Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Протести/бојкоти против ковид мерки (за невакцинирани) кај нас и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од INNERBEAUTY, 21 август 2021.

  1. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Не се расправам, само ми е малку криво што вака ад хок ги прифаќате сите новини кои ви се сервираат и субмисивно играте по ударот на политичкиот камшик. Ти се извинувам ако изреагирав грубо, треба да добијам...Пљус хормони, инсулин. :l:
     
    На Indiegurl и WildMk им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Знам дека е некаква форма на 'нерегуларна состојба', кога е прогласена пандемија.
    Не ми сервисира никој-ништо.
     
  3. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Абе, се води како кризна, ама недефинирана кризна. (читај:распашана команда).
    Надвор од темава, уште не успеав да разберам како е можно сите да прошетаа со лажни сертификати, само другар да го фатат и му се заканат со казна, која сега ми кажа дека не ја ни платил, туку само така му рекле демек дека реагираат по протокол.
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
  5. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.589
    Пол:
    Женски
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Шо мерки?
     
  7. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Ама пак не е вонредна и уставна.
    Делумно се води ко кризна, и секако само 20% се имплементира од наведеново.
    Точките со едукација, санитарна заштита (прскање и дезинфекција) паѓаат во вода.
    За другото нема потреба да се коментира, излишно е.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Како не е уставна, кога е државен закон?
    Сакаш да кажеш дека цел закон е неуставен?
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
  10. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.589
    Пол:
    Женски
    Посебни мерки за заштита на населението од заразни болести...или шо треба да се спроведува, а не задолжително се спроведува.

    Ако ми речиш дека не сум во право, океј. Кажи ми уште и дека исполнети се:
    3. Можеби на почетокот, после сите кренаа раце. На 1 потврден позитивен има/ше минимум 2ца непотврдени. Кои асимптоматски, кои поради немање термин за тест, кои поради лажно негативни тестови.
    4. Изолација на вакцинирани шо се контакт на позитивен нема. А утврдивме дека и тие можат да се извор на зараза. Здравствен надзор можда некаде кај шо функционира здравствен систем, а на место каде што еден матичен доктор треба да е надзор за 100тина позитивни пациенти, а нема можност да им креира упат за ртг и крвна слика, тешка работа. Од задолжително лекување имаме само задолжително плаќање на здравствена заштита. Голем дел од пациентите беа враќани дома.
    5. Која хемиопрофилакса? Витамин Д и Ц?
    7. Кога, каде?
     
    На AndyRad и Biljarkata им се допаѓа ова.
  11. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    15.454
    Во истата Германија во која каде и да е ќе донесат задолжителна вакцинација и во која невакцинираните веќе се отстранети буквално од секаде? :swear: Веќе не може да се купи храна од киоск на отворено ако не си вакциниран или прележан, здрав и тестиран не се важи. Пред некој ден уставниот суд се произнесе дека мерките како полициски час и ограничување на контакти не биле спротивни на никој закон... Останува да видиме дали моќта на сатанистичкото здружение е поголема од секој правен систем.
     
    На AndyRad, SiMpAtIcNaTa, Grimlinko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Убаво пишува и во Уставот дека кога е загрозено здравјето на луѓето, е приоритет во однос на се' друго.

    Иначе, ако донесат Одредба, да! Задолжително е!
     
  13. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Ват? :fubar:
    Имам роднина таму. Сосема нормално си пазари.
     
  14. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    15.454
    Да да, кај нас веќе не можеш ни храна за носење да земеш а камо ли да седнеш да јадеш некаде. Иначе супермаркетите се' уште не се забранети ама кај и да е и тоа може да се случи. Утре имаат самит, се очекува да се донесе локдаун за невакцинирани или задолжителна вакцинација. Едно е сигурно, ќе нема веќе влез во трговски центри и продавници а за супермаркетите не знам дали би се осудиле да се чепнат.
     
  15. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека секаде ќе забранат освен супермаркети..
     
  16. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.589
    Пол:
    Женски
    Нека донесат одредба, после ќе прајме муабет.
    Тие уште не дефинирале кај кои состојби може, кај кои не да се спроведе вакцинација, а сакаат задолжителна да ја прават.
     
    На Acronia и deskarada им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.212
    Допаѓања:
    125.482
    Пол:
    Женски
    Вајлд,полека.
    Прво,политичарите не ги почитуваат сите мерки кои ги донесоа.Медиумите убаво покажаа.
    Како некој да очекува целиот народ да е послушен кога тие кои треба да се добар пример,се лош пример?
    Второ,дојде пандемија,ама тоа не значеше и не значи оп во вонредна.Се разгледува ситуацијата и се прогласува состојбата која изгледа соодветна во моментот.
    Вонредна,воена и кризна состојба не постојат цело време,туку надлежен ги прогласува и тие се продолжуваат или повторно се донесуваат по потреба.
    Полека малку.
    Некои членови во Уставот се контрадикторни.Некои закони не се убаво склопени.
    Некои луѓе ги толкуваат на еден начин,други на друг начин.
    И оп,се паѓа во правен ќорсокак.
    И вие ваксери и вие антиваксери лошо правите кога потпаѓате под влијание на една страна.
    За нешто сте во право,за нешто не.Аман... |(
    Милијарда пати е верглано во темиве кога и како можат да се ограничат правата и слободите.
    Има лимит на ограничувањата кои ги поставува власта.
    Власта не може да прави сè што сака.
    Има ограничувања за неа и нејзиното делување.
    Уставите,конвенциите,резолуциите,декларациите и кодексите произлезени од домашното и меѓународното право се донесени од луѓе за заштита на правата и слободите,не за некои да им ги превртуваат значењата и да ги газат.
    Ајт,уште еднаш.Правата и слободите може да се ограничат,но само до одредена мера и таа не смее да ги прекрши принципите на и законите произлезени од правото.
    И двете страни грешите.Информирајте се подобро.
     
    На AndyRad, BloodElf, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Абе земете вие водете ја државата, ќе ве видиме колку ве бива.

    Лесно е така да се збора од страна, ама ој справи се со ситуација каде има смртонсна болест, во сиромашна, корумпирана држава и непослушни граѓани.

    Да, дел од мерките се надвор од умот, ама па со народ кој ни се води-ни се тера, шо да прајш?
    Само во врски му е умот.
     
  19. Grimlinko

    Grimlinko Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2021
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    375
    Ова е последниот твит од европарламентарката и адвокат Франческа Донато.
    IMG_20211202_032306.jpg
    Превод:
    Сега ќе ви кажам што ќе се случи: г ринпасот ќе стане траен (на „превентивна“ основа). Невакцинираните ќе бидат прогонувани и сегрегирани со какви било средства, вклучително и насилни. Сите наши релевантни податоци (вклучувајќи податоци за даноците и социјалното осигурување) ќе бидат вклучени во г ринпасот.

    Секоја форма на несогласување ќе биде потисната или замолчена. Нашата слобода ќе биде условена со целосно почитување на понижувачките правила и сè поприсутни контроли. Власта ќе има олигархиска, апсолутистичка и тоталитарна форма.

    Исполнет и спокоен живот ќе им биде загарантиран само на мал круг привилегирани луѓе, подготвени на се за да останат внатре. Секоја етичка граница ќе биде поништена. Комуникацијата ќе се сведе на чиста пропаганда, а науката ќе им биде потчинета на елитите исто како и на политиката.

    Ако не сме подготвени да се бориме со сите сили да го запреме овој проект, тој ќе стане реалност порано отколку што замислувате и тогаш ќе биде доцна да се поправи. Дури и оние кои се чувствуваат безбедно денес ќе бидат лишени од сите права. За ова мора веднаш да реагираме. Сите.
     
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  20. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.466
    Допаѓања:
    5.475
    Пол:
    Женски
    Што би правела во тој случај? Дали би примила вакцина после се? Поготово вие во Странција? Ви текнува кога спомнав план Б да се има за секој случај за успехот на "овие стимулации" и нивна моќ да се сведе на минимум.Се иде на тоа ако се дозволи. Утре небитно кога,можда ќе речат а зошто и у маркет да ги пуштаме и таму шират зараза и се опасност за нас, мораме да се држиме заедно и погоди што некои патетикуси со нулта комон сенс останат ќе им поверуват,други нејќеле да се дигнат за да не случајно биле видени у присуство на Бил ГејЦ ќе ве чипира дечкиве,трети месаја чекале(waiting) уместо нив да ја заврши работава ако може они друго нешто имале да завршат. И што останува? Бог да чува?
    Believe you me не е тоа никаков мирен и исполнет а камо ли привилегиран живот у прашање, маркетинг на страна :D
     
    Последна измена: 2 декември 2021
    На AndyRad и Grimlinko им се допаѓа ова.