Може не е смешно, ама многу ми е смешно, сори. Не може во историја нешто да се вклучи, кога историјата треба да се исклучи. Нема историја, нема проблем. Тоа е таа пазарџиска логика на политичкиот ,,естаблишмент,,. Ама вие веќе спремни сте биле, уште од времето на Новковски ко тргнаа со реформи, што е сега една реформа плус или минус. Социјален експеримент лајф.
Епа тоа е. Продавање ефтини финти,не поврзувале факти децава,требало да се намалат предмети,количина на материјали,начин на размислување.. Ако беше за намалување,имаше што да се намали. А и тајмингов за најавување на реформите баш погоден.
За Гоце Делчев или Јане Сандански океј. Ама да очекуваш некој сите до еден македонски револуционери у херои да ги знае, нема смисла. Не , не велам да не се учат, ама некад многу се тупи оти некој не знаел и не го интересирало толку историја.
И ако некој се сели во Австрија (или Унгарија), битно ќе е да си ја знае историјата на својата нова дома Граѓанско е социологија за основно, колку што знам Едит: колку што знам не ни користат учебник по Граѓанско последниве години.
Пишав пост на Актуелни политички настани : Нема да имаат предметна настава туку мултидисциплинарна настава. Значи, кога учат историја, географијата е многу битна за да знаат на кој дел од планетава нешто се случувало, па каков бил теренот (рељефот). Границите се менуваат, ама планетата останува иста. Хемија и физика имаат многу допирни точки. Учиш за елементи, атоми, субатомски честички и нивно соединување, а сето тоа е резултат на физички закони. Битното е да разберат што учат, а не само да научат факти на памет. Уште да имплементираат она што замислиле...
Во целост се сложувам со ставот на @WildMk . Историја и географија и треба да се ист предмет, за да се изучува во која земја што се случувало. Гоце Делчев и Александар Македонски, македонци се. Ова нема врска со тоа. Не потпаѓајте под политички провокации.
Вештини на живеење е сличен на домаќинство. Децата како што гледам го сакаат овој предмет, секој 3 час им е практичен. Колешката буквално ужива предавајќи го предметов. Учат да готват,крпат, шијат, совети и заштита при земјотреси, пожари.. и многу други вакви работи кои се доста корисни. И нашата татковина е ок предмет. Исто,децата посетуваат разни институции(барем кај нас беа во општина, полиција, и противпожарна служба) и еднаш во Ск, во државен архив мислам(не сум сигурна) Учат за дијалекти во мак.јазик од разни говорни подрачја... Па колешки од разни градови разговараат меѓу себе на разни дијалекти, децата слушаат... Баш интересно им е. За граѓанско, етика и слично се сложувам, може да ги сведат во 1 предмет
@WildMk Со спојување на хемија и физика само ќе направат поголема збрка во главите кај децава. Од каде извадија заклучок дека доколку се спојат ќе им биде поинтересно,поатрактивно и полесно за учење?! Експериментирање?! Со добри професори децата одлично ќе научат тоа што е предвидено да научат. Веќе спомнав порано, нашиве физика знаат одлично,затоа што наставникот практично им објаснуваше се,хемија се трупови зошто воопшто не предава наставничката,ни физички ни онлајн. Како и кој ќе предава сега од нив двајца? Дали се земени годините на децата во предвид? Хормонални промени, пубертет, паметот им лета по чавки ,тие 2 во 1 и 3 во 1 ќе прават од предметите. Нека исфрлат еден куп глупи изборни предмети. Историја нека ја остават посебна од географија. Децата ги знаат географските локации. Не се глупи. Во цел свет се учи историја,па и историја на уметност учат,а не општествени науки. Ова скрати,комбинирај+ комбинација со кадар за кој воопшто немало евалуација досега, ќе биде само на штета на нашите деца .
Па фала курцу дека по историја учат кај се десила некоја битка или каде се потпишал некој договор. Не сфаќам пак што ќе смени дали на тоа место имало планина или рид. Баш сакам да знам Самата историја си има веќе онолку географија колку што треба.
Со ова уште повеќе ќе им ги збунат главите на децата. И нема смисла да спојуваш предмети кои се од различни области.
Курц да го оставиш на мира, он тукушто пишува историја Река е битна, ако е на пример Марица. Инаку немав појма дека историја на Кина и Африка учите, па да се инкорпорира географија во истата @WildMk . А ако ме држи памет географија е природна наука, барем на пмф имаше смер. Инаку се со се може да споиш, зависи колку си креативен.
Па да ама веќе кажав. Во самите книги по историја си има - битката се десила во тој и тој град на таа и таа планина. И...шо има потреба од плус географија овде?
Македонски јазик со музичко, како ќе пееш ако не знаеш јазик? Физика, информатика и ликовно заедно да се спојат, компјутер без физика не би постоел а како подобро да го искористиш својот талент за цртање во денешно модерно време ако не како графички дизајнер на пример? Скроз логично. Физичко и биологија, природата не создала такви какви што сме, но тоа не значи дека не можеме да се подобриме со вежбање и здрава исхрана -и оп тука вметнуваш и трет предмет, домаќинство. Се' се може ако се сака.
Преземено.. Факултетот по географија е во контекст на Природно математичкиот факултет во Скопје, а историјата е општествена наука која се изучува на Филзофскиот факултет. Добрите познавачи на географијата ќе ви објаснат дека таа е длабоко поповрзна со физиката, хемијата и биологијата, отколку со историјата и социологијата на пример. Како побогу седиментацијата на карпите и влажноста на воздухот да ги поврзеш со Јустинијан, Хан Аспарух или Карло Велики? Се прават несогледливи штети на двете науки и ќе се создаде хаос во главите на децата.
Зошто преземате секакви глупости? Или само тоа следите на социјалните мрежи? Нормално дека географијата е поврзана и со историјата, постојат дури и интегрирани студии по географија и историја кај што дипломците се стекнуваат со двојно звање професор по географија и историја.
Да, и во постот за истото се зборува, дека не е во ред да се спојуваат двата предмета. А што е глупост од преземеното? Истото,и слично го пишуваат и други членки тука.
Не ми се чита темава, гледам се докажуваат географија со историја дали оди и дали се новиве реформи чекор напред и дали тоа значи попаметна генерација бла бла бла, а се игнорира слонот во собата. Кој не би сакал реформи во било која сфера во Мк, ама, жално е што е така како што е.