Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името на државата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 19 јуни 2017.

?

Кое име е прифатливо според вас?

  1. Република Вардарска Македонија

    33 глас(а)
    8,4%
  2. Република Скопје

    8 глас(а)
    2,0%
  3. Друго

    56 глас(а)
    14,3%
  4. Ниту едно, да си остане како што е

    295 глас(а)
    75,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Добро тогаш што си ти ?Дрво без корен,како така лесно се откажуваш од Македонскиот индетитет?
    Неможам да те разберам навистина.
     
    На koritsaki, zuto, elimkd и 4 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.852
    Си пишувам мое мислење:)

    Ова е тема за мислења и полемика со поставена анкета, а не тема да давам отчет некому дали сум дрво без или со корен;)

    Дали ти ќе ме разбереш или не воопшто не ми е важно :nod:, бидејќи на форумов и низ твоите мислења, кај мене се покажа како невалиден репер.

    Повели, пишувај си мислење, затоа што од ,,тешки,, критики и ,,мудри,, сознанија превземени од Семе синапово, не бидува работа:)
     
    На prominent, LollySky, daylight и 4 други им се допаѓа ова.
  3. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Многу не ми е битно за каков репер ке ме сметаш ти тоа задржи си го за себе затоа што не ме интересира,и каква врска имаат мудростите со политикава не ми е јасно?
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  4. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    referentka те мислев за поумна. Да не ти го хакнал некој профилот?
    Инаку строго правно гледано, нарфлање предлози за ново име на нашата држава има елементи од кривичното дело "Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост
    врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа"
    Зошто? Затоа што предлагање такви решенија е подбивање со националните симболи и државата, нешто што разгорува интеретничка нетрпеливост.
    Ете гледам си разговарала со некои Грци, зошто не седнеш да разговараш со Македонци на оваа тема? Јас сум убеден дека голем дел од функционерите и на СДС се против промена на името на државата од било кои причини и имаат добри аргументи за тоа. Се зависи како гледаш на работите. Имајќи предвид дека со децении луѓе гинеле и се бореле за оваа држава и сега кога ја имаме да ја распордаваме како на пазар само заради туѓи шовинистички позиции е срамота. Втората неточна теза е дека без промена на името нема нарпедок. Тоа не е вистина. Напредокот зависи од нас луѓето. А дури и да игра тоа улога, влогот е преголем, промена на името не доаѓа предвид освен ако не ти е гајле во која држава живееш.
     
    Последна измена: 19 септември 2017
    На koritsaki, corto.maltese, zuto и 7 други им се допаѓа ова.
  5. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    ќе имаме подобар стандард и пофункционален систем, доколку самите си ги смениме работите во државата. Името треба да остане : Македонија
     
    На wanderlust, zuto, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Машки
    Некој сака да не постоиш во живите, да те нема, ти, твојата фамилија, твоите деца, а ти му велиш па добро барем животот подобар да биде.

    Искрено, не разбирам.

    За кого подобар, за другите? А зошто не и за нас? Помалку луѓе сме од другите? Човековите права за нас кај се?
     
    На koritsaki, zuto, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Колку треба да бидеш наивен за да помислиш дека со менување на името, автоматски се менува се во државава. И стандард, заедно со плати и се останато. Не сум националиста, знам дека вакви прашања се решаваат само со референдум. Макар што, и да го има би било срамота, според мене.
    Влегување во европска унија, не значи силна држава. Земетете ги за пример Бугарија, Хрватска и Романија. Цветаат од “просперитет“ и “напредок“. Внатре се проблемите, длабоко врежани во менталната свест. Треба да се искорени корупцијата од корен, да почнат да се градат фабрики, па да се зајакни колку-толку економијата. Ама ова само во теорија, знам дека во Македонија нема да се направат такви работи, стриктно поради огромната желба за крадење.
     
    На koritsaki, zuto, kikikikirika и 5 други им се допаѓа ова.
  8. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.723
    Која гордост останала во просечен македонец (просечниот е подпросечен во други држави), па да му е гајле за битни работи како името? Нема гордост кај стечајци, нема гордост кај оние што вечер нема што да јадат. Очите им се полни со солзи ради не знаат што ќе прават утре, а не поради тоа што ја слушнале земјо македонска во изведба на Гиш, или дека ќе се викаме вардарска македонија. Народот има поголеми проблеми од името, нека се решат тие прво.
     
    На koritsaki, Justicija и daylight им се допаѓа ова.
  9. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Прашањето со името треба да се реши во 2018 година изјави министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, за време на брифингот на дипломатските уредници во Министерството за надворешни работи на Грција.
    Грчката влада е конечно подготвена за компромис.
    Никос Коѕиас истакна дека Грција води надворешна политика која во последните три години „значително ја унапредила улогата на нашата земја“, дека таа се перципира и дека постои признание дека Грција зборува подеднакво со сите земји.
    Според Коѕиас, би било препорачливо процесот околу прашањето за името да се заврши до крајот на 2018 година, за да не се чека 2019 година, која е изборна година за двете земји и е не е соодветна за решавање на такви прашања.
    Тој рече дека има значаен напредок во односите меѓу двете земји во последните две години и дека „мора да решиме две клучни прашања: прво, јавниот иредентизам и да ја деградираме предрасудата дека Грција не сака постоење на соседната земја“.
    Изразувајќи уверување дека новата влада на Скопје е подготвена за компромис, тој истакна дека грчката страна има решение кое може да биде прифатено во јавноста од двете страни.
    „Сакам компромиси што се фер и продуктивни, а не лоши кои ќе донесат дезорганизација”, рече тој.
    Грција е третиот инвеститор во Република Македонија.
    Не треба да имаме победници и поразени, истакнал Коѕис, нагласувајќи дека дојде време за компромис.

     
    На Justicija и Meckicja им се допаѓа ова.
  10. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.865
    Допаѓања:
    19.578
    Пол:
    Женски
    Решение за спорот има !!
    Ке има референдум , но некако многу е кратко времето за сето тоа да се договорат , средби , организирање на референдумот , па референдум итн. , не ми се верува дека сето ова ке се заврши до крајот на 2018 година .

    Читав пред некој ден интервју со Стево Пендаровски , и тој го споменува референдумот , и нагласува за да биде успешен референдумот треба 900000 грагани на РМ да се изјаснат ЗА , за да биде успешен референдумот за промена на името .
    Според моите анализи тешко дека 900000 би гласале ЗА , па референдумот ке биде неуспешен .
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    :D Решението можеби е GROM = Greek Region of Macedonia (Грчки регион на Македонија). Бидејќи Грција е таа која се буни поради фактот дека и нивниот северен регион се викал исто како и оваа земја, тогаш тој регион можат да си го именуваат така, а државава да си го задржи уставното име Република Македонија за меѓународна и домашна употреба. Во старт со уставното име Македонија јасно става до знаење дека се мисли на Републиката , не на регионот во Грција.

    Решение би можело да биде и разграничување на имињата во меѓународнa употреба:
    англиското Macedonia (Маседоуниа) и грчкото Μακεδονία - Makedhonia (Макевонѝа)

    Имено грчкиот јазик буквата Делта - Δ(големо) δ(мало) не ја изговара како бично Д туку како некој звук помеѓу Д и В слично на англиското The (таков глас постои во албанскиот и исландскиот јазик но секаде се бележи поинаку) па тие нивната Македонија нека си продолжат да си ја викаат така, а Република Македонија меѓународно нека се вика како што и досега на Си-Ен-Ен Телевизија велеа за време на рекламите за инвестирање, со англискиот назив: Маседоуниа.

    п.с. во знак на добра волја Р.Македонија нека го врати старото име на меѓународниот скопски аердром во Петровец наместо Александар Македонски.
     
  12. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Е добро до кога ќе мантраме за решение за „спорот со името“? Кога ќе разбереме дека не им е проблем името на нашата држава, туку ние , Македонците како народ?! Единствено прифатливо решение за Грците би било колективно да се дезинтегрираме, да не снема некако од лицето на земјава. Самото наше постоење за нив е провокација и камен на сопнување. Па сега ти види.

    А кога зборуваме за добра воља, баш би сакала да видам тие најпрвин да си го вратат старото име на солунскиот аеродром, кое преку ноќ од „Микра“ стана „Македонија“ во почетокот на деведесеттите. И не само аеродромот, туку и цела северна Грција се претвори во „Македонија“ (што и всушност е), иако претходно терминот „Македонија“ кај нив беше табу тема.
    Се ова некако „случајно“ се совпадна со прогласувањето на нашата независност. Зошто и како, погодете сами.
     
    На corto.maltese, Lianna Anna, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  13. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Нема потреба за менување име.
    Само Македонија и ништо друго!
     
  14. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Официјалното име е Нова Република Македонија но нема информации во каков опсег би се користело. Скратено име би било Нова Македонија. Јазикот би се нарекувал современ македонски јазик
     
    На elimkd и Justicija им се допаѓа ова.
  15. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    Нашето име е Република Македонија. Тоа е прашање кое треба да се затвори со образложение дека нема да преговараме за тоа како сакаме да се нарекуваме себе си.
    ЕУ не е мој избор доколку не го прифаќа мојот идентитет ние самите треба да се стремиме кон подобро функционирање на државата, подобра организација и неприфаќање на корумпирани лидери за тоа не ни треба ЕУ.
     
    На Victorian, littleflower, Плавуша123 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Македонија без додавки и одземанки ништо не ни треба само МАКЕДОНИЈА Е нашето свето име и нема попуст
     
    На Плавуша123, koritsaki, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  17. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Ах Црпко, Црпко...
    БРАНКО ВРАТИ СЕ , СЕ ТИ Е ОПРОСТЕНО

    НИ референдум ке има ни чуда, црпко лапна пари, излижа грчки газеви таму и го ставија кум.

    И сега комуњарчињата посрамотени , нарочито оние шарени револуционерчиња што лапаат плати од 40 000, упорно како и за двојазичноста така и за ова не убедуваат дека е за наше добро.

    Што фајде ке имаме бре багро одродена од менување име? Кај се видело и чуло на некоја држава комшиите да и го стават името? Ако има грција проблем, нека си го крсти нејзиниот Егејски дел Стара Македонија ете, ако се толку стари.

    Ке сме влегле во Европска унија и НАТО?? Мало сутра што ке ве влеземе. А и да влеземе, секој втор месец сум во Романија, што кога се во ЕУ кога помизерно живеат од нас.

    Едно моминско презиме да смениш, па 200 документи треба да менуваш а не па име на држава што веке постои. Па така ке ве прашам кога ке сакате да мрднете негде колку процедури и проблеми ке имате со документите. И не само сега, и после 50 години затоа што никогаш не се знае кога ке ви затребаат документи, дали на вас или на вашите внуци. Башка сите тие промени нема европа да ви ги плаќа туку вие самите.

    Упс извинете заборавив со 500те евра плата ке си ги платите и со остатокот од радиодифузната...
     
    На Aquamarine93, ADOKI, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  18. bile454

    bile454 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    33

    (y)
     
    На ADOKI му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Моментално немам мислење. Никој не ми плаќа за да ме интересира спорот околу името и за да бранам одреден став.
     
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Нова Македонија :l:

    Или на референдум ќе се изгласа или сами ќе си го сменат, битно договорено е од Америка :devil:

    Таман си е името и ќе гласам за ДА се промени доколку има гласање.
    8)
     
    На hermosa, prominent и +++ им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.