1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Простување

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 11 септември 2010.

  1. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Простувањето е доблест која што не секој ја има !!!! Има луѓе кои што простуваат, а има и луѓе кои што ПРОСТУВААТ !!!!! разликата од едните до другите е тоа што едните иако ќе простат, или викаат дека простиле, сепак потсвесно на еден начин се држат до мал дел и неможат да се отпуштат од него. Причина за ова е затоа што овие луѓе обично имаат големо его, па кога егото е повредено разумот тешко да превладее. Тука исто така можам да ги вбројам и оние кои што се владеат по она - простувам но не заборавам-....што значи не простуваш....Да простиш, значи да заборавиш, да го избришеш како да не постои, да поминеш преку тоа како ништо да не е било и да го живееш животот без да ја гледаш личноста на која што си простила различно, и да се сеќаваш на тоа секој пат кога ќе ја погледнеш...Е тоа значи да простиш - вистински...А тоа не го може секој !!!! Како за крај, вреди да се напомене дека иста личност може нешто да прости а нешто не...Зависи од степенот на толеранција, карактерот на личноста и од интензитетот на работата која што треба да се прости !!!
     
    На zhap4e и katerina777 им се допаѓа ова.
  2. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Секогаш простувам јас сум тип на човек што сама си бара објаснување,оправдување само за да простам...На пример сама во себе си викам ''беше во тешка ситуација,ефектна состојба,карактерно личноста е избувлива и милион причини за кој си помислам и се е заборавено и простено.Внатрешно во мене ми е криво се осекам повредено ама ниту префрлувам,ни објаснувам а најмалку да се карам во минутата се простувам и заборавам.
     
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски

    И што друго да се каже кога човекот, буквално ја исцица темата во неколку редови :lol: :up:

    „ЈАС“ е поголемо од „јас“ кај мене и уште поголемо од „Нас“!
    Можеби и преголемо станало всушност со текот на годините, бидејќи кога ќе поминеш некој крстопат и тоа со очите широко затворени, бидејќи само секунда, две, ден, недела претходно тие виделе и „чуле“ нешто, па сега се преправаш дека е се во ред, тоа е сосема нормално, ма тоа никогаш и не постоело, тогаш ненадејно те удира некој камион и се што слушаш во таа бучава е: „знаеше дека вака ќе биде... веќе поминавме еднаш преку тоа... не оди“. |(
    Тоа и не е толку болно можеби, не треба да е си велиш, побогу возрасен човек сум јас и полоши работи има од љубовни маки... :?: ама некако слушаш како пукаат конците од малата ти душа, која и без тоа се изгужвала од камионот и се што сакаш да направиш е самиот да си ги изглодаш коските, да си ги изгрицкаш нокти на рацете, па да продолжиш и со нозете и не за друго, ТУКУ, при бидејќи пред да ги затвориш очите ОНОЈ ден па и тебе токму таа мисла ти поминала низ глава ама си рекол „ех, тоа е ситница, НИЕ вреди повеќе од ЈАС и повеќе од јас, уште повеќе од тој, таа, тие :x .

    И да, јас сум од оние што простуваат и не забораваат, макар што не од оние што мрчат везден околу тоа и само тоа, ама, пак си го имам на ум, бидејќи сакам очите да ми се отворени, кога ќе налета следниот камион, не би јас сепак да ме однесе со него овој пат.
    Всушност, и мало црвче пушти го во градината, па ќе ти го изгриза целиот зелениш :)

    Но, им се восхитувам на оние кои и после камионот успеваат да простат, кои буквално заборават и уште повеќе на оние НАС, кои успеваат да опстојат долго и откако трагата од кочниците на камионот избледела. :)
     
    На Mistery му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Не се согласувам со овој дел, сум пишувала за ова и на други теми но пак ќе објаснам.
    Некому сум му дала довреба, а личноста ја изиграла мојата доверба (еве нека станува збор за лага или неверство).
    Разбирам дека личноста згрешила и се кае за својата постапка, ако е така, бидејќи сега ќе зборувам хипотетички ако се одвиваат нештата по овој тек. Откако ќе ја исфилтрирам својата шокираност, повреденост и другите психички нус-производи, ќе разберам дека е човечки да се згреши и ќе прифатам да ја простам грешката. И нема да ми го сервирам тоа во фаца во секоја можна прилика, бидејќи прифаќам веќе дека е дел од минатото и таму и нека остане.
    Едноставно имам резерва во себе за во иднина кон таа личност и тоа е посилно од мене,па ако пак успее да ја оправда својата доверба-молам,ама за тоа е потребно време-јас сум дала доверба-што за мене е нешто презначајно,па ако личноста ја сруши како кула од карти,е па ќе треба да се уверам кога и дали ќе ја врати.Не верувам дека некој е целосно имун на изиграна доверба,ете се сеќавам во „Страв од летање„ на Ерика Јонг како главната хероина долго ја имаше сликата на сексот меѓу сопругот и другата во својата глава(поточно на конкретниот контакт на нивните гениталии :lol: )-значи луѓе сме,колку и да се трудиме да сме современи,со отворени и широки погледи,треба да се исфилтрира бесот,љубомората и сите пропратни емоции.Не верувам дека некој ќе успее да премине преку ова,како да поминува преку мост од река.
    Па, реално во еден дел од мојот мозок именуван како помнење останува запишан материјалот од слученото. Затоа, тврдам дека не заборавам. И колку и да се трудам да бидам подобар човек, сепак останува дел или парче сомнеж кон одредената личност и тоа влече доста „ако„ и „ама„ значи има дел недовреба која ќе ми се провлекува низ мислите. Навистина она што се случило еднаш, може и никогаш повеќе да не се повтори, меѓутоа што ако има вторпат, бидејќи тогаш веќе сигурно ќе следи и трет... Потребно ми е :!: време за да ја увидам искреноста на каењето и неповторувањето на грешката. Дотогаш имам резерва, бидејќи безрезервната доверба ми била нарушена. И знам дека простувам, меѓутоа дистанцата од губењето до повторното стекнување доверба е обележана со незаборав на слученото, бидејќи единствен начин да заборавам е да го потиснам, но така веќе користам одбранбен механизам, кој е далеку поштетен за мене отколку директното соочување со проблемот.
     
  5. Srculence--91

    Srculence--91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    51
    Сите сме луѓе и сите заслужуваме прошка... Јас лично освен неверство се друго би простила... Па дајте бе луѓе никој не е светец сите грешиме и сите заслужуваме да ни биде простено... И јас кога еднаш ке простам веќе не се враќам на таа тема, доколку за жал има луѓе што ке простат но никогаш нема тоа да го заборават.
     
  6. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    јас простувам ама да заборавам-никако :D :D се зезам :^)
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Простувањето кај мене зависи од стореното зло или грешка.
    Кога се навраќам сега во минатото, сфаќам дека сум била големо муле, кое се лутело за се'нешто, веројатно од премногу слободно време...

    Причините за непростување биле некои банални кавги и ситници, абре што да ти зборувам, па уште сум се занесувала, сум кроела планови за одмазда и омраза...
    Drama Queen. |(

    Денеска сум пофлексибилна, поопуштена и да бидам искрена - се трудам да сум во близина на луѓе кои не можат нешто премногу да ми згрешат.
    Не дека може да се заштитиме така 100%, никој не е имун, но знам на пример дека не може да ми се случи апокалипса со моите дома, братучедите, другарка ми...

    Простувам само на оние кои сметам дека заслужиле прошка.
    На другите им велам дека е простено, но дека не сакам повеќе да ги гледам и ги исклучувам од животот.
    Простувам, но не заборавам никогаш.
     
  8. claudi00

    claudi00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    Простувам затоа што никој не е светец и секој во животот прави грешки никој не е безгрешен... простувај затоа што можеби ќе се случи и ти да барас прошка.....
     
  9. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Зависно од тоа колку ми значи личноста.

    Знам да простам, не викам не, но ако еднаш се решам дека сум ставила крај некому, тогаш ставен е брате и ако сака живот може да даде за мене, назад нема. :!:

    Од личностите кои ми значат, најмногу ме боли повредата, и најмногу ги мачам додека им опростам. Истата работа може да е простена, ама не и заборавена. Не идат така работите кај мене.
    Можам да простам еднаш, 10 пати, 100 па и 1000. Кај секого различно. Но кога од некој ќе ми прекипи, сторено е и крај. Збогум личност драга. :hai:
    Некогаш и најмала ситница може да доведе до тоа да препукнам. Правам анализи постојано на однот кон мене, коректен или не, заслужено е да ми е пријател или не итн.
     
  10. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    Простувам, но никогаш не заборавам,ама баш никогаш сум станала такво злопамтило,враќам дури од пред неколку години работи,сега дојде моето време,и никој не фермам,замина старата Анастасија,сите што ме повредиле ќе им вратам 100 пати тродупло.многу сум лоша знам,но треба да бидеш лош за да те почитуваат-тоа го научив! :D
     
  11. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    како може да не ти менува ништо не те разбирам ? можеби некој ннавистина се кае за грешката и се обидува да биде сватен од твоја страна и од твој аспект.. зборот извини на многу им значи,исто и мене со едно извини ако човек е доволно искрен и ако ме доволно ме увери во тоа многу би ми помогнал и полесно би се чувствувала.. немој дам е сватиш погрешно ова е само мое мислење без лоши намери.. :*
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    ^ Во денешно време зборот извини е еднаков со здраво, како си?
    Значењето на овој збор, како и на те сакам за пример се губи, бидејќи е премногу често и несоодветно употребуван во ситуации кои не се прикладни. Ретко кога е мислен.
     
  13. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Не значи дека ако еден човек не повредил така сите се како него..
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Како што веќе реков ретко кога е мислен, што значи има исклучоци.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски

    Секоја чест на исклучоците.. што значи почитувај го од секого зборот извини затоа што со тек на време секој ќе го открие своето вистинско лице! ;)
     
  16. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    79
    Кој еднуш те повредил, верувај дека тоа ќе го стори пак.
     
  17. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    така е .. се согласувам.. но што е со другите луѓе што не те повредиле незначи дека и тие ќе бидат исти како тој "едниот" ? :^)
     
  18. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Зависи.... Многу сум искрена и тоа го очекувам од лицата со кои комуницирам. Се случило да простам и големи грешки / зборови па некој следен пат за ситница да ми се прелее чашата и повеке никогаш да не прозборам со таа особа.
     
  19. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    433
    Мислам дека имам таков глупав карактер што секому се можам да простам..“другарки’’ до сега колку ме повредиле и понижиле и пак сега се однесуваат ко да ништо не било! Ма,немам карактер и си дозволувам да ме газат до тоа е знам!
     
  20. Dulce

    Dulce Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    35
    Јас можам да простам, но да заборавам НИКОГАШ ...