Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Протести/бојкоти против ковид мерки (за невакцинирани) кај нас и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од INNERBEAUTY, 21 август 2021.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ок, не ви се бендисва, сфативме.

    Ама дали имате алтернатива, како да се заштитиме, побрзо да помини и што повеќе од нас да преживеат?
     
    На Mikha4, ElenaOfRivendell и staycalm им се допаѓа ова.
  2. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Ете на пример нека положат сметка на турканиците по ноќните клубови. До вчера беснееше Менгеле по митинзите без маски без ништо. Човек на работа мора да оди за да спечали леб не лежат сите дома некој друг да ги издржува. И не барај решение за проблемот од нас кога никој во светот го нема. Ни вакцините ни вакцинираните не гледам да го решија. И сто посто да се вакцинирани ќе почнат да дупат со трета, пета и десета доза. Така до недоглед. Оти мерките не се оти многу им е гајле за твоето и моето здравје туку за присилна вакцинација.
     
    На anggell, Cosmic Girl, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Цк.
    Мерките им се за да се разболуваме што помалку, да умираме што помалку, за да имаат доволно работници/гласачи/конзумери
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.388
    Пол:
    Женски
    Нема алтернатива,чудово ќе трае и трае. Не им е во план да заврши пандемијата.

    Треба да си се вакцинираат оние кои сакаат, без да ги условуваат со работно место, плата и да си играат со нивниот леб.
    Истите оние кои држеа предизборна кампања два месеци без ниту еднаш да стават маска, Ист Гејт го отворија и ни еден не носеше маска, тие се најдоја да не условуваат со безвезни мерки во име на народот и за здравјето на народот.
     
    На anggell, AndyRad, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ами ако мутира во нешто поопасно?
    Или ако не поминува само од себе и за век и векум да умираат луѓе ко од мајтап?
     
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.616
    Допаѓања:
    39.154
    Пол:
    Женски
    А епа ајде ако не да се поделиме на вакцинирани и невакцинирани и готово.Така подобро е?
    Нормално дека ќе исмејувам луѓе што се изнапишуваа со месеци најразлични невистини од типот нѐ прскаат со гасови, ни ставаат метал во вакцините кој се лепи за парички, умрените од ковид не се вистински, смртноста е 0.00001 а кај нас лажат сите. Што треба да кажам, браво за глупости и за тоа што луѓе што врска немаат од животот се дрзнуваат по фејсбук, во реален живот, секаде да си даваат свои гледишта како да се доктори?

    Ако сум против нелогични мерки и забрани, не сум против наука и медицина, магично нема да бидам согласна да се шират секакви глупости кои се потенцијално опасни.Си стојам зад тоа што го пишувам, можам да речам дека некој е глуп, ама нема да се согласам да биде избркан од работа.
    Кој го цитира Венко? Умре времето на негово поддржување од страна на непартиски луѓе, не знам дали си свесна. :)
     
    Последна измена: 17 ноември 2021
    На Mikha4, Larson, ElenaOfRivendell и 3 други им се допаѓа ова.
  7. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.388
    Пол:
    Женски
    Па зато пишав, кој сака да си се вакцинира ако мисли дека со тоа ќе е заштитен.
     
    На AndyRad, Didajo и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Кој ќе ги покрива трошоците за тоа што не одат на работа луѓето, што се лекуваат на државно, што ни снемва народ што ќе работи и купува?

    Оти толку лесно кревате раце?
    Борете се тро.
    Не му е лесно на никој.
    Сите сме во исто го*но.
    Тешко е, сакам да не носам маска, сакам да не треба да се вакцинирам, сакам да нема пандемија.
    ... ама не ме прашал вирусот шо сакам јас...
     
    На Mikha4, ElenaOfRivendell, FridaodaMk и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Епа очигледно овие вакцини не се спасот. Оти па се разболуваат, па умираат. Гратис нус појави и компликации. Во земји со огромна стапка на вакцинираност проблемот не е решен и пак мора рестрикции да има. Профитерство е во прашање и тоа големо.
     
    На anggell, AndyRad, Didajo и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.169
    Допаѓања:
    8.483
    Пол:
    Женски
    Има логика, има. Ама не сакам да навлегувам во муабетот. Не ми е целта нешто да докажувам. И не е тука тоа темата.
     
    На emaus му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Poyraz Karayel

    Poyraz Karayel Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2018
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    906
    Пол:
    Машки
    Тие што умреле, а се вакцинирани, веќе биле со една нога во гроб од други хронични болести.
     
    На buba4e89 и Larson им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.223
    Допаѓања:
    125.577
    Пол:
    Женски
    Вакви мерки не се за тоа.Вака само удираат по психата на луѓето.
    Добри мерки се оние кои не се косат со принципите на внатрешното и меѓународното право.
    Нашиве прво не го едуцираат народот како што треба,а и они не ги почитуваат мерките кои ги донесоа.
    Вршат дискриминација.
    Не вршеа детални проверки за време на полициските часови,не вршат ни сега за сертификатите.
    МЗ со став „ја нисам одавде и сè е под контрола“ како одговор на новинарски прашања не може да го убеди населението дека не треба да се плаши.
    Јас сум за вакцинација и за мерки,и друго решение не гледам.
    Хумано е да нудиш вакцина,ама нехумано е да ја форсираш бидејќи има луѓе кои не можат да ја примат дури и да сакаат.Нехумано е и да ги оставиш луѓето да прележат.
    Вакцинацијата е подобра опција.
    Ама,сметам дека и двете(вакцинација и мерки) треба да се спроведуваат на начин кој нема да се коси со внатрешното и меѓународното право.Значи,јасно и аргументирано да им се објасни на луѓето зошто е битно да се вакцинираат оние кои можат да примат вакцина и процесот да се одвива внимателно и без дискриминација.Само така антиваксерите ќе останат без аргумент.
     
    На Guns N` Roses, FridaodaMk, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Која наука?
     
  14. ButterflyQueen

    ButterflyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2021
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Лекот е разрешување на министерот за смрт, дали со добро или со лошо. После негово заминување, бројките магично ќе спласнат, а и нема толку да умираат луѓе по болниците.
    Секое бранење мерки од човек кој гори живи луѓе по болници, и кој на илјадници луѓе за време на митинзите, не следејќи си ги своите протоколи им го рашири вирусот, е најверојатно поради финансиски мотив во позадина.
     
    На AndyRad, Orchidea и Amelia им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.639
    Пол:
    Женски
    Значи ако не сакаат да се боцкаат луѓе кои едвај знаат дефиниција за вирус и црпат информации од фејсбук, тоа е доволен доказ дека не е добра вакцината? :drunk:

    Дај престанете веќе со тие приказни за владите, смешни сте. Ако се вакцинираш и не поддржуваш протести предводени од радикални и екстремно ирационални луѓе, не значи дека веруваш на влади и политичари, туку на медицински експерти кои знаат повеќе од нас, на науката како единствен излез.

    Јас сфаќам дека многу од мерките овие две години кај нас се нелогични и недоследни, со исклучоците за оддржување избори и прослави по штабови, па дури и заболени пратеници што доаѓаа во скафандери да гласаат у собрание. Здравството ни е катастрофа, трагедијата во Тетово беше врв на целата таа мизерија.
    Ништо не ми значи ни Филипче, ни владата, за сите партии имам само презир.

    Ама да не се лажеме, 90% од вас во темава сте апла антиваксери, не ви се вас само политичарите проблем туку сте длабоко загазени во мелодраматични сценарија и дезинформации.
     
    На buba4e89, Mikha4, ElenaOfRivendell и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.616
    Допаѓања:
    39.154
    Пол:
    Женски
    Не знам ти кажи ми.
     
  17. 999

    999 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    i
    znae nekoja pri koi bolesti ne smee da se primi vakcina?
    i dali maticniot pise deka ne smees da primis ?
     
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.962
    Допаѓања:
    179.660
    Да почнат да лечат, не 60% што влегле во болница да умираат.
    И да ги обезбедат условите од резолуцијата погоре наведена;).
     
    На Didajo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    5.477
    Пол:
    Женски
    Е јес ви дадоа зелено светло за ваква дрскост и силење, и гордо фурање игнорантност, ама полека,си доаѓа се на свое место.Ирационални мислиш како оние што им е полн мозокот со ирационален страв, како и исклучено рацио како последица,што би да живеат во свој лалаленд,жмурат на факти и би да живеат живот сведен на едвај егзистенција во survival mode? И би вака они доживотно па и уште бараат несебично и од сите иста жртва и се увредени :!: кога не секој би вака?

    Не, доволен доказ дека вакцината не е добра за сузбивање пандемија (поради што и е наводно моментално неофицијално задолжителна ) е што вакцината не е успешна во сузбивање на пандемијата (никаде) :D Не оти антиваксерите така сакале или рекле.

    @nextredstyle ова мислам им е доволен "аргумент" на антиваксериве за нивното "антиваксерство" а и јасно и гласно им е на нив зошто се одлучиле против вакцинација,нема потреба да им се "дообјаснува" (како на пример врата до врата што им се "дообјаснува/ше" во САД)ова само не им е јасно на овие што упорно не би да сфатат. И кои се тие "мерки" во овој случај што не би се коселе со внатрешното и меѓународно право што ги предлагаш?А ти ако добро имам сфатено си против овие мерки јер ти неможеш да примиш вакцина,ама си за овие мерки за другите и да примаат уместо тебе?:?:

     
    Последна измена: 17 ноември 2021
    На AndyRad и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.223
    Допаѓања:
    125.577
    Пол:
    Женски
    Мерки кои не би биле дискриминирачки(темава е за протести,да не идам ептен офтопик).
    Погрешно си ме сфатила.
    Јас можам да примам вакцина.За вакцинација и за мерки сум бидејќи друго решение нема.
    Тие кои нејќат да се вакцинираат имаат различни причини.Некој од неинформираност и страв,друг од лошо искуство ради друга вакцина,а трет оти не може да прими.Тоа е јасно.
    Изборот на луѓето треба да се почитува,ама и власта треба на првите и вторите да им објасни на правилен начин дека не треба да веруваат во улави теории и зошто е пожелно да се вакцинираат.
    Не треба да се игнорираат нус-појавите и јавноста треба да слуша повеќе за нив,ама не треба ни ради нив да се отфрлаат вакцините.Ако Петко доживеал посериозна нус-појава,не значи дека и на Станко ќе му се случи истото.Станко не треба да се плаши.
    Со форсирање не се постигнува посакуваниот резултат,туку со правилно информирање.
     
    Последна измена: 17 ноември 2021