Простување

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 11 септември 2010.

  1. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Па не простувам баш лесно.Ако сум ти простила,знај дека претходно сигурно сум ти се одмаздила на некој начин :devil: .Но,на тие личности кои ми се многу блиски,а ми згрешиле ненамерно, им простувам :angel:
     
  2. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Можам да кажам дека до сега се’ сум простила. И мали и големи работи, од нефкусни шеги до намерни, иронични навреди и постапки кои ми плеснале шлаканица во образот и ме спуштиле на земја. Простувам, но не заборавам. Простувам на секого доколку искрено ми се извини, мислејќи го тоа. Исто така, простувам за да ми биде и мене простено, бидејќи не сум јас која одлучува дали човекот е грешен, не сум јас таа која треба да му суди, а уште помалку сум безгрешна. Луѓето многупати се ставаат во улога на Судијата, честопати им судат на „своите“ грешници - луѓето кои им згрешиле. „Судењето“, т.е. непростувањето на грешките на нашите (не)пријатели нема никакво влијание, не ги поправа грешките а уште помалку ги прави луѓето безгрешни.
    Сфаќам - нема безгрешен човек, нема човек што не направил ни еден грев во својот живот, ако не со дело, тогаш со мисла. Затоа простувам, затоа што знам дека и јас сум грешна, дека и јас заслужувам прошка како и сите други. Простувам, затоа што знам дека никој не е совршен. Простувам, затоа што знам дека еден ден и јас ќе барам прошка, дали во мојот живот или по него... Простувам, затоа што јас не сум Судијата за да им судам. Простувам, за кога ќе дојде Судниот Ден и мене да ми биде простено.
    Сепак, животот е премногу краток да го потрошиме на нервози, злоба, одмазда, лутење и непријателство. Животот е еден и тој е многу мал, во споредба со Врховната Вечност, и затоа треба максимално да го искористиме, затоа што човекот никогаш не е задоволен во животот. Секогаш ќе грешиме и ќе има некој што ќе ни греши. Тоа е така... неможе да се промени, во никој случај.
    Животот е подарок кој треба да го уживаме, грешките ќе доаѓаат и ќе си одат, некои ќе бидат простени, некои не... Како и да е, никоја нема да биде заборавена...
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Простувам скоро секогаш. Дури и кога не треба. Едноставно не сакам некој да ме носи на душа или да му тежи помислата дека е виновен.
    Често знам да речам : Простувам, но не заборавам. Но не е навистина така. Кога ке погледнам скоро секогаш заборавам, и им помагам на некои кои некогаш биле против мене или ме повредиле. Ете таква сум. Сакам да се променам, но неможам. Некогаш ми е мака кога иако некој некогаш ме повредил ке му простам па дури и ке му помогнам за повторно да ме повреди. :(
    Едноставно не сум злопамтило, па затоа многу пати ги повторувам грешките :) Кога незнам да се свестам, така нека ми е :lol:
     
  4. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Само не ми е јасно кога простуваме,а не можеме да заборавиме и памтиме - дали вистински простуваме?
    Многу ми се допадна постот на SexyLAdy,но некои личности толку ме имаат повредено и тоа намерно,што и да сакам-не можам да им простам...
     
  5. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.030
    прости за да ти биде простено на прочка сите така викаат,ама некој кој ми згрешил тешко простувам.за да не простам треба стварно да ми згрешил епа после тоа нема втора шанса кај мене.
    простувам само надворешно ;)
     
  6. malena23

    malena23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    5
    Простување - дали значи самопонижување или не? Дали ќе те напрчави повозвишена и поголема личност? Зависи јас сум за простување зошто не сакам да носам на душата гнев меѓутоа зависи кој како ти згрешил доколку е неверство треба да се прости и да се напушти таа личност , отишла довербата и се што ве поврзува исчезнало така ќе се почувствувате ако сте изневерени - јас простив се и си заминав од неговиот живот така барем со крената глава заврши се, а друго простување - па за се може да се најде компромис нормално треба да се простува за некогаш и на нас да не ни биде судено туку простено - ова е мое мислење.
     
    На peperutkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Простувам но не заборавам. Злопамтило сум :) Најчесто враќам со добро, но верувам дека друг ќе се одмазди наместо мене.
     
  8. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    789
    Тешко простувам.Ми треба време,многу време.
    Сепак и кога простам - не заборавам.
    Впрочем,не ги заборавам ни моите ни туѓите грешки за кои е потребно извинување :)
     
  9. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Секогаш простувам но никогаш не заборавам!
     
  10. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Можам да простам, ама дали ке заборавам е под знак прашалник... Толку многу ме повредија личности што ми беа буквално најблиски, личности што сметав дека ме сакаат исто колку што ги сакам и јас нив, но научив дека во животот секогаш ке има неправди од страна на некој кој ти значел многу. Ми доаѓаат солзи на очи кога ке се сетам низ што поминав заради некој, а што е најтрагично не верувам ни дека дотичните имаат потреба од моја прошка бидејки егостите и за жал искомлексираните луѓе секогаш сметаат дека се во право... Што се однесува до мене нека прават што сакаат, јас можам да простам но никогаш НИКОГАШ нема да заборавам...
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Ниту простувам - ниту заборавам. Точка, крај. Секој ќе си се сноси со последиците. Кај мене простување нема. Можеби ќе се огорчам и ќе бидам гневна повеќе од што сум, ама ќе си ја зачувам самопочитта. Речениот збор никогаш не го погазувам, тоа е за мене самопонижување. Ако на некој сум решила дека нема да му простам, тогаш тоа така ќе биде.
     
  12. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    Зависи од ситуацијата и околностите и од тоа колку ми значи човекот кој ме изневерил на било кој начин. Во принцип простувам, ако ме изневерила другарка простувам, но не заборавам, ,и станувам посвесна за тоа каква е другарката и што може да очекувам од нејзе во иднина, најчесто станувам порезервирана и односите не се истите какви што биле пред изневерувањето.
    За дечко....хххмммм зависи дали и колку го сакам.... ако не го сакам , воопшто не ми е битен, и може ќе ми послужи како причина полесно да се откачам од него
    ако го сакам....... нажалост, си правам филм дека не ме изневерил.... на било кој начин ..... (не само ако те изварал со друга девојка) ... т.е. ги гледам работите онака како што сакам да бидам, и најчесто простувам, се разбира не простувам доколку апла го фатам на дел :lol: тука е крај, зошто и да му простам врската е загубена, прекината и никогаш нема да биде исто како што било пред тоа ;)

    лоша особина ми е што држам лутина со денови...недели.....месеци.... и понекогаш се мрзам самата себе, некое лошо човече се буди во мене и не попуштам :rock:
     
  13. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Исто.. Секогаш се ставам пред се на прво место... На крај краева јас сум таа што била понижена и јас одлучувам што понатаму !
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    648

    Морав да коментирам на ова ... Гледам и се е слиично ... Јас ,кога сум била изневерена од некого - прво се преиспитуввам самата себе .. Гледам прво зошто тој човек ,било пријател,било партнер ,пробал да ме изневери ... Дали е прицината во мене ... Па девојки - прво ќе наведам дека во психологијата на личноста простувањето не се смета како понижување .. нити самопотценување .. Спротивно на ова - ја ценам вашата самодоверба - меѓутоа на сите треба да ни е јасно дека преувечичувањето на самодовербата ја прави личноста вообразена. Многу ретко се размислува - какви негативни последици носи непростувањето ..од какви убави моменти се лишиме со непростувањето .. НЕСОМНЕНО СИТЕ НИЕ СМЕ БИЛЕ ИЗНЕВЕРЕНИ ! Се согласувам дека не може се да се прости ,има такви случаи ,меѓутоа како што имав можност да согледам поголем дел не простуваат за ништо ... Кој губи ?? Дали сте вие безгрешни драги мои ? Како може зборот извини да нема значење за вас ? Тргнете од самиот процес во мозокот ,што вие го поминувате додека се одлучите дали треба некому да кажете извини ? Се прашувам дали воопшто не постои емпатија кај вас ? Не се ли ставате во туѓа кожа? Кој не грешел денес? Како би се чувствувале Вие кога искрено барате прошка ,а некој делува исто како вас .. не ве ренда ни малку не сака да чуе ,зашто би бил потценет со простувањето ... а вие пак имате најискрени намери .. жалосно ... Кој губи ...тој што не простува драги :)
     
  15. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Јас сум заколнато злопамтило - ни простувам,ни заборавам!
     
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    животот е премногу краток период на време-не се знае кога може да заврши
    не сум злопамтило, и на тие што највеке ми згрешиле им простувам
    во ситуација ако јас згрешам велам : " извини, прости ми "
    секој има право на втора шанса :$
     
  17. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    ....Себе си си ставам за цел да простувам зошто ме прави тоа поголем и подобар човек од оној кој ми згрешил.......
     
  18. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Добро кажано!

    Господ рекол, простувај за да ти биде простено! Секој човек греши, грешам и јас и сакам да ми биде простено, па затоа и јас простувам, секогаш во границите на нормалата. Кога ќе се пречекори црвената линија, тогаш е веќе нешто друго и на такви непромислени грешки, не прогледувам низ прсти....
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Лошо.
    To forgive is to set a prisoner free and discover that the prisoner was you.

    На крајот на краиштата ќе сфатиш дека ти губиш.
    Пријател за пријател, останатите познаници :)
     
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.951
    Пол:
    Женски
    простувам да
    знаете зошто потоа се чуствувам многу убаво исполнето мислам дека е христијански да се простува но кај мене и за тоа има граница не дозволвам некој да мисли дека ме напраил будала дека сум простила обично не ме погодуваат големи случувања бројам до 10 и ја смирвам ситуацијата повеќе ме погодуваат ситници незнам зошто едноставно таква сум :) но за све се разбира има граници ...сепак добро е да се простува тоа мислам дека не прај разумни и големи луѓе што е за пофалба...