Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Протести/бојкоти против ковид мерки (за невакцинирани) кај нас и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од INNERBEAUTY, 21 август 2021.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Јас веќе се чувствувам безбедна.
    Ама не чувствувам дека човештвото е безбедно, на патот на кое тргнало.

    Сакам да и' оставам на ќерка ми поубав свет од овој што го начекав, не полош
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.786
    Пол:
    Женски
    Зборуваш сервирано,не се ни обидуваш нелогичности да увидиш.....но не е ни битно,си имаш мислење и право на избор , ни за момент не помислив да ти го оспорам...
    Ме изреволтира само " чувството за заедница" , на кое се повикувааш....а реалноста е тотално спротивна..
     
    На Snowflake97 и AndyRad им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Не е тотално спротивна... за жал

    Тука сме, ќе сведочиме.
    Молам Бога да грешам....
     
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.786
    Пол:
    Женски
    Вистина,не е тотално спротивна....заедничарењето на оние кои протестираат против нелогичноста на светот во кој живееме,ќе ни ја покаже вистината на целата оваа игранка...
     
    На IRBBB, deskarada, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Логичен е светот.
    Апсолутно логичен.
    Има пандемија, треба што повеќе од нас да ја преживеат.

    Како што реков... тешко е да се прифати реалноста.
    На сите ни е.
    Кој неќи да патува кај сака, да оди каде сака, да нема онлајн настава, да нема болни секаде околу нас, да не знаеме ни еден што починал од ковид?
    Сите сакаме... ама природата не не' прашува што сакаме ние.
    Едноставно, е.
     
    На staycalm, fana и JoyJoy им се допаѓа ова.
  6. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    3.265
    Screenshot_20211122-100334_Chrome.jpg Screenshot_20211122-100051_Chrome.jpg

    Не ми е јасно зошто секогаш кога има дебата на форумов, мора да има "висок" тон, навреди, омаловажување на туѓо мислење.

    Значи пак ќе кажам, се додека самите тие кои ги произведуваат вакцините и државите не даваат чувство на сигурност и даваат различни информации, нормално е да има поделени мислења.
    Протестите треба да бидат за правото на избор за вакцинација (која повторно е нова, без пробен период и не се знаат потенцијални последици на долг рок), а не за самата вакцина. И не ми е јасно зошто е толку тешко да се прифати дека некој може да има спротиатавен став. Еве јас пак ќе кажам, далеку од антиваксер сум, сите ги имам примено. Ама не сум за присилна и условна вакцинација која условува со леб, месец дена после отварање на дискотеки, кафани, молови, избори и пописи, каде никој не носеше заштита!

    На крај дај малце покроце со доживљајов, па не е само Македонија со народ што одбива или се двоуми за вакцинација, гледајте што се случува во светот. И не знам чему берете гајле за невакцинираниве, кога вакцинираниве се "комплетно заштитени". :mm:
     
    На Idedemja, Dancewere, Amelia и 13 други им се допаѓа ова.
  7. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.786
    Пол:
    Женски
    Ако сакаше да потенцираш дека е логично што се појавила пандемија во светот,се сложувам.
    Само меркиве,нелогични некако.
     
    На Amelia и Need for Speed им се допаѓа ова.
  8. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Машки
    Ама многу сте напорни со тоа експериментална вакцина?

    Многу ме интересира еве ајде вие што сте "експерти" и што знаете се и свашта дали знаете како се одвива тестирање на одреден медикамент или конкретно вакцина. Пак треба да ја испитаат на луѓе кога тогаш и во одредена Х фаза сите вакцини биле експериментални , медицината е експериментална наука и многу од новитетите се базираат на експерименти каде мора да биде вклучен човекот како фактор откако ќе пројдат предходните фази на лабораториски животни и инвитро во епрувети. Вакцините особено во ова модерно време обично се произведуваат во рок од 3-5 години зависно за што се наменети, од кои 1 до 1 ипол година се клиничките тестирања а останатите се административните бирократии кои ја прават таа опструкција и временски период со години додека официјално биде одобрена. Во ова време , таман работа ако чекаме 10 години за вакцина против респираторни вируси и останати болести кои се чести (пр. грипот), едноставно треба да сме свесни дека толку сме напреднале што порано одредени медицински испитувања и манипулации се правеле со месеци и години а денеска можеме за 3-4 дена да ги завршиме.

    А да, еве да речеме ќе се подготвува вакцина против ковид 5-6 години за новиве соеви и пак ќе се бараат испитаници па да ве прашам што не одите вие еве вака за колективно добро да учествувате во клинички студии за одобрување на одредена Х вакцина. Ама не , полесно е Петко,Станко да примат и да ја истестираат со години на други луѓе а вие да сте 100% сигурни дека е безбедна, епа на некој начин сите сме експеримент и тоа е неприкосновен факт. Не сфаќате дека за да биде одредена вакцина истестирана а не "експериментална" потребни се тестирања на огромен опсег на луѓе (минимум неколку милиони од различни континенти), еве вие што сакате никој да не го загрозува здравјето на вашите деца, може да се пријавите во некоја студија за клиничко испитување па да помогнете одредени вакцини или медикаменти да не бидат "експериментални".
     
    На Glowy, Mikha4 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  9. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    Прво и основно јас ова милион пати сум го повторила и сега пак.
    Дали смртта е нешто ново, сега што се дешава прв пат од кога се појави ковидот или постои од почетокот на човештвото?
    Смртта е нормален дел од животот и не знам зошто волку паѓање во несвес дека луѓе умирале, да умираат и ќе умираат затоа што секој жив еден ден ќе го напушти овој свет.

    Не се вакцинирам затоа што сметам дека вакцината ќе ме убие, до сега од кога е почната пандемијата не сум се заразила, што не значи дека нема да се заразам понатаму, ама јас одбирам да му верувам на мојот имунитет природно, макар тоа да ме кошта и живот.

    Сум за вакцинација исклучиво за тој што сам одбира така и мисли дека така е правилно. Ама ова набивање како грижа на совест или со други зборови што не нарекуваш убијци дека не се грижиме за заедницата бидејќи одбиваме да се вакцинираме е исклучиво и само затоа што си отруена веќе со постојано следење на вести, колку жртви има, и слепо веруваш на бројки што ти се пласираат. Опушти се веќе, не биди во грч постојано, ете битно ти си вакцинирана и заштитена или можеби се плашиш дека и покрај тоа што си вакцинирана може да ти се деси нешто несакано, па од тука ти излегува целата таа напнатост и омраза кон невакцинираните.
     
    На Zavisnaodblago, Glowy, Amelia и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.960
    Допаѓања:
    179.639
    Еве ваква- лек со условно одобрување. Се чекаат дополнителни докази ( :?: ) за овој лек.
    upload_2021-11-22_10-49-23.png
     
  11. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Машки
    Епа ова не е некоја новина, поради тоа што административните бирократии не може одма да биде целосна дозвола за употреба и е дадено вонредно одобрување за користење т.н "условно одобрување" што би значело дека доколку се покаже ефикасна може да добие целосна дозвола а доколку се појават значителни несакани ефекти кои се вон студиите кои биле спроведени да биде повлечена, затоа е тоа условно. Сакале,нејќеле сите сме експеримент цела планета бидејќи нема начин да се дојде до тоа целосна дозвола за употреба за кратко време а без притоа да е аплицирана на широка популација. Скоро сите вакцини се пуштени во употреба со ваква дозвола и до сега не се покажаа да имаат некои сериозни несакани ефекти кај голем процент од вакцинираните (нормално имаше случаи на миокардитиси од Фајзер , тромбоза. Другите беа оние класичните болки,температура,малаксаност) затоа веројатно е за брзо повеќето да добијат целосна дозвола за употреба.
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    5.475
    Пол:
    Женски
    Ама новинава е дека овој производ додека траат сеуште испитувањата(и откако и произведувачот сам си призна дека е разочаран што не се достигнати очекувањата) се пробува да се направи задолжителен :drunk:
    Boy that would be awkward
    download (31).jpeg
     
    На AndyRad и IRBBB им се допаѓа ова.
  13. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Машки
    Добро, тоа е грешка и не поддржувам нормално закани по егзистенцијата и присилна вакцинација ама не поддржувам ни протести на што се зборат сатанисти, чипови, Бил-Гејтс и експериментален лек од кој ќе умрат сите до 2030 година... Сепак како што кажав уназад ова не е ништо неочекувано, како пее цел свет така играме ние. Филипче буквално не дека пронаоѓа логика во мерките што ги носи туку така само ги лупаат од памет и од тоа како ќе им препорача СЗО и некој од горе.
     
    На Glowy, Mikha4, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Мене навистина не ми е јасно што ќе се прави со тие што не сакаат да се вакцинираат ниту пак да ги плаќаат скапите тестирања секоја недела, вработена сум во државна администрација верувајте дека повеќето не сакаат да се вакцинираат одколку што сакаат сите ли ќе добијат отказ? Не знам што да кажам, ќе се губи работа како што тргнало
     
    На Amelia и AndyRad им се допаѓа ова.
  15. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.589
    Пол:
    Женски
    Вака сигурно не.
    Самиот производител не гарантира дека е делотворно, а истовремено не сноси одговорност од несакани ефекти.
    Тестирање врз одредена група на луѓе-да, контролирано- и тоа да, одговорност си презема тој што прифатил да се тестира врз него медикамент/вакцина/шо да е- да, ама за одреден надоместок.
    А тестирање на цел свет под присила, со уцени- не.
    Колку шо знам забрането е да се врши експериментална фаза врз луѓе. Па уште и масовно..

    Еве хипотетички да земеме дека долготрајни последици даваат некои од вакцините против ковид. Јас сум вакцинирана со две дози синовак и сега примам трета фајзер (утре можеби и четврта). По х години добивам болест, последица на вакцината. Како ќе докажиш ти како експерт од која вакцина ми е- од синовак или од фајзер? Или и тогаш ќе ме убедуваш дека не ми е од вакцините?

    Ама што си се фатил на муабети од Трајанка, Стојна и Петкана шо ги прскаат авиони?
    Ваљда протестите во цел свет не се против сатанисти, Бил Гејтс 5г...
     
    На sonuvana, Reina.Gitana, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Машки
    Епа проблемот е што тоа под присила не треба да биде така, иако ако би било во нормални услови пак ова за експериментална вакцина важи , а тоа експериментирање на луѓе е забрането да, но во друг контекст. Овде се работи за веќе проверена вакцина која се посочени и несаканите ефекти во клиничките студии. Под експериментална не подразбираме кој ќе умре кој не, туку општо нејзиниот сооднос ефикасност/ефективност заедно со несаканите ефекти. Пред да се пушти во употреба сигурно се регулирани тие работи, ама кај нас зборот експериментална се толкува погрешно како божем да вбризгуваат некоја рандом радиоактивна супстанца и чекаат да видиш кој каква болест ќе фати.

    Долготрајните последици за жал не можат да се предвидат но може да постојат и нема негирање но во моментов приоритетот е да се сузбијат кластерите на заразени и пандемијата да стивне бидејќи како што гледаме зема се поголем замав, колку само млади деца од 15-17 до 20 години го загубија животот. Приоритетно ни е да ставиме контрола на пандемијата но тоа да биде секако со сериозни мерки а не присилна вакцинација, но тоа е веќе политика и не навлагам понатаму.

    А за присилната вакцинација сум против со мерки кои се закануваат по егзистенцијата.
     
  17. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.589
    Пол:
    Женски
    Ама што си се фатил на муабети од Трајанка, Стојна и Петкана шо ги прскаат авиони?
    Ваљда протестите во цел свет не се против са
    Да, ама додека користа не ја надминува штетата, не може да се каже дека е добра, уште помалку задолжителна. Во моментов не знаеме ни дали има корист (бројките на заразени и починати на целосно вакцинирани ич не се ниски).

    Никаде не реков дека вбризгуваат радиоактивна супстанца, ама и чајот од магдонос кај некои луѓе предизвикува одредени состојби што кај други не ги предизвикува.

    Во однос на кластерите, шта речи?
    Како ќе сузбиеш кластер, кога тие што се комплетно вакцинирани не се изолираат?
    Сите луѓе со кои сум во контакт се вакцинирани, без исклучок. Неделно се гледам барем со 10 луѓе надвор од моето семејство. Ако се заразам, никој од нив не оди во изолација. Тоа сузбивање на кластер е?
     
    На sonuvana, Biljarkata, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    15.455
    Сама кажуваш дека е во фаза на експеримент а те нервира поиомот "експериментална вакцина".
     
    На sonuvana и AndyRad им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.613
    Допаѓања:
    39.140
    Пол:
    Женски
    Wtf?
    Тебе ти е страв од вакцината зашто мислиш дека нешто може да ти се случи што евентуално би можело да заврши фатално, на друг му е страв од ковид затоа што искусил смрт во непосредна близина кај луѓе што биле здрави.Значи твојот страв е легитимен, ама на другите не е?Како може бе вака без осет да пишувате? Умирале луѓе, што има врска.Оди кажи им го тоа на луѓе што изгубија млади луѓе(деца) по 20-30-40 год., дека тоа не е ништо страшно.
    Ако е смртта непосредно по вакцина ќе кажеш дека исто така не е битно зашто и така умираат луѓе?Не, нема да го кажеш тоа.
    Ај не бидете лицемерни и мислете пред да пишувате.
     
    Последна измена: 22 ноември 2021
    На WildMk, Glowy, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    Не знам од каде таа информација дека вакцинираните биле заштитени и поотпорни кога само јас лично познавам 20 души кои се заразија откако се вакцинираа и уште колку други за кои се пишува по медиуми кои се вакцинирани а се заразиле, значи ако некој вакциниран го фати вирусот секако потенцијално ќе се во ризик и останатите вакцинирани да фатат од него така да не држи вода муабетот за колективен имунитет кога воопшто и нема ефикасна вакцина а со оглед на тоа дека вирусот мутира прележаните можат по неколку пати да го фатат исто како и сезонскиот грип.
     
    На Tea678, sonuvana, AndyRad и 2 други им се допаѓа ова.