На секој можам да му простам,за било кој и да се работи,што и да ми направил,ама на себе никогаш нема.Затоа што сум им дозволила тоа да го направат.
Простувањето е разбирање дека не можете да одите назад и да го промените минатото и прифаќање на сите искуства - без разлика колку биле трауматични, болни или несреќни - дека се едноставно лекции од кои се учи. Без разлика дали биле емотивни, физички или психолошки, негативни или позитивни тие лекции биле наменети да ве научат да бидете тие што сте во овој момент помудри, повеќе свои.Треба да разберете и да прифатите дека денес сте личноста од тоа што сте го научиле во животот. Прифатете ги тие лекции и вистински учете од нив и негативностите од вчера никогаш повеќе нема да влијаат на вас. Кому треба да му простите ? - НА СЕКОГО. Треба прво да си простите на себе си што сте верувале во нешто дека е погрешно или исправно, што не сте пружале љубов на некому кога му била потребна, што не сте дале подршка некому во вистинскиот момент, што сте креирале негативна енергија во животот на некој друг или во вашиот или кога не сте биле чесни и не сте имале почит кон некого. Простете им на другите а најважно од сето тоа е да сфатите дека вие не го одобрувате лошото однесување кое некој го направил кон вас. Разберете дека не можете да го промените тоа што се случило туку прифатете го тоа како лекција од животот која ве научила на нешто.. Прифатете ги сите свои искуства и почувствувајте ја мудроста која ќе ја исцрпете од нив. Не можете да ги промените нештата,но секогаш може да откриете нешто вредно во нив. Кога ќе го откриете тоа ќе бидете способни да си простите и на себе и на другите. Нема да се грижите за пречките и тежината од минатото - ќе бидете слободни. Да простиш некому кој те повредил е карактеристика на голем човек. П.С Запамтете човечки е да се греши,но уште почовечки е да се прости !!!
Па вака сеа...Според мене мислам дека треба се да се прости.Зашто некој да замине на оној свет без да му се прости нешто ? Тој некој напривил грешка да ! Те повредил и ред други работи,ама коај знаеш дека не може да го врати времето назад за да го исправи тоа што го направил единствено што останува е простувањето.Затоа пишав дека простувањето е карактеристика на големиот човек.Не секој може да прости.Некој простува,но не заборава.И потоа чека да направи уште некоја мала грешка за тоа простување да му го извади низ г*з.Тоа според мене не е простување.Имам една роднина која е лоша,љубоморна...Така и се понашаше спрема мене,ми залепи шлаканица без причина ајде да не набројувам,ќе ми треба цел ден за да напишам.Она сеа е болна.Има рак на слузинка ама не знам дали на тоа беше или на нешто друго.Господ е тој што ќе суди на оној свет.А јас не сум Господ,јас само можам да простам.
Сум простувала и не сум видела никаква промена од тоа мислам дека нема ништо да се смени ако простиш туку ке ја направиш ситуацијата полошаа имав премногу лоши моменти и од искуство знам. Затоа ако би се случило неверство или да ме лаже не би простила нема шанси.
Имам простувано на неки личности кои ми биле многу блиски само заради тоа шо ми биле блиски и неќам да си ја вртиме главата кога се гледаме и да имаме барем едно здраво. Кај мене порстувањето баш ништо не менува, уште си го имам истото мислење за сите шо ми згрешиле, и никогаш со никој не сум била пак многу многу блиска.
На личности кој не ми се толку блиски никогаш не би им простила , а на блиските би им простила ,во зависно од тоа колку ме повредиле , ако ме повредат премногу , на било кој начин колку и да ми се блиски не би им простила.
Па.. да простувам посебно на некој кој што ми значи премногу, но за жал не знам а и неможам да заборавам на тоа и секој пат му го вадам од нос на тој што ќе ме повреди .
простувам до одредена мера..се трудам да не се навикнат едни исти личности да ме повредуваат појке пати зш се навикнале да им простувам
Колку е само тешко да се прости!?Всушност што е простувањето?Да заборавиш и никогаш да не се сетиш, ниту да се разгневуваш?Никогаш да не заборавиш и да простеш? Искрено никогаш во животот не сум имала потреба да простувам.Секогаш се работело за ситница или за глупост,која сама од себе се решава.Но како растам така и се создаваат проблемите,предавствата,игнорирањето. Кога некој ќе ти згреши сериозно отпрвинта го мразиш,го одбегнуваш,не зборуваш на таа тема,му/и го згорчуваш животот.После даѓа до степен кога сите фази си ги поминал и некако се одвикнуваш од личноста и продолжуваш напред.Работата е кога на таа што си и простила така наречена братучеда поворно се враќа во твојот живот како ништо да не било.Сака да продолжи таму каде што застанала.Е токму тоа не можам да го простам,едноставно не можам да го преголтам фактот дека тој период кога таа била на пауза јас сум тагувала и сега кога имам нов живт сака да направи бум. Од ова можам да заклучам дека сеуште сум лута,гневна и студена кон неа. Простувањето е тешко,многу тешко.Сепак верувам дека никој не може да прости вистински,бидејќи секогаш остануа еден голем дел во нас што ќе се сеќава на предавството и дека нема да може да продолжи напред.Толку голем дел што те враќа на моментот кога си бил повреден.
Не е лесно да се прости уште потешко е да се заборави...Простувам но се да биди во граници на нормала нема да дозволам некој постојано да ме повредува а јас да простувам... да е здрав и жив инаетот во мене можам да се справам уствари до сега сум се справувала и свикнувала на секаква ситуација...
. ...не простувам и не заборавам...игнорирам и бришам личности од мојот живот... . . ..толерирам многу ама ако се помини онаа црвена линија кај мене нема враќање... .
Прости им на сите, но бегај од тие што ти прават зло и кои твоето простување го злоупотребуваат, не го разбираат и те повредуваат. Баба ми сеогаш ми велеше: Бегај од таму каде што не те сакаат, колку што те држат нозете, оди таму кај што те сакаат. А простувањето е олеснување на душата и исфрлање на гневот, само така треба да се свати.Пример ако некој ме изневери , немам повеќе поверение во него и и таа осова за мене е веќе нема вредност, не ми треба да контактирам со неа и крај. Но во себе ќе и простам, нема да и замерам што е таква, само ќе бидам благодарна што сум имала храброст да ја откачам и што сум дознала на време дека не вреди.