Им давам втора шанса на оние кои мислам дека ја заслужуваат, но мислам дека кој еднаш ме повредил има големи шанси пак да го стори тоа. Простувам затоа што подобро се чувствувам така, но не заборавам.
Всушност и не е наша работа да простуваме, туку едноставно ако веќе некој човек ни згрешил многу треба да се оттргнеме од него и да најдеме сили да му простиме. Простувањето не прави подобри. Но, тоа незначи дека треба да продолжиме да се гледаме со тој човек или нешто слично. Сепак простувањето е најтешко кога треба да си простиш нешто сам на себе. Затоа што сите ние имаме некои работи или мисли во животот од кои се срамиме и кои радо би ги заборавиле и токму заради тие работи мислиме дека сме нешто помалку од другите луѓе. За да се ослободиме од сенките на минатото треба едноставно да си простиме и да продолжиме понатаму. Нема безгрешен човек
лесно простам, ако се инаетам, тоа е за да му дадам на знаење на тој човек дека не постапил правилно, и дека треба да ме почитува, а и треба да биде повнимателен. Ако јас простам и заборавам, други се одмаздуваат... А и подобро е за мене, зошто веќе ке знам за каков човек се работи, и дека не ми треба таков човек во мојот живот
Ретко простувам... у принцип сум голема лутка така да не дозволувам премногу грешки (не дека јас не ги правам) ама ете не ни очекувам некој да ми прости за нешто, ни па би молела затоа и несакам некој од мене да очекува да му се случи истото. Ако простам на некого треба премногу да ми значи али секако си добил огромен минус кај мене. А никогаш не би простила неверство (никогаш не вели никогаш) ама ете премногу сум горделива и спремна сум да си патам некое време само да не преминам преку тоа така лесно.
човечно е да се прости! Простувам и кога ќе згрешам барам да ми е простено Простувам до не заборавам ми е многу глупава работа! Тогаш зошто воопшто си простил некому нешто? Не ја гледам поентата! Никој не е совршен сите во одреден момент правиме грешки, свесно или не! Неверство порано викав никогаш нема да простам, сега не размислувам така... и тоа би го простила, но тоа не значи дека би му се вратила на тој човек
Зависи на кој и за што...не можам баш за се да простам.не е баш така лесно се.Ако ми значи некој и ако искрено се покаил(што се гледа)да би простила,но не се,и не на секој!---Грешке опраштамо само себи(Наташа Беквалац)-300 степени
Јас простувам секогаш,но кога некоја личност еднаш ја има загубено мојата доверба никогаш повторно нема да ја добие, не целосно.
неверство не би простила во никој можен случај! значи апсолутно НИКОГАШ !! грешка можеби би простила и навреда, зависи од тоа како влијаела на мене...
Лесно простувам, но..како велат Штом еднаш се скине конецот, се врзува, АМА останува чвор! Краток е, прекраток, денес сме тука утре не нема.. А кога ќе не нема нема да ни биде гајле за причината за која сме се налутиле туку само ќе сакаме да бидеме со таа личност. Не сум размислувала, а ако некогаш на некого не му простам, тоа ќе биде. Сепак мислам ако направи нешто што потоа неможе да се врати.
не сум лутка но,и кога ке се налутам многу бргу ми поминува и заборавам на се.... не ми е некоја јака особина али ..
Па искрено, многу ретко простувам..пред да простам глеам дали тоа би вредело ако не вреди ако и претходно имало нешто што не ми се свиѓа..око не ми трепнува не простувам ... ама ако станува збор за некоја ситна навреда а личноста ми е мила..простувам ама со резерва..не дозволувам да бидам пак измамена или повредена.
Простувам, но ако само навистина ми значи тој/таа (дечко, другарка). И ако знам дека е тоа момент на слабост (така да ја наречам грешката) но, не ја заборавам. Простувам грешки, но.. довербата е изгубена. Односот мој ќе се смени. Довербата тешко се стекнува, но брзо се губи. Неверство, во никој случај не би простила.
Простувањето е одлика на храбрите! Можам да простам баш се додека личноста го направила прв пат или рекла лага со некоја причина но доколку го повторува истото повеќе пати тогаш дефинитивно НЕ!