Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на името на државата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 19 јуни 2017.

?

Кое име е прифатливо според вас?

  1. Република Вардарска Македонија

    33 глас(а)
    8,4%
  2. Република Скопје

    8 глас(а)
    2,0%
  3. Друго

    56 глас(а)
    14,3%
  4. Ниту едно, да си остане како што е

    295 глас(а)
    75,3%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Па ајде пророку што не се вратија тие 300,400 или 600 колку ли избегаа ммм?
    Нетуку ми бандори тука за свршено не свршено време.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    Девојка 8)
    Може ти мирно си стоела некаде настрана, но тоа не го отргнува фактот дека шарените туркаа запалени контејнери кон полицајцијата, ги маваа со боја, ставаа огледала пред нив, им велеа Куманово да ви се деси, ја искршија канцеларијата на Претседателот и.т.н.
    Јас ти кажувам што се прикажуваше на медиумите. Штом не си можела да снимаш дали сакаш јас да постирам видеа што ги пласираа медиумите? Таман ќе немаш амнезија и ќе се потсетиш.
    За да носам грев треба нешто да излажам, а јас не сум човек што лаже.
    Не зборувам на памет, јасно ми е дека си трол.

    Дали воопшто го знаеш значењето на зборот егзодус? Егзодус е она што им се случи на Македонците од Егејска Македонија. Тие беа насилно принудувани да учат грчки јазик, да ги напуштат домовите, беа малтретирани, убивани и беа напаѓани со напал бомби.
    Ај објасни каков е тој проект кога Македонците сами си земаа бугарски пасоши?
    Кој е крив што Македонците за да купат кола или за да работат во еу држава одлучуваа да земат бугарски пасош?
    На Македонците им смета во Македонија да работат како келнери или садопери, но тоа не им смета да го работат во еу држава.
    Бугарија е членка на ЕУ, па пак 2 милиони Бугари ја напуштиле.
     
    Последна измена: 18 јуни 2018
    На "Zoki", Abeja, Selest и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    :rofl: Ако не е добро платено, ни во ЕУ ни во Америка не би работела како келнерка. Амааа, ако е добро платено, не гледам проблем.

    Дали знаеш која е платата како келнер овде а како во ЕУ? Или не, кажи ми дали знаеш колкава е платата на вработени во сендвичара овде и во Германија? Дали знаеш мајстор, кој мести прозорци, да речеме, колкава му е дневницата овде а колкава во земја од ЕУ?
     
    На theowndemon, Yowannty, blackwave и 6 други им се допаѓа ова.
  4. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    Не не не само ти знаеш какви плати се земаат тука, а какви во ЕУ. |( Не прави споредба само на платите во Македонија и еу држава, направи и споредба на трошоците за сметки, кирија и храна.
    Мој комшија работеше во еу држава за 6 месеци заработи околу 15 000 евра, но работеше по 12 саата во денот и премногу штедеше. Се врати во Македонија додаде плус пари, си купи стан и повеќе не ни отиде во еу држава.
     
    На "Zoki" и Selest им се допаѓа ова.
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Е ако де, ајде ке направиме пресметика за овде. Келнер зема 200 евра плата. На некои места има добар бакшиш, дури и 100 евра месечно, ама на некои места не. Кирија, сметки, храна?

    Премногу штедеше е клучната фраза. Што ке заштедиш овде? Која плата треба да ја земаш, а свесни сме дека нема таква работа во државава, за да имаш за трошок и штедење?

    Со 200 евра ни месец не можеш да покриеш, а не пак да заштедиш.

    Излишен е муабетот, како дежа ву е, сме збореле за плати и трошоци во МК во многу други теми. Само ме интересираше дали си ти свесна? Или ти плаќаат плус од штаб па океј ти е?
     
    На Annath, theowndemon, Yowannty и 9 други им се допаѓа ова.
  6. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    [
    Кога одиш во еу држава автоматски одиш да живееш под кирија. Во Македонија секој не живее под кирија, ете трошок помалце. Плус ако во четричлено семејство, има двајца вработени можат да се покријат трошоците и да се заштеди.
    Мора да се штеди, сепак нема 500 еврича плата. :rofl:
    Да, излишен е муабетот. Се сеќавам дека во темата абортус, ти ме цитираше за да кажеш дека жените треба да абортираат ако немаат доволно финансиски средства. |(
    Не пробувај мене да ми лепиш етикети за штабови, такви муабети кај мене не поминуваат. Секој сдсовец кога нема аргумент спомнува штаб, изгледа така ве превоспитале.
     
    На "Zoki" и Abeja им се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Има време до есен, допрва ќе дуваат ветришта овде. Реков дека ќе гледам каква ќе биде излезноста, и онака кога се појавувам на гласачко место, тоа го правам при крајот на денот. Ако референдумот успева, ќе гласам против одлуката на пучистичката и нелегитимна власт. Важно е сите кои сме на иста линија да бидеме единствени, ни треба заедничка траса. Да не излезе на крај за малку е остварен цензус.

    Заев минатата недела изјави дека нема во план парламентарни заедно со референдум, а патем и дека двотретинско мнозинство е недемократски и не е добро за опшеството (си знае дека не ни може да го добие по демократски пат), но како што веќе ние знаеме, изјава на Заев не мора ништо да значи. :D

    Груевски да не е владетел на Бугарија од сенка?
    Бугарски пасоши почнаа да се делат од крајот на 90-те. Низ годините, со влезот на Бугарија во НАТО и ЕУ, логично дека бројот се зголемуваше.
    Се жалевте како Груевски ве изолирал (лично не почувствував изолација), не ве разбирам, што требаше Груевски да стори за да не примат во НАТО пред 10 години? Ниту Ципрас беше на власт во тоа време, ниту па вие ќе му преминевте на Груевски преку задирање во идентитетот, да не се лажеме. Тоа само сдс смее да ви го прави.

    Никој ништо не знае со сигурност и во тоа е работата. Можеше паралелно да се одвиваат двата процеси, но од НАТО ти порачаа дека за прием треба прво успешно да се имплементира договорот. Ние немаме цврсти гаранции дека Грција ќе го почитува. Еве и Заев не исклучува сценарио во кое пропаѓа спогодбата:

    Прашан дали има гаранции од Грција и меѓунарoдната заедница дека договореното ќе се спроведе, Заев рече дека тоа е предвидено во договорот. Но, ако нешто се случи и не се спроведе, застанува се и може да се врати назад, но не размислуваме во тој правец.
     
    Последна измена: 18 јуни 2018
    На "Zoki", Abeja и baba Rada им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не ти беше доволен знак за изолација, тоа што ниту еден политичар од нашите соседи или светот, не дојде во официјална посета на Македонија, скоро цела деценија? Не ти беше доволен знак, тоа што Груевски не го примаа на посети, па даваше интервјуа од сомнителни сокачиња?
     
    На Annath, Yowannty, blackwave и 6 други им се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Као мене пасошот да не ми важел или да не ме пуштале преку граница :rofl: Средбите на Заев со Меј или Могерини, гушкањата со Борисов и Ципрас, никако не се одразуваат врз мојот секојдневен живот, ниту нешто ми зависи од нив.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.798
    Во Европа не. Во САД да.

    Има и такви кои не сакаат да се селат и немаат потреба да “успеваат“ ниту со македонски, ниту со бугарски, ниту со некој трет пасош.
     
    На Tanjamm, Annath, Rebecca_R и 2 други им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Колку треба да си идиот да си го однесеш 6-7 годишното дете на протест и потоа да се жалиш што полицијата фрлала солзавец затоа што имало деца на протестот?
     
    На Annath, theowndemon, Rebecca_R и 14 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Можеш ти да одиш преку граница, не е проблем, ако одиш да трошиш пари, ама ако одиш да работиш, не те вработуваат, ако одиш да студираш, нема услови за нас, како за членките на ЕУ. Толкава е вредноста на нашиот пасош, што никој не те сака, на повеќе од 3 месеци. Затоа и сите оние луѓе извадија бугарски пасоши.

    А дека од нив ти зависти, не си ни свесна колку многу. Ако другите држави се пријатели со Македонија, ќе добиеме подобра соработка и подобри услови за престој во тие земји. Ако не, или ќе ти опнат вето (оти така им се ќеифнало) и ќе ти блокираат процеси за соработка со други земји, или ќе те држат на таа дистанца: 'Те сакам само како гостин, со полно чекмеже'.

    Да не зборуваме за либерален транспорт на стоки. Ние увезуваме, многу повеќе отколку што извезуваме. Да, од нив ни зависи дали ќе купат наши производи и услуги, ако не те фермаат, нема да соработуваат со тебе... оти? оти им се може.

    Не биди наивна, економската моќ на една држава, зависи од нејзиниот капацитет за производство, ама и од тоа, дали и колкав пласман има за нејзините производи. Економија 1-1,
     
    На Annath, Rebecca_R, Yowannty и 6 други им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.852
    Сеа оние листовите визи што изигруваа(на грчката граница), веќе немало да ги бараат:)
     
    На theowndemon, Rebecca_R, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Да, има член во спогодбата, специјално за тоа.
     
    На theowndemon, CameliaMiller и referentka им се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Намали со пропаганди, не залажуваш никого. Една година Заев и нема никаков напредок, во ниту една сфера од живеењето. 2018-та имаш фасцинантни и неверојатни 0.1% економски раст. И раст на цени. И сега божем до нашиот влез во ЕУ (по две децении во оптимистичка варијанта), никој нема ни да помисли на опцијата бугарски пасош. Некои луѓе ја напуштаат државата без бугарски пасоши и надвор се снаоѓаат повеќе од добро. Имам примери од блиско опкружување. Индивидуално е.
     
    На Tanjamm, "Zoki", carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не е ли за тебе напредок, подобрување на односите со соседите и светот?
    Замисли на ниво на семејство во зграда, ако комшиите, ти го блокираат лифтот, влезот и паркингот, потешко ќе отидеш, или воопшто нема да отидеш на работа наутро.
     
    На Tanjamm, Yowannty, blackwave и 6 други им се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Едните вестите ги глеале само на сител кога беа шарените, другиве сеа на а1 ги гледаат изгледа, или телма, не знам која им е телевизијата на сдсм. Може и сите да се, која партија дојде си ги приграбува. Ебате новинарите.
    И овие ли беа хулигани како тогаш тие? Ништо не ми е верно, филмови, драми до бескрај.
    Јас на референдумот најверојатно нема да излезам. Не дека ми прави разлика, ама промената која ја барам не ја гледам. Улицата низ која одам секој ден, се уште не е направена, институциите се уште се полнат со неквалификуван кадар, ми се смачи да зборам, како навиена сум. И мајке му бре грозни сте, собирајте го ѓубрето позади себе. Во ЕУ ќе сме иделе хаха, не политичарите, народот не е за во ЕУ.
    Туку и да има предвремени парламентарни, изгледа пак нема да излезам да гласам. Кој и да дојде ни ја е*е мамата како што сака.
     
    На Annath, blackwave, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    6.808
    Пол:
    Женски
    Во последните години само удолу одиме, се полошо и полошо е, и кога конечно се појавува шанса за да одиме напред, вас пак не ви чини. Ништо не е загарантирано ама барем некој имаше храброст да направи промена.
    Не сум политички определена, ниту ќе бидам, и неможам да ве сфатам вас што упорно се тепате за партиите. Се тепате за минатото, а не гледате за иднината ваша и на вашите деца.:x
     
    На Annath, Yowannty, blackwave и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.132
    Допаѓања:
    21.964
    Пол:
    Женски
    Многу лесно може да се излаже човек, да му се вети и игла дека ќе добие, ќе поверува и ќе се подмоча од среќа. Некои се бунат дека ако сменат презиме при мажачка се губел идентитет, ама вака кога друг ти мења, пу пу ќе помине ко на кутре, Европа нас чека.
    Не го сакав ни Грујо, ама па ова сега е најголемото зло.
    Секој политичар лаже и краде. Ама ова!!! Епа никогаш нема да ги заборавам зборовите дека живи луѓе ќе јаделе...еве почнаа. Ако, бар не лажат.
    Него и другоно мутле е криво...знаеше што ќе се деси, а упорно тапкаше у место.
    Нејсе. Јас ништо позитивно не гледам од промената на името. Освен еден куп негативности. Полека полека ќе одземат се што е на државата, пошто се што било Македонско, веќе не е, па со тоа и не постои. А после ќе удрат и по народот.
    Ама ако. Европа нас чека. Отвориле широко врати и едвај не чекаат нас, и тоа сите, сите 2 000 000 од прв до последен. Па тоа ќе фрштат понуди за работа со по едно 10 000 е плата. Абе ќе не молат да работиме за нив.
    Ама се тоа само ако се смени името. Јупииииии...
    Наздравје нека ни е. Ни го напикаа!
    @kravce нема ни да се смени нешто, они не дојдоа на власт за да подобрат нешто. Туки зошто им гореше под нозе и мораа. Таков е договорот. За тоа се платени.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Во Македонија ретко кој живее под кирија е релевантен факт точно, а зошто е тоа така ? :)
    Живееме сите во оставштини, куќи и станови од нашите баби и дедовци, кои со нормална работничка плата во времето на Тито успевале да изградат куќа, да отплаќаат кредит и при тоа да живеат нормално, да плаќаат сметки и да си приуштат да отидат да одмор. Ајде да те видам тебе денес со штедење, со просечна плата крени куќа од темели или пак купи еднособен стан,еве не мора повеќе.
    А колку народов е финансиски неспособен дури и да отиде под кирија, имаш доказ и на форумов. Читај во темите, на пример отвори ја онаа проблеми со свекрвите, во која секој втор пост е , би се оделиле под кирија ама немаме финансиски услови. Споредбиве ти се катастрофа.

    И не лупај за просечната плата. 11 години на власт споредуваш со нецела година ? 11 години имаше простор вашиот пресвети Никола да ја дотурка платата до тие 500 евра ама некако слабо му успеа, и покрај 'огромните инвестиции и економијата во полн цут ' . Сега Заев со магично стапче за нецела година треба да поправи се што претходниот рушел.
    Како бе можете до толку да сте нереални, како ?
     
    На Tanjamm, Annath, Yowannty и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.