошо во тие тези.
    Како ќе се зацврсти идентитет кога со диктат ти кажуваат што си, од кога си и кој си? Во исто време додаваат црти, објаснувања и појаснувања кои може кој како сака да ги толкува?
    Да точно ова е патот кој треба да го одиме но не на овој начин. И мене ми е криво за референдумот затоа што треба да има еден поширок консензус за да одржиш референдум, вака би се одржал во моменти на комплетна разединетост (можеби некој и тоа го посакува) и откако ќе се потпиѓше и изгласа договор што е апсурдно.
     
    На Kolumbo, zuto и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  7. bjorn

    bjorn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Машки

    Нее бе. Не. У право е еуростат. Во Македонија повеќе од половина од населението е Ефективно НЕписмено. Знаете што значи тоа? Тоа е дури и полошо од обичната неписменост. Ефективно неписмен човек е човек кој што има некој одреден степен на образование (пр. основно или средно), но сепак не умее да разбере / сфати / процесира / увиди некои логични работи од општиот живот и околината.

    Дали вие CameliaMiller сте навистина задоволни од буквално сите апсекти на животот и неговиот квалитет овде во Македонија, па кога веќе се е средено како на пример процесот на образование, степенот на квалитет на здравствена заштита, висината на платите, патната инфраструктура, и многу други битни работи за вас како човек кој овде живее, се фативте да решивте и да се замарате со полемики околу нешто што не би му ни текнало на никој друг. Дали ромите ќе се викале Ромосеверномакедонци? Дали вие ова сериозно го размислувате во моментиве? Па луѓе, дајте ве молам, ќе умрам од туѓ срам. Ромската популација во македонија е на дното од сите можни гледни точки, почнувајќи од образование, општо здравје на самата ромска популација, нивните социјални примања се ниски и уште сто други поразителни факти. Дали мислите дека воопшто се грижат дали во некои преамбули, низ некој си таму меѓународен договор, во член 8 став 2 точка 11 ќе се викаат Роми од македонија, Роми од севернамакедонија, или ромосеверномакедоногрци? Не верувам дека воопшто било кој од нив има време и му е гајле за тоа. Гледаат да не им крчат цревата кога ќе си легнат навечер да спијат.
     
  8. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Убаво си кажа претседателот зашто да легализира нечиј договор во кој он воопшто не учевствувал при неговото договарање , преговарање и усвојување.Сега како си дробиле Зајакот и Министерчето така нека си сркаат.
    https://www.facebook.com/hristijanmickoski.vmro.dpmne/videos/254122152006153/
     
    На Kolumbo, zuto, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Фактов е следен, не можеме да се индеификуваме со историјта, на Александар, Мекедонски, тоа било територија на Македонија што си припаѓа таму во сегашна Грција и заатоа Грците си ја присвојуваат како нивно наследство, а ние до пред некое време го користевме и знамето на Вергина нешто што не веќе дел од нашето, викааме Солун е наш, пееме такви песни сетоа тоа доаѓало до нивна страна, и зазеле став дека ние тоа треба тоа да го искорениме, и да се посветиме на нашето минато што ни припаѓа само на наша територија. 3начи не веќе на тоа што е нивно сега.““Затоа Грците сакаат да направиме ра3лика од нашата и нивната историја. Нашиот ја3ик си останува Македонски и тој е при3нат како таков од 1977, но сега ќе биде нагласено деке е словенски Ја3ик дека сме во таа група, и немаме допирни точки со нивниот. За информација они Имаат област Македонија и тамошното населени е се офаликива како такво во Грција. Овие работи мора да се ра3берат, затоа што не кочеа уна3ад 27 години, и не ни дадоа вистински прогрес како држава, туку сегатреба да се и3градуваме како едно ново општество што ќе треба да ги усвоиме вистинските реформи штои беа потребни на државава следствено со преговорите.
     
    Последна измена: 14 јуни 2018
  10. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Да се потсетиме што Вмро-Дпмне отфрли како опција за промена на име и тоа само за надворешна употреба...Еве го човекот кој секогаш стоеше на браникот на државата г-дин Никола Груевски
    https://www.facebook.com/897044670459018/posts/989024837927667/
     
    Последна измена: 14 јуни 2018
    На Kolumbo и zuto им се допаѓа ова.
  11. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.165
    Пол:
    Женски
    А бе се тоа ок. Ама на крајот ни го смести Пржино. Што значи, ја започна финалната фаза.
     
    На Kolumbo, zuto и Cosmi им се допаѓа ова.
  12. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Машки
    Кој ни ја брани државава бре,кој црн браник. Тие мајка своја ќе продадат за власт па за една држава им дошло..
     
    На fana, Harper, WildMk и 12 други им се допаѓа ова.
  13. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Претседателот Иванов, единствената светла точка во црниов кошмар. Се гордеам со мојот претседател. Достоинствено, аргументирано, принципиелно и уставно поддржано во заштита на македонските национални интереси.
     
    На fana, Bitter-Sweet, Kolumbo и 4 други им се допаѓа ова.
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Го прочитавте цел договор? Ви фаќа нешто посебно за око? Ме мрзи сега да го читам цел
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bjorn

    bjorn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Машки
    Ако под национални интереси ги сметаш вечна сиромаштија и изолација на мкд од сите околни земји, да, ги заштити сите национални интереси.
     
    На Annath, Justicija, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.424
    Допаѓања:
    90.734
    Пол:
    Женски
    Nisto toj ne zastitil ,se palat decava, ke go sednat i nego,go predvidele, posle denesniot poteg od Bugarija sosema e jasno, koj od pozadina gi vlece koncite.
    Micko od druga strana ceka instrukcii kako da se zavrsi rabotata, a da ostanat "patrioti"kaj naivnive deca,pretsedatel koj izleguva da kaze deka ke zaokruzi ne, namesto bojkot, na pameten dosta.
     
    На Annath, WildMk, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  17. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    А пола источна МАКЕДОНИЈА што се иселија, каккви националте вредности гледате вие ?, не туку Иванов патриски гледа декае со Вмро да ги гледа правите вредности друго ќе 3бореше не го браните толку.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  18. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    така е Од сите се и3лиравме тоа ли е добро 3а нив
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    [
    Можеби тебе те демантира, мене сигурно не.
    Освен тоа што не дриблаат со самото менување име па и ќе ни "допуштеле" да се САМОопределуваме како македонци ако сакаме, уауу, благодариме мистер Ципрас. Македонци(а нема да биде без никаков додаток) ќе биде како кратенка за северномакедонци, зашто ако прочита подолу Македонија е грчка, само нивната Македонија е Македонија, ние веќе нема да бидеме македонци, Александар ќе остане Македонски а не северномакедонски, значи ни ја крадат историјата со бугарите. Уствари не ја крадат, сами им ја даваме. Ние ќе бидеме нова вештачки формирана творба, која ќе се распадне за некоја година, дрво без корен се суши, нема плодови. А погодете на кого ќе се препише нашата историја. Која Македонија ќе остане. А самото тоа што они ќе ни дадат да се самоопределиме како македонци, испаѓа дека се определуваме како грци, бидејќи Македонија ќе биде само грчка.

    Не излегувам на референдум, не давам светот да прави магариња од македонскиот народ, не прифаќам коцкање и тргување со името на мојата земја Македонија. Не треба да излегуваме и да гласаме против, тоа тие го сакаат, треба да го бојкотираме референдумот. И не споредувајте Конго со Македонија, Конго отсекогаш било Конго, па формирана република Заир па преименување во демократска република Конго. Плус тоа е земја со толку религии колку што има племиња. А Чешка уште е Република Чешка и не мешајте облик на владеење со промена на име на задоволство на соседот.
     
    На SnowWhite8, edenandrej, Kolumbo и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    ": A propos вечерашниот протест:

    - „Шиптарска полиција!!!“
    - „... нека разберат клетите Шиптари, македонско име нема да загине!!!“
    - „Чиста Македонија!“
    - „Христијанско братство!“
    - „Кој душман ќе влезе, жив нема да излезе Македонијо, ти го ставаш в гроб!“
    - Поп вели дека и оружје ќе земел за одбрана на името.

    И ред други „бисери“ на дел очигледно збунет и народ полн омраза.
    Народ кој има потполно право да излезе на протест против вчерашната прес-конференција на Владата по однос на спорот за името со Грција за промена во Република Северна Македонија, но, очигледно станува збор за дел од народ, кој не разбрал, не знаел и не сака да сфати неколку основни работи против што и како протестира, туку само го спровел некој, со што се доаѓа до заклучокот дека протестот беше за џабе, а не требаше да биде. Не требаше да биде, зашто требаше да се покаже зошто постои противење од многумина кон одлуката за предлог-решението за РСМ. Но, зошто беше за џабе? Еве вака:

    1. „Шиптарите“ немаат никаква врска по однос на нивната националност, за спорот за името со Грција, освен што како граѓан(к)и на оваа држава можат да бидат „за“ или „против“ ваквото предлог-решение.

    2. Особено што, тоа скандирање за „шиптарска полиција“ не придонесува ама баш НИКАКО во вршењето притисок за повлекување од преговорите и неменување на името, зашто полицијата нема никаква врска со името. Освен да ве спречи да создадете нов 27-ми април, и тоа во погрешен објект.

    3. Каква врска има „чистата Македонија“ со спорот за името со Грција? Вака, овој народ, осврнувајќи се на чистината, го поплукува Крушевскиот Манифест, зашто е потпишан од сосема „нечисти“ револуционери!

    4. „Христијанско братство!“? Сериозни сте? Што мислите, каква е религијата на Грците? Исламска? Сигурно сте помислиле дека е „шиптарска“, па природно ви се надоврзува на се' што е против нив? Два грама мозок ќе го решеа ова, иако религијата нема никаква врска со спорот за името. Освен непризнавањето на црквата, но, тоа има сосема друга конотација која треба МПЦ и ГПЦ да си ја решаваат. Зошто? Зашто сме секуларна држава.

    5. Дури и да го земам сериозно ова како точка, што не сакам, просто не ми е јасно како досега сите грчки бизнисмени од ВЕРО, Стопанска Банка, Мермерен Комбинат и еден тон други мали и големи претприемачи влегоа во државава и ене ги живи-здрави се' уште влез-излез прават. Наспроти тоа, во јужниот дел на земјава, како во Гевгелија, Дојран и Битола, гледам сите Грци без заби, без фризури, без зеленчуци и овошја и неживи си излегоа преку границите во Грција.

    6. Ова со попов и оружјево треба да се стави за предмет-расправа на синодот на МПЦ-ОА, но, и МВР да се позанимава со случајот! Зашто, доколку ние имаме свештени лица кои би грабнале оружје поради која било причина, во најмала рака тоа го нарушува секуларизмот како да сме во XVI-от век, па во тој случај, отишол возот во пченките, а врапчето на попот очигледно му летнало!

    Следствено, Тимјаник не е само селото, Тимјаник е насекаде во Македонија очигледно! Зборувајте ми за едукација! Ова општество страда од простотилок, необразованост, тесноградост, ксенофобија, етноцентризам, национализам, шовинизам и еден тон други видови зборови кои завршуваат на „-изам“.

    Погубно! Дури и да сака да човек да се придружи на протестирањата на коишто би се држеле издржани говори и контра-мислења по повод одлуката за името, не би си дозволил, зашто дел блуете омраза, поганштилок, клетост и крвожедност. На страна фактот што сето горенаведено во ниту една мерка не е никако поврзано со одлуката на Владата за промена на името. А да не зборувам дека Владата на РМ е друга зграда, а не таа собраниската, со што протестот од почеток немаше смисла поради местото на одржување. Да не зборувам дека не правите никаква разлика меѓу законодавна, извршна и судска власт.

    Името ќе загине, да. Но, не од одлуката на власта, туку од немањето здрав разум за контра-аргументација и противење на ниво.
    Протест да, во секое време. Но, протест издржан, поткован со многу стабилни аргументи, факти, пароли... а не флоскули на дел аморфна маса, излезена чисто за да посее омраза внатре во државата и уште толку да ја осакати, во и така кревката ситуација во која се наоѓаме со години.

    P.S. Убаво да си поминете на грчките плажи за продолжениот викенд во кој празнично ќе се одбележува неработниот ден за Бајрам.

    #KissesToAllExceptToTheIgnorant!!! ♥♥♥
    "

    Огнен Јанески за протестите вчера.
    Капа доле :bow:
     
    На Annath, Lella, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.