1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Протести/бојкоти против ковид мерки (за невакцинирани) кај нас и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од INNERBEAUTY, 21 август 2021.

  1. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    А како ќе носи маска и држи дистанца кога не верува дека постои воопшто вирусов ?
     
  2. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    118.166
    Пол:
    Женски
    Па нели протестот е против ковид мерките? Вирусот си постои.
    Јас мислам за мерките протестираат.

    Се извинувам што упаднав, вака јас, од Марс.:wasntme:
     
    На Grimlinko му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Право на избор не значи слобода да го загрозуваш јавното здравје.

    Откога почна ширењето на вирусот се знаеше дека единствен излез е и ќе биде постигнување на колективен имунитет преку вакцинирање на над 90% од населението, како што се завршиле и сите други епидемии во последните 100 години.

    Најверојатно е изгубена шансата за постигнување на колективен имунитет, така да уште ќе трпиме мерки и последици од вирусот, а сите вие кои ги подржувате протестиве, агитирате против вакцинирање, ширите паника и заговори од треторазредни портали, во гужвата прилепени едни до други без маски, си плукате во фаца едни на други, кога скандирате "убијци" треба да си ги вперите прстите меѓу вас. И не придонесувате само за смртта на болните од ковид, туку и на сите други луѓе кои ќе немаат пристап до лекарски услуги.
     
    На staycalm, Nena Jovanova, vitamina и 9 други им се допаѓа ова.
  4. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    Ignorrance is trully a bliss(со се его-трипови и филмови)додека не престане да биде и зачука суровата реалност на врата)Ти не си упатен/а со најнови информации(дека и ваксани шират зараза и по твојава теорија и они ( појасна да бидам -ти претпоставувам,на ваксани и неваксани како и ваксани тебе)се потенцијални убици)Израел извакцинира преку пола население во најбрз можен рок(со се мерки од ваков тип) па пак сега мака мачи со вој нов делта сој. Или не би да прифаќаш реалност ,и ако не,што бараш уопште да се истрчуваш да паметуваш во вакви дискусии неинформиран?
     
    Последна измена: 24 август 2021
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Дури не измислите друго решение или лек против вирусот, како мислите дека протестите и ширењето на истиот ќе помогнат? Што ако излезе нов посмртоносен сој од овој? Пак ќе измислите баба Роги за да ви бидат криви, само вие ли имате права, слободи, ама не и обврски кон општеството?
     
    На le.soleil, WildMk, noteforself и 3 други им се допаѓа ова.
  6. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Веќе се предвидува посмртоносен сој.

    Мене најмногу ме загрижуваат оние кои упорно тврдат дека ова е заговор, лага, бла бла, нема вирус, ништо не ги засега. Тие за мене се ко оние, бомбаши самоубици.
    Ама, што им правиш ? Како со овие не знам ?
     
    На Nena Jovanova, WildMk, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Темава не е за вакцините, има веќе теми за тоа, затоа упатете се таму. Оваа тема е стриктно за протестите и дали се во ред или не се, според ваше мислење, другото што нема врска со темата ќе биде избришано.
     
    На Erina98 и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.865
    Пол:
    Женски
    Голем дел од тие на протестите пропагираат дека вирусот не постои. Такви говори имаат. Пропагираар гушкање, кинење на ливчиња на врати од ресторани со мерки и слично. Барем кај нас е така од тоа што се врти по нет. Плус кажуваат дека вентилатори убиваат луѓе и лекарите немаар појма и такви причи. Ах да и сонцето од Вергина го веат исклучиво. Ако знаат и самите за што протестираат глава сечам.
     
    На WildMk, Amellie13, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    118.166
    Пол:
    Женски
    Бог да чува
    8-|
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.791
    Допаѓања:
    8.848
    Пол:
    Женски
    Знаете ли што е најлошо? И јас сум невакцинирана, и се плашам од вирусот многу, пазам максимално ама во маркет морам да влезам.
    Ама овие протести мислам дека пола од лугето не веруваат дека вирусот постои. Тие не само што се борат за слобода него мислам дека убедуваат дека нема никаква корона.
    И јас би излегла на протест ама со маска и растојание. За некои можеби сум луда ама на отворено каде што има гужва и повеќе луге маска не вадам.
    На пазар на отворено исто маска не вадам.
    Пола од населението е тешко да се убеди и после 2 години дека вирусот постои. Мои блиски прележаа и сеуште не веруваат дека е корона, настинка било или грип. Затоа ова лето средби и на отворено избегнувам, здравје да се подобри ситуацијата во подобро време, само да сме живи и здрави и на број.
     
    На WildMk и Alishan30 им се допаѓа ова.
  11. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    Незнам можда тоа што со овие мерки се поттикнуваат на губење работа и приходи за обезбедувања на семејствата им. :?:
    Срам их бре било или убаво рече
    Пропагираат солидарност и човечност во време кога менталното здравје страда поради сето ова а надлежните немаат појма кај удираат од еден кикс до други само не носат до бесконечна бестрага,додека само ја хранат хистеријава и поделбава на ваксани и неваксани.
    И да јасно ми е дека ова се однесуваше на непочитување на социјална дистанца поради ширење вирус во време на пандемија but still ова горе.

    Any idea yet зошто овие протести?
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.865
    Пол:
    Женски
    Аха добро. Знаеш дека цела економија е затворен систем и дека на сите опстанокот ни зависи од мерките. Ако нема пари еден по некое време ќе снема и кај друг. Не сум глупа тоа да не го разберам.
    Ама не разбирам како негирање на постоење на вирус ќе помогне еве. Како нарекувањето на докторите убијци и кажување како да се лечат пациенти и слично ќе помогне? Како носењето на знаме кое е националистично ќе помогне?
    Протест против мерките да ќе помогне ама протест каде што никој не носи маски, каде што се промовира гушкање, пиење пиво од флаша од која некој претходно пиел, не почтиување на мерки за дистанца и слично ќе помогне во борба за тргање на мерките колку и да се глупави. Ако се протестира треба да се почитуваат протоколим да се држи дистанца, да се седи во круг со дистанца... итн итн. Ама ваквото протестирање ич не буди симпатии. Барем не кај мене. А и јас мислам дека сегашниве мерки не се добри. Ама никогаш не би отишла на протест со луѓе што негираат постоење на КОВИД-19 и што активно пропагираат нешто спротивно на здрав разум во моментов.
     
    На WildMk, Alishan30, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    @JoyJoy Ете ова за економијава си во право,натаму тераме дефинитивно ќе стаса до сите . Ова другово се е дискутирано во претходни страни и постови


     
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.865
    Пол:
    Женски
    @INNERBEAUTY еве јас и на протестот во Струмица и на тој во Скопје не гледам некој маска да носи, а немаат две метра меѓу нив дефинитивно. Барем на сликите што се по медиуми. Иако нема уредба да се носи намска на отворено јас заради себе би носела маска. И не би поттикнувала гушкање и слично.
    На тој последниот во Скопје пак имаше навреди и слично.
    Или јас и ти различни слики гледаме.
     
    Последна измена: 24 август 2021
    На WildMk и Alishan30 им се допаѓа ова.
  15. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.865
    Пол:
    Женски
    Жените без маски што се поздравуваат и разговараат блиску една до друга без маски прво ми паднаа во очи. И многу луѓе на мал простор. Ама еве ти едно гледаш, јас друго.
     
    На WildMk и Mikha4 им се допаѓа ова.
  17. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    Ова зборува многу,како тоа дека целта не ти е навистина желба за разбирање на причините за протестот туку фаќање за сламка и критикување по секоја цена и евентуално паметување на празно.
     
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.865
    Пол:
    Женски
    Слушав бре и говори од Скопје. Немаше конкретно само за мерките сегашни. Реално се сегашните лоши зашто само вакцина важи. Наместо да се протестира за тоа, се протестира општо против било што во врска со Ковид.
    Ако сум организатор па убаво ќе пазам кој што ќе зборува. Никому не е сеедно после година и пол, ама еве јас стфарно не се пронаоѓам во реториката што ја слушам на протестите. Пораките се генерално анти-ваксерски и непризнаваење на постоење на вирусот.
    Треба да се укажува на начини како да се живее со вирусот и мерките што ќе овозможат отворање на економија во услови на КОВИД (не негирање на истиот).

    Реално сегашниве бројки се резултат на неверување во вирусот и неговата моќ. Во градот со најмногу заболени по глава на жител некој маски не носи и многу малку се вакцинирани. Свадби се правеа на големо. Секој ден по неколку. Да бидеме искрени свадбите се дозволија заради економија не заради друго. Без парите од гастарбајтерите напата економија ќе крахира. Ама не мораше да се злоупотребува дозволата. Не мораше одма да се викаат по милион дуѓи на свадба итн. Не мораше како луѓе да дозволиме пак да се преполнат болниците. Можеме да бидеме поцивилизарни малку. Па на протест да се излезе со маска, со негативни ПЦР, со дистанца со се.
     
    Последна измена: 24 август 2021
    На WildMk, Amellie13, Alishan30 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    Очај :rofl: Бој јур ектинг апсесед.

    @JoyJoy
    Абе претходниве неколку недели владее/ше благо речено тензија со нагло донесување на меркиве,на протестот имаш углавно скептици против вакцина која на ваков и таков начин им се наметнува, протестите беа набрзина организирани со се бес насобран поради меркиве,така да и негде разбирливо ова што беше.Ќе видиме што ќе биде на наредниве.
     
  20. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    118.166
    Пол:
    Женски
    Нека има протести ама во правилни одредби и дистанца и маски и на тоа да се внимава.
    Нема што да се докажува дали постои ковид, треба да се бараат правата со мерките.
    Не се согласувам и јас со нив.
    Но сепак на протест ваков никогаш не би излегла и во очи ми боди начинот на говор и блискоста меѓу луѓето во време на пандемија
     
    На WildMk, Amellie13, JoyJoy и 4 други им се допаѓа ова.