Промена на името на државата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 19 јуни 2017.

?

Кое име е прифатливо според вас?

  1. Република Вардарска Македонија

    33 глас(а)
    8,4%
  2. Република Скопје

    8 глас(а)
    2,0%
  3. Друго

    56 глас(а)
    14,3%
  4. Ниту едно, да си остане како што е

    295 глас(а)
    75,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Прво, не понуди никаков доказ за тврдењево, второ, како тоа ти гарантира дека ќе распознаеш Србин и Македонец?
    Демек, ако е висок и плав, автоматски е Србин?
    Трето, другарка ти Ванѓа тврдеше дека по црти на лице ги распознавала.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Се зема генералното, а не поединечното. Србите и Хрватите во просек се една глава повисоки, а кај нив многу повеќе ќе најдеш природни плавуши со светли очи или жени со смеѓа коса. Самата височина на генералната популација ти е доволен доказ дека се различен народ. Да бевме исти и кај нас ќе се шетаа 190 цм високи девојки ко што се шетаат во Белград, Нови Сад, Бања Лука или Подгорица.
     
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    А ќе дадеш ти доказ дека Србите и Хрватите се за една глава повисоки и дека имале многу повеќе плавуши или треба на слепо да ти веруваме? И од каде тоа дека азлична висина била доказ за различни народи?
    Значи ако некои народи имаат иста висина, тоа е уствари еден ист народ??
    Сега најдов, Википедија вика дека просечна висина во Србија е 182 за мажи и 166 за жени.
    Е сега пошто ти тврдиш дека Македонците се за глава пониски, значи македонските мажи се 162цм, а жените 146цм. Лол.
     
    Последна измена: 16 јуни 2018
  4. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    https://www.blic.rs/slobodno-vreme/srbi-narod-najvisi-da-li-je-zaista-tako/vw7bdwg

    Затоа се оди на редовни систематски прегледи во средно школо или преку разни испитувања, па од тие анализи се вади просек.

    Различна висина е еден од големите индикатори покрај другите според која народите се разликуваат според генетика и развитокот.

    Скопје и Куманово како историски центри кадешто најголем процент од Србите живееле или живеат во МК и се мешале со локалното македонско население не е никаков индикатор дека сме ист народ со Србите кога ќе тргнеш јужно од Скопје гледаш се помедитерански народ на изглед, а да не зборувам за Битолчани, Прилепчани, Костурчани, Леринчани, Воденчани или од Мала Преспа.
     
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Епа ете, според твојов линк. просечна висина за Србин е 180цм, а пошто ти тврдиш дека се за глава повисоки од Македонци, тоа значи дека просечен Македонец е 160 цм.

    Колку е тоа точно, мислам дека на сите ни е јасно.

    Него што бидна со распознавањето, ќе ја откриете ли тајната?
     
  6. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.111
    Допаѓања:
    7.433
    Dali nekoj go znae predlozenoto ime na angliski jazik?
    Imeto Republic of North of Macedonia znachi Republika Od sever Od Makedonija.
    Bitna e tochnata angliska varijanta....No jas ne opravduvam menuvanje time, prezime, vera.....so to a se ragjas I ti ostanuva zasekogas.
     
    На carangigia и A.27 им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    И ние дома, 5 луѓе, не.
     
    На Kolumbo и carangigia им се допаѓа ова.
  8. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.726
    Republic of North Macedonia.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    http://media24.mk/2018/05/22/димитров-ќе-поднесам-оставка-ако-проп/

    :D

    Овие уста да не отворот, а да не излажат. Уште некој им верува дека народноста и идентитетот им бил загарантиран. Ќе видите колку ви бил загарантиран после имплементацијата. Ќе биде пу пу не се важи, али транспарентно. Ко тиранската платформа и двојазичноста.
     
    На Bitter-Sweet, Kolumbo и zuto им се допаѓа ова.
  10. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.068
    Се бори за името, а чува бугарски пасош во фиока, за „црни денови“...
     
    На lovestoneddd, Nausicaa, DAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Почитувани сонародници, Чувствувам лична, човечка потреба да одговорам на повиците за јавна дебата што деновиве фрчат од разни страни и да се вклучам во неа. Се надевам дека нема да ме сметате за натрапник само затоа што живеам во друга земја и под друго знаме, со соседите зборам друг јазик и на јавни свечености пеам друга химна – бидејќи со вас сè уште делам ист идентитет.

    Додуша, уште некој ден. Додека не го смените, пишува режисерот Дарко Митревски во својата колумна за порталот МКД.мк.

    Знам, знам дека верувате дека вие не менувате идентитет, туку име. Знам и ве разбирам, затоа што сите така ви зборат и во тоа ве убедуваат.

    Арно ама, не е така.

    Имено, името означува идентитет.

    Ако не ми верувате, ѕирнете си ја личната карта: таму има фотографија со вашиот лик, а до неа стои име и презиме со кое тој лик се именува.

    Сменете го тоа име, и одеднаш сите ваши документи стануваат неважечки: самата лична карта, вашиот пасош, вашата возачка дозвола, вашиот извод од книгата на родените, венчаница, имот запишан во катастар, членска карта од партија или библиотека… Сè што дотогаш се однесувало на вас ќе мора да се ревидира, вклучително и називот на вашиот фејсбук-профил.

    Чудна сила имаат имињата. Дури и предметите се безлични сè додека не ги именуваме, а камоли пак луѓето и народите. Античките комедиографи оделе дотаму што дури тврделе дека „nomen est omen”, односно дека името е знак не само за тоа кои сме, туку и какви сме….

    Се разбира, никој од нас не е сосема задоволен од тоа каков е.

    Некој не е среќен со својот изглед, па држи диета или штеди пари за естетска хирургија.

    Друг можеби не си ги сака навиките, па се обидува да остави цигари или да престане да грицка нокти.

    Има и такви што не ги сакаат другите или пак не се сакаат самите себеси – што е дел од нивниот карактер на кој можеби треба да поработат.

    Но само психијатриски случаи сметаат дека со промена на идентитетот ќе успеат да се изменат себеси и да ги решат своите наталожени проблеми.

    Во таков психијатриски случај, почитувани, деновиве ја претвораме сопствената татковина.

    Нема збор, си има таа еден куп проблеми, сиротата. Кога ќе размислам, речиси и нема област во која Македонија не се дави во проблеми: агрономија, безбедност, владеење на правото, градежништво и урбанизам, драма и театар, економија и екологија… Може вака по азбучен ред да набројувам со денови, и не само по азбука туку и по абецеда, и на латиница и на кирилица и на глаголица… Толку многу маки трга таа земја што нема доволно букви да ги опишат.

    Но имам една убава вест: со исклучок на еден, сите нејзини проблеми се решливи.

    Како? Па така, лесно.

    Само треба да се распрашаме кој друг на планетава имал сличен или ист таков проблем, да видиме како тие го решиле – и потоа да го примениме нивниот модел.

    Да речеме, ако имаме проблем со сообраќајот во центарот на Скопје, да побараме совет од градските татковци на некои престолнини што таков проблем немаат – да речеме Прага или Берлин.

    Ако сакаме да го намалиме загадувањето, можеме да се информираме како тоа пред нас го сториле многу поголеми метрополиси од типот на Лос Анџелес.

    Сигурен сум дека Германците би можеле да ни кажат како да ја унапредиме јавната хигиена, а Норвежаните да нè подучат каков однос да имаме кон природата.

    Може да се консултираме и за некои пожешки теми: слушам дека возењето во алкохолизирана состојба е искоренето во Малезија, трговијата со дрога речиси и не постои во Виетнам, а на Куба малтене и нема криминал.

    Да не збориме за тоа дека во Танзанија, Бразил, Конго, САД, Гана, Аргентина и Мадагаскар во многу поголема хармонија живеат бајаги повеќе етнички заедници отколку кај нас – и тоа без претходно да потпишале рамковен договор.

    Значи, сè што треба да се направи е да се следат туѓите стапки, дисциплинирано да се изодат патеките што други пред нас веќе ги преминале – и нашето секојдневие да биде песна!

    Дали ние тоа го правиме? Не, се разбира.

    Дали ние тоа имаме намера да го направиме? Се разбира дека не.

    А зошто не? Е зошто де?

    Се чини дека граѓаните на Македонија не сакаат да учат од туѓи искуства, туку како повеќе да сакаат туѓинци да дојдат и да им ги решат проблемите.

    И затоа, како што малите деца бараат цицка – ние бараме влез во ЕУ и НАТО.

    Да не бидам погрешно сфатен: мислам дека членството во овие два сојуза за нас би било исклучително полезно. Ако ништо друго, барем да излеземе од визбата во која сме залегнале и да почнеме малку да се дружиме со други луѓе, да кршиме јазик на други јазици и да дозволиме да нè оплеменат и некои други култури.

    Но дали навистина мислите дека членството во НАТО и ЕУ ќе ви ја исчисти атмосферската канализација, па нема да ви се случуваат поплави? Дали навистина сметате дека образовниот систем, за кој статистиките покажуваат дека произведува функционално неписмена младина, самиот од себе ќе ви се подобри? Зарем сериозно верувате дека магично ќе ви се залечи болното здравство, па ќе престанете да бидете европски рекордер во смртност на новороденчиња? Се мајтапите или мртви-озбилни тврдите дека европското знаменце пред институциите ќе ви го подобри јавниот превоз?

    Доколку беше така, зарем во Романија денес ќе цветаше корупцијата? Ќе имаше ли авторитарни влади во Унгарија и Полска? Немаше ли да биде искоренета невработеноста на југот на Италија? Зарем ќе се иселеше една третина од популацијата на Бугарија? Ќе можеше ли да се случи радикално десна влада во Австрија? Ќе успееше ли брегзитот? На крајот на краиштата, ќе ми беше ли мене Доналд Трамп претседател?

    Не, почитувани. Не така. Та не сме саде ние, та не сме саде тука. Проблеми си имаат и другите народи. Всушност, сите народи на светот. И како што реков погоре, никој од нас и никој од нив не е сосема задоволен од самиот себеси.

    И земјите, исто како и луѓето, работат на тоа да им биде подобро со тоа што ќе си го сменат изгледот, навиките, карактерот…

    Но само Македонија мисли дека ќе ѝ тргне така што ќе си го смени идентитетот. А реков погоре кој смета со промената на идентитетот ќе му се смени животот: само психијатриските случаи!

    Некој сега ќе рече: па нормално дека сме случаи, побудалевме овие 27 години!

    Разбирам, ама во тие 27 години имаше околу нас такви што беа во војна (Хрватска), под санкции (Србија), на работ на масовна глад (Бугарија), во целосен хаос (Албанија)… па сепак сите тие денес се троа понапред од нас.

    Извинете ако сум индискретен – ама да не е малку и до нас?

    Ај ве молам размислете.

    И земете го предвид фактот дека сите наши проблеми некој друг на своја кожа веќе ги има искусено и решено.

    Буквално сите – освен еден.

    Тој еден уникатен проблем е проблемот што го имаме со Грција.

    И намерно велам проблем, а не велам „спор за името”. Спорот можеби и ќе се реши – ама проблемот ќе остане.

    Тој проблем, почитувани, извира од низа злостори што тежнеат да бидат не простени, ами заборавени. Злостори починети врз вашиот и мој народ: илјадници безмилосно претепувани луѓе, стотици гранатирани домови, којзнае колку убиени цивили, којзнае колку деца сурово тепани затоа што го зборувале мајчиниот јазик, луѓе терани да пијат рицинус како казна што ги пееле своите народни песни, селани палени во своите храмови, млади мажи праќани на пусти острови за да прифатат дека се нешто што не се, бебиња одземани од своите мајки за да бидат преобратени во друга етничка припадност, цели генерации набркани од своите огништа, без право да се вратат, без право да си ги посетат гробиштата на предците, без право да си ја побараат земјата што била нивна… И сето тоа од страна на држава што ги негира не само мртвите, ами и живите!

    Добро, знам јас добро дека нема народ што не трпел неправда. И немојте да мислите дека ние во таа приказна сме биле само жртви, а не и џелати. Можам детално да ви ги документирам многуте злосторства, палежи, убиства, ѕверства и масакри што нашите комити ги извршиле не само врз нивни недолжни луѓе, туку и врз своите словенски собраќа што одбрале да се молат во црквите на Цариградската патријаршија наместо во оние на Бугарската егзархија.

    Мрачна е таа историја, и нашата и нивната…

    Но дали сметате дека деновиве на сето тоа ставаме точка?

    Дали навистина мислите дека ќе си дадеме прошка едни на други така што ќе го прифатите членот од договорот што налага секој Македонец јужно од Евзони, сами по своја волја, при здрава свест и совест – да го сметате за Грк?

    Дали сериозно верувате дека со согласноста во наведувањето на топонимите во Егејска Македонија предност да им давате на ендонимите наместо на егзонимите не се откажувате од своето културно и јазично наследство во тие предели?

    Дали мртви-ладни ќе можете да застанете пред гробот на таткото на својата нација, Гоце Делчев, и според преземената обврска да измрморите дека бил роден во Килкиза – наместо во Кукуш?

    Дали сте подготвени да ги преименувате сите бастиони на сопствената државност, сето она што содржи „македонско” во својот назив: МАНУ, МПЦ, МРТ, АРМ, МНТ…

    Дали вие тоа наивно верувате дека сте добиле гаранција за признавањето на својата македонска посебност од својот јужен сосед – чиј премиер не издржа уште наредниот ден јавно да ви ја негира етничката припадност?

    На крајот на краиштата, дали би оделе до таму да се откажете и од Илинден и од АСНОМ, извориштата на вашата национална гордост?

    Се надевам, почитувани, дека на сите овие прашања ќе одговорите со НЕ.

    И дека договорот со Грција ќе заврши онаму каде што заврши идејата за „Република Илинденска Македонија”: во канта за ѓубре, каде што му е местото.

    И дека не сте мали деца за да им поверувате на сите оние што деновиве со насмевка на лицата ве тапкаат по рамо… И јас, бре, би ве тапкал да сум на нивно место: ем нивниот проблем решен, ем нечиј туѓ газ ќе добие сто стапа како цена што мора да се плати за тоа решение!

    Се надевам, почитувани, искрено се надевам, малтене молам бога (иако сум заколнат атеист) дека не умрел Македонецот во вас…

    Но доколку одговорите со ДА, тогаш јас и вие немаме ништо заедничко, па дури ни ист идентитет. Не сме од ист калап правени, немаме исти мисли во главата, не ни гори ист пламен во срцето… И во тој случај проштевајте што ви го арчам времето.

    Но барем на разделба да ви кажам, да не ми тежи на душава: нема народ во светската историја што од себеси се откажал на начин на кој вие тоа го правите изминативе денови – со радост, веселба, прослава…

    Кога тој панаѓур ќе помине, и кога наредното утро ќе се погледнете во огледало – сите работи што ве прават незадоволни од самите себеси и понатаму ќе бидат видливи: и изгледот, и навиките, и карактерот…

    Само идентитетот ќе ви го нема.

    Дарко Митревски, режисер
     
    На jacqueline.s, Joi, Bitter-Sweet и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Evaaa11

    Evaaa11 Активен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Nikogash Protiv Promena Na Ime .. !!!!
     
    На Kolumbo, Плавуша123, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.726
    Три извичници ти фалат за да си доволно убедлива.
     
    На lovestoneddd, DAngel, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Toчно е дека името не ги интересира малцинствата, едвај чекаат да се смени или им е сеедно. Еден школски Ром секоја идеја за промена на име ја поздравува на фб и се радува, а и една Србинка деновве ми вика, ај бе што ви е гајле, иако е тука родена и живее. Не им е гајле. Мора ние да спасиме, или бојкот или против, што е поефективно.
     
    На Kolumbo и Јаневски им се допаѓа ова.
  15. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Тони Шанац му одговара на Дарко Митревски кој беше дел од Шарената револуција, а сега изиграва “војвода“ и бранител на името.

    Цитирам:

    “И додека ја испивам шестата шоља по ред, ми доаѓа цел бокал да си го истурам врз глава, да си го попарам мозокот со врелата течност, како со солна киселина да ја спржам секоја убава мисла, секое драго сеќавање, секој прекрасен спомен на мојот кастриран Фидан.
    Дарко Митревски”

    Е Даре, Даре. Ќе мораш да ја избришеш и сцената.“...па тоа е Свето име бре мамето ваше!!” Џабе везеш сега “војводо”. Твојата “војска” и твоите светски познати “муда” ја извојуваа оваа “победа” што ја уживаме сега. Фидан е за тебе Трендафил.[​IMG]:)

    https://republika.mk/928134
     
  16. Evaaa11

    Evaaa11 Активен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Ne treba nikogo da ubedubash site se svesni samo na nekoi tolku im cini prodaeni od raganje se ..
    Site Se Borat Za Svojata Zemja Nashiot Narod Pola Se Prodade ..
     
    На Bitter-Sweet, Kolumbo и carangigia им се допаѓа ова.
  17. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.726
    А кај се бориш да дојдам и јас да се бориме? Или keyboard warrior? Излезете бе, што седите дома? Со мрчење не можете гага орбит мастика во продавница да добиете а не ќе спречите менување име.
     
    На Luna91, lovestoneddd, DAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Бојкотот е најефективно. Не гласаш, нема цензус и збогум довиџење. Гласање на референдум е само валидизација на договорот. Јас првично реков дека ќе гласам, но после детална анализа не гласам воопшто:)
     
    На Tanjamm, Kolumbo, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    Патриотизмот кај нас се користи за политички поени.Хоризонтот на набљудување е краток. Тие патриоти не сакаат да погледнат подалеку.Како и каде ја гледаат Македонија во наредните 10-20 години?Кои се безбедносните ризици доколку не сме членка на НАТО?Како планираат економски да се развива земјава?Познаваме многу примери каде тоа што изгледа патриотски на краток рок,не е баш патриотски на долг рок.Еве,пошто ни тргна со Северна:D,да видиме што се случи со нашиот северен сосед.

    Милошевиќ покажуваше среден прст и беше “бастионот” во одбраната на српските национални интереси наспроти глобалистичките интереси.Се чувствуваше дека е господар на прстените на краток рок...Потоа се јавија withdrawal symptoms…Fast forward…Бомбардирана Србија,Црна Гора се одвои(и од 2017 е членка на НАТО),Косово практично го изгубија(за тие што љубат историја нека биде асоцијација Косовската битка),илјадници Срби од Војводина вадат унгарски пасоши и одат да работат во Виена...Во меѓувреме во Србија во време на Милошевиќ се формираа патриотски криминални банди слично како кај нас...додека обичните луѓе врзуваа крај со крај,мали Марко(синчето) секоја недела купуваше нови џипови и коли и преку ноќ стана мулти милионер..."Извезувајќи" “патриотизам”,а "увезувајќи" проблеми...
    И Садам Хусеин,Гадафи и Асад мислеа дека се господари на прстените ...видовме што се случи со Ирак,Либија и Сирија...Така да,ако е патриотски сега да кажеме не,а во наредните 10-20 години ни отцепат дел од територија(а со тоа и историја) и не’ седнат повторно на преговарачка маса,со 16 пати полоши преговарачки позиции и економско тонење тогаш јас не сум за тој патриотизам.

    Да се каже дека е некој патриот само затоа што не ја дава историјата од пред 2000-3000 години,а во исто време плука по сопствената историја за периодот од 1944/45-1990/91 е безвезе.

    Јас немам проблем со Илинденско востание,но најголем дел од приврзаници на ВМРО имаат проблем со Македонија во состав на Југославија...Наративот комуњари и предавници веќе е default реплика на релација ВМРО-СДСМ...Не го сакаат Тито воопшто и му цртаат кукасти крстови ...Забораваат на илјадниците загинати во НОБ...Забораваат на УКИМ и факултетите формирани во тој период...На РТС(Радио Телевизија Скопје),на ФК”Вардар”, KK ”Работнички” ,KK”МЗТ”… Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“,МНТ, МОБ ...МАНУ...Па гледаме дека покрај организираниот митинг,бараат и добиваат дуел со Премиерот(доби дуел за 1 година од владеење,а Груевски пошто е демократ не верува во дуели,ама веруваше во Миленко midnight каде на глава ни се качија во врска со криминалиите на СДСМ,небаре гледаш CSI:D)...Врвот на безобразноста и обидот да се дефокусира јавноста e и Тимјаник каде една мошне сензитивна тема е искористена за политички цели.

    Не ни доаѓа памет,се однесуваме како да сме катапултирани во Вселената и не знаеме што се случува и како реално стојат работите.Во исто време си придаваме преголемо значење,кога реално погледнато не сме фактор.Немаме македонски Boeing,Airbus,Mercedes,Audi...Немаме PC и македонски оперативен систем како Microsoft,Apple,Linux или Unix...Немаме македонски мобилен телефон...Немаме светски позната македонска акустична или електрична гитара,виолина...Ниту телевизор, фрижидер, машина за перење садови или алишта...:D
    Имаме вино,веројатно затоа што сме библиска земја:D.

    Поучени од влегувањето на Црна Гора во НАТО знаеме дека Русија е длабоко вклучена во правење на проблеми преку обидот за атентат врз Мило:DНе сугерирам ништо:D.

    Hold on tight,it's gonna be an interesting ride.:D
     
    На Annath, lovestoneddd, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Шљамот од владејачката партија го испратиле на нет во лов на вештерки, да дефокусира од настанот на деценијата, а тоа е: две комуњарски влади од двете страни на границата се навраќаат на своите идеолошки корени и воведуваат цензура у 21. век, додека ечат хвалоспеви од партиски пиончиња. :inlove: Доживљај е, не се зафркавам.


    http://vesnik-ilinden.com/makedonet...-oti-zboruval-na-makedonski-jazik-vo-grtsija/

    Следнава информација не знам колку е точна, но пред некој ден на телма кажаа дека поканата од НАТО ќе пристигне по финализирањето на процесот? А дали е познато кога ќе заврши процесот? Зошто не прво покана, после да отпочне процес, и промената да стапи во сила откако ќе влеземе во НАТО? Ако не стоиме на зборот, можат да ја отповикаат одлукатаа, веројатно постои процедура и белки имаат доверба во премиерот кој го октроираа. Можеше да се издејствува и финансиска помош за сиромашката држава чии граѓани стално нешто кукаат. Ама нема, од љубов кон сдс ќе чекаат европски пасош 30 години со празни стомаци. Какви Антички Македонци со тој менталитет? Стварно немаат врска со стара цивилизација, убаво си потврдуваат со потпис на документ. Терајте само, никој од внатре не ви се меша цела година. Ќе се види крајот и на ова, што сте постигнале и до кај сте стасале.
     
    Последна измена: 17 јуни 2018
    На carangigia, Tanjamm, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.