Не видов дека има ваква тема, а сметам дека е знајчајна. На Фејсбук најдов линк до оваа статија. http://www.sky.mk/makedonija/12987-%D0% ... D0%B8.html Не ми се веруваше кога прочитав. Политиката во Македонија не ми е некое поле на интерес, ама ова, ова не е нормално. Глупаво ми е да менуваш имиња на општини кои постојат толку долго. На крај ќе излезе да влеземе во Европска Унија како земја која никој не ја познава затоа се што може и не може, треба и не треба се смени. Да смениш имиња на општини, па не ти се тоа деца да си ги крстуваш како сакаш. Центар=Александрија, боже господе.
Цццц овие веќе не се нормални. Уште што нема да измислат. Општини, училишта, улици, утре ако им текне и имињата и презимињата да ни ги сменат, да не се чудите. Како што тргнала работата, се е можно во оваа наша држава.
Непотребно комплицирање на работите и трошење пари на нови табли... Да можам, би забранил да се доделуваат имиња на улици, училишта, аеродроми и населби според човечки личности, пред се од респект кон нивната личност, а потоа и за доброто на луѓето. Така би се одбегнале и многу меѓуетнички но и меѓуверски кавги, од типот дали тој/таа биле еским, бушман или вонземјанин. Ме воодушевиа главните градови низ средна европа кои на улиците им доделуваат и вакви имиња, како на пр улица марципан, улиа костенова, улиза утрински јорговани бр.5 и тн. абе милина да ти е да ги гледаш тоа таблите.
Името на државата не може да го менуваме,а на општините може!? Па нели сакаме да го зачуваме идентитетот!? А процесот на антиквизација продолжува и промената на имињата на општините требало да ја очекуваме,и да не се чудиме,кога и фасадата на владата ќе биде античка,како и плоштадот што е
Малку смешно е сево ова ... Ајде кога решиле да менуваат , не ми е јасно како може на списокот да се наоѓаат имиња кои немаат никаква допирна точка со Македонија и со македонската историја ? Карло Велики ? Зошто да не и Осама бин Ладен , сигурно за некого во светов дури и тој претставува херој . Ама глобалисти сме станале ... Боже , уште што не ќе слушнеш ...
Ме насмеа ај Карло, ами како не им текнало на Калигула ептен античко Мислам дека стратегијава им е погрешна, наместо да се истакнат преку дела, нешто што би било сосем покорисно, тие преку споменици и преименувања.Ако толку веќе сметаат дека на правилен начин го враќаат минатото, грешат, па барем да поразговарале на оваа тема со луѓе кои се професионалци за истата.Што и да кажам, ќе биде повеќе од потребното, ми останува само да се чудам
На почетокот проектот ми беше и малку симпатичен , ги игнорирав тие партиски препукување и си реков , ајде ќе се разубави градот малку , но отиде предалеку , многу почна да се пренатрупува со непотребни работи . Веќе ова со улиците е ... не знам ни дали се сериозни , па зарем се што им паднало напамет улица ќе биде ? Макијавели , Паганини , Гадафи не знам дали го ставиле Добро каква врска имаат добар дел од луѓево со Скопје ? ... На списокот ја предлагам и Дора Бакојани , срамота , како ја заборавиле неа кога жената години помина занимавајќи се со нас , не популаризираше во странство И мислам дека името на Калигула е најдобар одраз на општата состојба . Секоја втора улица во градот можат Калигула да ја наречат . Море и државата нека се преименува во Калигула .
...ШШШШШШШ...Ќути си Македонче да не ја изгубиш и таа две педи земја што ти остана... кога сакате да се возите на „БУЛЕВАР СРБИЈА“...ќе живеете во општина ЈАШАР БЕГ ! ...шшш ќутете си ...и бидете мирни.. ЗАШТО АКО НЕ ВЕРУВАТЕ ИМА ИНТЕРНЕТ ОТВРОРЕТЕ ГУГЛ МАПИ ... Одете во Бугарија...тие имаат по Македонски улици од нас. Овде се стремат да ги исчистат структурите на УДБА,и пи**ите на Аркан што се кријат во Скопје! Овде се стремат во Битола да има што помакедонски улици. А ВО СКОПЈЕ УЧАТ ВО ГИМНАЗИЈА „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“... !! И ГРЦИЈА НЕМА ДА ПРЕВЗЕМЕ САНКЦИИ ВРЗ “РЕПУБЛИКА СКОПЈЕ?!„ ..ќе превземат.. и стварно испаѓа како да им се мешаме во историја.. ИЗВИНЕТЕ ...ама со Србите ништо не праиме.. не..праиме..губиме држава со векови стара.. Тоа е..со Србите и со удирање во гради за Џинџич и Милошевич (Особено за приказната од Хаг дека Милошевич му го дал палтото свое на ЈОХАН „херојот“ и му рекол.. : СИНКО МЕНЕ МИ ПОМИНА ВРЕМЕТО АМЕРИКАНЦИТЕ МЕ ТРУЈАТ..ИЗЛЕЗИ ОД ОВДЕ СПАСИ ГО НАШИОТ НАРОД !?!?!) ....Те молам Македонче...скриј се во гетото и д***ј на „РАНЕ“ ХИТ ФИЛМА СРБИЈЕ И МАКЕДОНИЈЕ И СКОПЉУ !!
Како тоа ние им се мешаме во историја??? Во чија историја се мешаме, во некој кој што нема историја??? А стварно не ми е јасна оваа тактика не преименување на општини, само не е на арно тактикава.
За тоа што народот се буни за промена на имиња на улици и да сватам некако, ама ова за општиниве,зошто да ми пречи? Нека ги сменат, нека стават нешто симболично за Македонија...но пример Ѓ.Петров да не се менува,тоа си има симболика...а за другиве како К.Вода,Волково,Центар...итд,претпоставувам дека пола од граѓаните на Скопје,за своите општини незнаат зошто така се викаат.
Aко ги сменат улиците па и општините, ќе мора да менуваат сите лични документи, пасоши, лични карти, изводи од родени,умрени и да не набројувам кои други триста документи, кои се НЕОПХОДНИ за секоја личност а тоа ЧИНИ многу пари, а за чекањето и кинењето на живци не ни праам муабет. Никој не размислува за ова, а тоа е всушност e и најбитното зашто сме ПРОТИВ! А ако го сменат Центар во Александрија јас се селам во Битола жими се, зашто ова е веќе неиздржливо... Какво значење и да има, НЕСАКАМ бре, во ЦЕНТАР сум родена не во некоја си Тунгузија.. Подобро нека го крстат Свирипичино жими се, барем ќе ни одговара на состојбата, новиов изглед, метналниот склоп, па и мене ќе ми се поклапа
На ТВ колку што слушнав, доколку се сменеле имињата, личните документи не ќе морала да се менува до истекување на рокот на важење на личните документи.
Грчка има историја..да се разбереме..не толку автентична ама колку и да нејќеме има.. има биле педери на свој начин си праеле фигури како си го пушат партнери од ист пол.. ама имаат некаква си педерска историја... ВАКА БАТО ФАСТИ ЌЕ ТИ КАЖЕ..ако ти..цело време се возиш на булевар србија.. и ОП наеднаш ти светне во глава дека нема преспектива од Србизам ОП од утре ај БУЛЕВАР АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ! ајдее..и испаѓа дека од вчера е така.. ОДИ ОТВОРИ ГУГЛ И ВИДИ ПРЕД КОЛКУ ВРЕМЕ ВО СОФИЈА САМО КОЛКУ УЛИЦИ И КВАРТОВИ И ЗГРАДИ И ОБЛАСТИ И ЧУДА ИМА СО МАКЕДОНСКИ ИМИЊА И ТОА ПРЕИМЕНУВАНИ УШТЕ ПРЕД ХРИСТА !.. што ти кажува тоа? ДЕКА БУГАРСКА САКА ДА ВИ ПРИЛИЧВИ ИСТОРИЈАТА ... бугаринот вика „СРБИТЕ ПО 5 НА НОЖ И ПРЕДИ И СЕГА МАКЕДОНИЈА Е БЛГАРСКА“.... (ај марш во ниш сите... нека ве пцујат па одете пак таму..) А ДЕМАНТИРАА ТОА СО ГРАФИТИТЕ ЧИСТО РАДИ БИЗНИСОТ ДА НЕ ИМ ПАДНЕ !!
Чисто сумјам, искрено е невозможно да се водиш на улица чие име непостои... Не само за лични карти и за пасош, за се.... Ќе се смени тоа сум сигурна, па ќе се чешаме после...
Крајна до Александрија преку Ерван Фуере, ама ќе поминеш од кај Нимиц да ја земиш другарка ми која живее на три болка подалеку од Џорџ Буш, онаа кај Бил Клинтон што е.
Ајде кога не можеме да ги победиме, да им се приклучиме: Предлагам: - општина Ѓорче Петров да се промени во Џорџ Питерсон за да звучи помодерно и поамерикански - Кисела Вода или во општина Кока-Кола или во општина Минерална Вода, последново е попрецизно отколку да кажеш кисела. - Карпош во Руски Блок 1, 2, 3, 4 за да дојдат руските згради повеќе до израз а и знак до Русите дека не ги забораваме како можни идни сојузници во случај САД да ја изгубат својата моќ нели... - општина Илинден во Роденден, дека не секој се вика Илија или Илинка во општината, вака роденден е поопшто поприфатливо, сите имаат некој ден роденден - Центар нека си остане центар, се навикнавме на мобилни да кажуваме „Кај си ?„ Еве низ Центар...„ и тн.. дајте и вие предлози, бидете креативни