Промена на средина

Дискусија во 'Психологија' започната од yawn, 19 август 2011.

  1. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    694
    Секој од нас барем еднаш во животот се нашол во една таква ситуација..

    Мислам дека сега ова е актуелно,со нашите нови студенти и гимназијалци (на кои им посакувам среќа) :)

    Исто се мисли и за промена на местото на живеење,за ново работно место итн.

    Како се навикнувате на новата средина,стрес е тоа за вас или го прифаќате како интересен предизвик и
    како се справувате со несигурноста и тремата?
     
  2. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.092
    пред 7 години јас се селев и искрено одлично се снајдов, можеби ради тоа што 1 година и некој месец претходно идев додека куќата ми беше во изградба, па и потоа некој период откако беше се средено не се преселивме одма само така си идевме на ден-два и на крај јас еден месец пред моите се преселив таму и убаини тој месец, секој ден журчиња. и така дечки, само 1 месец имам искуство како самостален :lol:
     
  3. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.238
    Би сакал ова да им послужи како некое охрабрување на идните напатени гимназијалци и студенти кои ги очекува промена на средина.

    Јас завршив факултет во странство, во земја за која ми дадоа виза за еден влез. Тоа значеше дека првите 4 месеца не се вратив дома, и не се видов со ниеден близок. Ми беше втор пат во таа држава и прв пат во тој град. Јазикот и улиците не ги знаев. Тргнав 10-ина дена порано, за да најдам сместување и да се прилагодам на средината, завршував изгубен на десетици улици, со мапа во раката и пасош, во случај да ме застане полиција, да не изгледам како илегален имигрант. Бев едвај 19 години тогаш. Не велам дека ситуацијава ми била спартанска, а моментално само се смеам кога ќе ми текне, но споредете со вашата ситуација. Шансите се дека нема да ви биде толку fucked up колку што очекувате.

    Ви посакувам само успеси, будучи факултетлии и средношколци :hug:
     
  4. Panicarka

    Panicarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    19
    И јас се пронајдов.... прв пат во 2008 година бев одделена од моите и 3 месеци не видов никој.... потоа пак во 2010 ,3 месеци одделена...а сега 1 година....на почеток е малку тешко...ама се навикнуваш.... и сега не ми се иди во Македонија.... :D
     
  5. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Немам пишано подолго време, бев избегана од земјава, и поради некој законски причини морав да си дојдам, а истовремено имав уписи за факултет бидејќи се запишувам во друга земја која што е во ЕУ и има подобри услови.
    Дојдов пред недела овде но таа ми беше со уписи, малку одмор од пат и немав многу време за ништо.
    Пред да отидам имав и некои средувања за промена на државјанството,сега тоа се среди и уште некои други работи, но да преминам на главното т.е мојот проблем.
    Во една од моите предходни теми ви имав пишано за моите проблеми дека тука не ми е убаво, напињав за бившиот кој што беше психички и физички нестабилна личност и од лоша фамилија, и дека сакам да си одам.Отидов, и можам да кажам дека таму се променив многу.
    Страв ми е од тоа што кога се вратив нигде не ми се излагаше,нејќев никој да видам, само лошите работи ми се останати во сеќавање, не сум повлечена бидејќи ваму имав друштво излагав..Имам само срам заради тоа што бев заглавена со малоумен, што се дружев со дебили и што учев во провинција..Иако не мислам на ова осеќам како вина и срам што сум била со најдолните..Имав многу луге со кој што зборев а од кога дојдов станав омразена, ме викаа предавник, немам ни здраво со нив, додека јас ги гледам како гревови, одбивни ми се и ги жалам бидејќи знам какви се..Истовремено и немаме здраво, а кога ме гледаат низ градов ми се лепат..Друга работа е што осеќам дека многу почнав да навредувам..Незнам дали е навредливо, но станав за се директна..Исто добив одговор дека се разочарани од мене..
    Незнам што да правам загрижена сум многу..Сакам да ги заборавам сите и се од тука, ништо не ме врзува, но знам дека треба да се самоконтролирам малку и да го решам тоа на мирен начин..
    Но страв ми е од оваа промена ми дојде премногу.. :doh: Со моите дома ништо не зборам, а мислам дека сум приметна..Се замешав и многу во некои групи против македонија и сваќам дека не е до мене дека имам многу истомисленици...
    Како да го надминам проблемов? Несакам да се враќам овде ни за празници ни за распусти, а се плашам за таму иако мислам дека ќе е добро..
    Како да заборавам на се? Што да направам? Многу ми е страв, знам дека не е добро да сум цело време дома но неможам овде а до октомври има уште многу време :sweat: Како да се до сменам правилно?
    Се плашам да не направам и некој поголем проблем..
    Како да го надминам срамот или комплексот за досегашниот период? Дали сум асоцијална? До мене ли е?
    Не сакам да се сменам т.е да се здружувам со никого само сакам да го решам проблемов..
    Сте биле ли некогаш во ситуација се да ви било одбивно? Сте имале ли срам од минатото?
    Сте смениле ли средина? Сте биле ли кон сите што ке ги сретнете агресивни? Да ви станат одбивни само затоа што бараат нешто од вас?
    Како сте го надминале ова? И како сте биле прифатени од некоја нова средина, било да сте се преселиле, смениле училиште или нешто друго..Се плашам како ќе биде одвај чекам да отидам но се плашам многу..Совет знам дека досаѓам но нема кој друг да ми помогне :sweat:
     
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.812
    Пол:
    Женски
    Страв ми е

    Како мислиш се зачленуваш во групи против Македонија не сфатив тоа :^) . Луѓето се менуваат и ти се менуваш, не треба на никого да му се правдаш или нешто да му објаснуваш биди тоа што си. Јас, да сум имала периоди кога од се ми било преку глава, кога сите ме нервирале и кога ми дошло се да искршам, ама се навикнав на новата состојба мораш и ти. Стекни нови пријатели и така најубаво ќе се вклопиш. Новата средина гледај ја како нова можност да ги натераш луѓето да те засакаат. Дома, ако не ти е пријатно не мода да им кажуваш, само гледај да се запознаеш со некои позитивни личности и биди во друштво каде оптимизмот и позитивната енергија брзо и лесно се шират. Позз :)
     
  7. figura

    figura Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    jas potpolno te svacam no kako da si pomognes neznam koga ni jas sebesi nemozam da se razberam samo znam deka si razocarana od ljugje koi si gi sakala nemas na kogo da se potpres i jas bi sakala da me snema od ovoj grad ovaa zemja .AKO SI NEMAZENA BEGAJ OD OVDE uci raboti bidi jaka najdi covek koj ke ti odgovara vo sekoj smisol zaboravi se i vracaj gi secavanjata
    [mod-kirilica:25iegfvm][/mod-kirilica:25iegfvm]
     
  8. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    78
    Страв ми е

    абе остави ја ти македонија што има врска македонија со твојот проблем? :) такви луѓе има и тоа е што ќе правиш? мислам дека премногу се замараш и комплексираш ти самата вака каде и да одиш нема да ти биде убаво искулирај малце, не мисли на тие што те нервираат стави ги на игнор и така :)
     
  9. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Страв ми е

    Работата е што несакам да ги враќам сеќавањата сакам да ги избришам,сакам да сватат дека не е добро така да судат дека не се во право и дека само малоумен човек е како нив..И сакам да немам срам премногу ми е срам од лугево што ги знам сакам целосно да го отфрлам овој живот и се..
    Од септември нема да живеам тука но ни на гости несакам да идам..Променава премногу нагло ми дојде и затоа ми е страв.. :worried:
     
  10. glenn

    glenn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    43
    Страв ми е

    опушти се, ова ти е само период..сите имаме такви, не бери гајле...колку повеќе мислиш на тоа, толку повеќе се напнуваш и е уште полошо... секоја промена е тешка, ти треба само време да ја процесираш.
    Ретко кој е рамнодушен на промени, па најверојатно од таму потекнува таа нивна разочараност од тебе, ако може воопшто така да се наречи..на малку луѓе им одговара искреност, таков ни е менталитет. Многу е подобро кога ќе кажеш што мислиш, отворено да потенцираш што мислиш дека е во ред, а што не-така само ќе бериш во тебе и кога тогаш ќе избувниш па ќе биде многу полошо.
    Сфати го ова како нов почеток...допрва ќе запознаеш нови карактери, не се сите исти и тие ќе те гледаат тебе, ќе те запознаат каква си, а нема да ги слушаат другите мислења воопшто, нема ни да ги интересира што некој сосема 4ти зборувал за тебе.
    Ако ти е некоја утеха, и јас се преселив во друг град кога дојдов на факултет, и јас доаѓав од провинција, бев без моите најдобри пријателки, без семејството (за кое бев многу приврзана). На почетокот ми беше чудно, гледав што побрзо да се вратам дома, колку ли само пати сум се каела што воопшто сум дошла да студирам во скопје, мислев дека луѓето кои ме опружуваат се дебили, препотентни (со исклучок на 3-4), ретко кој ми одговараше за муабет и ги делеше моите интереси, мислев дека никогаш нема да се снајдам па на крај се испадна ок, па дури и повеќе од ок. Сега сум дома само 2 месеци во годината (ако воопшто се и толку) вклучувајќи го и летниот период, некако не ми се ни бега од овде...
    Мој совет, опушти се, не се напнувај, знам дека е тешко, но верувај ми дека кога тогаш се ќе се среди, работите ќе си дојдат на свое место
     
  11. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    1.410
    Допаѓања:
    3.950
    Пол:
    Женски
    Првата промена е најтешка, после е лесно.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    2.769
    Допаѓања:
    53.136
    Колку и на почетокот да изгледа тешко, човек навикнува.
    Јас не сум го менувала местото на живеење (во смисла на друг град или држава), така што не можам да кажам ништо во врска со тоа.
    Менувањето на средина во врска со работно место, факултет итн. по првичниот ,,шок'' обично носи многу нови, незаборавни и убави искуства и познанства. Само треба да ја смениме перспективата и да се фокусираме на новите можности што ни ги носи новата средина.