1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промени во животот

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 5 февруари 2010.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Сакам промени, нормално ако ветуваат донекаде нешто позитивно...Често чувствувам и страв покрај возбуденост и радост, но не толку силен за да ме одврати од промените...А имам потреба од нив макар биле и најситни како што е пример менување на фризура, промена која секогаш ја правам кога чувствувам некое внатрешно незадоволство, некој немир, па за чудо отпосле секогаш ми е подобро, олеснето...
    Сакам и големи промени како менување на место на живеење, нови лица, нови искуства...Можеби не секогаш сум била толку спремна на истите, но со сегашниот партнер до мене се чувствувам сигурно и полетно, како да можам да го освојам светот...Многу помалку страв во секој случај...

    Природна е мислам потребата за промени, а дали се има храброст или можности за истите е друга работа...Иако познавам и луѓе кои и на најмала промена реагираат бурно, паничат. Би седеле во сигурноста на својата фотеља засекогаш без ни прекривка за истата да сменат, или би останале во лоша врска или брак заради тој страв од промени, па дури и цел живот би носеле иста фризура...
    Јас тоа сега за сега не го можам ниту го сакам, имам чувство дека ме 'уназадува'...
     
    На WarriorAngel и Magnolija им се допаѓа ова.
  2. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    До сега сум направила многу промени доброволно. Најновата е дека се преселив во друга куќа. Но и да не сакаме животот се менува. Така еден ден нормално си станувам, си одам на училиште и доаѓаат на час ми кажуваат дека мајка ми умрела во сообракајка. Животов сосема ми се смени. Во еден момент имав мајка која бескрајно ја сакав и ја сакам во друг ја сменува и сите планови во животот ми се сменија.
     
  3. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Мразам промени. Едноставно јас сум човек кој кога ќе наиде на нешто ДОБРО останува на тоа, не се стремам кон подобро. Доволно ми е да е добро, нека остане така само да не треба нешто да се менува.
    Не сакам да ја менувам фризурата, не сакам да менувам парфем, не сакам да правам промени во собата, не сакам да менувам партнер, не сакам да менувам друштво, не сакам да ги менувам дестинациите до кои патувам.. Едноставно од најбанална до најголема работа во се ми пречат промените, буквално ме исфрлаат од колосек.
     
  4. MorgaNa

    MorgaNa Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    11
    Aј наведете ми некоја промена да си воведам , за да ја разбијам малце монотонијава... :D
     
  5. Lauri4ka

    Lauri4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Промени промени и само поромени и еве ме сега во неизлезен лавиринт :@ поради лоша финансиска состојба ја прифатиф понудата од едно дете да студирам надвор од државата со договор дека помегу нас нема да има ништо се додека јас така сакам. ама еве веке два месеца како дојдов овде да студирам ма колку само зафрканции со документи со испити додека да се запишав сакав на медицина не успеав и ми рекоа да одам на науки и наредена годиа продолжувам на медицина, се смирив малку само д анапоменам дека поради финасиски проблеми мораше да се откажам од медицината во македонија поради што и ја прифатив оваа понуда.ама еве овде не успева на медицина дури во понеделникот ми кажаа дека можам да почнам со предаванје на науки денес наместо на предавање јас седам на фемина :) али не за друго нова средина јазик најубаво незнам поима немам кај точно ми е факсо од страв не отиде ни д аго побарам. а детето рече дека нема д аима ништо помегу нас само ке ми помогне да успеам затоашто многу ме сака ама еве тоа траеше до вчера сега сака неш повеке од мене ма се ми мине низ глава дали тоа беше најголема греша во животот што ја имам направено незнам лелле незнам али многу лошо се чуствувам во моментот незнам што сакам што д аправам :@ дај кажете неш што би ми помогнало д ае мисалм толку мн бидејки мислам дека веке се побркувам од толку нервоза каенје страв :sweat:
     
  6. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    ... но, не радикални промени.

    Сакам промена во мојата соба, во фризурата (баш сега имам пократка коса), луѓето околу мене.. да пробам нешто ново во животот и сл.

    Некако последно време имам голема желба за промени, порано не бев ваква.
     
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.123
    Пол:
    Женски
    Сакам промени. Воопшто не се чувствувам убаво кога животот ми тече по една иста секојдневна рутина.
    Сакам да запознавам нови луѓе, можам да се прилагодам на многу карактери, на многу средини, не сум проблематична. Би можела секој ден да живеам во различен град. Е, верувам дека со фамилија не е толку лесно ама и тогаш не би се потпирала на навиките. Секогаш пронаоѓам нешто интересно и ново во се што правам.
     
    На Izaabella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.593
    Допаѓања:
    8.458
    Пол:
    Женски
    Воопшто не ги сакам :doh: . Едвај се решавам косата на неколку години да си ја скратам повеќе,а за друго да не правиме муабет :D . Кога одам на гости некаде на пример во друг град на неколку дена, аууу како на игли да седам, не можам да се прилагодам, па дури и на одмор кога одам првиот ден обавезно фешти правам :rofl: , знам шлакната сум :lol: . Него озбилно, многу тежок карактер сум, па ја како бре ќе се омажам, како ќе одам во друга куќа да живеам уште од сега тахикардии ќе почнат да ме маваат :o :rofl: . Дури и моите предмети колку и да се стари си ги сакам, абе мој се и си ги сакам, имам лап топ постар од мене е :rofl: , брат ми и мојте ме зафркаваат дека време е да го сменам за нов ама не може и точка си го сакам овој, најубав ми е :!: .
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.051
    Многу сакам промени,носат свежина во животот. Моментално дум заробена во монотоно секојдневие и не
    Е лесно психички па барам промени во мали работи.
     
  10. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Мразам промени, сега треба да направам неколку промени но ми е страв. Да идам у друг град да студирам каде што не познавам никој, никој ни на факултет ни цимерки имам некои што ги знам. Се надевам дека нешто ќе се смени на подобро се ми иде наопачки. Јас неможам тек така да отидам во друг град на среќа да најдам цимерки како некои што прават. Да спијам со непознати ни ги знам какви се ни што се. А моите толку запнале со тоа па аман веќе.
     
  11. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Воопшто не сакам промени, чувствувам психолошки притисок. Посебно ако се спонтани или не планирани. Јас сум човек кој планира се, активностите во денот ги планирам еден ден однапред, дури и што ќе јадам ми е планирано. Моментално во животов ми се случуваат големо промени и процеси и не ги поднесувам баш добро. Легнувам со таа мисла, станувам со неа, како ќе биде, дали се ќе се среди, како ќе се снајдам. Нервозна сум и лесно раздразлива, почнав и да ги стискам забите ненамерно од психолошкиот притисок.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Сакам промени,да.
    Понекогаш избувнуван,очајна поради брзиот живот,поради немањето на време за себе.
    Но,кога се досадувам дома,уште повеќе избувнувам и се чувствувам никакво.
    Многу сакам промени.
    Во поглед на станбен план,посебно. :)
    И,да,точно е.Се тече,се се менува.Затоа гледам да не се приврзувам многу за одредени личности,на крај кога дојде време да ни се разделат патиштата многу ми е тешко.Тоа ми се случки со братучед ми и жена му.Многу,ммногу ги сакав,но се преселија,и полека полека се одалечивме.Сега имаат бебче мало,срцушка е,се вратија,ама ја нема блискоста.Ништо повеќе не е исто.Понекогаш ми иде да врескам поради тоа,но,ете си велам,не се секирај,најди си друга радост во животот.
    И добро ми е.Но,понекогаш кога ми минат низ глава црните мисли,страшно се чувствувам.
     
  13. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Ми сметаат промените. Знам и да избувнам. Ги користам сите шанси да вратам се по старо. Ама по некое време и се навикнам. Особено ако нешто спонтано ми се случи мразам затоа што јас се си планирам. Ама се се менува и човек се навикнува на промени.
     
  14. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    По природа не сум монотона личност, сакам динамика во животот. Ама чудна работа имам огромен страв од промени во животот и лесно се приврзувам на местата каде што сум поминала одредено време. Дури еднаш кога си одев од одмор од Закинтос ми се случи да се расплакам само што тргнавме, бидејќи многу се приврзав за местото за само 10 дена. :lol:
     
  15. senorina

    senorina Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    16
    мразам промени.. а у последно време само нешто се мени... сеа сфаќам дека ако целиме кон тоа да вратиме како е било, ќе се повредуваме самите себеси,зашто тоа е минато (или како ја шо викам long gone brother).. додека ако се препуштиме и видиме што ќе ни донесе животот ќе ни е полесно.. но боли... :^) :yawn:
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.950
    Допаѓања:
    11.091
    И јас сакам планирани промени. Некако се друго ми е стрес. Сакам колку што можам да го испланирам животот. Секогаш постои прашањето : што добивам и што губам ако направам промена?
     
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.694
    Пол:
    Женски
    За да направам некои промени прво убаво размислувам и подготвувам терен, а ако само по себе се промени нешто тоа можам да го прифатам двосмислено во принцип мразам непланирани случки и можам да ги доживеам покомплицирано :wasntme:
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Од сите промени најзабележливи се промените кај луѓето. Јас сум во тој период во животот каде се гради карактерот, во младоста и каде многу млади подклекнуваат и се мењаат. Знам некој кои станале популарни и забравиле од каде доаѓаат и какви биле па си ги „дигаат акциите“ па се дигнат и си земаат слобода врз кој сакаат само за да испаднат „фраери и фраерки“, некој кои од бубалки подпаднале пред цигарите и алхохолот, некој на кои почна се во светот да им смета, го заборавиле броењето до 10 па пред се избувнуваат, некој пак само пораснуваат, или други кои брзаат да пораснат, или во промените каде спаѓам и јас, начинот на гледањето на светот. Таа промена ми се допаѓа затоа што, го вадам дневникот кој сум го водела на 9-10 години и читам дека сакам да бидам Х (икс) години (а проближно толку сум сега), сум мислела дека така ќе биде многу полесно, на светот сум гледала како дека е убав како боите на виножитото, дека има многу добри луѓе и така јас само ќе бидам светица и добра и добрите луѓе ќе ми помогнат и ќе ми се смене „пеколот“ во рај. Но, се сменив, знам дека светот не е боите на виножитото, научив дека луѓето не се добри и за да постигнам нешто не треба да бидам само светица и се ќе си дојде, туку дека треба сама да се борам за се, научив дека животот не е фер, дека не секогаш и со секој треба да си добар, можеби станав и малку по насилна (не сум насилен манијак) ама тоа ми помогна тие што ме газеа да си го дознаат своето место, станав затворена личност, ама подобро од колку да му зборувам на секој кој добронамерно ќе ми се насмее да извлече што може од мене па да ме искористи, подобро да останам затворена и да изгледам позитивна, научив и дека некои луѓе кој сум ги сметала за совршено добри, дека всушност не се, дека секој има маани. И оваа промена ми се допаѓа, затоа што некогаш промените се за наше добро :)
     
  19. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Искрено,никој не сака промени за се.Некои промени се прифатливи некои не.Се зависи до човекот.Јас лично сум личност која што сака животот да и тече спонтано,со одредени промени,кои се прифатливи.Буквално сега за мене.Порано бев личност која што верува на луѓето,без разлика дали ќе ги знам добро или не.Бев мирна и не сакав проблеми.Премолчував на оние личности на кои не требаше.А денеска,како раснам,се повеќе и повеќе го прифаќам фактот дека постојат многу луѓе кои се хранат со човечката несреќа,а зад грб ќе се прават добри.Фала богу за среќа си имам најдобра другарка која ми е како сестра,споделуваме се.Но гледам од други искуства.Како поминале,што се случувало.И искрено промените се некогаш застрашувачки.Полека,полека си го градам својот карактер на цврста и стабилна личност и промените кои ги гледам навистина се воодушевувачки :)
     
  20. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Е кој не сака убави промени? РАБОТАТА Е ТОА ДА НЕ НАПРАВИМЕ ГРЕШКИ И СО ПРОМЕНАТА ДА БИДЕМЕ НЕСРЕЌНИ.