Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Протести/бојкоти против ковид мерки (за невакцинирани) кај нас и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од INNERBEAUTY, 21 август 2021.

  1. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.169
    Допаѓања:
    15.463
    На фб има многу реакции ама онака како да им успева воведувањето на грин пас. Ете се очекува овој месец да почне примена на грин пас и за на работа.
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  2. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    5.492
    Пол:
    Женски
    Не! Доста више! Тој воз помина. Ова е реалноста денес. За која што допринесовте.
    И Нема веќе да ја игнорирате!
    Деца ќе лишуваме од детство бе луѓе од живот и права до кога за да си живеете во вашата лажна идила( која упорно и упорно не дава резултати)?
    @WildMk

    IMG_20211112_154011.jpg



     
    Последна измена: 12 ноември 2021
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Темава зошто не е во - Другата "наука" ?
     
    На noteforself, vitamina, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    5.492
    Пол:
    Женски
    Затоа што е реалноста што сега ја живееме драга Бриџет.
     
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    И бајачите се реалност па си имаат посебно катче.
     
    На vitamina, g8lQQk, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.169
    Допаѓања:
    15.463
    Они го знаат тоа ама се прават како да живеат во друг розов свет а не под тоталитаристички режим кој води кон пропаст на човештвото. И они знаат дека не се работи само за вирус кој случајно излегол од чорбата со лиљак на некој Кинез. Ако се толку се наивни да веруваат дека истите што со години трубат дека планетата е пренаселена сега сакаат дури и на сила да им го спасуваат здравјето со експериментална инјекција, немам што друго да кажам. Се гледа од авион колку се за жалење. Ајде белким после петтата доза ќе се свестат ама тогаш може касно ќе биде.
     
    На Orchidea, Acronia, Dancewere и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Ако сакаат да те истребат, зошто вакцина? Вирусот е сосема доволен. Ако не е, секогаш може да се направи поагресивен, нели?

    Префрлете се во другата наука и таму ќе разговараме. Тука ми е тешко да сум озбилна.
     
    На noteforself, Glowy, oblace1 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    5.492
    Пол:
    Женски
    Дали е планирано или природна дарба(не) више и не е битно. Ама факт е (за оној кој сака да ги симне ружичастите очила )дека ова не функционира, и е деструктивно on so many & many levels. Кои идат како колатерална штета де. За доброто на колективот. Ама колективот не е добро- ни физички ни психички.
     
    Последна измена: 12 ноември 2021
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    179.695
    Вирусот може да не те фати, ако седиш на пример дома]:)...што е сигурно, сигурно е(facepalm).
    Ич никој не те викна да коментираш, седи си таму и прај си стратегии за ПР;). Нити си наивна нити си неинформирана, ќе да имаш некој процент од сето ова, друго објаснување нема.

    Темава е грешно формулирана- не се мерките за невакцинирани само...или многу брзо испарува вакцинираноста....итн.
     
    На Askopje, Orchidea, Acronia и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.640
    Пол:
    Женски
    Аууу, темава труе на QAnon и MAGA амерички вајб, човече...
    Озбилно треба да намалите доживљај, бетер од Славицине по фб групи сте станале по ова прашање.

    Најдолно и најзабегано во овие „револуциите“ низ светот ми е што прават споредби со холокаустот и ставаат Давидови ѕвезди на раце, мислам и кај нас имаше еден таков будала којзнае од кај излезен на некоја од политичкиве дебати пред локалните избори. Мислам, правете кловнови од себе колку сакате, ама кое дно и непочитување е да користиш најголема трагедија од историски размери за своите филмови и циркузи :puke:

    Па и заслужуваме некој процент надомест за читање вакви глупости, реално :drunk:
     
    На buba4e89, Ahoy, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    179.695
    Ама јас стварно не гледам што има за читање во темава.
    Негде, некои луѓе, протестирале од некои причини.
    Ради компјутерска хигиена не морам да го отворам секое видео кое ми е сомнително, не морам да коментирам на секоја небулоза, нели. Ама дека нешто многу не е нормално, не е, дека му е смачено на народ од перење мозок, смачено му е. Ignorance is bliss ама не сите живееме во истиот среќен меур, нели:doh:.
    Утре нема да можам да однесам дете на базен, јер не вакцинирано, задутре на училиште. Well...
     
    На Kitten, Acronia и Dancewere им се допаѓа ова.
  12. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    5.492
    Пол:
    Женски
    Абе па и ти сега. Дека многу спешл си не ти текна да кликнеш на линкот да видиш дека не го вика Qanon ова туку надлежни на прес пред камери?:D И австралијанциве очигледно ги сваќаат озбилно со интернационалниов SOS испратен до светот(со се барање за аsylum и се):?: Единствениот кловн во ситуацијава си ти.

    И пошто се дрзна да ги споменеш овие другиве у нивно име ај да видиме од нивни усти каква е перцепцијата за се ова :?: Околу 24та минута.

     
    Последна измена: 12 ноември 2021
  13. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    5.492
    Пол:
    Женски
    Колку за потсета во Израел од Август е започната и вакцинација со трета доза која иначе и е сега задолжителна(од 3+ годишна возраст) иначе нема грин вип пас и поголемиот дел се вакцинирани со три дози.
    https://www.timesofisrael.com/over-...nt-get-3rd-dose-to-lose-green-pass-on-sunday/

    https://www.bbc.com/news/world-middle-east-58245285
    IMG_20211113_184449.jpg

    aRjBWjA_460s.jpg
     
    Последна измена: 13 ноември 2021
    На mKdevojce и OmilenataZaNego им се допаѓа ова.
  14. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Протестантите во Австрија и Холандија изгледа се холограми.
    На улица протестираат ради каприц.
    Во Велика Британија на 450.000 вакцинирано население, т.е. 85% и повеќе отпуштаат здравствени невакцинирани работници.
    Чуму тоа и за кого?!
    Па, не е ни чудо со овој менталитет што немаме поим за диференција меѓу тоталитаризам и демократија.
    Толкава граѓанска пасивност со децении наназад не е забележана, па дури ни во време на Холокаустот.
    Па, уште темата да се преместела во другата наука, во време кога паѓаат првите кордони на слобода во Австрија и Австралија и се бара S.O.S.
    Трагичкомичен хорор.
     
    Последна измена: 14 ноември 2021
    На INNERBEAUTY и OmilenataZaNego им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.640
    Пол:
    Женски
    Никој не вели дека измислувате за протестите и дека воопшто не се оддржуваат. Реални се, за жал, и покажуваат дека човечката глупост и лудило низ светот е at an all time high.
    Не беа холограми ни овие у Скопје што летоска извикуваа „мое тело, божја сопственост“ и „убијци“ за докторите, ниту т.н. македонски „Мајк Тајсон“ што тресе QAnon глупости на фб.

    Во Велика Британија пред неколку месеци на сред Лондон имаше протест во кој здравствените работници ги споредија со нацистите кои ги егзекутирале на крајот на WWII. Една од тие најистакнати англиски антивакс активисти, Кејт Шемирани, е поранешна медицинска сестра чиј роден син излегува пред медиуми очаен за тоа по кој пат тргнала, вели дека ѝ нема помош и предупредува на опасноста од вакво задлабочување во теории на заговор.
    Жената буквално се оддалечила и оди против сопственото семејство, синов ѝ е од мешан етникум а таа забегала во white supremacy филмови (пошто да, и тоа е неизбежен дел од теорииве и мреживе), па во понови вести сега читам дека и близок другар изгубил од ковид додека ја гледа мајка си како живее за да пркоси на наука и вакцини. Е тоа е страшното, што им се случува у главата на овие што организираат протести низ светот.
    За други држави не сум читала, ниту сакам да се задлабочувам во вакво поразително лудило.

    Зошто отпуштале здравствени работници кои не се вакцинираат и се против вакцини?
    Па добро, што треба следно да се толерира, пожарникари да почнат да не веруваат во противпожарни апарати или просветлени ментори во автошколи да се кренат против сообраќајни знаци како „алатки со кои системот нѐ контролира нас овците“, и да ги остават на работа?!
    Мислам дајте бе сериозно...
     
    На No Makeup, Bezimenka90, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Какви теории на заговор бре Специ, па не може цела Европа, на чело со гореспоменатите земји и Италија да бидат конспирацисти.
    Во државните закони (еве Џули е правник нека потврди), стои дека граѓанските права не смеат да бидат во ниту една ситуација прекршени, освен во вонредни и воени состојби. А, ние го немаме ниту едното ниту другото.
    Од почетокот на пандемијата сведочиме илјадници прекршувања преку воведување полициски часови, прохибиции, тепање мирни протестанти, не земање во обзир прележани со природно стекнат имунитет, до мерки како носење маска на отворено, или дур си сам во автомобил/семејство со кое делиш воздух минимум осум часа во денот.
    Ајде кажи дека сето ова наведено не е сведено на класичен експеримент?

    И не, не се сите со "white supremacy" агенда, туку уште има луѓе со здрав разум кои увидуваат дека се повеќе мерките се сведени на апсурд.

    Последново, имате горе линкови, медицински лица, истапуваат од комфор зоната и зборуваат за целокупните недоследности околу вакцината како и за стапката на смртност. Иако, најдоцна за четири часа истите видеа од youtube се тргаат со изговор "violating rights".
    Затоа треба да се запрашаме кој во овој поларизирачки свет е навистина луд?
    И кој не доведе до тоа да биде вака?
    И зошто воопшто се банирани и отпуштани медицински лица кои излегуваат со поинакви статистики од оние јавните околу % на заболувања и смртност од вакцини?

    И за крај, зошто во В.Б. држава во која 85% од населението се вакцинирани има толкава стапка на смртност и потреба за отпуштање на здравствениот персонал кој е невакциниран?
    Од кого тоа пробуваат да ги заштитат медицинските лица, од самите себе?
    Тоа ич не е образец на тоталитаризам?
    Мислам еј, не сакам погрешно да сфатиш, ама мое мислење е -
    - If they're conspiracist, let them talk and laugh. :)
    Ама ги банираат со причина, а таа причина сигурно не е теорија на заговор.
    Таквите ги оставаат, инаку нема да чуете за нив. ;)

    П.С. Паралелно на ова пред некој месец забранија ивермектин во Австралија со изговор на нивната официјална страница дека не треба да бил зиман истиот како замена за вакцинирани, и ради социјалната пропаганда која се ширела за лекот?!
    FTW?
    Па, ивермектин е антипаразитен лек кој не служи само против корона, туку превенира сто други акутни состојби.
    Тотален апсурд.
    Има уште милион недоследности, но немам време да се задржувам сега на секоја поединечно.

    Фактите се тие.
    Пропусти се направени, пациенти умираат во рацете на здравствените работници (и вакцинирани и невакцинирани).
    Најмал проблем се теоретичарите на заговор.
    Најголем проблем е тоа до кога ќе не третираат вака со изговор дека е за "наше добро" и до кога ќе се профитира од овој криминал.
    Психата ни е веќе руинирана, социјален живот скоро па и да немаме.
    Тоа никој нема да ни го врати. Никогаш.
     
    На Kitten, mKdevojce, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    За какви права зборуваш? Право да го шириш вирусот?

    На вирусот не му е гајле за нашите права да шетаме без маски и да се дружиме. Мерките за да го успориме се тие, лекот засега се вакцините.

    Цело време зборувате за вашите права и слободи, а што со тие кои имаат хронични болести, некои не можат да се вакцинираат, некои имаат само намален имунитет, а вирусот е со фатални последици по нив. Немаа сите среќа да го поминат асимптоматски и без последици. Што правиме со нивното право на живот и здравје?

    И како тоа нема социјален живот?! Буквално се е отворено и мерките не се почитуваат, да се почитуваа строго два три месеци и од сите, немаше да се шири вирусот.
     
    На Bezimenka90, Someonespecial, staycalm и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Jaс ги почитувам Мерките Мика.
    И верувам дека огромен процент од нас кои живееме во Скопје ги почитуваме од страв да не бидеме репнати со 500 евра казна и кривична пријава, иако веќе ја имаме прележано болеста и влечеме последици од истата.

    Годинава дур вакцините стасаа поголемиот број од нас го прележаа и тоа е факт, не мит.

    Октомври и ноември 2020 и март и април 2021 Македонија гореше.
    Буквално беше дувло на болни.
    Имаше толку вртоглави бројки што не можеше да се влезе во трага кој прележал а кој не бидејќи не можевме да добиеме термин за тестирање со помош на PCR.

    Црвена зона бевме на четири фронта, и потврда за тоа (минимална секако) е и форумот.

    Додека статистиките кои првично зборуваа дека имунитетот од природно прележана состојба е повисок за разлика од вакциналната за многу брзо се промени и беше фрлена во ѓубре.
    Зошто?

    Демек пу пу не важи, сега и прележани ќе вакцинираме, ново истражување. :?:
    Кој е тука луд, биди искрена?
    Уште еден апсурд, уште еден облик на тоталитаризам, паника страв, контрола и насилие.

    Тие изговори дека е нов вирус па мутира, а само вакцина може да спаси од понатамошни мутации може и ќе поверувавме да немаше толку млади со фатални и смртни исходи за кои сега јавно се зборува од директорите на гробните претпријатија.

    Имате линкови, истражете, јас сум небитна за оваа дискусија.
    Само следете ги двете страни.
     
    Последна измена: 14 ноември 2021
    На mssuniquee и Orchidea им се допаѓа ова.
  19. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    5.492
    Пол:
    Женски
    А што тоа рече нобеловац вирулог вакцинираните стварале мутации (и ги пренесувале,вклучувајќи и меѓусебно во лалаленд идилата за вакцинирани каде невакцинираните немаат пристап)И така растеле случаите. Имаме доказ црно на бело Израел,Германија, Шпанија/Португалија/Европа...?

    А за што тоа одбивале вакцина медицинскиов персонал?Што не сакаат да убризгуваат у тело нова технологија никогаш претходно користена на луѓе. Чии што студии сеуште траат уште година и пол.Што не спречува трансмисија. Што се покажува упорно и упорно статистички дека не спречува сузбивање на пандемија баш напротив ја разгорува. Кои тоа теории на заговор?
    Што доаѓаат со ваков inside info?

    https://odysee.com/@MarijaS:8/AUSTR...JIMA-SE-NE-POKLAPA-SA-DOGADJAJIMA-NA-TERENU:1
     
    Последна измена: 14 ноември 2021
    На Orchidea му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.062
    Допаѓања:
    55.575
    Пол:
    Женски
    Јас не знам за какви мерки што ви нарушуваат права зборувате. Маски моментално само на затворено се носат, и тоа не секаде. Сертификат за вакцинација никој не ми побарал во последно.
    Луѓето нормално се дружат и излегуваат, дискотеките се преполни за викенд. Полициски час нема, локдаун нема, ограничувања на работно време на угостителските објекти нема.
    Да не излегува Филипче одвреме навреме ќе заборавам дека постои пандемија.
    Јас не се осеќам дека ми е нарушено некое право моментално. Нарушување на право ви е да ви побараат да носите маска в маркет? Сериозно?
    Па јас не знам што треба да се направи веќе. Нигде маски да не се носат, да не се вакцинираат луѓето, скроз онака да се преправаме ко да не постои вирус, па ко преживи причаче. Така?
    Да видат тие од горе со Бил Гејц дека не сме овци. |(
     
    На noteforself, Ugly Duckling, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.