Промена на кум/старосват

Discussion in 'Брак' started by Palchica, Dec 25, 2012.

  1. mariatim

    mariatim Популарен член

    Joined:
    Apr 29, 2010
    Messages:
    1,159
    Likes Received:
    12,529
    Gender:
    Female
    јас кога се омажив мм ми кажа дека си има кумови кои го крстиле се почитуваат,и дека тие ке не венчаат,а тој им беше кум на едни но живееја во друг град (од кај што е мајкаму) и баш бевме заедно кога им се роди првото дете...за венчавката јас не бев уште со мм и се јавуваат а до тогаш никаде ги нема ни тел да кренат кога одевме кај бабму на гости тие се три четири куќи понатаму и знаат дека сме таму нити да се јават па да не поканат на кафе на ручек ништо...се јавија куме да дојдете сакаме крштевка да правиме (и кажуваат детево како се вика,тоа ако ама од прво јавување) па јас не ке доагам само свеќа да држам..и ок мм отидоа јас не..и пак после тоа никаде ги нема и после 5 години почина баба на мм и кога отидовме тие таму незнаеја која сум јас а како ке знаат кога ниту на честито ни биле ни кога сме се зеле ништоо и дознавме дека кумата е пак бремена и се договоривме со мм ако се јават за крштевка ке ги откажеме и така испадна се јавија и исто име кажаа се,и мм кажа далеку сте,и ова она имате мој благослов најдете др кумови аа тој како тоа да чекаше оо добро ако фала и јас така мислев :fubar: и ги откажавме,и сега ова лето се нафативме на другар од мм со кој се дружиме им бевме кумови на свадбата супер поминавме се договоривме за се,сега чекаат принова ете се дружиме излегуваме се идеме едни кај други сега за сега е супер ама почитта е најважна јас мислам,ете не треба кој знае што ама барем да се знае
     
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2011
    Messages:
    2,337
    Likes Received:
    6,902
    Gender:
    Female
    Убаво знам јас колкави се трошците на кумот за свадбата, а во тие трошоци може да има удел и невестата нели. Денеска се` повеќе невестите сами си го бираат бидемаерот или пак даваат инструкции каков замислуваат да им биде, па се кажуваат и желби за торти доколку имаат тематска свадба и сл...а сите знаеме дека има бидемаер и БИДЕМАЕР. ;)

    Значи зависи од кумовите, до ден денес моите ''бовчи'' повеќе натежнуваат и не верувам дека тоа во иднина ќе се смени. Ама за тоа јас го обвинувам мм кој е широкоград (иако е егеец :lol: ) и последната пара ако треба ќе ја даде само да не биде она- а бе не сакам утре да ме зборат.
    Додека јас како тетовчанка повеќе сум по она другото-кој на мене толку, јас на него исто толку, ако ми носиш- ќе ти носам, а не само јас да носам ,а ти да се правиш на три и пол. :!:
    Затоа до сега неколку пати бев, ај така да речам, изиграна и разочарана.

    Моите кумови си гледаат да им се исплати поклонот, т.е. да не се во загуба што е апсурдно...не може јас како кумашин повеќе да ги дарувам и за крштевки и за родендени и за празници и за се`. Се знае кој треба да дарува, се знае кој треба да го отвори новчаникот. Затоа не секој се нафаќа да биде кум.

    Инаку за болдиранота...на самата свадба бовчите за кумовите ги спрема таткото на невестата, а не младите, така што бабата лошо проценила, младите ќе враќаат на кумовите, а не на таткото на невестата. ;)
    Така нели :)
     
    ilipili likes this.
  3. mariatim

    mariatim Популарен член

    Joined:
    Apr 29, 2010
    Messages:
    1,159
    Likes Received:
    12,529
    Gender:
    Female
    лолита...сограѓанки сме :rofl: и да што викаш има бидермаер и бидермаер,еве ние сега кога бевме кумови кумата сама бираше но предходно се договоривме до колку пари тоа тоа и тоа,и немаше бовчи,се договоривме само мегу нас младиве поклони во плик да размениме кој колку може,зашто на денешницава не се стига баш се
     
  4. awl

    awl Популарен член

    Joined:
    Mar 23, 2012
    Messages:
    624
    Likes Received:
    1,131
    Gender:
    Female
    Инаку за болдиранота...на самата свадба бовчите за кумовите ги спрема таткото на невестата, а не младите, така што бабата лошо проценила, младите ќе враќаат на кумовите, а не на таткото на невестата.

    Во нашите случаи невестите ги правеа бовчите- сите работеа, но во два случаи ни го кажаа буџетот и сами си биравме што ќе има во бовчата, не е традиционално, но ми се допадна. А бидермаерот... е тоа е друга приказна... да, добивав инструкции каков да биде, ама не кажав колкав е буџетот, си платив колку требаше и тоа беше тоа. Рака на срце, најнапорна беше свекрвата кај еден од трите бидермаери- ме отру- но брзо ја замолчив- ама тоа е друга приказна...

    На крајот секој си ги знае причините зошто го одбрал баш тој човек за кум, кумот треба да е почестен, а за растурање на односите- виновникот си го носи гревот (по мое мислење).

    Во однос на делот, кој на мене толку, јас на него исто толку, ако ми носиш- ќе ти носам, а не само јас да носам ,а ти да се правиш на три и пол. целосно те оправдувам, особено ако се трудиш да ги испочитуваш неколку пати, а на крајот остануваш :o од „вниманието“ што си го добил/а, но тоа, според мене, е така во повеќе „сфери на размена на подароци“.
     
    karak likes this.
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,014
    Gender:
    Female
    Aко на некој не му е дојдено до кумство зошто воопшто го прифаќа? Само затоа што неговите биле кумови на родителите на кумашинот. Абе ајдеее, боље одма нека рече не....него ли ради реда кум и после очи да не си видиме.
     
    karak and Hopeful like this.
  6. baby-star

    baby-star Популарен член

    Joined:
    Feb 8, 2012
    Messages:
    2,477
    Likes Received:
    10,927
    Мене ми е стварно жал што полека полека и традицијата со кум губи од својата првична замисла.
    Сега со новите верзии, кумот да ти бил најдобар другар ми е стварно без врска.
    Почитувам кум и кумство и мене ми личи како понормално кумот да не ми е генерација.
     
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Joined:
    Jun 23, 2011
    Messages:
    1,851
    Likes Received:
    758
    ај кажете и некој збор за оваа ситуацуја :D :x
    мајка ми и татко ми беа кумови старо кумство од баба ми и ги прашаа моите се нафатија и се спремаат за свадба и овие ни две ни три се изјаснија дека они веке биле во собрание се регистрирале а како кум некој другар нивен се потпишал и моите беа кумови само во хотеот јас му викав откажете што се нафакате да носите поклон само и торта и да им заиграш оро??? ама ај мајка ми не бива грев е да им одкажеш потоа јас го крстив првото девојцето а брат ми второто машкото и од тогаш се немаме видено му испракав јас честитка за н година не вракаа а најтрагично е што кумашинката оди на флизерка на мајка ми комсика кука до кука мажот и ја чека во кола а не влева кај кумот :x
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,014
    Gender:
    Female
    ^ако било само кум за во ресторан,боље ништо да не било.
    Работава била меѓу редови имавме кум во матично,вие ај не се нафаќајте.
     
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    1,972
    Likes Received:
    4,100
    ^
    Не мора кумот да се викне за да се потпише во собрание, некои не сакаат да прават свечен момент од регистрацијата во собрание и одат со двајца пријатели пример како сведоци нели бидејќи толку е потребно (ниту родители ниту брат и сестра) завршуваат работа и толку, без слики, камери, веселба и сл... па не гледам ништо трагично што кумот не е повикан, сепак главната улога тој ја има во црквата...
     
  10. ilipili

    ilipili Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2012
    Messages:
    1,310
    Likes Received:
    4,992
    Баш пред некој ден со мојот иден сопуг ако даде Бог правевме муабет на оваа тема.Тој неговите кумови ги нема видено откако беше во војска последно,тоа е некаде пред 8 години од прилика,а од тогаш се слушаат еднаш до два пати годишно по телефон.Но,луѓето му кажале уште тогаш дека кога ќе се жени тој,тие ќе го венчаат,така да ние сигурно ќе ги прашаме нив кога ќе дојди време за венчавањето,а доколку не одбијат тогаш ќе размислиме кој друг би ни бил кум,но кој и да е и двајцата сакаме да е човек на место.Денеска како што е напоменато и погоре често за кум се зема и близок другар на младоженецот,што според мене е во ред доколку не прифати стариот кум,а ако не се праша тогаш според мене не е правилно ако самоволно одлучиме за тоа.За тоа не сум прочитала дали пишува некаде или не,како кажуваат поповите не сум слушнала туку дедо ми ми го има кажано тоа,а во негово време многу повеќе се почитувал кумот.Денеска искрено не се гледа човекот кој што ќе биде кум,туку колку му е длабок џебот што воопшто не е правилно-кум е за да биде со вас во се,а не за парите.Кумовите треба да се со нас цел живот,а не само на свадби и крштевки да ги викаме,затоа и таа врска е многу јака и незаменлива,но за жал денеска некако се повеќе изумира заедно со вредностите на човекот.
     
    Hopeful likes this.
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    1,623
    Likes Received:
    10,358
    Пред некоја година католичка жена ме побара за кума на нејзиниот тогаш осум годишен син. Знае дека не сум ни религиозна а камо ли па да одам во црква секоја недела, или да се молам пред спиење. Ама така сакаше кога при голема кавга со старата кума се одвои и нема било каков контакт со неа.
    Јас може влегувам во црква само заради архитектурата, не се молам, не сум венчана, славам божик заради јадење пиење и подароци а не нешто повеќе, нити сум ги венчала родителите или крстила него. И ега да не и се деси ништо на неговата мајка, ама ако тоа дете остане без мајка, јас сум му втората. Па што ако немам бог во кој да се колнам дека ќе си ја испочитувам задачата, затоа некој измислил граѓански закон.
    Тоа е кумство. И без попови и одобренија од некој трет, правење гревови и кршење традиции, секој има право да си избере кој ќе му се наоѓа во животот и за добо и за лошо. Па сега дали ќе се понуди и предаде кумство на некого пред олтар, во матично, на кафе, или на сред пат, кај нотар, мене тоа ми значи едно исто, а не кој подарил перална на младите, и фрлал ситни пари и леблебија пред црквата за еден ден.
     
    MSkorpionka, AIT, kravce and 4 others like this.
  12. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Joined:
    Jun 15, 2010
    Messages:
    997
    Likes Received:
    1,467
    За тоа што спомнавте дека се’ почесто се бирале кумовите според длабочината на џебот - за жал, точно е.
    Не велам дека нема луѓе што си го продолжуваат кумството или си бираат нови кумови од почит, но сепак има се’ повеќе примери каде кумството, една таква убава и света работа, е базирано на материјална основа, што е навистина жално.
    Имаше еден ваков пример лани овде кај мене во комшииве. Имаше свдаба и самите тие си кажуваа дека кумот им бил многу богат, дека имал не знам каква куќа и кола итн. и работава изгледа беше читај меѓу редови зошто го избравме него. За пусти пари.

    Јас знам дека кај нас, во мојов крај, секогаш се прашуваат прво старите кумови дали прифаќаат. Ако прифатат, во ред, ако не, се бираат нови кумови.
    Демек требало да му се направи чест на стариот кум, да се испочитува, а и не чинело да се прескокнуваат старите кумови и без нивно одобрение да се бираат нови. Зошто не чинело - не знам, секогаш ми велат дека не чинело, најверојатно е некакво непочитување кон Господ, зашто кумовите се сметаат за духовни родители, па би дошло како непочитувањето кон нив да е непочитување и кон Бога, па можеби е и некаков грев, не знам.
    За ова ми имаат кажувано и бабите и дедовците и родителите и така било и во нашата фамилија, па здравје кога и јас некогаш би се венчавала би ја испочитувала оваа традиција.
    А доколку би требало да бирам нов кум, или би им предложила на моите кумови или би бирала луѓе на место, што би ја имале мојата почит и доверба, а и јас нивната.

    Ме интересира, дали доколку не сакаш да го продолжиш кумството со сегашниот кум, можеш да му кажеш дека не сакаш и по твоја волја да го прекинете истото? Дали ако ти самиот си иницијатор за прекинот, се смета за грев, за непочитување?
    Пример, како што кажавте погоре во постовите, причина да е меѓусебна кавга, замерка, оддалечување/немање на меѓусебна блискост?
     
  13. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Joined:
    Jun 15, 2012
    Messages:
    454
    Likes Received:
    296
    Мене муабетов за кум со традиција воопшто не ми држи вода. Која е логиката луѓето што ги одбрал дедо ми во негово време, да се задржат по секоја цена после 50-100 години, откако стариве изумреле, а младиве веќе немаат врска едни со други? Кругот се сменил, генерациите се смениле,едни умреле, други се родиле, новите генерации веќе немаат никаква врска со фамилијата која ја одбрале на времето,различно еволуирале и емотивно и интелектуално низ годините.
    Која заблуда е да се тера традција на стара слава затоа што старите на времето убаво си живееле :o, кога децата не чувтвуваат ништо заедничко и животот им добил скроз различен правец од тој на дедовците.Па со роднните не можеш да одржиш блиска релација после 2-3 колена, не пак со стари кумови.
    Татко ми на времето продолжил по аманет старо кумство и јас денеска не знам ни како се викаат луѓето бидејќи тоа било прво и последно гледање, додека мајка ми за старосватица си ја викнала најдобрата другарка што израснале заедно од својата 5 година и до ден денеска се неразделни не само они, туку и ние децата го поминавме цело детство во дружба и сеуште контактираме и се почитуваме.
    Мислам дека секоја генерација треба да си го формира својот круг според според своите критериуми, традицијата и божјите гревови се тотално неразумна работа за сегашното време на живеење, подобро ние да го одбреме кумот врз основа на нашата проценка и доверба, отколку да се ослониме на некој стар избор со кој не врзува обврска и измислена традиција дека така требало.
    Како тоа кумството од минатото според татковците и дедовците да вреди повеќе и да биде поважно од некои свои релации кои си ги изградил во животот и ти значат нешто во сегашноста и во твојот личен живот?
    А конкретно за случај како на Палчица, доколку се скрши дружбата со постоечки кумови и доколку штетата е непоправлива, треба да се продолжи најнормално животот со луѓето на кои сеуште им веруваш и со кои обострано си значиш и почитуваш,не е крај на светот. Затоа треба да се внимава кој се пушта во животот и да е негуваат убави релации, на крајот на краиштата како што можеа Вилијам и Кејт на свадба да си ги викнат братот и сестрата за сведоци и ние обичните луѓе си имаме брат, сестра, побратим што ќе биде тука, доколку со кумовите се растури работата.
     
    imelda likes this.
  14. darcy

    darcy Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2011
    Messages:
    2,177
    Likes Received:
    5,896
    Многу е подобро за кумови да се изберат луѓе кои ќе ги гледате и вие и вашите деца, отколку некој кој ќе дојде на свадба, може и ќе ги крсти и ќе ве заборави и вас и нив.
    Мене кумот што ме крстил бил од продолжување на старо кумство, баш така за чест, после го видовме кога го крсти брат ми - пред повеќе од 30 години, и од тогаш се нема јавено ни роденден да честита, ни празник, ни ништо. На улица да го видам секако нема да знам дека е тој.
    Зар требаша јас или брат ми на свадбата него да го повикаме? Тој не беше ни поканет, а не уште и функција да му се даде. На крај на краиштата, и тие стари кумства почнале пред 2-3 генерации баш со луѓе кои фамилиите тогаш ги одбрале од пријатели, зошто сегашните да го немаат истото право?
    Ако контактот се одржува и се има желба да се продолжи кумството, тоа е сопствен избор, а не прашање на гревови.
     
  15. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Joined:
    Jan 25, 2012
    Messages:
    1,670
    Likes Received:
    11,528
    Моите викнале пријатели да ги венчаат, од причина што стариот кум е во странство, и не бил во можност да дојде. Ги имам видено ај 10 пати во животот, додека несудениот стар кум, ми бил стварно ко втор татко. Има секакви примери. Ние прво го прашавме стариот кум на вереникот, односно синот негов, кој кога отидовме таму со сите салтанати, цвеке, благо, вино, одговорот беше ахааа, дааааа, ќе видимееее, да поправиме муабеееет, дрн дрн јариња. Чекавме една недела, да не речам сиевме на увото дека ќе прифатат, и ни пукна филмот и му се јавивме, и ни даде благослов да си најдеме нови кумови. Вереникот од работа, право кај негов најдобар другар со кој се од памтивек заедно (со кого се викаа куме уште од кога знам :lol: ) и уште од врата го прашал ќе ми бидеш ли кум, прифати, и сега си уживаме! Секакви случки има! :)
     
  16. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Joined:
    Mar 24, 2012
    Messages:
    395
    Likes Received:
    227
    Читам за кумови и старосват, па ќе ви го кажам моето искуство а беше трагично на ден на свадба да пукнеш. Мажми сакаше побратимот од Белград да му биде кум живееле заедно три години во Шведска ама неговите запнаа стариот кум да биде па , ајде да не кршиме атер на стариве (а стариот кум 70 години) и отидовме и се договоривме и кумов вика ќе дојдам ќе ви бидам кум. АМа ние не правевме класична свадба па седоговоривме за во матично да се најдеме и кога дојдоа сите во матично закажано за во 15 часот , кога 15 и 20 стариов кум го нема никаде,абе да пукнеш , вртиме кај син му на телефон и недостапен, дома кај нив никој нема , не се јавува никој и мм се изнервира отера све у мајчину и му се врти на побратимов од Белград и му вика брате јел би хтео , а он му вика па јас мислев дека и за тоа доаѓам во Скопје... живи бруки ,ама и ете испадна супер да му се исполни желбата на мм, а не на старине ....
     
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    1,937
    Likes Received:
    7,686
    ^ Утврдивте после тоа зошто не дошол стариот кум? :?:
     
  18. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Joined:
    Jun 6, 2011
    Messages:
    1,258
    Likes Received:
    2,391
    стариот кум на мм откажа ни даде благослов да си најдеме нов кум.. е сега другар на мм што се заедно од деца сакаше да ни биде кум ама заради финансиски причини откажа на време и така друг другар на мм исто што се заедно од мали ни е кум а другиот што требаше старосват.. ептен убаво си поминавме на свадбата а и на крштевката..
     
  19. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2011
    Messages:
    500
    Likes Received:
    2,109
    Gender:
    Female
    Мојата кума е генерација со мене, меѓутоа не е на моето дете, туку лично на мене. :)

    Сите добро знаеме дека во СФРЈ припадници на полицијата и воени лица не можеа да се венчаваат во црква. Така венчаниот кум на моите родители беше на обичен лист хартија, а по смртта на татко ми се губи секаков контакт. Поради таквите околности мојата крштевка се одлагаше до 21 година, односно еден ден пред мојот роденден, мајка ми ме седна и ми рече дека ќе се прави и дека имам целосна слобода да си одберам кого сакам за кум/а.

    Без двоумење се одлучив да се јавам кај комшиката - другарка со која се знаеме од мали и да ја прашам на врата со чинија чоколадо дали прифаќа. И секако потврден беше одговорот.

    Планирам за моето дете исто да направам. Прво и најбитно сметам дека во одредена возраст треба да се изјасни дали е религиозно или не. Тоа не може и не смее да се наметнува никому. Понатаму дали некого прифаќа за кум, бидејќи според Библијата кумот е негов духовен татко и треба нему да му е позната и драга личноста.

    Инаку мислам дека е бесврска кумството со мои или другари на идниот маж ми. Не треба да се детализираат причините, бидејќи се напишани во претходните постови. Не сакам никого да ставам пред свршен чин со очекувања дека цел живот дружбата ќе трае.
    Многу проста, но мудра е поговорката дека пријатели и пари не се мешаат, а кумството е токму тоа - облик на пари, врбување на некого да мора секој празник или роденден да ме почасти со задолжително присуство или најголем подарок (впрочем у поново време затоа и се бираат кумови со длабок џеб), во спротивно другите гости ќе прашаат „А кумот ќе дојде?“.
     
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Joined:
    Jul 2, 2011
    Messages:
    2,129
    Likes Received:
    1,800
    Многу е убаво кумот да ти е најдобар пријател и навистина да ти е како брат или втор татко на детето, што се вели... :)

    И зошто ние повеќето млади не можиме да знаеме и осетиме што е кум, заради што мораме да го имаме стариот кум, кој не знаеме ни како се вика, ни како изгледа... :^)

    Ако на дедото, таткото тој му бил најдобар пријател, па кум, зошто и ние да го немаме тој `луксуз`, кумот да е наш човек.

    Не за друго, ама и меракот, славењето е многу поголемо !!!!!!!!