1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Променливо расположение

Дискусија во 'Психологија' започната од BlackSwan5, 9 јуни 2011.

  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    И ставив вакво име на темата затоа што не знам од какво пореметување патам но во последно време не ми е воопшто добро.Едноставно брзо го менувам расположението и еднаш сам весела а во друг момент многу нервозна до тој степен што се дерам,плачам,на работ сум на нервен слом поради банални причини но навистина банални.Не знам што ми се случува моите често ми велат дека сум за на психијата и дека не сум нормална.
     
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Психичко пореметување

    те свакам како ти е , оти низ слична фаза поминувам и јас(само не сум толкава плачка ко ти :lol)
    т.е. реЧиси и не плачам, а знам да викам по дома, и паника да кренам за обични ситници :lol: :rofl:
    (или кога ке ми падне мрак пред оЧи, сила да испотепам се пред мене)
    мозеби е последица на периодот низ кој поминувам, незнам, инаку разговарам со еден невро психијатар др. Милутиновик, и малку ми помага
     
  3. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Психичко пореметување

    Сите некогаш сме минале низ таков период,немој да се загрижуваш,не си ненормална,во ред си,и јас сум поминала низ такви периоди,кога се те нервира,раздразлива си,не те интересира ништо,не те радува ништо...така се осеќаш?Мене ми беше така,бев како изгубена,не знаев што сакам,неможев со никој да разговарам,се осеќав и доста чудно,на периоди мислев дека полудувам и дека нешто не е во ред со мене :worried: ...стварно е лошо тоа.
    Ти препорачувам да одиш на разговор кај психијатар,тоа е нормално,јас бев и мн.ми помогна.друго е да разговараш со стручно лице,поинаку е подобро е,доста ќе те опушти,ќе можеш се да му објасниш,а ќе ти даде и совет можда и некои лекарства поблаги...
    Ти посакувам се најдобро,,,и немој се секираш :) се ќе помине...
     
    На dragana777 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Психичко пореметување

    Твоето психичко пореметување се нарекува тинејџерство...Не е ништо страшно и ќе ти помине за неколку години... ;)
     
    На JoxyTheFreak и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Психичко пореметување

    Се додека се прашуваш дали си во ред и си свесна дека нешто не е сосема во ред со тебе, верувај ми си сосема нормална :D понормална од многумина. Што се однесува до твоите промени во расположението, сосема е нормално. Прво, бидејќи е возраст кога речиси секој од нас поминал низ истото, второ, можеби кај тебе има и плус причина, настан, ситуација, однос на луѓето околу тебе, дечко, училиште, родители, пријатели се... да ти влијае така и да се осеќаш незадоволно од она што го преживуваш во моментот. Многу веројатно е дека е ова што ти го кажувам и баш поради тоа да имаш постојани промени во расположението, бидејќи се преиспитуваш самата себе си не се осеќаш стабилно во свои чевли, едноставно ко на стаклени нозе да си.
    Послушај ги девојкиве што ти имаат кажано, макар што ако не е ништо посериозно, мислам дека можеш и самата да се справиш со тоа, бидејќи е период кој што поминува. Сепак, најдобро знаеш самата како се чувствуваш, веројатно доволно зрело и свесно расудуваш за себе си и ситуациите во кои си, штом веќе си ја отворила темата и се преиспитуваш :* Без паника, нема потреба ;)
     
    На Elichka и lola-86 им се допаѓа ова.
  6. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Психичко пореметување

    И јас се чувствувам така во пубертет сме. Се вика дека пубертетот завршува на 15 години,но тоа не е точно сестра ми и на 18 години беше во пубертет,а и сеуште е. Нормално е ќе ти помине. :)
     
    На NelChe му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Психичко пореметување

    Благодарам на советите мене ме зачудува таа промена на расположнието но можеби се должи и не годините не знам.А и по природа сум потемпераментна и избувлива личност.Во секој случај ке ги искористам советите кој ми ги дадовте.
     
  8. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Психичко пореметување

    Како повеќе минува времето толку подобро ќе биде...тоа е само фаза низ која што поминуваш како и сите останати ( има полоши од тебе).
     
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Психичко пореметување

    И јас сум имала такви периоди, нормално е и ќе помине. Мислам дека се е заради пубертетот, тогаш наглите промени во расположението се нормални. Ако мислиш дека имаш потреба, разговарај со психијатар.
     
  10. shakira777

    shakira777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    и јас го имам твојот проблем, за жал ;( се чувствувам лошо и постојано сум не задоволна со се и сешто, неможам да ги прифатам нештата такви какви што се, ниту пак себе си и покрај тоа што останатите сметаат дека се ми е супер, јас сум супер и нема потреба од нервирање и незадоволство...сепак не сум среќна, т.е ретко кога сум...периодично ми се менува и расположението :@
     
  11. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Не знам навистина.Ете има моменти кога се чувствувам добро ама некоја ситница одма ке ме изнервира во следниот момент се надевам дека е нешто минливо.
     
  12. Dulce

    Dulce Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    35
    велат дека менструалниот циклус многу влијае на расположението .. сите девојки се такви ... со променливо расположение ... мене вчера ми стана толку много тешко ме тераше на плачење а цел ден ми помина со смеење
     
  13. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    јас сум час Ангел, час Ѓавол, час Ужасно неподносливо суштество а час пеперутка на која и фали нежност....не знам што ми се дешава нон стоп мењам расположение :/
     
  14. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    мењам расположение пречесто и тоа многу ми смета а богами и на тие околу мене ама сепак не можам да направам ништо околу тоа колку и да се трудам. -.-
     
  15. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    И јас имам многу променливо расположение пример на момент сум изнервирана до коска ама ако се спомне нешто јадење(моето омилено,поготово ако е благо) тогаш се заборавам и станувам добра :?:
    Многу се нервирам за се и ситници знаат многу да ме изнервираат..Што е со мене?
     
  16. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    ко идиот се однесувам во последно време, дали дека имам пмс или незнам али полудувам буквално!
    се дерев прееска дома без причина :?:
    а добро во школо сум си супер се заебаваме се смеам и така :D
     
  17. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    Во мојов живот има многу БИ-поларни личности на кого им се менува мислењето во 2 секунди. Како и да е, треба да научите како да се справите со нив,иначе немате гајле.
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.585
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Добро ве најдов во клубот на женски со променливо расположение. :D
    Има периоди кога сум навистина многу нервозна, еве конкретно денеска - се нервирав за глупости, си поплакав дури, веќе погодувате - пак за безвезе работи, после некое време се изнасмеав низ муабет и еве сега пак се чешам кај што не ме чеша, чувствувам налив на нов бран нервози, едноставно ко да сакам да се истурам некому/нешто, да излезе сета таа нервоза од мене.
    Чаре за ова нашево - не знам.
    Не знам ни како да ги контролирам овие бесни испади кои ме посетуваат повремено, ама за среќа минуваат, а јас си се чукам во глава и си се прашувам јел сам добро, и дали сум со сите. :D
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ми се случува ова секој месец, еднаш месечно.
    Трае по недела дена.
    Веќе погодувате? - Да, ПМС.

    Не сум поднослива за околината ниту за самата себеси. Многу се мразам во вакви периоди, ми доаѓа да се самозатепам, ама љубовта кон себеси ми е поголема... за среќа :D Оти кога ми се однесува некој вака баш баш не можам да го трпам и најчесто напуштам просторија да не се запукаме.
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    За трен може да ми се смени расположението.
    Не сум склона кон оноа ПМС, но пак затоа во денот 100 пати било кој период може да сменам со расположението.