Нема потреба. Толку време сме си ги славеле вака празниците. Зошто да си ги менуваме сега навиките и културата
Јас сум за промена на календарот, или на нивниот или на нашиот. Па сите сме христијани. Е сеа да, сме се испокарале на времето за некои работи како на пример, дали попот треба да носи брада или дали смее да се жени или не и сме се поделиле, ама мислам дека религијата треба да сплотува, не да разединува, особено ако се водиме по иста света книга. И едниве христијани и другиве, а празнициве различно ги славиме. Истите празници, истите обичаи, истата вера, различен датум. Бар мене не ми праи логика. Затоа изглеа и се вика стара нова година. Се знае еуфоријата на 31 декември и онаа на 13 јануари. Не е исто. Или да се смени календарот или како што вика Нена, штом славиме двапати Нова Година, можеме и со Божик така, иако мене не ми се допаѓа затоа што Исус еднаш се родил и не ми е логично двапати да се слави за тоа.
Затоа се вика стара нова година, затоа што по стариот календар тогаш се славела нова година. Инаку, има толку многу различни учења, правила, тези во различните христијански цркви, што не сметам дека еден календар би не обединил.
Па вака Серафима и според нашиот календар Нова Година е по Божиќ, тоа ние што ја славиме по западниот календар е друго, ако отвориме во Православното Календарче ќе видиме дека Нова Година е 7 дена по Божиќ а оваа другата е по нивниот календар. Дали ме сфаќате ние сите празници си ги славиме по нашиот календар освен Нова Година, а онаа наша нова Година кога е по нашиот календар ние ја викаме Стара Нова Година, што според мене е апсурдно ем стара ем нова мислам е но сенс. По правило т.н. Стара Нова Година е Нова Година по нашиот календар, незнам зошто сите ја славиме по западниот календар. А во 1925 или 26 Грците го сменија календарот и многу мироточиви икони и мошти не пуштаја миро, и менувањето на календарот е грев затоа што е менување на вистинската вера, затоа што и грешното учење и верување е грев. Во Светото Писмо пишува и ако некој измени само еден знак и другите ги научи така најмал ќе се нарече. А Апостолите востановиле што и кога да се слави, како може сега ние да менуваме, како да сме поучени од нив. поздрав
Ааа не никако нејќам да се смени календарот сакам пак да се слави Божиќ како одсекогаш што сме си славеле и затоа што ми е родендн тогаш
Не сакам да се смени календарот и тоа го кажувам како човек што не е религиозен. Не ми е гајле што секаде во светот се славел Божиќ на 25.12, и што било битно за фирмите, бла бла... Овој календар е обележје на нашиот народ, по тоа сме посебни наспроти другите народи и има убавина да не си ист како сите други. Ако тргнеме све да се ориентираме според мнозинството ќе изгубиме секаков траг. Сменивме знаме, име, наредно после календарот што ќе менуваме? Чак што више би ги натерал странските фирми тука знаците да ги пишуваат на кирилица, како србите што прават со Старбакс и Мекдоналдс.
Читам деновиве како многу луѓе честитаат „католички Божиќ“, што покажува колку не сме информирани како народ околу оваа тема. Во суштина, не постојат два Божиќа, католички и православен туку е еден и ист празник за сите христијани, а разликата не е во верата, туку во календарот според кој се пресметува датумот. Католичката црква го користи грегоријанскиот календар, додека дел од православните цркви, меѓу кои и МПЦ, сè уште го користат јулијанскиот. Дополнително, во државите со католичко мнозинство, државниот и црковниот календар се исти, додека кај нас црковниот календар заостанува зад државниот. Во западните земји, Божиќ, се слави на 25 декември кој се паѓа на ист ден и по црковниот и по државниот календар, додека пак кога кај нас по црковен календар ќе биде 25 декември, по државниот календар веќе дошло 7 јануари. До 1582 година, сите христијани го славеле Божиќ на 25 декември според јулијанскиот календар. Поради наталожена грешка во пресметките, папата Григориј XIII тогаш вовел реформа и го создал грегоријанскиот календар, со кој биле прескокнати 10 дена за да се усогласи времето. Од тој момент, црквите што го прифатиле новиот календар почнале да го слават Божиќ на датум што одговара на 25 декември според новиот систем, додека оние што останале на стариот продолжиле по старо. Односно тие што го прифатиле новиот календар, Божиќ го прославиле 10 дена порано, додека тие кои не го прифатиле календарот продолжиле да го слават Божиќ на 25 декември кој по грегоријанскиот календар сега веќе бил 4 јануари. Со текот на времето разликата се зголемувала: – во 1700 година +1 ден – во 1800 година +1 ден – во 1900 година +1 ден Денес таа изнесува 13 дена, па така 25 декември по јулијански календар паѓа на 7 јануари според грегоријанскиот. Оттука доаѓа впечатокот дека православниот Божиќ доцни, иако реално станува збор за различен календарски систем. Ако грегоријанскиот календар не бил толку широко прифатен, денес можеби ќе се зборуваше дека католиците слават порано, а не обратно. Во 1923 година, Милутин Миланковиќ го создава ревидираниот јулијански календар, кој астрономски е попрецизен и практично се совпаѓа со грегоријанскиот. Овој календар денес го користат Вселенската патријаршија, Грчката, Бугарската и Романската православна црква. Кај овие цркви, сите празници со исклучок на Велигден, се слават заедно со западните римокатолици. Дали МПЦ треба да прифати некој од поточните календари, грегоријанскиот или ревидираниот јулијански и Божиќ да го прославува на ист ден како целиот остаток од светот?
Ниту еден календар и ден кога го славиме Христовото раѓање не ја менува суштината на верата. Дури и точен датум кога е роденден нема многу поблиску може да се каже дека има 2 датуми кои се најреални за смрта, а многу по тешко за раѓањето. Нема врска кога се слави по битна е суштината зошто се слави.. А тоа што честитаме не е дека не знаеме дека еднаш се родил Исус или дека не се знае суштината за календарот, само зошто не би честитал на некој што тогаш го слави? Тој се радува тој ден слави, сигурено би се почувствувал убаво да му честитам исто како и јас кога некој би ми честитал денот кога јас го славам. Може да се смени и сите да славиме во ист датум тоа сепак ништо нема да смени..
Не мислев да не честитаме Божиќ на католиците, туку дека е бесмислено да се вели "католички" или за две недели "православен" Божиќ, поентата ми беше дека е истиот Божиќ само по различен календар, односно дека подобро би било да се рече Божиќ по грегоријански календар отколку католички Божиќ.
Не би требало да смени, но од друга страна премалку познавање имам да знам зошто поголемиот дел од православните верници сеуште го празнуваат 7. јануари како Божиќ. Поделба е голема. Најнов пример е Украина, каде е донесена одлука 7. јануари да биде Ден на програмерите, иако народот мнозински тој ден го слави Божиќ.
Прочитај го воведот на темата многу убаво има објаснето @DS10 зошто е така. Нека биде нема врска тоа, Божиќ си е Божиќ нема врска со програмерите и не е нешто што би пречело за да си го прослават Божиќ верниците.
https://forum.femina.mk/threads/Промена-на-календарот-да-или-не.4535/ Има веќе тема, инаку од Божиќ мене ме интересира атмосферата и храната, a календарот не треба да се менува зашто вака е подолг празничниот период. Бај.
Па ако мораат да одат на работа тој ден, не можат да прослават. А и програмери како замена е симболично.
Неработен е за верниците од таа вера си пишува еве и кај нас православна земја сме за сите е неработен 7ми Јануари, ама си пишува 24ти Декември неработен само за верниците од католичката вероисповед, пријавуваш на работа дека си католик и дека славиш Божиќ..
Ние сме многу информирани,во Христијанството,постојат католици,православни,протестанти.Начинот на кој се организирани црквите е различен и православниот пост и католичкиот не се исти пред БОЖИЌ,исто и поповите наши и католици.Ништо не треба да се менува,се си е во ред како што е .