Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името на државата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 19 јуни 2017.

?

Кое име е прифатливо според вас?

  1. Република Вардарска Македонија

    33 глас(а)
    8,4%
  2. Република Скопје

    8 глас(а)
    2,0%
  3. Друго

    56 глас(а)
    14,3%
  4. Ниту едно, да си остане како што е

    295 глас(а)
    75,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Во контекст на темава, убаво е да се погледне и дефиницијата за компромис.

    35372496_10155609685278479_2877835698449154048_n.jpg
     
    На Kolumbo и WildMk им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    268.817
    Ајде, повели кажи ми, освен ние, кој релевантен историчар (или земја) смета дека Ацика е директен претходник на нас?
    Односно, кој мисли дека ние сме директни потомци на античките Македонци?
     
    На Annath, Lella, oblace1 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    268.817
    Имам политички ставови, не сум партиски определена :)
     
    На daylight, Someonespecial, RAF Camora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Грчката влада ќе објави 33 документи за тоа кој биле предлозите на претходните влади за името

    Грчките медиуми пренесуваат дека министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, утре ќе презентира 33 документи кои ќе бидат вистинска „бомба“, а се поврзани со начинот на кои биле водени преговорите за името од претходните влади.

    Министерот за надворешни работи на Грција, побарал да се декласифицираат документите кои биле од строга доверба, за да може јавноста да дознае кои биле предлозите на претходните влади за време на преговорите. Коѕијас успеал да добие декласификација на 33 такви документи, кои датираат од 1992 година, досега.

    Според изворите од тамошното Министерство за надворешни работи, таквиот процес е целосно законски.

    Декласификацијата на документите и фактот дека тие може да бидат објавени, била причината зошто Дора Бакојани изгубила такт и решила жестоко да го нападне Коѕијас.
     
    На oblace1, bebaa, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    2.148
    okej e mislev na makedonskoro edinstvo 3a drzavnost na toa mislev:)

    Така е не може со магично стапче да ги направиме реформите, но да вле3еме во процесот и ќе оди поглавје по поглавје 35 се

    3атоа ни требаат тие органи3ации за да нашите политичари раководат добро со парите што ќе ни гии даваат, понака ќе имааме и сигурно и финансиски повеќе помош.
     
    Последна измена од модератор: 16 јуни 2018
  6. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.709
    Едно да ве прашам вас кои сте против промената
    Зошто ве боли ,,бришењето" на историјата од пред 2300 години, а не ве боли:

    - смртта на родилките заради необразован кадар
    -тоа што нема канализација во пола Македонија и се давиме секојдневно во дождовни води
    -Тоа што и денес на неработен ден се работи само за некој денар плус
    -тоа што фабричките работници работаат од јутра до сутра
    за 6000 денари
    -тоа што на патиштата има повеќе дупки од асфалт

    И ред други проблеми со кои се соочуваме секојдневно, а за кои сакам да верувам дека доколку влеземе во Еу ќе бидат повеќе контролирани
    Ради таа неконтрола Грујче беше 11 години власт
    И уште нешто
    Свестете се дека нас други ни ја кројат иднината, и вемеро да беше власт ќе го сменеше името
     
    На Annath, Nausicaa, Lella и 20 други им се допаѓа ова.
  7. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Епа нормално дека други ќе ни ја кројат иднината кога пусто македонче ќе се потепа само помеѓу себе за Сдс и Вмро, за Зајко и Грујо. За вакви работи најмалку е важно кој е на власт, целиот народ треба да биде сложен и едногласно да каже НЕ за уништување на се што е македонско. Ама тоа во сон само, за пари и моќ ќе се испотепаме битно.
     
    На Kolumbo и RAF Camora им се допаѓа ова.
  8. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Дури тогаш ќе си ги вработат сите роднини и пријатели, а ова што е наведено под точки можеше и до сега да се реши ако имаше волја и желба. Не значи дека ако влеземе во ЕУ и сите овие проблеми ќе ги решат. Необразован кадар се вработува по принцип татко му е владика тој поп ќе биде. Нема канализација бидејќи и СДСМ и ВМРО си ги ставиле парите во џеб, а народот ќе се дави во својот измет. Фабричките работници работат за таа плата бидејќи бизнисмените се заштитени како бели мечки. Тоа што патиштата се со дупки не е од сега и ВМРО и СДСМ цело време ги крпеа дупките колку да замачкаат очи. Проблемот е што од 1991 до сега народот си ги вади очите меѓу себе, а ВМРО и СДСМ си ги полнат џебовите и некој прави пари и за внуци и за правнуци додека некој крпи крај со крај.
     
    На bile454, LollySky, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.709
    Затоа реков сакам да верувам
    Затоа што кога Еу ќе дава средства, ќе се контролира за што се вложени
    Досега не беше сменето името затоа што Грујо најде црква да се прекрсти и да си лапа
     
    На Annath, Yowannty, LollySky и 4 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Кажувам НЕ за уништување на се' што е македонско.
    И сега што? Ме слушна некој?
     
  11. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Јас не верувам да бидам сурово искрен. Како сакате сфатете го тоа.
     
    На sjdgo и simonka93 им се допаѓа ова.
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Добро, сфативме аполитичен си. Мразиш политички системи, партии, не правиш разлика измеѓу сдсм и вмро, не даваш шанса на трета опција пошто би биле исти, дека нели нема фер политичар. Не даваш шанса за евро интерграција затоа што сматраш дека пак би било катастрофално по граѓаните, у исто време знаеш дека и вакви какви што сме, сме на пат кон пропаст. И чаре?
    Да дигнеме раце, да наведнеме глава, да не излегуваме на гласање, да животариме ден по ден додека не умреме,пошто политиката е курва ? Ајде што би сторил ти ?
     
    На Annath, Nausicaa, Lella и 10 други им се допаѓа ова.
  13. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Па еве што добивте од 1991 до денес од сите овие владеачки гарнитури со кое можете да се гордеете? Инаку за трета опција нема можности поради фактот што системот ваков каков што е поставен не дозволува трета опција да ги загрози позициите на двете најголеми партии. Кога е во прашање политичкото рекламирање односно пропаганди пред секои избори тие завземаат најголем простор на сите можни медиуми, па дури и билбордите се преплавени со нивни плакати дури и места кои не се предвидени за тоа. Не трујат со години и ветуваат брда и долини односно нешто за кое не се способни да го остварат. Инаку политиката е валкана игра во која за чесните луѓе нема место да ги исправат работите. и не се пожелни во неа. Бидејќи ако си во политиката дури и да си чесен системот ќе те претвори во манипулатор кој дури ќе почне да верува и во своите лаги само да дојде до парите на граѓаните. Народот и да сака да промени нешто не може бидејќи повеќето го бираат помалото зло од двете зла. Инаку во ЕУ може да влеземе само кога ќе создадеме услови и кога ќе се појават политичари достојни да започнат со промените кои одамна требаше да се направат. На пример зошто ни се толкав број на пратеници, а ние сме една шака народ. И онака се претвораат во паразити кои ги трошат народните пари и ништо не работат. Епа кога ќе се изменат овие работи и се прилагодат на условите во кои се наоѓа народот и без европските фондови ќе има пари да се покрие целосно канализационата мрежа и народот да не се дави во своите л*јна. Кога ќе им се скратат крилјата на бизнисмените и нема да бидат повластени кај инспекциите како Минчо и тајфата е тогаш работникот нема да зема 6000 денари туку ќе зема многу повеќе и плус ќе се подобрат условите за работа. А се може да се направи доколку се има волја, желба ,знаење и вештини да се спроведе планираното во пракса. Инаку и сега и претходно ние животаревме само ретко кој беше способен да го види тоа.
     
  14. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Кои филозофии , кој од кој поголем историчар? Вие, од времето на Александар да не сте или пак од Кирил и Методиј? Со која сигурност пишувате тука, мислиш цела историја е по ваше.
    Ова антички македонци на големо почна да се сервира од понов датум т.е пред 10- на години , а кажете му фала на Никос Грујос. Следно што му светна сијаличката беше да го преуредува градот Скопје во тој стил и да пере мозоци на верната дружина, односно вмроовците. Колку провокации испука до Грција охооо...Така му ,, заживна,, неговата верзија, а уз пат јаки милиончиња се лапнаа. Задолжување до задолжување, а пола крадење. Проекти и статуи кој само означуваа перење пари , а од друга страна плакнење мозоци за потекла и патриотизам...
    Тоа со гробот на Александар што беше пронајден во Штип мислам беше приказна од светот на бајките во која македончињата поверуваа.
    Аман, де.
    Што држава сме, дупка- дно. Ако има можност нешто да оди напред во позитива, во подобра иднина за сите, а пред се за нашите деца, сите треба да кажеме Да.
    Вие, што имате татковци директори или мајки или сте вработени по системот ,, Нишај врата, земај плата" и убаво ви е на душичката треба да се запрашате како му е на обичниот човек кој цел живот бил поштен, се трудел, а не може да најде најобична работа по струка и мизерува од месец за месец???
    Погодено ви е знам, патриоти големи, 200.000 административци и нивни семејства живеат баш убаво од Буџетот на Р.М.
    Малку да се запрашате што иднина гледате понатаму?
    Договорот ќе се потпише во недела. Барем така е во најава.
    Ако се придвижуваме кон подобро, тогаш ич не ми е гајле како ќе се вика. Сите да имаме пристоен живот, а не трошки леб.
    Од лупање во гради, не се живее...
     
    Последна измена: 16 јуни 2018
    На Annath, lovestoneddd, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Мислиш писмо... како и да е. Зошто не го користиш тоа нивно писмо во секојдневието?
    Е добро де, дај старински превод... истото го пишува. Никаде не спомнува Грција но спомнува грци (Елини), евреи и тн. објаснувајќи им дека нивната етничка припадност е небитна, битно е единството, сплотеноста во Христос.
     
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    @RAF Camora Пак не ми кажа ништо што претходно го немаш кажано. Пак го искажуваш твојот револт,гнев и недоверба кон сите пошто сите не имаат изиграно и јас те разбирам, ама не ја разбирам твојата пасивност и индиферентност. Сето тоа што го напиша го знаеме сите и не погодува сите, ама ете бараме светла точка во целиот мрак,за да се избавиме.
    Наречи не оптимистични будали ако сакаш, ама ете како игла во сено упорно бараме подобра иднина ,ако не за нас, за идните генерации.
    Сето тоа што ти го напиша е факт, ама исто факт е дека одвнатре никогаш нема сами да се средиме и промениме. Пак ќе кажам како што пишав страници уназад. Народов се понаша како ние да и требаме на ЕУ,а не таа нам. Така ми се чини дека се поставувате. Викаш сме немале услови. Еве се пружила шанса сега, што треба да рече Заев, ама чекајте ние не сме спремни,ќе ве бараме да се потсредиме прво ? Пак со камења по него би било.
    Превише си песимистичен, вака кога те чита човек,да му дојде нагон да стави јуже околу вратот пошто според тебе излез нема од кризава.
    Млади сме, мора да се бориме и да не даваме да не скршат.
     
    На Nausicaa, Lella, bile454 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Првин би те замолил да не ми ставаш зборови во уста кои не сум ги кажал. Никаде не реков дека сте оптимистички будали. Затоа би те замолил да не ми ги извртуваш моите зборови. Јас само кажав што мислам, никого не убедувам во нешто само го изразувам својот став и мислење. Од друга страна ми е гајле што ќе се случи, како за сите така и за мене. А можеби јас сум само реален, а тоа не значи дека сум песимист туку дека само поинаку гледам на работите.
     
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    не беше мојот пост у никој случај атак кон тебе, а ти така го сфати ама нема везе :)
    Не извртев ништо и не ти извадив зборови сама. Сето тоа е сумирано од твоите постови во ОВАА тема. Твоето 'ми е гајле и за себе и за сите' e баш она за кое зборам, млад човек не треба да е пасивен и глув и слеп и нем пред вакви прашања. Ако утре имаш деца, сакаш да раснат во ваква држава?
    И да не успееме, барем ќе им речеш пробавме, ама не успеавме.

    ZZ
     
    На bile454, blackwave, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  19. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Погоре напишав дека :Од друга страна ми е гајле што ќе се случи, како за сите така и за мене. Со ова мислев на одлуката која ќе се донесе , како ќе биде за сите така и за мене ќе биде. Јас сам ништо не можам да променам на тоа мислев. А во ваква држава без сигурно работно место и соодветен доход не планирам да оформам семејство. Се додека не создадам погодни услови за тоа . Сигурно за ова што се случува денес ќе им раскажувам немам попаметна работа.
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    268.817
    Јас сакам да имам деца во свет во кој не постојат граници, свет кој зборува на еден јазик и свет во кој нацијата би била културно наследство, а не причина за мизерија и војни и блокади.

    Свет во кој ќе знаеме дека сме различни - и тоа е во ред. Дека етничката припадност е нешто со кое се раѓаш, и нема зошто да се чувствуваш како побитен од другите затоа што си Македонец, Грк или Албанец.

    И да, еднакво сте идиоти и вие македонските наци(онали)сти и грчките.
    Исти сте вие што се дерете "смрт за "шиптари" и оној дегенон кој не знам како стигнал до говорница во грчкиот парламент. И оние со Илирида, исти сте.

    Се гордеете со нешто што нема поента да се гордеете - чунки се изборивте да бидете Македонци, Грци или Албанци. Тоа е еднакво глупаво како да се гордеете што сте се родиле со сини очи, или што сте бела раса.

    Еднакво е идиотско.

    И единствена причина поради која на Балканов не можат да живеат добар живот луѓето - сте баш вие и таквите како вас.

    И не, не сакам да родам дете и да го растам со вас.

    Лоши им биле политичарите, абе ајде. Од овој народ ви се излезени. Сами си ги избравте. И не викајте - ама јас не.

    Од 500 000 гласачи, 490 000 гласале или за ВМРО или за СДСМ. Немојте јас не. Не префрлајте вина на некој друг.

    Освен можеби на родителите, голем дел од нив уште не се разбудени од југословенскиот сон.
     
    На HardSex, Annath, Nausicaa и 8 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.