lutka sum da .. no i brzo se prelutuvam .. ke prostam no ne i da zaboravam ..ajde na nekoja mala greska da se prosti i zaboravi ama na nesto drugo pamti pa vrati [mod-kirilica:2t2yj3rx][/mod-kirilica:2t2yj3rx]
Простувам бидејќи секој греши и не знам како би ми било мене кога некој не би ми простил. Се чувствувам подобро кога простам некому, наместо цело време да се нервирам поради тоа и да му го плескам у фаца. До сега никој не ми згрешил толку многу, мислам ми згрешиле ама сум одлучила да не се замарам и тоа е. Од мене им е простено, обично некој ако ми згреши или ме повреди го игнорирам и го избришам од живите. Не сакам да се нервирам поради искомплексирани личности на кои устата им служи само за јадење и оговарање.
Секогаш простувам, прво затоа што не се чувствувам убаво кога сум огорчена спрема некој, не ми е убаво на душата и затоа им простувам на сите. Но не секогаш им го кажувам тоа, бидејќи некои не заслужуваат.
огромна љутка сум, но можам да простам некои ситни работи, но некој упорно да ме лаже во очи а јас ја знам вистината а тој продолжува е тоа нема да го простам неверство па во никој случај, но не значи дека останувам огорчена ако не простам, затоа шо ако не сум простила тоа значи личноста направила огромна грешка спрема мене која мн ме повредила а штом ме повредила јас ги немам веќе истите чувства спрема таа личност и кажувам чао пријатно и не се навраќам повеќе на тоа го заборавам како ништо да не било и не сум повеќе во контакт со таа личност, премногу е краток и убав животот за да дозволам некому да ме гази
Човечки е да се греши...Човечки е да се прости. Но јас не се водам според ова. Мислам дека секоја направена грешка без разлика дали меѓу другари или во врска или помеѓу роднини според мене е намерна. Тоа произлегува од недоволното размислување за последиците на кажаниот збор или направеното нешто. Исто така го мразам зборот извини бидејќи ако некој еднаш ти згрешил и те повредил на било каков начин, тој не е човек од доверба и може повторно да те изневери. И пак и пак и пак. Имам многу специфичен карактер, значи некогаш можам да истолерирам секаква глупост, а некогаш за ситница за избувнам. Ете таква сум. И никогаш после кавга не попуштам и не зборувам прва(во случајот кавга со другарка/другар)освен ако не сфатам дека сум за нешто крива јас. До сега му немам згрешено на некој за да дојде до тоа јас да молам да прошка,но мене ми имаат згрешено. Со едната другарка не живееме веќе 5 години а бевме школски неразделни. Со стрина ми исто така сум скарана иако живееме во иста куќа. А со друга најверна другарка која премногу ми згреши правам муабет ради реда...само онака општи дискусии не за друго затоа што од кога знам за себе јас сум со неа.
Точно е дека животот е прекраток за да го поминеме во лутење, гнев и омраза, но има работи кои не се толку лесни за простување и дури и ако се одлучиш да ги простиш и после тоа останува некоја несигурност, нецелосна доверба и слично кон личноста која те повредила, тоа самото си доаѓа од себе како страв дека повторно ќе те повреди а му простуваш поради тоа што ти значела таа личност си ја сакал и сакаш и понатаму да остане во твојот живот ! Но тоа е тоа простувам но не заборавам
Зависи за што се работи,доколку е ситница доколку е моментална навреда,кавга,озобрување и нешто слично навистина е прекраток животот да се помини во лутење не е време да се сторуваат непријатели сите грешиме.Но ако се работи за повреда која би ти оставила празнина во твојот живот понатаму или неверство едноставно ја отпишувам таа личност од мојот живот,и да не е лесно ке се трудам да не мислам на неа,мислела ли таа на вас кога ја правела грешката?
Простувам ако почуствувам каење, невнимателност и учење од грешките. Можеби почесто и прегледувам помеѓу прсти. Ќе се налутам моментално и после два - три дена тоа ми изгледа како обична ситница. По природа оправдувам свашта и не земам за зло, освен ако е премногу очигледно дека е со намера и без моја вина. Со никому не сум се замерила на подолго време или барем не преку ден. Можеби сум одалечена од некои личности што порано ми значеле, но чувствувам некоја близина, иако не се доволно дружиме, за помош сме секогаш добредојдени една на друга. Мразам да се лутам. Малку смешно е, ама тешко ми е да мислам дека некому треба сега да му се лутам. Ко обврска на мозокот ми е. И да навлезам во некој конфликт, за некој период заборавам дека нешто се случило. Сериозно Ќе се поведам по претходните мисли за таа личност, затоа што во тој момент не сум ги променила нешто значајно или не сум почувствувала поголема емоција ( гнев или бес) и може фино, лепо да пријдам да се поздравам Возрасните не простуваат лесно, не забораваат и си замеруваат за ала минут. Нам ни е се минливо, затоа што и оставаме простор на личноста да размисли и не бараме извини на колена. а не: - Е немааа, кога ќе ти текне, јас нема да сум тука има сега ти да видиш... (Демек сега моли ме да ти простам) Децата се секогаш тука, затоа што половина од времето го поминуваат заедно, дали во школо, на некоја активност или на улица, не е важно. Пак ќе се сретнеме и кога-тогаш секако дека ќе ни треба помош една на друга и ќе ни фали дружбата. Зборувам за личности со кои ми се споиле карактерите и делиме исти интереси. Со други не сум се дружела.
Јас сум малку чуден човек, нешто што најмногу ме иритира е реченицата простувам ама не заборавам. Мислам ова ме иритира уште повеќе од "забранетото овошје е послатко". Секој човек греши, грешките си имаат различна тежина и секој човек различно гледа на нечии постапки. Ако некој ми згреши мене, а притоа заклучам дека се променил, сфатил дека греши и ми понудил извинување од срце, простувам, закопувам се што било негативно и одам понатму. Доколку некој згреши толку многу што ништо не може да го поправи тоа, одиме со таа личност на separate ways, не ме интересира повеќе, не зборувам лошо и готово. Мислам глупаво ми е да зборувам лошо за некој кој ми бил близок и со кого сум делела секојдневие. Колку луѓе ме разочарале, па пак не можам лош збор да речам за нив, не можам да ги наречам идиоти и кретени зошто тоа ме прави и мене таква зошто сум се дружела со нив. Ама не можам да речам простено ти е, а притоа уште да имам негативна енергија во мене, секоја постапка да ме иритира, за секоја мала кавга да го изнесувам тоа, и секоаш кога не е се како подмачкано да го вадам тоа низ нос. Нема простувам ама не заборвам. Или простуваш и продолжуваш понатму или ги прекинуваш сите контакти и веќе никогаш не се навраќаш на тоа. It's that simple.
Добро е да се простува, човечки е да се греши, сите сме грешници... па така човечки е и да се простува... Една реченина кажана од нашиот ангел е доволна за да се запрашате зашто не би простиле и да сватите дека простувањето е добра работа, зашто и ти сама грешиш па така и тебе еден ден некој ќе треба да ти прости... Инаку реченицата е: Тоше, дали си им простил на сите оние што те навредиле/што те повредиле?! Тоше - Да, сум им простил, кога можел Господ да им прости на сите, зошто не би можел јас, кога јас сум никој и ништо!!! Излвечете поука од таа речица и нека ве води во овој живот... Простете за да ви биде простено
За некоја банална работа - секако дека простувам. За нешто многу посериозно,нешто што навистина ме засега глумам дека сум простила,додека во себе тајно си ковам завера против грешникот И најпосле - гром од ведро небо! Воглавно ,не простувам ,не заборавам и кога - тогаш враќам мило за драго.
најчесто не сум злопамтило но никогаш нема да простам ако некој се задева со моето семејство или го навреди
Ma јок бре... Сеа ако е за некоја ситница, да, али воглавном не простувам, и кога тогаш со камата враќам. Се водам според девизата, ако некому му простиш, значи дека му даваш уште една шанса да те повреди. И во денешно време така е...за жал...
простувам, ама кога човек искрено ќе се покае и признае својата вина.... иако на некои сум им простувала многу пати, па тоа го злоупотребувале, во смисла: абе ќе ми прости таа, не се лути она....
можеби и ова ми е најголемата мана што ја имам.. премногу сум добра со луѓето што некогаш со лошо тоа ми се враќа..едноставно неможам а да не се сожалам и да кажам "ок не беше тоа намерно сигурно несакано се случи ќе му простам" и потоа.. пак можеби истата личност со истите грешки..ама што е тука е сама си сум крива за тоа.. можеби и голем дел на мои познаници ги навикнав јас сама така..како демек добра е ќе ми извини..а баш сакам и во послдено време се трудам да го сменам тоа!
Не паметам некој да ми има побарано прошка за нешто...Онака фино, културно и искрено да каже: ''Те молам прости ми. Заради мојата себичност, мои лични комплекси, фрустрации, заради злоба, љубомора...ти згрешив, и сега се каам.'' Обично таквите од петни жили се труделе да се оправдат пред мене, а најмногу пред себеси, дека не се криви, дека не е така како што изгледа, дека јас преувеличувам...па дури и дека јас сум ги навела на тоа тие да ми згрешат... Јес афкорс...Што значи нивното извинување излегува како обид да се исчисти сопствената совест на еден погрешен начин-набивајќи ми мене вина... Зарем има некој таков кој ја има онаа храброст и понизност да застане пред тебе и искрено да каже-извини? Дали би простила? Не знам, зависи од згрешеното и оној кој згрешил...
Простувам. Така се чувствувам подобро и некој да ми згрешил многу му простувам но тоа е последно простување на таа личност затоа што не сакам да останам со неа за да ми згреши повторно, а за ситници едноставно и не се замарам и прифаќам извинување веднаш и да не и опростам ништо нема да се смени бидејќи веќе било што било па затоа подобро да се прости. А како што кажав ако некој многу ми згреши му опростувам но го бришам од мојот живот а за враќање не ни помислувам.... Не сакам никому да му наштетам, така би се чувствувала уште полошо....
Простувам колку и да ме повредиле ќе простам едноставно сум таква неможам да сум лута на некој.. посебно ако тој некој многу ми значи
Простувам, заради сопствен душевен мир. А ретко кој се осмелил да си признае и побрара прошка. Освен на Прочка и тоа од ради реда. Најтрагично е ако бараш, а не го мислиш тоа што го велиш. Ако згрешам, барам...а освен неколку членови од поблиското семејство со искрена душа побарале, макар и за банална работа било, добиле. А некои бараат од тебе,ти да им бараш ним, иако се тие оние кои треба да се најдат на местото просители...Сега ми доаќа едно х‘ да издивнам за да видам до каде ќе се тера со закоравени мозоци....