Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името на државата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 19 јуни 2017.

?

Кое име е прифатливо според вас?

  1. Република Вардарска Македонија

    33 глас(а)
    8,4%
  2. Република Скопје

    8 глас(а)
    2,0%
  3. Друго

    56 глас(а)
    14,3%
  4. Ниту едно, да си остане како што е

    295 глас(а)
    75,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Ете го одговорот. Инаку како членка на ЕУ има 100% повеќе шанси да си отидат уште повеќе доктори ако веќе се фокусираме на тоа.
    Мислев за да станеш член на ЕУ и НАТО треба критериуми како правна држава и слично а не промена на идентитет.
     
    На Rama, Kolumbo и baba Rada им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    88.504
    Пол:
    Женски
    Во овие отселени Бугари влегуваат и нашите бугари?
    Бугарија е позитивен пример од јадна мафијашка држава стана држава каде инвестираат странски компании.А инвестираат бидејки се ЕУ.
    Бев на разговор во една од нив.
    Не ја отворија во Скопје туку во Софија,а бараа и еу пасош за работа.
     
    На blackwave, Yowannty, monibejbi и 3 други им се допаѓа ова.
  3. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Ало, да, се слушаме, во програма сте :D
    Никој не вика дека треба да ни вратат територија. Никој не вика дека ќе водиме војна против нив и ќе освојуваме територија.
    Сфати и ти дека делов од Македонија во кој живееме е само Вардарскиот дел, вториот дел е во Бугарија а третиот во Грција. Нашиот дел бил окупиран од Србија, пиринскиот од Бугарија а егејскиот од Грција. Ние овде, во вардарскиот дел, сме се осамостоиле и избориле за сопствена независна држава. Останатите два дела на Македонија, т.е. Македонците во тие делови треба да се изборат сами за тоа ако сакаат. Е дури тогаш, ако се осамостојат и приклучат кон нашиов дел може да зборуваме за целосна обединета Македонија.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bjorn

    bjorn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Машки
    И што со приказнава за мали дечиња? Ти стварно мислиш дека во грција некој ќе се дигне против тамошните власти и ќе води војна за отцепување за да се припојат кон македонија и да земаат 200 евра плата? Ова може да им го рецитираш на дечиња од градинка како сказна. Во реалноста, нема никаква примена, ни теоретска ни практична.
     
    На Lella, blackwave, Harper и 4 други им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Лоли бе, немој вакви иридентистички муабети :D ќе не вратат па да испреговараме за како да се казнуваат ваквите територијални претенции и повици за отцепување од грекосите :rofl:
     
    На Rama, КикиМаус, Joi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.007
    Ни една друга држава не мора да промени име за да започне да преговара за влез во ЕУ, бидејќи ни една друга држава не е во ситуацијата во која нашата е. Затоа, невозможно е да ја споредуваме нашата со било која друга држава.
    Мораме да направиме најдобро од ситуацијата. Но што е најдоброто? Не можеме да знаеме. Никој не може да тврди 100% ни дека ќе биде полошо, ни дека ќе биде подобро. Но едно знаеме, а тоа е дека во овие 27 години под тие услови кои што сме ги имале не сме успеале да создадеме нормални услови за солиден живот во оваа држава. Што носи до заклучок дека продолжување под истите услови можеби и не е најдобриот избор. Можеби сепак обид за влез во ЕУ ни е најдобрата опција.

    Приоритети се во прашање. Со моите дома си велиме "Ај ако имаш 100 денари оди до продавница купи тоа за денес така да поминеме за ручек, а утре ќе видиме". Со дм со години се мислиме дали да оформиме фамилија и се' уште одбегнуваме зошто знаеме дека со минималниве плати ни самите ние не можеме да опстанеме, не па ли да пружиме некому живот. Ако не ти е добро, страв ти е и да провериш што ти е зошто знаеш дека ако е нешто сериозно, нема каде да се лечиш. И ај да не редам натаму... Не се будам со помислата дали ќе ми се допаѓа што пред Македонија ќе стои Северна или не, туку се будам со помислата како да продолжам да живеам под овие услови во оваа држава. Не ми се приоритет Александар Македонски, Гоце Делчев и Илинден. Колку грозно и да звучам, едноставно не ми се приоритет.
    Жал ми е за секој кој се жртвувал за територијава, ништо не е за потценување, се' е за почит и паметење и гордеење. Но жал ми е за животот на моите најблиски кои го потрошиле својот на макотрпна работа за прениски плати и постојано носење на истото бреме како да ги платат сметките и што да јадат. Жал ми е за себе си зошто од страв за иднината не можам да си оформам фамилија. А најмногу ќе ми биде жал ако и покрај се' се решам да имам деца, каков ќе им биде нивниот живот во Република Македонија.
    Па тука се запрашувам каков би им бил животот во Република Северна Македонија. Можеби би можеле да функционираме солидно. Можеби и подобро од солидно!

    Од 27 години поминати во Република Македонија сум песимист за подобра иднина. Но во понатамошни не знам колку години во Република Северна Македонија сум оптимист. Барем постои шанса за подобра иднина. Сега и тука нема апсолутно никаква шанса за ништо добро!
     
    На Annath, Lella, Ambitious и 19 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.065
    Допаѓања:
    268.819
    Да, треба, и затоа преговорите траат долго.
    Идентитет не променивме, па како сакате толкувајте си.

    И не, на Европа не и' требаме ние - туку таа на нас. И за да бидеме дел од неа, мораме да имаме добрососедски односи, посебно кога соседот е веќе нивни член.

    Ако сме си самодоволни - не треба ни да преговараме. Или не сме?

    П.С. Србите за да влезат во ЕУ, треба да го признаат Косово. Малце поболно од име ми личи тоа.
     
    На Annath, blackwave, КикиМаус и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.095
    Допаѓања:
    55.849
    Пол:
    Женски
    Искрено, многу побитна ми е мојата иднина и иднината на моите потомци за разлика од тој Александар Велики што постоел уште пред нашата ера и за кој не се знае точно ни што бил по потекло и не ме интересира дали потекнувам од него или не. Не се за потценување животите кои борците ги дале за нашата земја, никој не ги потценува...Но луѓе, мора да гледаме кон иднината и да го оставиме минатото во минатото. Иднината е таа која можеме да ја менуваме. Со години тапкаме во место, и ако не се реши ова уште 100 години ќе биде вака. Тоа е, ако не се иселиме сите. Некој погоре пиша дека немало толку сиромаштија во земјава, дека секој втор имал автомобил и мобилен телефон и сл... А што е со тоа што секој ден гледаме како луѓе бараат апели за помош? Што е со тоа што луѓе умираат бидејќи немаат доволно пари за лекување па мора да се собираат со хуманитарни акции наместо тоа да го прави државата? Не знам за вас, но јас секојдневно сум сведок на луѓе што едвај врзуваат крај со крај. И таа е реалноста овде. Секојдневно се прашувам дали јас ќе можам да опстојам овде во државава или спас ќе барам некаде надвор. Дали моите идни деца, внуци ќе можат да опстојат? Не ми е битно што ќе го има додадено Северна во името, ако тоа значи шанса да се оди напред и да се влези во ЕУ и НАТО. Никој не вели дека одма рози ќе цветаат ако се влези во ЕУ, но мора, едноставно мора да излеземе некако од калта во која сме заглавени со години. Ако не е така, од ова држава не бива.
     
    Последна измена: 15 јуни 2018
    На Ambitious, blackwave, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260

    Точно тоа. Немаме со што да се гордееме, и затоа се тупкаат во гради за нешто што некој правел пред 2000 години. И ако им го тргнеш тоа, ќе треба да пукнат од мака дека за ништо не ги бива.
     
    Последна измена: 15 јуни 2018
    На blackwave, lovestoneddd, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  10. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Првин да појаснам за сите јас сум аполитичен. Најмногу мразам кога некој ми лепи етикети од типот за СДСМ или ВМРО сум бил. Да ми простиш што им е..м матер на нив кога ништо арно немам видено. До сега не сум гласал за ниту една партија ниту пак планирам да гласам. Од мене може да добијат како и до сега еден крст на среде цело гласачко ливче. И мене не може никој да ме лаже, посебно не политичари и политички партии.
     
    На Rama и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. bile454

    bile454 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    33
    На simonka93, RAF Camora, LollySky и 2 други им се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.543
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на муабетот..
    Јас пред 9 години колку што ме држи памет во Италија на час по историја бев повикана да станам за да раскажам за александар македонски бидејки ете сум македонка.
    И да, имавме лекции за александар и неговиот поход.
    Screenshot_20180615-162020_Samsung Internet.jpg
    За други детали не се сеќавам бидејки беше одамна.
     
    На Kolumbo, Rama, realGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.065
    Допаѓања:
    268.819
    Ниту јас не сум партиски определена, но тоа не значи дека немам свое мислење и став.
    На избори гласовите на Македонците се делат на ВМРО/СДСМ - двете партии проЕУ, двете ветувања за решавање на спорот.
    Оттаму заклучокот дека Македонците сепак сакаат да бидат дел од ЕУ и НАТО.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Нема политички неопределени, штом имаш ставови.
    Може некои од ставовите да ни се поклопуваат со една или друга политичка партија, или па некои ставови со едната, други со другата. Но штом имаш мислење за здравство, економија, образование, право на абортус, членување во алијанси итн.. тоа се' се политички ставови.
     
    На CameliaMiller и Someonespecial им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Политички определени ≠ партиски определени :)
     
    На Joi, CameliaMiller, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  16. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    На Европа не и требаме затоа притисоци од сите страни честитаат уште пред да се потпише договорот, се закануваат на претседателот притискаат што побрзо да потпишеме и закажуваат референдум после "крштевка".
     
    На Kolumbo и Rama им се допаѓа ова.
  17. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Од каде јас да знам пред 2000 години што се случувало и дали некој тогаш бил грк, албанец, македонец или вонземјанин. Тие што се замараат со тоа очигледно немаат друга работа. Мене ме боли историјата од 1991 година до денес. И за оние работи на кои сум бил сведок кога 2001 требаше да го напуштам својот дом и да одам во друг град оти УЧК се закануваше дека ќе го гранатира Скопје. Жал ми е за сите оние од 1991 до ден денес што мораа да трпат неправди. За сите оние кои се бореа 2001 за да го одбранат ова парче земја, а подоцна некои дегенерици во униформи на УЧК да им се смеат во лице. Жал ми е за сите оние кои доживеале трауми од тој конфликт кој бил приморан својот соборец кој бил погоден со снајперски куршум во глава да го влече неговото мртво тело до најблискиот ров со надеж дека ќе успее да го спаси иако од куршумите кои што фрчеле над неговата глава не ни приметил дека бил веќе мртов. Жал ми е бидејќи тој и после толку години станува сред ноќ и седи пред исклучен телевизор во темното и неговата сопруга се буди и го прашува што правиш, а тој вели го спасувам соборецот од непријателскиот оган иако не е свесен за својата состојба дека сонува односно тие слики му се врежани во умот. И зошто тие бранители не добија загарантирани работни места туку дел од нивните единици беа расформирани. После ова запрашајте се дали заслужуваме да имаме држава без разлика како да се вика. Држава која не се грижи за својот народ не заслужува ниту да постои. Јас одамна сум кренал раце од се и понекогаш коментирам во вакви теми се со цел да ми олесни на душата. Ама за жал ми станува се потешко бидејќи гледам дека многу од мојот народ заборавил некои работи кои ни се случиле во блиска иднина, а се замараат за работи кои се случиле пред илјадници години. Толку од мене повеќе од Господа. Ви посакувам на сите да имате пријатен и убав ден .
     
    Последна измена: 15 јуни 2018
    На Annath, Joi, blackwave и 6 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не заслужуваме. Да не беа странците, имаше да не нема уште од пред 20 години.
     
  19. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    А зошто не сте иселени до сега од тука?
     
    На Bitter-Sweet, baba Rada, Kolumbo и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Luciferovog zlo♧

    Luciferovog zlo♧ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2017
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    5.497
    Пол:
    Женски
    Србите поточно :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.