1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пропаднат живот

Дискусија во 'Психологија' започната од SoFiJa11, 4 август 2012.

  1. SoFiJa11

    SoFiJa11 Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Животов ми е за никаде,ми се има случено мн лошо работи кои што едноставно не се трпат.Неможам да живеам,неможам денот да го поминам и разни мисли ми идат во глава што да направам,ама се е на лошо тргнато.
    Дома неможам да седам,татко ми не се поднесува,некогаш ми иде да го убијам.Надвор неможам да излезам,во населбава сите само за исмејување ме имаат.Роднините ме отпишале одамна,само со презир гледаат кон мене,едноставно немам роднини.Помислив на тоа некаде да одам,ама немам 18 години,затоа прпага оваа опција.Е сега јас што да правам,треба да се убијам?? ;( ;( Зошто јас морам сево ова да го поднесувам?? ;( ;( ;(
     
    На anagjorgjievska1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Шо ти се случува? Можеш да појасниш? :)
    Колку години имаш?
    Ако сакаш може и ЛП да ми пишеш ќе ти помогнам колку шо можам.
     
  3. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Драга Софија, твоето име значи мудрост, која се надевам дека нема да ми се налутиш, но ја нема ни малку во твоите зборови. Сепак, јас не сум тука за да те прекорувам, туку да ти помогнам. :)

    Вака сега, во никој случај немој да посегнеш кон твојот живот! Те молам, немој. Тоа е најлошото нешто што можеш да си го направиш себе и на луѓето околу тебе кои тврдиш дека те отпишале и не можеш да ги поднесеш. Зарем толку е лоша ситуацијата што размислуваш да го убиеш човекот кој ти дал живот и ти овозможил да ги запознаеш убавините на овој свет?
    Има и неубави искуства, во животот не секогаш цветаат рози, но излез има од секоја ситуација. Знам дека има, но тоа не е негативното размислување.
    Од твојот пост заклучив дека си многу вознемирена и ќе те посоветувам да не правиш ништо непромислено. Најчесто кога сме вознемирени, нашите мозоци не работат нормално, донесуваме пребрзи и глупави заклучоци за кои во 99% од случаите се каеме. Немој да направиш нешто за што ќе се каеш, или уште полошо, за што ќе немаш шанса да се покаеш.
    Немаш 18 години, а тоа е само уште еден податок покрај постов што покажува дека не си доволно зрела. Не го сфаќај ова како навреда, туку како комплимент. Сакам да кажам дека можеби и немаш некаков психички проблем, туку си премногу млада за да се соочиш со ударите кои ти ги задава животот.
    Знам дека мојов совет не е конкретен и дека ти најверојатно го знаеш ова што ти го кажав, а во вакви моменти се изгледа безнадежно. Но, некогаш не е се така како што изгледа.
    Сигурна сум дека луѓето те гледаат на начинот на кој ти самата се гледаш себе. Сето тоа е ситница, сето тоа звучи толку детски, а животот е еден. Уште еднаш ќе те замолам да не посегнуваш по него.
    Ако сакаш поконкретно да го објасниш проблемот и мене може да ми објасниш во лична порака за да ти дадам некој подобро формилуран совет што ќе ти биде од помош.

    Само остани смирена, добро? :hug:
     
  4. SoFiJa11

    SoFiJa11 Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    За каков татко збориш???
    Зарем тоа е татко кој што неможе да и прости на керка му која направила неколку грешки во животот и наместо да ја казни месец два и го птави ова?? Зарем тоа е татко кој што со најлошо зборови и се обратува на керка му? (копиле,говедо,не си моја керка,отпишана од мене......) ;( Викам дека ми иде да го убијам него,ама себе си ке се убијам.......... ;(
     
  5. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Добро, татко ти можеби има проблем со конрола на бесот, можеби е изнервиран од други проблеми и ти се истура тебе, само бидејќи може. Не е во ред тоа што те навредува, но тоа е грешка што ја прават многу родители. Едноставно ги боли кога нивните деца грешат, а не се добри во укажување на грешките на мирен начин. Што друго ти прави татко ти што толку го мразиш?! :?:
    Зошто да се убиваш? Никоја од горенаведените причини не е доволно силна за самоубиство. Всушност, никоја причина не е доволно силна за самоубитсво. Зошто да си го одземеш животот, кој и така е премногу краток?
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^^ А кои се тие грешки кои татко ти не може да ти ги прости?
     
  7. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    5.525
    пропаднат живот?овде можам да го сместам и мојот.се ми се собра.семејството со години ми се распаѓа пред очи а јас не можам ништо да сторам.изгубив многу личности што ги сакам и ден денес душата ме боли само кога ќе си помислам.и мене некое време ми се идеше да се убијам ама морам да останам силна.изгубив толку нешта и многу пати си помислувам дали има Господ и дали гледа.што згрешив толку за да не можам да бидам среќна.а само тоа сакам,само да бидам среќна.да имам некој покрај мене што ќе ми биде подршка ама за жал сама сум.понекогаш си се помирувам со судбината,едноставно си велам така требало да биде и дека ништо не можам да променам.најмногу ме боли кога мајка ми плаче,а јас не можам да и кажам не плачи.не можам да ја утешам зошто и мене нема кој да ме утеши.проклета судбина што ни го уништи животот.само знам дека морам да останам силна.од толку проблеми заборавив како е да се биде човек.заборавив да чувствувам,да се смеам.одамна нема емоции во мене.само една празнина.еден совет да вас девојки животот не е лесен,не не мази ама мораме да бидеме силни.
     
  8. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Не си сама. Верувам дека има многу девојки ширум светот кои се чувствуваат како тебе. Но, зошто ја обвинуваш судбината? Јас верувам во тоа дека ние самите сме креатори на нашите животи, што значи дека самата можеш да си го подобриш твојот. Зошто се чувствуваш сама? Ти си себеси најблискиот и најдобриот пријател кој можеш да го имаш. Можеби тоа што ти се случува на тебе и на девојкава погоре е само подготовка, само предупредување за да знаете да ја цените вистинската среќа кога ќе дојде. Не е се така црно. Ти си борец и се бориш против твојата за некого безнадежна ситуација и би требало да бидеш пример за другите кои размислуваат негативно. Досега не сум се нашла во слична ситуација, но сум се почувствувала безвредна и сум се борела со моите внатрешни демони. Јас победив, можете и вие. :)
     
  9. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    5.525
    а јас одамна се откажав од таа борба.на почетокот се борев ама кога видов дека се е залудно се откажав.јас не сум виновна за ништо што се случи,само бев сведок на некои работи што полека ме уништуваат.и секогаш кога ќе се кренам да станам тука е нешто да ме удари по глава и да ми покаже дека среќата за мене е само поим кој никогаш нема да дознаам што значи.
     
  10. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Како тоа си се откажала? Не може среќата од небо да ти падне. Мора да работиш на тоа. Животот е суров, не за сите подеднакво, но суров е. Не дозволувај да те победи!
     
    На si.exs му/ѝ се допаѓа ова.
  11. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Јас исто мислам,дека ништо не е судбина.Не можеш да очекуваш да се подобрат работите ако само гледаш и запаѓаш во депресии.Дејствувај,пронајди го начинот кој ќе те врати во живот.
    Не можам да те разберам точно кој е проблемот но сепак сметам дека за се има решение. :)
     
    На honorthyself му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Наκρатκо ќе κажам зошто ниκогаш не сум помислила деκа мојот живот е ПΡОПАДНАТ иаκо имам тешκотии κаκо што имате вие! Неможе мојот живот да биде пρопаднат аκо сум сеуште во младата фаза од животот и целиот живот е пρед мене и следуваат толκу многу денови κои можат да донесат толκу многу сρеќни мигови. Едноставвно имам надеж деκа утρе ќе биде многу подобρо, и сите тρеба да ја имаме таа надеж, бидејκи што дρуго ќе не одρжи во живот!? Κолκу и да е безизлезна мојата животна состојба, заρем тρеба да помислам да си ја ставам јамκата оκолу вρат!? Тоа е огρомен гρев, бидејκи само бог е тој што може да му стави ΚΡАЈ на животот. Κолκу и да ми е очајна состојбата, ништо не може да биде пρопаднато! Бидејκи не е, и јас нема да дозволам! Па сепаκ и поκρај се тρеба да се боρиме во животот, да бидеме цвρсти, κаκо κаρпи!
    Знајте деκа утρе е нов ден, сеκој ден е шанса за нешто ново, подобρо...
    Саκам да κажам деκа и поκρај се што ми се случува, ниκогаш не сум помислила деκа животот е пρопаднат, се додеκа не ја видам смρтта на мојата вρата.
    Незнам κаκо воопшто може да го κоρистите збоρот ПΡОПАДНАТО!

    Поздρав и се најдобρо... :hai:
     
    На nevermet18, TheBlueMoon и GirlRose им се допаѓа ова.
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Разумот е клучен сегмент за се што ни се случува во животот.
    А животот ни е таков какви што ни се мислите.Секој има тешки моменти во животот.Но,треба да бидеме силни за да ги надминеме,а не да подлегнеме на проблемите и да се убедуваме дека животот ни пропаѓа.
    За се има решение доколку постои волја.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Како се осудувате на 20-тина години да кажете дека животот ви е пропаднат.
    Што би рекла јас на 40 и кусур сама гроб да си ископам.Животот е успони и падови.
    Ништо не е поцрно од смртта.Млади сте главата горе, ако се сака се се може.
    Е нема се лесно во животот, кога мислиме дека се е црно некаде ќе се појави некоја светла точка.
    Поздрав девојки животот е пред вас.
     
    На Vanja38 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    ^^
    Точно!!! I said the same! Од збоρ до збоρ се сложувам, животот е за неκој навистина тежоκ, животот е боρба за опстаноκ, тρеба да бидеме силни за да опстанеме и поκρај сите тешκотии κои не се испρечуваат на патот κон сρеќата, а не веднаш да се бесиме или да ρипаме од балκон :fubar:.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Знаете што мислам јас?
    Животот неможе да биде пропаднат, без разлика колку години имаш. Тоа што сме го доживеале до сега е само дел, а не цел живот. Пред нас останува остатокот. Со него можеме да правиме што сакаме и можеме да го живееме како сакаме. Самите одлучуваме каков ќе биде нашиот живот и самите можеме да си го средиме, ако ни е "пропаднат".