@Филотеа право да ти кажам од синко роденденот помина прекрасно. Роденденот го прославивме во игротека. Јас ја декорирав слатката маса. Порачавме балони со хелиум. Исто, така ангажиравме и професионален фотограф. За јадење имаше од пиле млеко. Најбитно, синко многу се радуваше, а му дојдоа и седум другарчиња. Пре задоволна сум се како се организира. Првиот роденден од моето бебе ќе го памтам додека сум жива.
@Bebac супер! Посебен е денот, ние дома и кај баба и дедо си го прославивме, без многу луѓе, таман ни беше. На 2 јуни, мислам ден два сме разлика?
Баш ми е чудно што оваа тема не е активна? Им славите родендени на дечињата во ова лудо време? Зарем не е подобро да се споделуваат тука искуства?
Еднакво непотребна тема како и онаа со наслов ,,Што сега со свадбата?" или како и да беше. Нема детето да ви се урочи ако не му прославите први роденден со сите салтанати. Ццц, на надодот стварно не му иде памет.
Па токму поради тоа што е ситуацијата за никаде ваква тема е потребна. Не мислам на големи собирања. Туку, како со мал број луѓе да се прослави ( најблиските ), а сепак да е убаво и интересно. А, јас и без ковидов не сум за собирање и правење големи забави. 5 луѓе да се, ама да се луѓе. Во однос на свадбите на мм му кажав ееееј како не беше Ковид ние кога правевме свадба? А, незнам и јас што се замарам, кога на синко му го прославивме во јуни 1- от роденден?
Не знам како ви се чини вам, но за повеќето луѓе животот продолжува и покрај Ковид. Гледам на социјалните мрежи се прават и родендени и свадби, можеби со изменети локации и помалку луѓе, но се случуваат. И тоа е во ред доколку е на отворено и нема многу луѓе, не гледам простор за осуда ако некој решил да одбележи важен ден од животот.
Искрено за мене ситуацијава беше олеснување. Не сакам замарање и организација за 30, 40 или повеќе луѓе, посебно кога повеќето од нив треба да се канат само ради реда што се вели. Во странство прославивме во ресторан со два пара што ни се најблиски и нивните (вкупно 3) деца. Во Македонија кога бевме баш се погоди воведувањето на ограничувањата за невакцинираните. И тоа ми дојде како кец на десетка, па си ги собравме само родителите, мој брат и сестра на мм. Не чувствувам дека сум му ускратила на детето нешто поради тоа што не му е приредено роденден од тип свадба коишто порано се правеа. Добра страна на пандемијава е што малку не закочи во тие непотребни церемонии и не натера да се свртиме кон домот и најблиските што според мене е најважно и повеќе од доволно.
На малата во ноември и е роденден и веќе имам нарачано украси со бебето Јода, имам замисла тортата каква ќе биде, путер колачиња исто со бебето Јода. Со оглед на ситуацијата некако неумесно ми е фешти да правам со милион луѓе иако со татко и сакавме во кафана да биде со цела фамилија. Сепак ќе биде дома со најблиските (баби дедовци) Мерак ни е да го одбележиме денот бидејки немавме свадба немавме мекици немавме ништо а во животот на сите ни фали веселба која ќе ни ги тргне мислите од црнилава во секојдневието.
Исто и ние имаме 1 роденден во Ноември. Ми е криво и мене што никако не се прослави раѓањето, немаше мекици, а фамилијата кај мм беа позитивни баш кога се породив. Не направивме крштевка иако планиравме крај на август ама затоа што се згусна ситуацијата одложивме. Роденденот ќе биде дома дефинитивно. И да нема некој бран тогаш, дома ќе биде со најблиските, и тоа ќе ги поделиме во 2-3 дена за да не е многу гужва. Сите сме прележани или вакцинирани но тоа не е никаква гаранција дека не можеме пак да заболиме. Нема бегање од вирусот но мислам дека уште не е време за големи собиранки и прослави. Ми одговара што ќе бидат само најблиските што нема да има гости што ‘мора да ги поканиме’ или некои со кои се гледаме 2 пати годишно. Можеби ќе ми биде помачно дека дома спремање ова-она, ама барем пораат ќе сум некако. Изнарачав балони, украси, се е смислено и баш со мерак сама ќе украсувам, ќе викнам и фотограф за фотосесија, тоа нема да си го скратам, па макар и сами славеле.
Темата ја отворив за прослава на 1-от роденден, но се ближи 2-от, а ние сме скоро во слична ситуација. Пандемијата никако да заврши. Се уште не се опуштаме. Првиот роденден го прославивме во игротека. Вториот планирам да биде во дворот. Ќе бидат само најблиските. Планирам скромна декорација, торта и мезе и салати. Ајде и Вие што сме генерација пишете како планирате да го прославите вториот роденден? Можеби добијам и некоја плус идеја?
Јас првиот во ресторан го правев, здравје има време ама сега наредниве во игротеки ги планирам со деца да си биде. Веќе ќе се поголеми поинтересно ќе му биде сега игротека него за 1 роденден. Особено ако имаш дечиња да поканиш
Ќе размислам за игротека. Да, имаме дечиња да поканиме. Во градинка планирам да прослави со хартиена торта со другарчињата. А, дома со други дечиња или во игротека. Ќе размислам.