1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на кум/старосват

Дискусија во 'Брак' започната од Palchica, 25 декември 2012.

  1. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Имаме недоразбирање со кумот и кумата и веќе нема никаква дружба меѓу нас. Во иднина ќе ни треба кум, идат крштевки здравје и слични нешта, па ме интересираше дали треба некоја процедура за промена или може било кој друг пријател/пријателка да го завземе нивното место? Дали некој имал слична ситуација?
     
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Ако мислиш на официјална некоја процедура - нема. Пошто и онака не сте во добри односи, кога ќе дојди момент ќе си го одбереш кумот/кумата што сакаш и тоа е тоа, не мора специјално известување до нив, или да бараш дозвола за бирање нов кум.
    Ако биле како што треба - немало ни да дојди до недоразбирање, така да, слободно, без грижа на совест, бирајте си го наредниот кум по своја воља :)
    Луѓе намерно менуваат кумови за свадба, па за крштевка, за на повеќе блиски луѓе да им направат чест...
     
    На imelda и Palchica им се допаѓа ова.
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Може мислам било кој да го заземе нивното место, другар/пријател/роднина итн. Но културно е да се прашат прво нив дали сакат или не. :) Не ме фаќај за збор ама јас мислам дека не треба никакви процедури дополнителни. :)
     
    На Palchica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Кога ќе имате значи некоја прослава ќе го прашате дали тој сака да ви биде кум ако ви откажи тогаш ќе си барате друг кум. Мислам дека така оди тоа не е како некоја процедура или должност или некоја морална обврска но редот така носи имајќи во предвид дека тој бил дотогашен кум. Кај нас се случи слично нешто не не поради недоразбирања туку поради немање на финансиски средства и мислам дека кај мене тогаш прашаа како оди тоа и им рекоа ако ви откажи стариот кум ќе можи да си побарате друг. Значи еден вид како обврска е да се праша тој првиот. Прашај си за ова постари тие најдобро знаат а и за сигурност поп таа работа да ја потврди :) да не трескам еве глупости оти секој град различен адет си има и традиција. Можеби ова е смешно за некој затоа викам консултирај се и со други поискусни на таа тема.
     
    На lolyta777 и Palchica им се допаѓа ова.
  5. simply-red

    simply-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    26
    Ние имавме таква ситуација. Кумот кој не венчаше, не сака никаква комуникација со нас, а не сме се карале, па така кога ни е роди второто дете ние го прашавме старосватот како втор сведок и тој ни го крстеше второто дете.
     
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.900
    Пол:
    Женски
    Токму така, мора да се обратите кај кумот.
    И ние се соочивме со слична ситуација и бевме во црква да разговараме со поп. Тој ни кажа дека доколку не го прашаме кумот дали и понатака сака да ни биде кум и самовоолно го замениме тогаш гревот е на нас, а доколку после прашањето тој ни откаже кумство тогаш негов е гревот.
    Тоа се зборови на поп, а не мои.
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Колку безврска ова со попови и гревови, кумството треба да биде слободен избор на младите и свечен чин на ородување со добри пријатели. Не треба да биде притисок, терет и страв од грев. Јас не се ни венчав во црква, скраја да е некој поп да ми прави грижа на совест со гревови и божји казни, за нешто што треба да биде пред се пријателско и чисто.
    Роднините не ги бираме, ама пријателите и кумовите можеме да си ги избереме по своја волја, какви се овие закани со гревови?!? Па ако си чист пред Бога, што е битно дали е старо кумство или си почнал ново?
     
    На VladeMila, DeMelo и joelle им се допаѓа ова.
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.900
    Пол:
    Женски
    Ако веќе се решиш да се венчаш во црква значи дека ги почитуваш и дека ќе ги почитуваш и црковните закони.
    Кумот е и треба да биде морален и духовен водич ма младите и втор татко на кумашинчињата.
    Ова што сега се поставуваат најдобри другари за кумови некако е безврска, затоа што не може мене да ми биде морален водич и да ме поучува и советува другар на мм кој може да биде најпрекрасниот човек но и некој тежок, според мене, шупелко, а мм да ми тврди екстра дете е веруј, па после се скарале зошто не отишол на пиво и останал со жена му, папучар бил и незнам уште што, па се растура кумство ...има и вакви глупости. :!:
    Затоа кумот треба да има одредени години и искуство, нешто повеќе да има поминато од младите и да им го покаже правецот.

    Се` повеќе ваквото значење на кумот исчезнува и се бираат другари и другарки за да се дружиме што од друга страна е сосема ок и оправдано, има поголема дружба и слобода, зезање и сл., но почит :^) ...не би рекла.

    И не, кумовите не ги бираме ние, тоа е пак новина :!: , кумот веќе е избран со нашето раѓање т.е. со раѓањето на нашиот сопруг и ние (сопругите) само треба да го прифатиме и почитуваме истиот. Затоа прво треба да се праша стариот кум, а потоа да се бара нов.

    Порано не секој можел да биде кум. Кумот треба да е некој поимашлив.
    Ако некој ја има гледано претставата Чорбаџи Теодос ќе сфати што сакам да кажам. Во претставата го викаа Кум Давадос. :lol: Денес кога се прави свадба и кршевка, кумот повеќе ќе се офајди отколку што ќе дарува, за жал, а треба да е обратно. Ова беше малку офф топик.

    За мене искрено граѓанскиот брак не ми значеше ништо, обично ливче кое само пред и онака никаквава држава има значење и демек од него произлегуваат некакви права...не би да разглабам сега за тоа.

    Од друга страна самиот чин на венчавање пред Бога и исказ за вечна љубов т.е. додека смртта не не` раздели и она да си помагаме во добро и зло, заклетвата во црква многу повеќе ми значеше.
    Не знам дали верувам во Божја казна и Божји суд, ама верувам во некаква сила, верувам во некаква карма и не би да ја предизвикувам истата :wasntme: , некако шубе ќе ни беше да си најдеме туку така нов кум без да го послушавме и да го применевме она што ни го кажа попот.
     
    На candise20, Hopeful, ilipili и 3 други им се допаѓа ова.
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Лолита а која е логиката да бараш да ти биде кум човек кој пример го нема видено сопругот од неговата крштевка од пред 30 години?
    Одите го барате за кум и знаете дека следен контакт со него ќе е на крштевањето на вашите деца и толку. Бидејки вие немате никаква блискост со него и неговата фамилија.
    Што искуство може тој да ти сподели? Кога тој не те ни знае, а може и не ни сака да те запознае.
    Дел од кумовите се и во други градови и држави, така да комуникација може со нив никаква и се нема.

    Јас почитувам што прашуваат дел стари кумови, но почитувам и ако не го праша бидејки воопшто не го ни знаат својот кум.

    А за поповите и црквата само ќе кажам најпрво ниедна невеста во денешен 21 век не влегува чиста во црквата и бракот, повеќето се со стомак до грло, а да не зборам за други работи :)
    Убаво е да се даде заклетва пред бог за љубовта, црковното венчање и таа благослов ја сакаат сите младенци, но од друга страна само колку верски работи не почитуваме во модерново време така да ова со кумот е само дел од големиот список.

    Едит:
    Ах да и јас искрено не верувам во попови ама ич.
    Ова со кумовите го пишува некаде? Од кај знаат дека треба да се праша стар кум? Од кај знаат дека ќе има грев? Библија? Која книга?
    Ова само македонски поп ќе ми го каже или ако отидам во Русија и таму поповите ќе ми кажат да си го прашам стариот кум?
     
    На Dust, anna-tessa, DeMelo и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Да си ми жива и здрава...значи поштувам старо кумство и се...ама да имале било каков контакт луѓето меѓусубено.
    Ете пример дечко ми вели: јас мојата кума ќе си ја прашам ако сака неможам да речам НЕ. ако одбие, ќе си земам другар.
    А он неговата кума ја виде прв пат на свадбата кај брат му. Јас и го знам името, тој не и го знае. Но ете,се си велам со господ напред...или да ни се погоди да се спријателиме понатаму (што воопшто не верувам во тоа). Или може ете дека е женско ќе одбие. Зошто ми доаѓа токму оваа слика што вас ви се случува,дека кога ќе дојде време ќе немаш кум/а.

    Ама ете, никако не си. Од една страна ако не ги прашаш гревот е твој. Ама па од друга страна со сила убавина не бива.
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.014
    Допаѓања:
    136.175
    И јас знам дека треба да го прашаш стариот кум дали сака да го продолжи кумството, и со негов благослов да побараш нов кум. Барем така беше во нашиот случај - свекор ми отиде да го побара стариот кум пред нашата свадба, иако не биле во контакт долго време. Не знам дали тоа му го кажал поп или некој друг.

    За одржувањето или неодржувањето контакт секој има одговорност. Како и сите други врски, и таа со кумовите треба да се негува, и живеењето во друг град не е оправдание. Нашиот кум не живее тука, се слушаме речиси секој ден, и се гледаме неколку пати годишно (да се живи и здрави скајп и визер).

    Јас инаку мислам дека сосема е во ред кумот да ти биде другар, со тоа што сепак мислам дека треба да е некој со кој се познаваш долго време, а не некој кој си го запознал лани, ама дружбата по кафани ви е топ. Треба да има голема меѓусебна почит која сепак се гради со години. Кога сме веќе кај другарите како кумови, мислам дека не треба да се избрзува со договарање кумство уште на 15 години, а уште повеќе слепо држење до договореното. Важно е кумот да е во добри односи и со невестата, не само со младоженецот, како негов другар. Сум видела и вакви и такви случаи, затоа го спомнувам.

    И за крај, не знам дали сум ви кажала дека многу, многу си го сакам кумот. Со него можам за се да правам муабет и знае да ми даде многу добар совет секогаш кога ми треба, иако само година-две е постар од мене.
     
    На Hopeful, ilipili и lolyta777 им се допаѓа ова.
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Ариел сите знаеме дека треба да се праша кумот, попот така вика, ама од кај знаеме?
    Од каде? Изворот кој е?
    Обичајот или пишан збор.
    Ако е обичај тоа е променлива категорија и неможе поп да кажува обичаи и да им вели на луѓето дека е грев нешто само по обичај и долгогодишна практика.
    Ако е негде напишано во ред, сакам да знам каде.


    А дај боже сите да имаме добри контакти со кумовите како што имаат некои фамилии, ете и како ти.
    Но има секакви случаеви на кумови.
    Дечко ми да речеме е крстен од чичко му, бидејки кумот извисил и не дошол на најавено крштевање.
    Тој е крстен од чичко му, значи братучетка му треба да му е кума нему.
    Арно ама па поповите викаат кумовите да не ти се роднини, тоа не било во ред.
    И сега?
    Да го викаш стариот кум кој веќе те извисил и со кој немаш никаков контакт со децении, дури може и да те извиси и на свадба нели, ако не го викнеш е грев. Да имаш кум роднини, а не било добро ни тоа.
    Или да имаш кум пријател, па и тоа не било правилно.

    Нели е најправилно како сакаш кога искрено не постои правило никакво?
    Мислам дека кај католиците имаш сведоци, тоа ти се кумовите, сама си ги избираш. (ако грешам поправете ме слободно)
    Што е поразлично тогаш кај нас? Нели иста света книга имаме?
     
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.900
    Пол:
    Женски
    Точно затоа и реков
    Од овие причини и ние си имаме нов кум т.е. млад, другар на мм.
    Стариот кум одби кумство, немал човекот пари, не можел, Ок, па мм си најде нов, другар најдобар. :!:
    Во почетокот дружбата беше многу голема, активна, чести видувања и седенки, пошто нели цел живот се знаат, се` знаат еден за друг, се сакаат и си се почитуваат, ќе си помагаат во животот, кумот ќе ни биде потпора, столб...бла, бла, бла...мавање во груди и тресење празна слама.

    Ама пукна тиквата, се спуцаа и не разговараа се` додека не требаше да правиме крштевка.
    Тогаш се соочивме со прашањето- и што сега, кој ќе ни го крсти детето. :?: Затоа побаравме помош т.е. совет од поп.
    Јас немам појма дали така ќе кажат сите Православни попови или само нашиве така учат, дали навистина некој ќе има грев и од каде попов го ископа одговорот, ама и покрај тоа што мм не сакаше во никој случај да се понижи и да оди кај кумот, сепак го послуша попот, а не мене.

    А јас не верувам во попови, поготово не во нашиве. |(

    Што се однесуваше до мене јас бев решена да си бараме нов кум,и онака не го поднесував а и се` уште го имам истото мислење за човекот, ништо не е сменето, ама мм изгледа се исплаши од гревот :?: :lol:
    Затоа и реков, почит нема, барем јас не го почитувам нашиот кум, блискоста и преголемата опуштеност си го направи своето. Не е убаво вака да пишувам, ама за жал тоа е вистината.
    Во овие 6 год. колку што ние кум, духовен водич, советник... ама ништо нема паметно направено или пак кажано, баш спротивното.

    Беа премногу блиски со мм, дури и премногу се дружеа, сепак она на што го учеше кумот. Неговите сфаќања и до денес не ги разбирам, апсурдни се и глупави и сосема спротивни од мојата, па и на мм замисла, за тоа каков би требало да биде еден брак, па и воопшто каков би требало да биде нормалниот тек на животот.
    пр.не почитување на родители, не почитување на жена, оставање жена да седи дома со деца, а тој да излегува и да се прибира во утрата, жена не смее да оди на работа да не му ја гледа и пипка некој случајно, според него жена е за дома, да му зготви на мажот, да му ги гледа децата и да го третира како Бог, на жената и се дава одредена сума од плата да го води домаќинството, а другото оди во џебот на мажот и тоа не е работа на жената, жена се` организира-прослави, родендени, одмори, мажот само треба да се појави, организацијата не е негова работа туку финансиите... ако дојде кумот кај нас на гости тој е главен и тој кажува што ќе се гледа на ТВ или слуша, на децата( тогаш само ќерка ми) ако им се спие си имаат соба нека си легнат, ако сака кумот ќе седи до сабајле, не водење сметка дека за тоа дека некој може сака да си легне, тој е кум и тој кажува кога ќе си легнеме, не смее да се напушти трпезата конкретно еве на крштевката додека кумот не си оди, тинтрање до бесвест |( -специјални покани за родендени, Велигденски и Божиќни празници, поклони МОРА да им се дадат и тоа видно солени |(
    ....е па вакво кумство другарско преку нос ми е. :!:

    Секакви не` има. :wasntme:
     
    На DeMelo, Hopeful, ilipili и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Ова намерно го напишав.
    Значи, кај Палчица не станува збор за прв пат барање кум, кога би требало по некои морални непишани црковни правила да го праша стариот прво, па ако одбие да си одбери нов. Палчица веќе имаат кум кој ги венчал, а после тоа се одделиле од недоразбирање. И сега што? Треба да оди да „моли“ човек, кој требало нивното дете да го „внесе“ во религијата, духовен татко, дрн дрн, а кој бај д веј се скара со нив - кумашините, за да им одобри земање нов???

    Не, така не. Духовен водач на моето дете ќе е оној кој како таков ќе се постави кон нас, и немам што јас него да го молам за дозвола да земам друг, за да биде она што тој самиот не бил!

    Ова не го зборам од памет, ист случај е и нашиот - кумството од страна на сопругот е повеќе од 100 години, ептен беа горди на него. Не се гледаа воопшто, ама и тоа не беше пречка да го одбериме и ние, зошто мм сакаше да ја продолжи традицијата. Прво не знаеше како да не` одбие, немале пари оти биле кумови на многу нивни другари, па се најдоа во небрано кога им кажавме дека не треба ни 1 денар од нив, само сакаме да ги испочитуваме и нив, а и старите на мм, оти им беше голема желба ова кумство.
    Како што кажавме, така и направивме - не платија ни 1 денар, ни во црква, ни за мене поклони, ни за ништо, и тоа ич не беше проблем. Супер беше се`, ние среќни дека традицијата продолжи, се` додека мм не им се јави среќен дека се породив, за да дојдат на мекици, за прво да му рече: „Ама ние немаме пари“, што апсолутно не беше поставено како прашање, а уште помалце е веродостоен изговор на „духовниот водач на моето дете“, за на крај ДА НЕ СЕ ПОЈАВАТ на прославата за раѓањето на нивното кумашинче.
    Од тогаш не се јавени воопшто.

    И сега треба да им се јави мм за да ги моли да не ослободат од НИВНАТА обврска?! Нееее, моето дете ќе го крсти некој кој ние ќе го одбериме, а тие ако сакаат можат слободно да дојдат на прославата како гости.
     
    На DeMelo, Hopeful, ilipili и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.304
    Допаѓања:
    200.510
    Пол:
    Женски
    Палчица, јас не мислам дека треба за дозвола да се праша стариот кум - нели пукнала тиквата и јасно е дека тој не сака да ви биде кум, па ни вие не ќе баравте нов, на крајот на краиштата.

    А што се однесува до кумството - ние имаме стари кумови. Кум ни е синот на стариот кој ги венчал свекор ми и свекрва ми, а синов го крстил мојот сопруг. Искрено, мм сакаше другар за кум, ама јас го убедив да го праша стариот кум за дозвола, оти мира нема да имам. Не знам зошто, навистина не знам од каде доаѓа тоа, дали во Библијата го пишува, или останало од стари, ама сакам да ја почитувам традицијата да се праша прво стариот кум, за да си немам грижа на совеста. Мм не сакаше, ама бидејќи сите останати настојувавме, прифати да го праша. И нормално, човеков прифати, со мерак. Не живеат во Македонија, ама се слушаме повремено на скајп и комуницираме нормално. Не сме нешто претерано блиски, што мислам дека е сосема во ред, ама за празници, слави и слично, си се почитуваме како што е редот. За крштевката немаше проблем, се организираа, дојде кумата, го крсти малиот, се видовме и си замина.
    Мм смета дека кум треба да е некој близок човек, некој што го знае многу добро, некој кому може да му се јави во секој момент без да се направи проблем од тоа, затоа што, ако не дај Боже, нешто се случи со главата на семејството, кумот ја презема одговорноста за децата. Не знам од каде му е ова на мм, ама логично е дека порано од таа причина се бирал поблизок човек, да не речам и поимотен. Мене лично, не ми е важно колку има човекот, важна ми е почитта и разбирањето. Комуникацијата исто така е важна, а тоа е до нас.
     
    На Hopeful, ilipili, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.856
    Допаѓања:
    122.894
    ^ Сосем истата ситуација со нас,од збор до збор.
    Маж ми не ги сакаше старите кумови,зошто и тие не се одтука,слабо се гледале итн,ама јас го убедив да ја продолжиме традицијата :tmi: Ете и јас незнам зошто,од каде,така сакав.
    На старите ептен им беше мерак и он нивна и од наша страна што се продолжи кумството.Ок беа,се слушавме околу свадбата,се договаравме се,се слушаме и сега од време на време,за Нова година сакаме да одиме кај нив да им носиме пакетчиња на дечињата нивни,така да нема проблем.

    Инаку и јас сметам,дека треба прво да го прашаш стариот кум дали ќе ги крсти децата ,па потоа да побараш нов.Не заради попови,црква и слично,заради тоа што ми е глупо јас сум го поканила за кум,а сега без да знае да си повикам друг.Испаѓа само кум сум барала за свадба,као да најдам некој.
     
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Ама елке, тие не комуницираат. Сигурно кога ги поканиле за свадба не мислеле дека само за тоа им треба кум, доаѓаат уште многу поводи каде ќе треба да се присутни нели, ама ете, од Х причини тие се разишле и повеќе не се во комуникација.
    Поентата е дали во ваква ситуација треба да се прашува стариот кум за дозвола...
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Е ова е веќе претеризам од страна на поповиве,...аман што се нема да речат. Ова прв пат го слушам.
    Пример, татко ми најдобриот другар го зел за кум. На свадбата на татко ми и мајка ми кумот се замеркал со прва братучетка на татко ми. После почналеда идат, се земале....иии оп ете. Кумот ми стана и тетин. Тетката кума. А 2рите братучеди кумчиња. И тоа грев ли е? |(
     
  19. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Јас и сопругот кога се земавме и редно беше некој да ни биде кум,тој си имаше кум што го крстил и од тогаш наредните 20 години не го има видено воопшто,и сега ни рекоа да го прашаме дали ке прифати да ни биде кум ако не да си бараме кум нов ама прашувањето е морално.И кога појдовме да го прашаме ни откажа и верувајте не ни рече ни со среќа да ви е и искрено 100 пати се покајав како појдов.
     
  20. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Женски
    Кога бевме кумови (а бевме 3 пати во една година) рекоа- Господ на небото, кумот на земјата.

    Тоа не значи дека треба да му се клањаат на кумот, туку одговорноста на кумот е огромна. И на двете крштевки поповите нагласија дека не само што сме духовни родители на малото, туку сме и заштитници на семејството. Каков проблем и да имаат треба да им помогнеме, барем со збор.

    Со едната снајка баш не бев во добри односи, но кратко пред а особено по свадбата го сменив мојот однос кон неа, зашто го почитувам дечко ми кој го избрале за кум, а и таа го смени својот однос кон мене, верувам заради сопругот. Сега сме во добри односи и се дружиме, секако не сме најдобри другарки, но се почитуваме (многу) заради побратимството.

    Оттука, сметам дека во вашиот случај на нарушен однос грешка е на кумот што не направил чекор кон вас, тој е помудриот (вие сте млади и заљубени нели :). Сепак, мислам дека нема некои огромни процедури (дури мислам и дека освен збор нема ништо друго) за да смените кум.


    Оф топик, да и одговорам на Лолита: Во однос на трошоците на кумот на свадбата се огромни. Иако на првата свадба баба ни рече- нека натежнува на страната на младите-ќе имате вие за враќање! Во смисла на тоа дека нивните бовчи треба да се поскапи од парите кои ќе ги ставиш во плик, а на други начини ќе им враќаш, дури и на самата свадба, кога ти дава бовча, на блага ракија, и потоа на крштевки, родендени и така натаму...