Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Протести/бојкоти против ковид мерки (за невакцинирани) кај нас и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од INNERBEAUTY, 21 август 2021.

  1. AndyRad

    AndyRad Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    437
    Пол:
    Женски
    Нема врска тоа ние да одлучуваме за себе, ние сме само да слушаме како ќе ни е наредено овај советувано де. Ако не, логор е нивното друго решение.
     
    На Grimlinko и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  2. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    5.459
    Пол:
    Женски
  3. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    1.639
    Точно ли е ова се гледа ли крајот на вакцините, дека условните одобренија на вакцините важат една година и може да се обноват еднаш годишно. Одобрувањата истекувале во декември 2021 и јануари 2022, и дека повеќе не можат да се користат мора да се уништат, бидејќи ниту еден прозиводител на условно одобрени вакцини не доставил ново известување. Затоа е и големиот неоправдан притисок за вакцинација, а производителите не побарале одобрување, бидејќи нема да добијат поради големите несакани ефекти и смртни случаи што с еслучија од вакцината.
    ТОЧНО ЛИ Е, ДЕКА ОД ЈАНУАРИ 2022 ТОЛКУ ВЕЌЕ, НЕМА ДА СЕ ОДБРЕНИ ВАКЦИНИТЕ! ЌЕ КУРТУЛИМЕ ЛИ?
     
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.593
    Допаѓања:
    38.992
    Пол:
    Женски
    Па не е баш така и ќе одвојам време да објаснам зошто мислам дека не е така.

    Многу е едноставно, колку помалку се знае, толку повеќе се верува.Недовербата кон вакцините се должи на изболиството на информации кои обичниот човек не знае секогаш да ги интерпетира.

    Во нормални услови, апсолутно никој никогаш ниту проверува кога е некој лек пуштен во употреба, ниту какви контрандикации има, ниту какви се механизмите на несаканите ефекти.Исто така, апсолутно никој не чита клинички студии пред да се напие ново апче.

    Во нормални услови, се претерува со пиење секакви таблети ама сега сакаш да ми кажеш дека истиот тој што секој втор ден го боли желудник поради немање контрола со лекови, знае да процени дали вакцината е штетна?
    Те молам.

    Моментално сите полоши нус појави од вакциниве се изнесуваат во јавност и се анализираат под лупа и цело внимание е свртено тука.Тоа никогаш не се случувало со ниеден друг лек/вакцина што е во масовна употреба.Буквално сме сведоци на најголемата јавна анализа во историјата што се однесува на вакцина/лек и најмалку веруваме.

    Кога човек добива наплив од информации за кои треба стручност и едуцираност да се разберат во правилна насока, се добива само страв и збунетост.Бидејќи медицината и фармацијата се многу покомплицирани од 1+1=2 , не може туку така да се фрлаат од ракав вести како "вчера примил вакцина, за една недела се разболел" и да се остава на проценката на народот да носи заклучок.

    Да имаше минимални информации за вакциниве + минимална покриеност од медиуми + да немаше задолжителна вакцинација, интересот ќе беше поголем, 100% тврдам.Исто како во времето пред интернетот.Моментално, секој може да прочита заклучок од студија која одговара на неговите гледишта и да ја прифати како доказ, а во реалноста во светот на науката тоа е една стотинка од финалниот доказ.
    На крај, испаѓа дека транспрентноста- кога е погрешно пласирана и испревртена- е всушност штетна. Не се работи за ништо друго освен за човечка психологија.
     
    На Amellie13, JoyJoy, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  5. AndyRad

    AndyRad Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    437
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека ќе прекинат со вакцините, баш им тргна бизнисот. Се повеќе луѓе се уценуваат од работа да се вакцинираат, ем сега кај и да е ќе ги вацинираат децата, се на се уште 2 год плус минус. Освен ако не се затера повеќе, секоја сезона вакцина, дека требало да се научиме како да живееме со ковид. Така кажа вампирот од who, а тие прават се само да си ги удоволат апетитите- се прават за нашето здравје, ептен посветении и грижливи.
     
    На Vraloma му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Решение е подобри мерки на превенција, а не некаква изопачена нормалност.
    Секаде луѓе без маски, хигиена нула, превенција никаква. И пред вакцините
    за ковид-19 се живееше и се правеа превентивни мерки.
    Донекаде, ама подобро е проучување на дејствата на вакцините и наоѓање
    начини на спречување нуспојави.

    Секоја вакцина е истата болест но разводнета и ослабната за да не прави
    целосно разболување, но сепак има можност да прави штета баш како и
    вистинската болест. Многумина умреле од вакцините.

    Јас за себе можам да зборувам, за други не. Не ми е грижа за внимание,
    јас барам безбедност. Безбедност од компликации од вакцините и нивните
    нуспојави, а не само на слепо проверка па ако цркнеш тогаш си само бројка
    ама важно „праведните“, кои прашање е дали воопшто се имаат себеси
    вакцинирано да се осеќаат подобро.
    Дајте нека се прави проучување на штетните дејства на вакцините, нека
    се прават анализи и види кому треба доза, колкава доза и на колку време
    растојание. Ова не е шапка со една големина за сите. Има разлики.
    Ако се увидат сите причини за нуспојави и најдат начини за да се истите
    спречат 99,9% (умре амди бајрам иначе ќе беше и 102%), тогаш и јас
    ќе размислам дали сакам да се вакцинирам и веројатно ќе прифатам.

    А изговорот „пандемија е“ станува веќе бегла глупост. Ако е толку таква
    состојба на пандемија зошто нема затворања како првично? Зошто нема
    построги мерки? Ама не, приказни за мали деца и подлизурковци кои
    се лижигазовни послушници и попалени се на ниски страсти да ги тупат
    другите дека МООООРА за општото добро да прават како тие велат.

    И што е следно, ако не ти се допаѓаат мојот лик и ставови да бидам
    ликвидирана? Ако не ги делам истите ставови ликвидација? Ако
    купам газоза наместо фанта да бидам ликвидирана? Ако сум против
    слепо слушање на власта пак ликвидација?
     
    На *Amethyst* и SiMpAtIcNaTa им се допаѓа ова.
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.911
    Допаѓања:
    31.503
    Пол:
    Женски
    Еве ти статус кога се одобрени вакцините од Светска Здравствена Организација Status_COVID_VAX_11Nov2021.pdf (who.int). Не се сите одобрени во Декември 2020. И никаде нема на колку време се одобрени. Плус Фајзер во Америка веќе нема статус на вакцина за интервентна употреба туку има регуларно одобрение. Престанете да се информирате од лажни вести. Може нешто и позитивно ќе прочитате.

    @Vraloma дајте бре кажете докази за тие многу умрени од вакцини. Зашто по статистика нема многу умрени од вакцини. Од ниту една вакцина па ни од овие против КОВИД: Инаку сите вакцини и сите лекови имаат нус-појави.
     
  8. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    5.459
    Пол:
    Женски
    Зa каква транспарентност збориш @Angie1432 ?:D
    Башка воедно и @Joy joy кардиоваскуларни заболувања(тромбови/срцев удар/мозочен удар ) а и ако е вистина за канцери како ќе докажеш дека е од вакцина 100% и ова може да го има во студиите. А тромбовите/миокардитисот ги иммаше детектирано во студиите?Дали мислиш реално дека во овој случај вакцинираните можат да бидат објективни и објективно примат вакви информациии?

    https://odysee.com/@FlowerPower:b/New-Pfizer-Documents-Reveal-Unseen-Harms:a

     
    Последна измена: 15 декември 2021
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.911
    Допаѓања:
    31.503
    Пол:
    Женски
    @INNERBEAUTY ако е за канцер тогаш ај сите да не живееме. Зашто има работи кои се со сигурност врзани со канцер, а ситр ги дишеме, јадеме и слично. Мислам аман. Ова демек пострашно да изгледа плашењево или за што е канцеров спомнат? И ако е така аспирин може да предизвика крварење внатрешно па сите го пијат. Аналгетици се лапаат ко бонбони, а оштетуваат црн дроб и сега...

    Еве за тромбовите знаеме сега, ги има во упатствата. Знаеме и дека во бременост ако се прими вакцина дел од децата се раѓаат со антитела, а немаат проблем.
    Инаку вакцините се метаболизираат брзо и од супстанците ретко остануваат траги во организам после неколку месеци. Затоа и нус појавите се јавуваат брзо по примање на вакцината.

    Вакцини примаат бебиња и тоа за една болест примаат четири бустери за година и пол. Така што и ова не е нешто поразлично.
     
  10. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    https://www.rt.com/usa/543001-pfizer-vaccine-side-effects/

    https://kolovrt.com/golema-vest-grupa-na-doktor
     
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.911
    Допаѓања:
    31.503
    Пол:
    Женски
    Во VAERS системот секој може да пријави проблем. Потоа треба да се истражи дали проблемот што е пријавен е навистина поврзан со вакцината или не. А и ова ти е само за Фајзер и само за Америка. И јасно ми е зошто сите се фаќаат за Фајзер. Јас лично баш Фајзер фо ставам на тапет како виновен за сите овие антивакцнинални кампањи зашто во прљавата игра да ги истурка другите вакцини од пазарот почна да ги плаши луѓето (прво со тромбовите кај Астра Зенека и Јансен, потоа и на Модерна им најде закачка и слично).
    И на крајот не мора да биде Фајзер вакцината. Има и други барем во Македонија. Е да за патување е потешко зашто ЕУ се малку чудни, ама кога ќе заврши пандемијава нема да биде битно која вакцина е примена. Така што сега за сега вакцината се прима за заштита на себе и на сите. Потоа ќе биде за заштита на себе и толку.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.108
    Допаѓања:
    87.977
    Пол:
    Женски
    Сега ке почне кампањата за вакцинирање деца од 5 год.
    Со реторика Омикронот ке биде многу опасен за нив и ке ги наполнат одделите.Иако сите досега направени студии утврдија дека е блага болест за нив.
    Да напоменам само дека клиничките студии на фајзер за оваа категорија се започнати крај на март 2021,во ноември добија одобрение,сега почнуваат со боцкање.
    Се споменуваат и ковид потврди и за оваа категорија.
    Секој со свој памет.
     
    Последна измена: 16 декември 2021
    На AndyRad, Grimlinko и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  13. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Имало или немало пријава, сигурно имало смрт од вакцината.
    А за докажување, еден експерт ќе тврди вака друг онака, зависно
    дали им се побитни пари или вистината.
    Прашање е дали умрените претходно биле проверувани за ризици
    бидејќи сигурно кога испитувале на животни имало нусефекти.

    Била вакцината од овој или оној дилер, сепак ризикот постои и
    не треба да сме присилно заморчиња.
    А на крајот на краиштата, има сега и модерни лекови, нека не
    штеди државата, нека не крадат политичарите.
     
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.911
    Допаѓања:
    31.503
    Пол:
    Женски
    Има неколку случаи на починаи од вакцина. Не е ништо скришно. Ама овие на кои ти алудираш не се потврдени.

    А не знам за кои лекови зборуваш за кои не треба да се штеди. До сега се тестираа повеќе од досега достапните лекови и ниту еден не беше ефикасен во борба со КОВИД. Сега се развиваат нови специфично за борба со КОВИД. Сите тие што се развиени да помагаат за КОВИД се експериментални сеуште. Значи исти се како вакцините од аспект на испитанот и нус-појави.

    Или полесно ви е вас антиваксерите да прифатите таблетка (секако милиони таблети со различни нус-појави се голтаат ко бонбони) отколку вакцина (пошто од вакцините скокаат аутизми и касаат за газ, скокаат живи и секакви други метали ма све најлошо има во вакцини и никаде на друго место).
     
    На Mikha4 и nena2010 им се допаѓа ова.
  15. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    и еден умрен-а од вакцина сепак е ризик.
    јас не сум антиваксер или сл. јас би се вакцинирала ако знам дека има
    можности да се испитаат ризиците од нусефекти.
    а дека од се има ризик тоа е точно.
    јас сум затоа против присилна вакцинација кога
    има шанси да се настрада.

    да има какода се утврдат и елиминираат ризиците
    и јас би се вакцинирала.
     
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.911
    Допаѓања:
    31.503
    Пол:
    Женски
    А аспирин пиеш или аналгин или антибиотик. Знаеш дека и тие носат ризик и од нив умираат луѓе. Од анафилактички шок. Ако не знаеш дека си алергичен може при првото пиење на лекот да добиеш шок. Ако не се реагира на време може да почине некој. Ама ете сите пиеме лекови.
     
  17. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    тие лекови се одамна познати, испитани и побезбедни од нешто што е развиено
    од скорешни времиња и што суштински е самата болест, раводнета.

    За лекови има начини да се види нусефекти и ризик од шок. Се прави тестирање
    и се дознава. Или, пикни под јазик 2 минути и ќе се види реакција.
    И најсуштински се знаат нусефектите и пишани се па имашм избор дали го сакаш
    лекот или не.
     
    На *Amethyst* и AndyRad им се допаѓа ова.
  18. Grimlinko

    Grimlinko Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2021
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    375
    Досадни сте со овој муабет за апчињата. Јас ако пијам апче гледам да биде познато, тоест не ново во фаза на испитувања. И дополнително не можете да споредувате нешто што влегува во желудник и во принцип е стопено од зелудочните киселини со нешто друго(мрна вакцините) којшто влегуваат во клетките и нема назад.

     
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.911
    Допаѓања:
    31.503
    Пол:
    Женски
    За да ти делува апчето мора да се респрбира во клетките. Ако ти го изгори желудочната киселина џабе си го пиела. И потоа се се метаболизира преку црниот дроб, црева и бубрези. Ама нема поента објаснување. ОК сте терајте вака.
    Robert Malone е помалку лут што не добива почести за вакцините, затоа се врти против https://www.nature.com/articles/d41586-021-02483-w.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.108
    Допаѓања:
    87.977
    Пол:
    Женски
    Во Хрватска од 43 пријави пријави за смрт после вакцина,11 се одбиени,а за 32 се очекува потврда,една е потврдена кај 33 год.
    Ангажирале адвокат кој тврди дека
    За тие со нуспојави и смрт,отштета ке може да бараат само од државата бидејки производителите се оградиле од одговорност бидејки е прекраток временскиот период за да би се ревалоризирале нуспојавите.
    Претпоставувам дека исто ке биде и кај нас,државата ке сноси одговорност.
     
    На Grimlinko и AndyRad им се допаѓа ова.