Промените секогаш ми носат одреден степен на неудобност и ми е потребно време за да се приспособам. Јас сум личност што сака рутина и во многу ситуации сум нефлексибилна. Кога ќе се навикнам на нешто, тоа станува неизоставен дел од моето секојдневие и многу ми е тешко да издржам дури и најмала промена од вообичаениот тек на нештата. Тоа ми е дел од карактерот и тешко се менува, па поради тоа сум имала и имам многу проблеми. Посебно во денешно време, кога флексибилноста за промени се наведува како посакувана карактеристика речиси во секоја сфера.
Промените ми создаваат доза на немир, иако никогаш не се знае, некои промени се за добро, а некои за лошо.
Ако без нешто не би можела во животот, тоа е се промени. Ме убива постојаноста, ме гуши. Промените ми даваат желба за живот, желба за борба, предизвик ми се.
Секоја промена во животот која е позитивна, ја поднесувам добро, кога нешто ќе тргне на лошо, тие промени ги поднесувам тешко, ми предизвикуваат анксиозност и немир, често знам да останам заглавена во тој период со анксиозност, немир и доза на депресивно расположение.
Не сакам многу промени и тешко ми е на почеток да се навикнам, ми прават некое неубаво чувство. Но, сепак се составен дел од животот и не се до толку лоши...
Ги сакам промените.Кога нема промена на едно место,јас се променувам,а со тоа и правам промена на животот.Изгледа дека се започнува од нас.
Без разлика дали сакаме или не промени се случуваат.... Јас тешко поднесувам. Но шта се мора, мора се
Роден на едно место за после неколку години моите да се преселат во друг град па подоцна јас да завршам по потрага за работа на трето место Не сакам промени иако тие знаат често да ми се случуваат и тоа драстично од корен
Сакам промени, но истовремено и се плашам од нив. Заради тоа, се немам изреализирано во потполност. Инаку, логично образложение за ова е возраста, преку 40 и родителството. Едноставно, рутините се покажаа како огромна помош при воспитувањето на моето дете, како и земањето предвид на нејзините потреби пред моите задоволства.