1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Простување

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 11 септември 2010.

  1. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.947
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    Простувам ама никогаш не заборавам. Ама потоа се знае дека нема да биде ништо како порано, не се повеќе исти во моите очи.
     
  2. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    7.571
    Пол:
    Женски
    ова е исто како да сум го пишала јас^_^
    не би додала ни одземала ништо,се е пишано од збор до збор како би рекла и јас
     
  3. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.135
    Допаѓања:
    17.715
    Не простувам, не заборавам
    Понекогаш враќам...
     
  4. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Едно од најбизарните, морбидни и манијакални пораки на монотеистичките религии е онаа за сакањето и простувањето на непријателот.

    Во реалноста на тој начин само си ставате товар на душата, охрабрувате неправда и стимулирате зло.
    Нема што да се сака злото и што да се простува. Треба да се казни, да се објави, да се спречи.

    Сакајте ги оние кои ви направиле добро и мразете ги оние кои ви прават зло. Нема ништо лошо во омразата насочена кон легитимна цел. Омразата била ваква, онаква, не знам што, морбидни глупости. И тоа како си има свое место во спектарот на емоции.

    Можеби проблемот е кога таа се појавува во однос на ентитети за кои не учеле од мали нозе дека треба да ги сакаме без да ни објаснат зошто...онака по дифолт...
     
    На Mr.Awesome му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Боже...
    Ужасен пост.
     
    На *Amethyst*, Florenсе, КикиМаус и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Напротив, постот е сосема добар и се темели на реалноста и секојдневниот однос со неа.
    Би замолил за две три реченици артикулација зошто сметаш дека е ужасен, but i wouldn`t save my breath for too long...
     
  7. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Па баш ако не простиш ќе имаш уште поголем товар и од внатре ќе те јаде.
    Тешко е да му простиш на некој што те повредил но откако ќе го направиш тоа си очеснуваш самиот на себе и не се полниш со негативна енергија.
     
    На buba4e89, Rama, ♡BuBaLe♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Простувањето е веројатно алтернатива за оние кои не се во можност да возвратат. Зашто откако ќе се одмаздиш, не останува никаков товар. Настапува чувство на сатисфакција.
     
    На cresa-jagoda и Црна Ружа им се допаѓа ова.
  9. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Простувањето е доблест и карактеристика на луѓе со големо срце, а не алтернатива. Товарот само на тој начин ќе го симнеш, а не со контра напад.
     
    На galapce, Florenсе, sparklie и 13 други им се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Товарот не се симнува преку контра нападот, туку преку позитивниот резултат од истиот :D А знаеш ли дека после одмазда најлесно забораваш и простуваш? Се растеретуваш од било какви емоции кон таа личност. Нема потреба да спомнувам дека можеби одржуваш лекција која ќе превенира во иднина да биде оштетен некој друг.
     
    На cresa-jagoda, fallenangel и Црна Ружа им се допаѓа ова.
  11. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Тоа е во теорија и толку пати повторувано што луѓето и поверувале на крај на таа лага.

    Она што ќе те јаде со месеци и години е чувството дека требало да вратиш за нанесената неправда :) па си велиш вака требаше да постапам, онака требаше да му кажам, море мамицата ова она...

    Хорхе на пример има такво големо срце, простува на тешки криминалци:devil:
    Со простувањето само се мотивира повторување на злото.

    Тоа е таа фразеологија за розефката љубаф.

    А да, рајот, уште една од најдеструктивните идеи на сите времиња.
    Иако е примамлива и помага во соочување со губење на блиска особа, значи навистина има терапевтско оправдување...но на крај наместо луѓето да се борат да создадат рај на земјата, да не црнчат по 8-10-12 часа за да преживеат, да не одлагаат ништо, да не се плашат да покажат емоции према особите кои им значат нешто а да им се наебат матер на оние кои им прават зло...останува таа лажна утеха дека некаде таму, на оној свет ќе биде подобро, лошите ќе патат а добрите ќе уживаат, како во филмче од Б продукција ќе биде све фино, убавини.
    Им се одзема реалниот, овоземски живот и им се нуди фиктивен, утешен свет.

    По смртта...|(

    И све некои испосници, маченици, светци, монахињи, смркнати фаци па народни херои, луѓе кои се мачеле, па нешто кралеви и цареви...зошто ниедна улица на пример не носи назив према некој лик што измислил некој коктел во кој уживаат милиони луѓе?! Нема тоа афирмативна вредност?
    Ебате морбидноста...мрш бре!
     
    Последна измена: 17 мај 2017
    На baba Rada и violetblue им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Ооо па и машко си бил.
    Веројатно си премлад.
    Кога ќе те наваса вистинската реалност ќе сфатиш.
    И не простуваме за да им олесниме на другите, туку на себе. Кога простуваш за да се допаднеш, припаднеш некаде е пекол за душа. А кога за да се ослободиш себе си и да тргнеш понатаму е убавина, тоа не значи дека ќе ги вратиш назад тие луѓе.
    Ти сакаш да ги убедиш...а убедувањето е повторно барање да те видат и прифатат. Мразењето уште повеќе. Мразењето нема врска со другите туку со тебе самиот и од тие кои први не те виделе и прифатиле.

    ТВОЈАТА реалност, но не сечија. Жал ми е за твојата реалност.

    Нејсе, ќе сфатиш...у моментив си у лош филм кај што мислиш дека се си сфатил и се знаеш.
    Ти имаш работа сам со себе и никој друг.


    Туку се мислам утре што ќе ми донесе. Татко ми е сe за кое се држам...
     
    Последна измена: 17 мај 2017
    На *Amethyst*, Florenсе, Mrs.Brain и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Мислам дека погрешно го разбравте @Црна Ружа или погрешно се изрази. Првиот пост беше за омразата како чувство и сосема се согласувам со тоа дека има право да се наоѓа на спектарот од емоции.

    И точно е тоа дека религиите ни го забрануваат ова чувство, иако е нaјнормално. Не треба да се чувствуваме виновно што чувствуваме омраза кон некој или пак сакаме да му се одмаздиме.
    Сè зависи од самата личност и карактерот, некој мирот го чувствува ако прости, а друг ако се одмазди. А ако навлегуваме во тоа како и кога треба некој да чувствува мир, веќе е наметнување и тоа најчесто од страна учењата кои ни ги предаваат како мали, не само од религиите туку и од предметите на училиште како Етика и сл.
    Единствено од моралните вредности што треба или мора е да ни се остави самите да одлучиме што е морално, а што неморално. И сметам дека секој од нас ја има таа способност на расудување и не ни требаат некакви морални норми или канони. :)
     
    На galapce, Црна Ружа, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Како рекол Ганди - "Oна око за око само ќе го направи цел свет слеп."

    Религиите не го забрануваат чувството на омраза. Тоа е тука, присутно, не можат да забранат нешто што природно се случува. Те учат како да го процесираш и да се ослободиш од него на начин што нема да ти се врати назад ко бумеранг. Простувањето е единствениот начин до внатрешен мир.

    Одмазда, што ви значи тоа одмазда?
    Еве некој ви прави сплетки на работа. Ќе пробате да ја решите ситуацијата и да продолжите понатаму ко ништо да не било или и вие ќе правите сплетки со ист интензитет? Да се разбереме - барање правда и одмазда се сосем различни нешта. Каков мир би ви дала одмаздата, кога омразата продолжува понатаму и ќе си чувствувате уште последици? Зашто откако ќе се одмаздите, таа личност нема да се освести па да ви прави само добро. Ќе си продолжи играта до бескрај.

    Простувањето го сфаќате како некоја мистика наметната од учења што не се трудите да ги разберете. А всушност е многу практичен концепт.
     
    На Florenсе, galapce, do-re-mi и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Чудно е што има особи кои веднаш ја префрлаат топката на лично ниво, но тоа е нивен проблем.
    Пак уште и било жал пази, нит ме знае ни познава, не знам од каде таква емоционална ангажираност кон некој лик на нет, поарно штеди си ги емоциите за поблиски лица.
    Јас така правам и сосема ми е совршено сеедно за тебе :)
    Ама не е до тоа, сака раја малку да пецне, да се понижи соговорник, тоа се тие етнички прерогативи.

    Интересно, баш би сакал да ја посетам таа реалност каде што живеете. Дали и вие живеете во Парагвај?
    Нема моја и твоја реалност, има реалност во која умираат луѓе чекајќи лекари кои ги заболе еден орган, кои немаат за лекови, судови кои тегнат процеси по 13 години, корупција на цело општество од последен чистач до премиер, незнаење, мегаломанија, арамилак, неписменост, злоба и пакост, најранливите категории на граѓани се оставени да изумрат во некоја морбидна верзија на балкански социјален дарвинизам, неможеш да наплатиш долг и побарување, раја работи 365 дена без ниеден ден одмор, трудни жени се отпуштаат или не се примаат на работа...

    Со кукавичлукот замаскиран како простување имаш совршена машина за ширење на злото.

    Ако почнам да набројувам што носи секојдневната реалност ќе ме затекне викенд над тастатурава :x
    А како е таму во Парагвај инаку? :inlove:
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Измеша баби и жаби.
    Кога ќе ти се случи таа реалност за која зборуваш, не дај боже, пак дојди да зборуваме. А до тогаш, не шири негативна енергија што би рекла една третокласна водителка.
    Кога ќе си на таа точка ќе видиш како не е баш така. Не е дека си го сфатил светот па ти ќе го освестуваш. Со омраза може само да дојде крајот, а тука кај што сме е токму ради омразата.

    Ај поздрав.
     
    На LivingGlam, Nausicaa, Petar80 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Ништо јас не измешав, сосема концизно си е напишано.

    Таа реалност не е на стенд бај туку влијае на сите особи кои на човек му значат нешто во животот. А за Парагвај не знам.:party:
    Едноставно е, љубов и простување кон злото и оние кои го прават е стимулација за ново зло.
    Омраза кон злото и оние кои го прават е прекрасна емоција и воопшто не е негативна.
    Омразата во овој случај е поубава емоција од љубовта.
    И треба да биде силна и жестока и бескомпромисна.
    Како што треба да е и љубовта кон убавите работи.

    Па ти сега види си...
     
  18. Vip83

    Vip83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    240
    Хм... Простување! Простувам,но никогаш не заборавам.А,тоа е мислам полошо. Но,таква сум.
     
  19. __cataleya___

    __cataleya___ Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2017
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Не можам, не можам...
    Многу сум претрпела, многу ме повредиле, и на сè тоа враќав замижувајќи, простувајќи и верувајќи дека животот еден ден ќе спроведе правда.
    Оваа моја карактеристика од секогаш ја сакав, секогаш го сакав тоа што ја победував желбата за одмазда. Се водев по мотото "биди промената што сакаш да ја видиш во светот".

    Ама сега не можам.
    Толку многу сум повредена, не можам да простам. И тоа не ми дава да спијам. Не ми дава да јадам. Не ми дава МИР.
    И не можам повеќе вака...
    Помагајте!!
     
  20. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    Немој да се преоптоваруваш и немој да ја чекаш правдата затоа што таа никогаш нема да ги залечи твоите рани. И да ја добиеш заслужената правда нема да те исполни, нема да те направи посреќна затоа што здравјето што си го изгубила нервирајќи се неможе ништо да го надополни.
     
    На Dadusicka, Someday и Outlook им се допаѓа ова.