„Човечко е да згрешиш, величенствено е да простиш“ Би простила првенствено поради мене, затоашто сметам дека доколку си го отворам срцето ќе постигнам свесно ослободување од нервозата и збунетоста. Би се ставила на местото на личноста која ми згрешила нешто или ме повредила со цел да ги откријам мотивите за неговата/нејзината постапка, ќе пројавам разбирање и на крај ќе простам. Но, никогаш нема да заборавам!
Простувам но откако ке помине повредата во мене ( зависи колкава била ) и доколку тој што ме повредил се покае и се извини простувам бидејќи секој заслужува втора шанса но доколку не ја искористи правилно тогаш пресекувам кај што е најтенкото и ајт .. избувнувам да но тоа дека неможам да гледам пред свои очи или поправи се искористи ја шансата што ти ја давам или не глуми !!! а инаку за ситници простувам не сум до толку Љутка
Простувам, но не заборавам. Враќам со иста мера, може некогаш да се случи да не возвратам ако сум сигурна дека навистина се покајал за тоа што сум му простила.
Иако на прв поглед во мене луѓето гледаат тврд орев, мојата душа е премногу мека за да не простам. Но, за мене важи следново: откако ќе дозволам да се залепи скршената чаша веќе сум ладнокрвен набљудувач кој гледа како се поправаат работите. За секој обид да се надокнади веќе направената штета сум благодарна, но повторно да гаам некои искрени чувства кон некој што ми згрешил...е тоа нема кај мене. Давам втора шанса доколку се заслужи, а трета НИКОГАШ, но не заборавам што ми се сторило и секогаш алармот кај мене е вклучен.
човечки е да се греши - тоа не потсетува дека сме луге и дека сме вистински.. човечки е да се прости но долку тоа што треба да се прости е нормално во граници на нормала.. не би простила ако некој близок ми направи нешто со кое би била несрекна и неуспешна..
„Човечко е да згрешиш, величенствено е да простиш“ секако дека простувам но не заборавам, кога престанувам да сакам поЧнувам да несакам, како се ми направиле така и ке добијат. но никогаш нема да биде "она" што е било некогаш.
Да простувам,ама НЕ заборавам.Понекогаш ми треба доста време да простам нешто доколку истото тоа нешто многу ме повредило,но сепак ќе простам.Човечки е да се греши така велат.Со самиот чин простување даваме на некого втора шанса да си ја исправи грешката,да докаже дека навистина вреди што му се простило.Сите заслуживаат втора шанса,ама не секој заслужува да ја добие
вака според мене ... простувањето е ок 1=2 x зашто секој жив човек греши и не постои совршенство но ако некој постојано продолжува со истите грешки и постапки подобро е што подалеку од таа личност...
простувам многу .. сум простила и неверство и јавни понижувања .. и солзии мои се заборавам се велам од мене нека мине ајде ... не држам лутина никому а знам понекогаш треба ! ем простувам ем заборавам ..
Лутината ми трае многу малку ама памтам, а кога ке премине линијата ставам крај и не сакам да разоварам повеке
Простувам... но не заборавам.... Не сум таков тип на човек што враќа на нанесеното зло меѓутоа никогаш повеќе не сум иста со тие луѓе...
Умеам да простам, умеам да преминам преку многу работи. Од една страна мило ми е поради тоа, а од друга воопшто.. Кога повеќе пати простуваш некому, веќе истиот се навикнува да те повредува. Дури почнува и несвесно да го прави тоа, нешто како навика.. Порано многу повеќе простував, сега не. Поставив некоја граница до каде смее и до каде не, секој кој што ќе ја премине, а е свесен за правилата на игра, не ми е потребен. As simple as that.
Освен на една неодговорна будала на секој друг би му простила за се. За секоја минута кога се лутиш на некој губиш 60 секунди од твоето драгоцено време во лутење. Од мене секогаш е простено, но не и заборавено, а од господ дали ќе биде простено...
Кај мене лутината трае кратко простувам,но секако морам да вратам со иста мера може време ќе помине но мора да знае дека иако сум простила тоа предизвикало болка во мене значи треба да му посакам ДОБРЕДОЈДЕ ВО КЛУБОТ нели