1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на кум/старосват

Дискусија во 'Брак' започната од Palchica, 25 декември 2012.

  1. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    ма какво утврдување, мм дури и неколку пати ги бараше на телефон после тоа немаше никој а дома кај нив не сакаше да оди (егото му е поголемо) ама мислам дека се е тоа масло на стариве негови, со некој муабет што се слушна покасно (можда кумов стар се навредил незнам што да кажам) ама како и да е до денес муабет не сме скршиле со нив , ниту сме ги виделе
     
  2. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Еве и ние се наогаме пред ваква ситуација.
    Не венчаше стариот кум, по традиција од фамилијата на мм.
    Кога беше времето пред венчавка свекрвами инсистираше и старосват да ни биде синот на старосватовите кои нив ги венчале, мм нема никаква комуникација со него, а ниту пак старите, долги години немале дружба, толку голем стрес ми створи, се запна жената така и никако поинаку..
    Ние сме тие кои треба да си живееме, доагаат\одиме во текот на животот, не таа.
    Јас инсистирав, бидејки еве кумот ке биде по нивна традиција, да си одиме по традицијата како што е во мојот роден град, кај нас старосват не викаме, вториот сведок го викаме девер и тој е најчесто некиој билзок на младоженците со кого си живеат, почитуваат и дружат.
    Но, како што кажав свекрва ми направи големи бунтови и не сакав уште во старт да се ставаме на ратно поле, одтидовме да ги каниме, ниту ги знам, ниту пак мажот ми нешто добро го знае,многу непријатна ситуација беше и човекот многу нормално дека не одби.
    Каков товар ми падна, а свекрва ми .... :devil:
    И така си одлучивме страосватови да ни бидат еден пар со кој се дружиме долги години, се запознавме во Црна Гора едно лето додека бевме привремено со работа таму, и од тогаш премногу заживеавме, многу ни се нашле и тие нас и ние нив.
    Е сега моментот кумот, кумот освен венчавката не дошол воопшто, кога се породив мм го викна на прославата на мекици, не отишол, на повојница, не дошле, цела година не се јавиле, еве за роденденот не ни им се јавив, нормално поради ситуацијата цела година уназат, а не се јавиле ни тие да честитаат, а знаат дека прави годинка малиот, син им и керка им ни се пријатели на фб, следат слики, ни лајкуваат.
    Кај свекрвами се ваделе дека немале време, за мене тоа е неприфатлив изговор - година дена да не најдам саат време да направам чест, да си го видам кумашинчето, не можам да сватам.

    Е сега бидејки како што кажав со старосватовите многу си живееме и многу го сакаат малиот, старосватото го прооде, малиот го обожава, сакаме да ни бидат кумови.
    Мм сега се мисли како да им каже на кумот, бидејки мајка му е таа што повторно ке врши притисок, но не дозволувам веке да се игра по нејзини правила. :emo:
     
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    ДеМело, таа одлука е ваша и само ваша. Нема што свекрва ти овде да се меша! Седнете и разјаснете си со мт што сакате, а потоа само соопштете ја одлуката на свекрва ти. Плус извадете како аргументи тоа што не дошле да го видат бебето цела година! Ова да се случеше на мене, одамна ќе престанев и да ги нарекувам кумови.
    Но, пред се, мислам дека треба и на "кумовите" да им кажете за вашата одлука. Кажете им отворено дека сте навредени од нивното непочитување кон вас и вашето дете.
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    ДеМело, јас лично мислам дека нема потреба да им кажувате на старите кумови. Вие немате никаква комуникација со нив, а и за многу битни моменти не се имаат јавено, па зошто вие да се јавувате да им соопштувате? Очигледно не им значи тоа кумство, за да ги известите..

    А за свекрвата ич не се замарај. Разговарајте си со луѓето кои сакате да ви се кумови, договорете се и само информирајте ја..

    Преку глава ми е луѓето да се понашаат како си сакаат, а јас да се тресам за сите да бидам фер. Нека се тресат они малку јас дали се лутам и јас што мислам!
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.883
    Допаѓања:
    132.484
    Едно искуство на мои роднини да споделам :)
    Младите беа по триестина години, живееа во странство. Сакаа да направат свадба дома. Старите кумови, односно оној кој го крстил свекорот (кој имаше 60 години), живееше во село на планина, и имаше 94 години. Момчето рече, ако сакам македонска традиционална свадба, ке морам да го викнам стариот кум.
    Сепак, оти беше стар, знаеја дека нема да прифати. Затоа, веќе му кажаа на најдобриот другар од детство дека тој ќе биде кум, ама прво стариот да им откаже.
    И свекорот и момчето отидоа у село. СО саати пешки :) СО шише ракија и благо, и го поканија. Стариот одвај го познал кој е 60годишниот дотеран маж. Кога овие кажале, кои се и зошто се, почнал да плаче и кажал дека таква чест никој не му направил. И прифатил :)
    Невестата, кога почна да плаче (баш бев таму) да вреска, старец глуп кум ке ми бидее, јас од огромен европски град, селанец некој од планина ке ми биде кум, старец никаков...Па сиромав, па нема поклон да ми даде голем, нема да ме дарува....мислам дека да не и спукаше маж и и да и рече, ако сакаш македонска свадба, ке ја правиш или нема свадба, мислам дека крај ќе беше.
    Арно ама :) Синот на стариов да ти бил некој бизнисмен скопски, некој тежок богаташ, со синови(внуци) колку младиве. СТариот си кажал дека не може да венчава и го дава кумството на синот, а тој па на неговиот син. Стариот дојде на свадба и побара само невестата да му бакне рака и да го дарува со шише ракија што е старо колку неа. Бидејќи сите ја чуваат ракијата од годината кога е родено детето, за да се пие на свадбата, таткото на невестата од 30 литра, немаше проблем да му даде едно шише. Стариот кум ја даруваше со 9 златници невестата.
    Младите кумови дојдоа со огромни коли, со преубави костуми и жени, со класа 10 пати повисока од младите од странство :) Им купија комплетна покуќнина за куќата у Македонија, за кога ке идат преку летото. Над 7-8000 евра им купија поклони. Невестата ми се чини сврши од радост.
    А другарот кој требаше да биде кум, стана старосват :) И сите задоволни :)
    ПС Невестичево бидејќе си беше материјалистка, по 6-7 години се остави со маж и.
     
    На gjoker4e, VladeMila, mila25ve и 2 други им се допаѓа ова.
  6. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    И нас ни се кумови брат и сестра, тука така се прави ;)
     
  7. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416
    Ние имаме комплицирано кумство. Кога се зедовме со мм бевме прилично млади па и не ги знаеме баш адетите како одат. Мислевме дека треба да се има кум на веридба па бидејки тој што требаше да биде кум откажа набрзина најдовме друг. Наша грешка е. Но до тогаш убаво си имаа живеено со мм плус фамилијарен човек. Се беше во ред до пред свадбата. Тогаш почнаа да се наметнуваат и да се мешаат во работите......... И да не должам многу лугето не се друштвени мн ретко идат кај нас. Кумот е весник со мм а секојдневно се дружи со свекор ми. Кај него оди нагости кај нас не идат. Многу слаба комуникација имаме да не речам никаква но не го откажуваат кумството. Тој постојано го напаѓа мм пред свекор ми и ни прави проблеми но тоа е. Тешко нас со такви кумови
     
  8. DaisyJohnson

    DaisyJohnson Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2017
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да прашам многу нејаснотии имам.
    Кумови сме, поточно моите на венчавка кај луѓе, стариот кум ги одбил нашиве прифатија. Ние со брат ми сме на децата он на машкото, ја на девојчето.
    Свекрвата, како да ја наречам на кума шините мајката на кумашинот има два сина, јас и нормално вратот на кумашинот живееме близу генерација и сме излегле неколку пати, сепак и на гости сме биле и они биле и све. Па отидов јас сама на гости секако со цел да ја видам старата да поседиме со братот на кумашинот и тоа. Само што старата не ни сакаше да излезе да се поздрави само ај си реков стар човек ова она не може.

    Излегуваме на кафе пак со братот на кумашинот и јас се враќам дома на телефон женава попара не направи. Што све не ми изнарече, што сум барала ја да искачам со него, зошто не сум му местеа другарка (во превод мислеше дека циљам кон син и, а не дека немаше некоја симпатија ама беше обострана сем тоа ништо) о а карактерно привлекување.

    Женава кога ме грабна све ми изнарече ме направи мифка, од оросп... подоле. И пробувам да и објаснам вака ние живееме се палиме ова она, неќе ни на слушне не запира само збори како на лента. Толку ме навреди толку се осетив катастрофално, па си реков сега бар ќе му кажам на другаров/братот на кумашинот вака и вака јас и ти живеачка поќе не може ради ова, ова и ова. Ама не, недоразбирање е бла бла.

    Е сега совет да зборам со кума шините да им кажам, пошо веќе и на граница сум да откажам како кума знам дека не чини и не сакам ама нешто во мене има што е толку уредено пет дена притисок ми се крева. Не само мене та и на моите ги извреѓала, нормално за мене страв зошто јас сум излегла со син и.

    Ај совет ве молам, како да постапам. Јас со неа не сакам контакт нема ни да имам, Навредена сум нека е и постара сепак кума сум. Со другаров/братот на кумашинот ми расипа живеачка ок...
    Ама за кумството на девојчето што да правам. Правилно ли е да откажеш? Мислам според религија. Нели велат што е на небо Бога, на земја е кум.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Не разбрав, децата крстени се веќе? Ако се веќе крстени, нема што да им одбиваш. Кога ќе дојде време да се жени момченцето брат ти ќе може да си реши дали ќе ги венча или нема да ги венча.
    Инаку жената претерала, но во право е. Нунковците (кои неправилно сега се нарекуваат кумови, под српско влијание) и кумовите (т.н. кумашини исто под српско влијание) се во духовно сродство и духовен инцест претставува мешањето на нунковците со кумовите.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DaisyJohnson

    DaisyJohnson Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2017
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Крстени се да. Нејсе знам што претставува кумството и како на жената и паднало на памет дека може да има нешто тоа не ми е јасно.

    Крај краева и да има еве што немало, сегде различни традиции господ знај само како е правилно
     
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Негде има традиција да се земаат и први братучеди, во древниот Египет се земале и браќа со сестри... Сегде различни традиции, но ние овде зборуваме за православната и македонска традиција. Според неа не бива да сте во врска со чичкото на девојчето, кое сте го крстиле.
    Нормално и мајката на чичкото морала да биде покултурна и нормално да ви укажи, што бива, а што не бива без да користи недолични зборови...
     
    На cresa-jagoda и DaisyJohnson им се допаѓа ова.
  12. DaisyJohnson

    DaisyJohnson Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2017
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Тоа ми беше мене. Иначе кој би се осудил на такво нешто мислам стварно чудно ми е како може да и падне на памет за такво нешто.

    Иначе уште едно прашање откажување на кумство како се смета религиозно?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Ништо страшно, посебно во вакви ситуации. Само не може да се врати назад. Ти си му нунка на девојчето. Тоа не може да се поништи.
     
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.929
    Допаѓања:
    36.030
    Пол:
    Женски
    Јас не би го откажала кумството заради бабата. Да не сакаш да го откажеш за да можеш да бидеш со типот? Сериозно те прашувам, инаку не гледам причина зошто би го откажала. Не го откажувај освен ако навистина не сакате да бидете заедно со типот, а ни тогаш.
    Се зависи од тоа ти колку си религиозна. Секој различно ја сфаќа религијата. Според религија сигурно не е добро да откажеш кумство ама ако станува збор за љубов не знам дали љубовта иде пред кумството во религијата или обратно, најдобро да прашаш во темата Религија за откажување на кумство, таму ќе добиеш најсоодветен одговор.
     
    На DaisyJohnson и simona_baby им се допаѓа ова.
  15. DaisyJohnson

    DaisyJohnson Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2017
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Веќе реално и да сакав да бидам со типот поќе имаше од негова страна само што да правиш. Ниту згрешив јас ниту тој со почит се беше. Точно е религиозна работа, јас го откажав кумството бидејќи добив навреди.

    Очекував разбирање од помладите не добив и кажав. Мада како што спомна членката погоре веќе е крстени детенцето така да... Само што живеачката ќе ја нема почитта исто и тоа.
    Јас со тој тип моментално што велат злато да ми го наредат не би била заедно (не дека љубов се купува со пари). Само има по македонијава некој менталитет закоравен да не речам.
    Ем шуто ем биде, нека си поправи дворот прво а старата мене ми се фрли стварно свашта има.


    Иначе колку што јас знам кумството е духовно пријателство, нит си рода нит ништо ама на прво место доаѓа кумот секогаш. Долга е приказнава, зошто не сум му нашла другарка за девојка бре а сум излегла на дружба чиста дружба со детето?! И Боже, зошто не одам јас да барам некој да ми бара затоа што сматрам дека секој е способен да најди ако сака, ако не тогаш не сум јас крај краева таа што треба да бара. Ова со љубомора тешка ми го рече што барам јас со него да излезам дење и тоа сред луѓе...
     
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.929
    Допаѓања:
    36.030
    Пол:
    Женски
    И во првото мислење ми беше тешко да те разберам и во второво, пишувај за да може да се разбере кога чита некој друг.
    Значи ти веќе си го откажала кумството? Не сум сигурна дали добро сфатив.
    Ако така ок продолжуваш со животот и тоа е тоа.
     
    На MissBreezy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DaisyJohnson

    DaisyJohnson Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2017
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Да да, денес. Зборев со помладите и тие нешто ау мау во право била старата и реков јас навреди нема да трпам. Така да живот иде даље тоа е да :)