Простувам и не држам лутина, но пред се поради мене, не сакам тие емоции на бес, разочарување, омраза, предавство да ми ја трујат душата, едноставно некој личности не вреди ни да ги мислиш а камо ли уште да се нервираш поради нив.
Простувам лесно и кога не треба,не држам лутина воопшто,ама таа грешка што ми ја направиле ми ја менува целата перспектива за личноста.Никогаш не би гледала со исти очи колку и после тоа да ми докаже дека се кае. Очекувам прошка од некој,ако навистина не сум згрешила многу,а не барам ако личноста не заслужува да барам.Нејкам кавги и разни фрки,ама ако некој ми згреши до тој степен да не може да се прости,го бришам за 2 секунди,ако сака на колена нека моли
Повеќе, многу повеќе од порано. Но се` уште сум против тоа некој да ја злоупотребува мојата добрина. Тоа за простување на другите, а со сопствените грешки, се` уште сум тешко попустлива.
Еднаш во еден филм кај шо глумеше Снуп Дог,тој кажа една реченица....ја запамтив:Да се греши е човечки,а да се простува е христијански
Човечки е да се простува. Но, постојат нешта што неможе да се простат. Неможам да простам неверство, голема лага и навреда, насилство. Простувам ненамерно кажани навреди и оговаранции. Но секогаш на личност која ги кажала и давам до знаење дека не е во ред тоа што го рекла и дека длабоко ме повредила... Никогаш не преќутувам и засекогаш го паметам. Простувам, но не заборавам...
Ухх... Доколку станува збор за посериозна работа некогаш простувам, но искуството ми покажало дека кога ќе простам, истата грешка ја повторуваат. Можам да простам некако, проблемот е што тешко ми е да заборавам, и се плашам повторно да не ме повредат. Некако потсвесно сеуште не им имам опростено... А и инаетот си има голема улога...
Простувањето има силен психолошки ефект во позитивна смисла.Така се растеретуваме од гневот, доаѓаме до благопријатност и поведро гледаме на животот. Господ рекол: прости им на другите, како што јас ти простувам тебе. Е сега дали сакаме некого да колнеме, да му вратиме со зло, а ние од Бога да бараме прошка. Значи мора да постои рамнотежа. За да се ослободиме од било каков товар, грижа на совест, омраза,за да ни биде убаво и да бидеме среќни -мора да им простиме во себе најискрено од се срце, на сите што ни згрешиле знаејќи дека ни згрешиле или без тоа да го знаат: на нашите родители, на нашитте предци, роднини, блиски, пријатели и непријатели -на секого. Но друго е прашањето дали на тој што сме му простиле, треба да бидеме пак со него. Тоа е наш избор. Може едноставно да му простам, да му посакам среќа и да не му дадам повеќе да влезе во мојот живот. Тоа е мојот избор на кој имам право и секој од нас има право.
Па искрено знам да простам доколку премногу не ме повредила таа личност, сепак по простувањето никогаш не ја гледам со исти очи како што сум ја гледала претходно. Но, неодамна се случи некои личности да ме повредат толку многу, што веќе не можам да смислам да ги погледнам, а не пак да ми опростам, можам да кажам дека благодарение на нивното злодело, станав и сеуште се трудам да станам посилна личност.
Простувам ама никогаш не заборавам дури знам и омраза да осеќам од што ме повредило нешто и да ми иде цел живот низ нос да и му/и го извадам и да и докажам на таа личност дека не сум заборавила дали тоа можеби би значело дека не сум простила?? хмм.. тешко прашање за мене многу сум злопамтило
Знам да простам, но многу повеке памтам. Не сум злопамтило, но кон тие кои ме повредиле не се однесувам исто како и претходно, нокогаш нема да биде исто...
Како што созревав научив да простувам, но ретко заборавам и никогаш не би можела да го имам истиот однос и да се правам дека ништо не се случило... Простувам и се одалечувам од особата
Да простам,можам на глупост, на лудост, на младост, на некој подалечен па дури и на пријател(доколку е ненамерно) но на близок,на роднина на сопругот - не. Мислам на крупни,сериозни грешки.Неверство,лага ,лицемерие и непочитување се нај мизерните човечки особини и како да ги простам ако ги дожибеам од свој човек?
Многу се љутам на почетокот но со тек на времето простувам и веќе со таа личност несакам да имам комуникација искрено кажано.
Прво избувнувам, па со текот на времето ке простам(?), но никогаш нема да бидам иста кон таа особа. Посебно ако е некој близок кон кој сум имала доверба. А искрено и зависи од грешката и ситуацијата. Превара не простувам, па ако сака некој на глава да се намести.. можам само да бидам злобна и сурова кон особата. ..и цинична. Едноставно нагло се сменувам и тоа е тоа, нема враќање. А во принцип сум многу попустлива и љубезна.. се дури некој не реши на глава да ми застане. Обично луѓето за кои си правел се', в лице ке ти плукнат. Е за таквите немам милост.
Порано многу тешко простував а,сега некако полесно го правам тоа.Но,никогаш не заборавам и секогаш имам одредена граница со истата личност
Имам едно мислење од порано во темава и пишувало дека сум наивна и лессно простував но имав бурен период и многу ми се смени од тогаш,па сакав да се изјаснам.Сфатив многу работи меѓу која е работата дека треба да дадеш втора шанса но не и ТРЕТА.Треба да простиш,ама не и да заборавиш и да бидеш со личноста како ништо да не се случило.Човек може да престане да лаже,да оговара но ако бил лош,љубоморен - тие карактеристики неможе да ги смени.
Простувам после одреден период, да ми стивни малце, ама тешко заборавам ... Злопамтило сум ... Знам дека е лошо ама то е.
Здраво. Дали некој/некоја би можел/можела да ми го објасни значењето на изразот „простувам, но не заборавам“? Затоа што на мене ми изгледа логички, кога некој ќе ти згреши нешто, после некое време (колку и да трае), му простуваш со тоа што веќе не гледаш на него како да е грешник кој цело време ќе те повредува. Со тоа и забораваш на „гревот“ кој го сторил, и продолжуваш со животот. Навистина не ми е јасно, зошто велите дека простувате, а не заборавате на случката; многу лицемерно ми звучи на некој да му кажеш дека се е во ред, а му кроиш план позади грб за како да го повредиш. А тие што се нарекуваат себеси „злопамтила“, убеден сум дека тоа може да се промени, само треба да се потрудите повеќе (да не мислите на минатото), затоа што само си го губите времето. Кога се лутите на некого, тоа се случува само во вашата глава, не и во нивната; што значи дека тие продолжуваат да си го живеат животот без грижи, а вие само тапкате во место, наместо да размислувате за нешто друго, нешто подобро. Поздрав П.С. Нов сум на форумот, не бидете строги спрема мене
^Кога простувам, го правам тоа за да му олесни на човекот, а не и на мене зошто ако јас со некој прекинам врска и немам намера да заборавам тоа што се десило значи со мене и со него/ неа е готово, нема шанси некогаш да ѝ/ му верувам и тоа јас му го кажувам „Ти простувам, ама не ти верувам.“ и после тоа се соочувам со нивно лижење на гз за пак да биди како порано ама нема. Ако некој мене еднаш ми направи лошо, после тоа само да се обидува да ми помогни јас ќе се сомневам во него/ неа зошто живеам под она „Излажи ме еднаш ти си крв, излажи ме два пати, јас сум крива.“ безразлика што јас сум внимателна и на првиот пат, не сакам кога луѓе ми се доближуваат во глобала и ако успеат да допрат до мене и да ме повредат нема назад. Ако конкретно мислеше на моето, еве објаснување И за она делче „кроиш план позади грб за како да го повредиш.“ ако му простам не кројам план за да го повредам, едноставно не му верувам, а можно е само да ја искористам првата прилика во врска со повредувањето, зависи тоа од што ми сториле. Поздрав и добредојде