Простувам премногу голема наивна будала сум,но не значи дека сум заборавила. Простувањето не е за олеснување на личноста која што ми згрешила , не простувањето е да исчезне вкусот на горчина, јас да не се замарам со личноста која што го направила тоа. Едноставно се заборавам се простувам, и велам продолжиси со животот. Знаејки дека кога тогаш истата грешка повторно ке ја направи, се дистанцирам од личноста. Но исто така знам дека грешката што ја направила кон мене,ке ја направи и кон некоја друга личност,па таа нека се замара со нејзе. А јас фино лепо сето тоа си го посматрам од страна и си велам Гледаш Деби во право беше,прости но немој никогаш да заборавиш,луѓето се непроменлива категорија.
Јас простувам ама не заборавам , кога апсолутно со цело срце и душа ке простам , тогаш ми се мести ситуација да вратам само со еден чекор ...Некогаш вракам , а некогаш не ...Откога ке ми помине лутината све исто ми е...
простувам,сум држела лутина, или пак сум се измачувала мислеќи на ситуацијата или човекот на кој требало да му простам ,и секогаш ми било полесно откако ке си простам, но да се разбереме ,некогаш имам простувано но се држам понастрана од злоупотребувачи и манипулатори, а најлоши се лицемерите , ке им простам но не ги сакам повеќе во мојот живот,некој вели ако не заборавиш немаш простено,но не е така, чувството кога ке помисиш на тој човек што си му простил и ке немаш тежина во тебе тогаш си му простил
Простувам многу лесно незнам да држам лутина и скоро секогаш заборавам се што било и продолжувам понатака Затоа сите ме сметаат за будала која лесно простува и јас си се сметам за таква но моето срце е такво искрено наивно и добро и за жал сите ми ја искористуваат добрината.
По Господово правило се треба да се простува ама се зависи до карактерот. Јас лично не сум многу толерантна особа ама па и по некое време ке заборавам ама она што мислам дека никогаш не би го простила е НЕВЕРСТВОТО ! Тогаш веке се знае дека од нечија страна нешто фали штом ТОЈ веќе погледнал во друга
Ако ме изневерил никога а ако ме повредил засвиси од ситуацијата но и тоа ретко.....да не животот е краток за лутење но и лутењето не пајга до небо па сега ке може некој се да не изневерува,повредува и се даправи грешки а ние се да му простуваме.Да згреше некој и вистински да се покае може,ама па да е претерал е тогаш не може.Неверство и некој да ми го скрше срцето.имав случај да ми го скршат срцето ама не простив и вејке не сакам да го видам. Кога некој ке ме повреди или изневери ни самиот не е свесен од која страна можам да го погодам и дека тоа го правам во најсладата точка што му е.Штом он можел ке можам и јас!!!!!!!!!
Не сакам и јас да простувам одма, но многу сум мека , едноставно неможам да не му простам кога ми се извинува а особено личностите што ми значат на нив сум уште повеке слаба .Што да правам таква сум
Простувам, а и заборавам, не сум злопамтило, до негде и маана ми е тоа. Простувам и по втор пат, и по трет пат. Широк праг на толеранција, јбг. Ама кога ќе ми се прелие чашата, нема назад.
Многу ретко простувам скоро никогаш,а ако се случи да простам никогаш нема тоа да го заборав.Многу големо злопамтило сум
Не сум злопамтило и не ми е проблем да простам, но само кога знам дека тој што ми згрешил вреди да му се прости. Малку не ве разбирам, како изгледа тоа да простите, а да не заборавите? Ако не сте заборавиле, не се залажувајте и дека сте простиле. Тоа простив, ама не заборавив ми е повеќе тешење на сам себе за тоа што сте продолжиле врка/пријателство со некој што ви згрешил.
Премногу простувам. Не сакам да се присетувам, но во животов мој имаше некои личности кои не знам што не ми направија зад грб и фала му на Господ што тогаш не сум изреагирала бурно. Едноставно оставив се на времето, се направив како да не сум ги видела, дури и станав многу подобра со нив. Не им возвратив со иста мера, туку со добра. На крај морам да го кажам најглавото. Денес сеуште контактираме, но ја сфатија својата вина. Сега ги чувствувам дека се каат и навистина го гледам нивниот поглед како е застрамувачки и немаат лице да ме погледнат во очи. Но, најбитно е што им простив и што мене ми е мирна на душата, што немам грижа на совест . Во просек, простувам и заборавам за 5 минути. Некогаш и сама си се чудам што сум таква блесава .
Вреди да се прости на некој што вистински се покајал. Јас ретко се лутам и затоа немам многу да зборувам за простување
Животот всушност е премногу долг верувајте за да се лутиш на некој,а простувајте на секој се додека срцето ви вика дека треба да простите. <3
простувам,и секако неможеме да се лутиме на некој кој го сакаме.никогач неможам да се налутам,сепак немора да враќаме на никого за ништо,животот е таков сам си враќа,а краток е да се замараме со небитни луѓе кои не повредиле,едноставно таквите ги бришам
Јас на секого простувам.Човечки е ако некој ти побара прошка да му простиш.Животот е еден не вреди да останеме лути на некои личности....