Па си сакам рутина, сакам се' да ми е под конец. Промени сакам само доколку ветуваат нешто поубаво, позитивно и со сигурност знам дека ќе ме направат посреќна. А кој би го знаел тоа, додека не ризикуваш и не пробаш? Генералниот став ми е дека промените не ги мирисам баш најмногу, ама не' стигнуваат и се неизоставен дел од животот.
Промени, да.Но повеќе ситни, на пример како преуредување на собата, нова фризура, нов стил на облекување или размислување ( но постепено. ) би ми дошло ко освежување. А за преселување во друг град или држава, порадо би се преселила во друга држава отколку во град.Во друг град мислам дека нема нешто да постигнам и да видам, пошо и онака живеам во голем град зашо би се преселувала во друг, помал ? а во друга држава, поголема и поразвиена, ќе имаш поголеми и повеќе можности, за да станеш некој.јас би можела повеќе да се преселам на друг континент, на пример во Австралија ( мн сакам да идам ) отколку во друга населба или град.
Уф мразам промени ... значи толку тешко се навикнувам на некои големи и тешки промени што не знам ... засекогаш трага врз мене оставаат ... промени кога ке изгубиме сакана особа ... кога веќе не си со тој што го сакаш ... промените дома на полошо ... смртта на некој близок ... едноставно имам многу такви белези на мене и повеќе сакам се да си тече по една линија и да не се менуваат така лошо работите . ... а ако се работи за ситници како дризура ... нешто во соба да сменам ... место на излегување ... тогаш што знам не влијае тоа многу на мене ... знам да направам драстична промена без да се замарам зашто сакам да сум различна од другите ...
Зависи за какви промени станува збор.Ако се некои поголеми промени како селење,промена на работно место и сл. нормално дека потешко ќе ги прифатам.А оние ситните промени се добродојдени.
Мене баш ми треба некоја промена сега.. многу би сакала да си ја реновирам собава, се да променам околу неа, бојата на зидовите, украсите, креветот, шкафовите.. Се. Убаво би ми дошло. И онака плавата и зелената боја релаксираат и опуштаат.
промена ДА но само на подобро,би сменила многу работи но нема да ми биде тогаш интересно,сега за сега сакам и напнатост и еуфорија и проблеми инаку животот не би бил интересен за мене.кога е се нормално и убаво тогаш би сменала со подинамичност на секое поле!
Во принцип сум човек кој сака промени и тоа многу, многу брзо ми здосадува нешто веќе видено. Ми здосадува распоредот на предметиве во собава, за тоа на две недели си имаат нова позиција, ми здосадува истата фризура повеќе од 3-4 месеци. Ги сама промените, но секако на по добро, од пред некое време сменив дел од моите навики, конкретно со храната, сега се хранам по здраво, си го сменив начинот на комуникација со луѓето (нема шлапатање со секој за се и сешто, златна дистанца чуда ти правела ) Секоја промена е тешка на почетоткот, но ако доволно сакаш да биде така, само тогаш ќе успееш.
Да јас сум за промени,сакам нови нешта,некој работи многу брзо ми здосадуваат па сакам да ги сменам со нови и подобри,а старите никогаш не ги заборавам бидејки некогаш и во нив имало нешто добро и интересно
Уф, тешко прашање за мене... Толку сакав промени, што на крајот и претерав со нив и си креирав многу понапнато и понервозно секојдневие, кое траеше 3-4 години од мојов живот. Затоа, сега, после сите тие луди пубертетски години во кои многу ризикував, и многу добив, но и изгубив, би прифатил да живеам едно „монотоно“, но мирно секојдневие, и да уживам во секој момент од него.
Panta rei - се тече, се се менува, ништо не е како што било. Во тоа се состои убавината на животот. Се навикнувам на промените се додека има надеж за душевен мир...инаку не сум од оние кои “си ја бараат бељата“
Убаво е да се има промени доколку тие водат кон подобро,полесно,поисполнето.Нема да има монотонија нонстоп со различно ке си бидиме преукупирани
Со 2 збора - мразам промени!! Мене тешко ми е да го сменам местото на излегување, а не пак нешто друго. Си го сакам ова мило мало градче со сите негови убавини и недостатоци и би ми било многу тешко да се привикнам на друг град и нова средина. Се имам селено само еднаш но кога бев мала и повеќе не би сакала. Училиште немам менувано. И за дечко тешко би ми било. Таква сум навикната на секојдневието. Едно друшто, една улица. Се мислам да се шишам кратко но некако неможам. Истата фризура ми е секој ден. Се е исто кај мене и многу тешко се навикнувам на промени. Незнам како ќе ми биде на факултет во друг град, сигурно многу тешко!
сакам промени во животот и тоа почесто го правам само зависно за што се работи само кај едно има исклучок мојот дечко е него за ништо на свет не би го сменила
Добредојдени ми се промени.. до сега да можев незнам какви не промени ќе направев.. Со раширени раце ги чекам. Ми се пуке од животов мој па да, би направила промени. Би сменила училиште, место на живеење, нови другарки итн. Зошто да не, мислам би поднела а и добро би ми дошло.
Сакам промени во животот,малку да го променам зошто вака веке здосади ... но секој ден е нова промена во животот и тоа доаѓа без ние да забележиме
За мене промените во животот се нормална работа, и настојувам постојано да воведувам нови нешта. Особено сакам предизвици. Досега три пати сум сменила школо, затоа што ми беше досадно во една иста средина Најмногу ги сакам ваквите крупни промени
сакам промени и до сега имам направено неколку промени и во друго училиште (средно) и на (друг универзитет, и друг факултет) и промена на фризура,боја на коса, па и стајлинг и промена на момче(од долги врски,мувања, проби, врски по неколку месеци,но кога не оди-не оди сега сум сингл) е само другарките се исти, нив не би ги менувала поинтересно е некако со промени, а понекогаш човек има потреба од нив се тече, се се менува
Па, искрено да си кажам не сакам промени, не сакам промена на место на живеење, на училиште или работа... Мислам дека не можам лесно да се навикнам на промените... Но, некои промени во животот се неизбежни, разделба или развод, стапувањето во брак, раѓање на деца се сепак промени во животот на кои се навикнуваме. Сакам мали промени, на пример, преуредување на собата, мала промена на фризурата (никако од многу долга па машка фризура )...
Промени Да ама барем во нашево општество не ни се нуди кој знае каков избор ... На пример може ли да си замислите да промените работно место кое ете така не ве исполнува ама е солидна платата колку и да сакате колку и да ви е тешко ќе си трпите ,зошто ? ! Во друга земја оставаш една работа си наоѓаш нова се селиш во друго место максимум 1 месец ќе си средиш живот ,кај нас е се така потешко па не само од финансиска гледна точка ама сега да им кажам на моиве еј јас се селам на пример во Битола нејќам тука повеќе не сум среќна ќе ми речат да не гледам многу филмови и знам дека во 80 % ако не и повеќе е вака барем во нашава земја секоја чест на исклучоците