Простувам но не заборавам. Ако ми се укаже прилика враќам со исти удар. Сепак луѓе сме, ме повредиле и ненамерно но сум простила од чиста причина дека секој греши. Сепак ако некој ме повредил веќе неговата слика од мојата глава исчезнува, станува помал за мене и помалку го ценам.
Брзо простувам и многу се мразам поради тоа. Не сум злопамтило, се‘ заборавам.... ако личноста се извини. А некогаш не треба да простам, али тоа е. Како се вели во Оче наш: Прости ни ги гревовите наши, како што ние им ги простуваме на нашите грешници... Треба да се простува, затоа што ни ние не сме безгрешни.
Мојот проблем е што сум престрога кон самата себе за да не бидам кон другите. Кога јас нешто ќе згрешам некому, попрво личноста на која сум и згрешила ќе ми прости отколку јас на самата себе. Можеби затоа премногу тешко простувам...иако последниве две три години морам да признаам дека доста омекнав
Малку се полутувам, но простувам. Можеби и да вратам, но во глобала не сум некое големо зло памтило, а пак и кога ќе видиш на моја возраст какви порблеми и грешки можам да имам и направам . Па како се вели, човечки е да се греши и простува. Се се врти, се се враќа, па од каде знеш што може утре тебе да те најде.
Знам да простам ако личност која ме повредила ја сфати својата грешка и искрено се извини.И секако ако вети дека тоа нема да се повтори под никакви околности. Но ако некој нешто погреши и незнае да каже едно извини, или го кажува чисто за да ме смири тогаш настанува еден, за мене сериозен проблем кој јас го нарекувам ’’Како човекот цел живот да ја носи вината на совест’’ и во такви ситуации не одговарам за постапки. Злопамтило не сум се до оној момент кога нешто нема да ме трогне и да ме исфрли од колосек, е дури тогаш стапувам во акција па двојно враќам, а можеби и повеќе зависи од ситуација. Но глобално гледано знам да простам и често го правам тоа затоа што луѓе сме, сите грешиме
Не сум злопамтило. Простувам,и никогаш немам намера да вратам..да се одмаздам. До сега,само на една личност не успеав да и простам целосно..другарката која ми беше како сестра е*ани 12 години,моите дома ја гледаа како ќерка..но ме повреди,премногу.. И пак,ми е другарка..но не делиме веќе ништо,онака само..убав муабет имаме. Крај краева,кармата е тука за сите.
Не неверство не простувај во никој случај... Која и да е причината можело да се каже, да се разговара, да се реши, за некој да те изневери треба да постои ЦВРСТА ПРИЧИНА, после неверство не верувај во зборот те сакам, лага е... и пак ќе се повтори може не одма ама еден ден да и можеби од истата причина како и првиот пат... човекот кој вистински сака не може да изневери! Од лично искуство !
Човечки е да се греши, но христијански е да се прости! Животот е премногу краток за лутење и дигање нос. Да простиш некому значи да имаш големо срце и душа, но потполно и себе си ако си простиш. Бидејќи никој не е цвеќенце, сите грешиме и сите треба да си простиме.
Простувам,за да го симнам товарот од моите плеќи најпрво.Бидејќи не сакам ако некој ме повредил уште јас да сум таа што ќе го носи цел гнев,потиштеност,омраза или посакување да се одмаздам и сите др.негативности во себе,така што ќе простам им ја одземам моќта.Бидејќи оној кој простил бил заробен и повеќе од оној кој му згрешил,му ги одзел мирот и слободата,а тие се толку скапоцени. И сама сум згрешила,сум се каела и сум била во позиција да сакам да ми биде простено и пред Бога и пред луѓе. Би било лага ако речам дека сум ги заборавила големите и свесни навреди и неправди кои ми биле нанесени,па и помалите цинични глупости со цел за дискредитирање,билдање на сопствен рејтинг и слични его-манијачења.Не сум заборавила,меморијата одлично ме слузи,ама увидов до каде треба да одам во пресметувањето,секого го стигнува својата казна,а најмило ми беше кога една личност која многу ме повреди свесно и неосновано,а никогаш не се покаа ја видов како се‘ и се врати повеќекратно,а јас со прст не мрднав да и вратам,само ми беше дадено да го увидам тоа.Чувството беше убаво,а правдата задоволена. Избегнувам да судам,тука е Бог има и световни судови,гледам само да им посочувам на луѓето,на што е мозно побезболен начин,а очекувам и соодветен фидбек од блиските секако.Се водам од она „првиот камен нека го фрли оној кој не направил никаков грев„. Простувањето за мене е одлика на емотивно зрела личност.
ехххх ова е мојата мана не простувам! попуштам колку се може за нечие и мое добро, но кога пука пукнува за секогаш, го бришам човекот за цел живот, на колена да ми падне и моли за прошка, ма јооокк не сум доволно добар христијанин знам,но не ми иде од душата.
знам да простувам... понекогаш и заборавам што другите ми згрешиле .. незнам дали простувањето е мана или добра особина... но никако неможам да им се начудам на луѓето што секоја грешка ја памтат но...тоа е тоа.
Јас сум спремна се да простам се додека постои искрено извини и причина зошто некој ми згрешил... едноставно неможам некој да сака да биде покрај мене да се кае што згрешил а јас да не му дозволам..
Абе простувам ама не заборавам ............ прва прилика испаѓање шанса за такво нешто ке му го расплакам мајчиното млеко кој и да је
Знам да простувам, знам и да се лутам, но брзо ми поминува... едноставно сум таква.... да би простила што и да е но само ако искрено се покајала таа личност.....