1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промени во животот

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 5 февруари 2010.

  1. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    2.770
    Пол:
    Женски
    Јас сум ЗА промени. Животот нема смисла без промени! Едноставно колку и да не сакаме, понекогаш тие сами се случуваат, животот тече низ промени, животот понекогаш не натерува да правиме промени! И неможам да ѓи разберам луѓето кои велат дека не сакат промени, колку и да не сакаат животот неможе да тече без промени! :)


    Инаку не сакам промени од аспект на место на живеење, сакам мали промени, промени во однесувањето, промена на некои навики, промена во стилот на изразување, промена на изгледот, телото, косата, промени во стилот на облекување итн.. :inlove:
     
    На Janina и awayfromyou им се допаѓа ова.
  2. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Мразам промени од дното на душата!! Зошто не може да биде се убаво и среќно како порано??
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Многу лошо ми влиjаат промени,мислам дека се и голема причина што сум во депресиjа.Ми влиjаат дури и климатски промени,и самото менуванjе на годишно време.Морам да научам да се адаптирам брзо.
     
  4. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Јас сум личност што тешко ги прифаќа промените во животот.
    Но,свесна сум дека животниот тек не може да се одвива без промени.Колку и како ќе се одразат врз нас,зависи од нашата подготвеност да се справиме со ситуацијата.Од тој аспект треба да бидеме резервирани за она што не очекува.
     
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.863
    Допаѓања:
    8.368
    Пол:
    Женски
    Порано премногу бев против промените, но размислив дека треба да се гледаат и од другата страна.
    еве на пр. подолго време се мислам да одам да учам во странство (факултет).Моите дома ми велат дали ќе успееш, и се двоумат нешто.Искрено јас сум упорна во работите, тоа ми е најголема желба.

    Ако се‘ се сака, со труд и самодоверба ќе успееш.
    На крајот на краиштата ако сам не се избориш во животот за тоа што го сакаш, џабе е останатото.
    :nod:
     
  6. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.480
    Ако навистина го посакуваш тоа и имаш желба да успееш во твојата намера, тогаш тоа и направи го.нормално е родителите да се колебаат, но тоа не треба тебе да те поколеба.
    Ти посакувам среќа и да ни пишуваш за твојот успех!
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Пак јас околу промените. Абе ги марзам. Зошто се случуваат само лоши промени? Додуша постојат ли добри? Сакам како пораноо! Доказ е дека старото е подобро!
     
  8. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    13.031
    Пол:
    Женски
    Ау, ау. Мразам промени. Секој ден нова промена. Никогаш нема да успеам да се прилагодам и да уживам, ако секогаш сѐ е ново. |(
     
  9. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    ^
    Но зависи κаκви! Многу саκам пρомени, но се ρазбиρа пρомени κои водат κон подобρо. Дуρи и лошите пρомени свесна сум деκа во себе κρијат нешто добρо. Понеκогаш во животот потρебно е да се случи неκоја лоша пρомена за од дρуга стρана нешто да се подобρи. Живот без пρомени не е живот. А и не постои таκов живот, без пρомени...
     
  10. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Дали сакате промени?

    Ги обожувам промените. Меѓутоа некогаш, големите и трајните промени знаат да ми сметаат. Сега, се` зависи од тоа за што станува збор.
    Јас си сакам дискретни и мали промени. Малку по малку, дел по дел, но за секогаш. Да имам време да се навикнам на она што е сменето, а притоа никогаш да не ми биде досадно.
    Без повремени промени, монотонијата би ме убила. :lol:
     
  11. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    13.031
    Пол:
    Женски
    Дали сакате промени?

    Мразам промени. Особено промена на средина, нови луѓе, непознато.
    Сакам промени единствено кога се работи за храната. :D Инаку си сакам позитивното да си остане такво какво што е. Дури лесто и негативното го прифаќам како позитивно поради промените. Нека си биде как што си било, не сакам ново. Потоа тешко се навикнувам кога нешто е сменето.
     
  12. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Промените во овој период ми го зададоа најголемиот шамар. А најлошото е што не сум ни свесна за нив. Уште не можам да се освестам дека се наоѓам во нова средина, меѓу нови луѓе, дека изгубив една личност и дека многу работи се сменија. Не знам зошто е тоа така. Едноставно не можам да се освестам за промените и за ситуацијата во која се наоѓам. Само сама на себе си мачкам очи.
     
  13. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    12.621
    Промени се случуваат постојано,сакале или неќеле.Најдобри се оние позитивните.Многу ми е мило на пример кога некој се променил на подобро,се откажал од некоја лоша навика,променил фризура,ја зголемил самодовербата.Во животот исто е неизбежна промената на школо(од основно во средно),факултет(оние кои имаат желба и можност),работно место.Сето тоа се нови работи на кои човекот се адаптира,некој полесно некој потешко.Но битно е дека жив човек на се се адаптира.Утре коа ќе стапи во брак,може на почетокот ќе му биде малце тешко ама со тек на време ќе навикне.
    И јас сум од тие што не ги сакаат баш промените,тешко ми е да се навикнам особено на нова средина,но со тек на време е океу .Ама затоа пак ги сакам позитивните промени:промена во начинот на исхрана,карактерот,патувања на различни места.Овие промени мислам се добредојдени,само е важно да сме свесни дека треба да направиме некоја промена,да не западнеме во една иста рутина,мислам дека така ќе се чувствуваме подобро.И кога ни е тешко,некој не повредил, најчесто започнуваме напред со некоја промена :)
     
  14. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Тешко, многу тешко. Често во мислите знам да си се навратам во минати моменти (класични флешбекови) кога ама баш ништо не ми фалело и сум се осеќал безбедно и среќно... независно дали промената е негативна, па дури и позитивна.

    Не да ме плаши, ме ужаснува, да бидам искрен. Што е до мене, би ги чувал луѓето што сум ги стекнал од средно и факс (од основно дали со еден-двајца имам задржано контакт - според мене, уште една негатива на промените), би ги правел истите забавни работи со нив и би ги шетал истите места... Истото се однесува и за мојот приватен (соло) живот, кога сум сам. Имам, да речеме, листа активности што никогаш не би (своеволно) ги сменил.

    Е, тука е иронијата која од животот на моменти ми има направено апла холивудски филм за оскар минативе 5-6 години... Толку измешани чувства, подеми, падови, среќа, тага, загубени личности, стекнати пријателства... Значи од досегашните одговори е јасно дека што е до мене, би си фурал одреден стил на живот со луѓето што ги сакам и не би сменил ништо околу тоа.
    А сепак, имам сменато факултет, работни места (во мојов случај стандардни клиенти за кои сум работел од дома и кои добро плаќале)... а имам сменато и живеалиште во неколку прилики. Значи буквално имало повеќе наврати кога лично сум се осеќал како на грб да имам reset копче и да сум го стиснал, па да треба се' наново... Го мразам тоа чувство.


    Oна што сум го стекнал никако не го толкувам како монотонија. За мене тоа е лична идила. :)
     
    На AziskaStrslenka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60
    Незнаев каде да го напишам моето прашање,па ако не му е овде местото слободно исправете ме.
    Станува збор за тоа што јас неможам да се пронајдам самата себе си во понатамошниот живот.Требаше оваа година да се запишам на факултет,но секако неможев да се одлучам што сакам,каде се гледам.Бидејки тоа е голема промена во животот не сакав туку-така да избрзувам.Сега скоро секој ден размислувам,мајка ми секогаш ми вели одлучи се за тоа што го сакаш,а тоа се јазиците.Незнам сега кај нас ептен се намали важноста на тој факултет.Незнам како да го надминам ова,како да размислувам..
    Би сакала да ми помогне некој што стварно се соочил со вакво нешто.
    Благодарам однапред
     
  16. teateevska

    teateevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Сите сакаме промени и тоа промени кои одат на добро ,поточно кажано промена наречена успех. Пр.успех на рабора,факултер,училиште,во брак,во семејство,успех на личен изглед -успешно одрзана диета итн. Е сега колку можеме да ја издржиме промената или колку настојуваме кон промената се зависи од нашата самотоверва. Ако немаме самодоврба,колку и да сакаме некои работи да ни се сменат во животот толку ке тонеме и само неуспеси ке доживуваме и ке тонемо ке запаѓаме во некои депресии. ЕДно нешто што сите треба да го запомниме е да се сакаме себе си за да можеме да просперираме , а мали нешта да не прават среќни,бидејки ако сакаме многу ,неостварливи желби.нереални пр,ниска девојка сака да е манекенка сето тоа ке добеде до едно бунило депрасија. Треба да сме реални и се ке биде ок :) Инаку сакам промени и секогош работам на тоа, ама и јас знам да сакам мн. па доживам мали падови :(
     
  17. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.277
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Управување со промени, имав една ваква обука лани и баш не натера да ги согледаме сите аспекти на промените. По долга дискусија со повеќе луѓе свативме оти на почетокот сите пружиме отпор на промените. Свесно или несвесно, се плашиме ли од непознатото, новото, другото, промените ни се чинат тешки. Но малку време ни треба на сите да се навикнеме на промени (со исклучоци на некои луѓе).
    Како и да е дали се промени во работењето дали се промени во личниот живот сите треба постојано да бидиме подготвени да се соочиме со нив, кога тогаш ќе не стигат. И секако најдобри се оние промени што одат на поубаво.
     
  18. Janina

    Janina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2015
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
    И да не сакаме,промените сами по себе си идат..Бидејќи некогаш и самиот живот те предизвикува на тоа.Прифаќам кај мене промена но која би влијаела позитивно,па макар и негативните - од нив би подучила нешто..Кај мене се случи промена што главата ми е измешана целосно,незнам како да се ориентирам..Постојано ми идат мисли со некои девојки,кои неможам да ги контролирам дури чуствата..:?::drunk:
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.028
    Допаѓања:
    75.895
    Пол:
    Женски
    Јас сум личност која во животот искусила непријатни и тешки ситуации и која не се плаши веќе од ништо. Преку се можам да преминам, со се да се помирам. И да остане се вака и да се промени се од корен, не ме плаши. Ќе преживеам.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.863
    Допаѓања:
    8.368
    Пол:
    Женски
    Промени секогаш мора да има. Таков е животот, или си флексибилна личност или дигај раце од сѐ.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.