Протести - да или не?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од KuklickaSk, 11 јуни 2011.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.615
    Допаѓања:
    25.179
    Знам дека има многу теми за убиството на Мартин, но тука сакам да дискутираме за протестите како појава во сите демократски општества, посебно за овој за Мартин, којшто трае веќе 6 дена, почна со мала група на луѓе и веројатно нема да заврши набрзо.
    Дали сметате дека конечно младината созреа, па своеволно илјадници луѓе излегоа на улиците за да бараат правда, на мирен начин (според некои проценки, вчера имаше 3000 луѓе на протестите во Скопје, а имаше протести и во Битола, Струмица...), дали мислите дека ова ќе влијае врз властите, и ќе промени нешто (дали барањата на демонстрантите ќе се исполнат) и секако дали ги оправдувате, или сметате дека се политички исценирани?
     
  2. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    многу од младите се дел од невладини организации,каде што изричито им посочуваат дека имаат право да го искажат своето мислење без да предизвикуваат нереди , демонстрации, тепачки и слично.исто така мора да се земи во предвид дека многу од младите се бесни на фактот дека изборите не беа фер, и самите млади беа под притисок, да гласаат поради нивните родители, како и многу од нивните другари кои се многу асимилациски, па и агресивно настроени и се дел од подмладокот на владеачката партија кој се обидува да наликува на невладина органиузација, кога на нивните флаери пишуваат ние кек го слушнеме твоето мислење и бла бла. сето тоа се бери притисокот создава гнев кај младите, тие не се слушнати, политичарите не се заинтересирани за младите луѓе, на ни еден митинг скоро не беа спомнати тие. слушавме само за пензионерите!!! па затоа младите преку вакви протести бараат да бидат слушнати, некако да го сенат општеството. во србија имаше силни протести пред некое лето кога беше отепан урош 4 месеци имаше протести, на сите згради имаше графити со натписи „правда за урош!“ секој ден се бојадисуваше! Младите ја кренаа Србија на нозе!! Истото се случува и во Македонија, младите не можат веќе да гледаат и да молчат , кога веќе немаат голема корист од државата и немаат што да изгубат.После албанчето убиено во школскиот двор, после убиството на 28 годишниот Србин минатото лето, не смееме да дозволиме, да продолжат да се заташкуваат таквите убиства. Младите низ Европа постојано протестираат, и ги бранат своите права, тоа полека полека иди и кај нас. Јас сум целосно ЗА протестите, и имам поддршка дури и од моите родители, кои за жал се плашат да учествуваат на протестите, но целосно ги поддржуваат. СЕКАДЕ МЛАДИТЕ СЕ НОСИТЕЛИ НА ДЕМОКРАТИЈАТА, АКО НЕ СЕ ДЕЛ ОД НЕКОЈА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ИЛИ ИМААТ ДОБЛЕСТ ДА СЕ ИЗДИГНАТ НАД СТЕГИТЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ЧЕЛНИЦИ НА ПАРТИЈАТА, ДОКОЛКУ СЕ ДЕЛ НА НЕКОЈА ПАРТИЈА. :) :!:
     
    На s.h.e.wolf, blond.bunny, LivingGlam и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.972
    Прво да не се навредите со моето мислење, тоа си е само мое и немам за цел некого да навредам. :hai:

    Мене протестите ми се страшно лицемерни. Посебно во Македонија. Сметам дека младината воопшто не ни е ни зрела ни па демократски освестена за ова. Протестираат тие од опозиција - извинете, ама ниеден поддржувач на власта нема да испадне на протест, страв им е. Според мене, испаднати се тие, на кои, што би рекла јас, им врие крвта. Млади и со желба да го променат светот.

    Одамна сфатив дека светот, а посебно нашето општество не може така лесно да се промени. Познавајќи се себе, да, можеби ќе одев на протест пред некои 2 години. Моментално ама ич не ми чуе дали младината протестира или не. Си ги гледам моите гајлиња, не ми требаат овие протести. Можеби ќе зборував поинаку да ме засегнеше сето ова, ама ете. Тоа ти е, државата од мене изгради една индиферентна личност. Гледам што попрво да фатам магла од тука, нашата средина не се менува. Затоа јас се сменив.

    За еден протест да биде успешен, потребно е да засегне некого. На пример, да не можам јас да поминам од блокирани улици, па да се заинтересирам што, како... А протест во 18ч, во сабота ?? ВИЦ! Што, тоа да не ќе ме попречи да се превртам дома од едната на другата страна на креветот ?? Многу незрело и неорганизирани, им треба некој цврст НЕПОЛИТИЧКИ водач. Па протест, блокирани патишта, луѓе не одат на работа, попреченост на доток на вода/струја... Нешто да ги здрма асално. Гледам ептен се потресоа оти трчаат 3000 млади по улица. Дури, ќе бидам безобразна и ќе речам дека протестите за некој се забава. ЈЕЕ, на овој другарите одат, ќе одам и јас. А зошто одат, самите не знаат. Некој Мартин отепале, како тоа бе, ајде ќе одиме и ние да се тепаме. |(

    Крајно, што сметаат дека е правилно, нека прават. Само да не се разочараат кога некои идеали ќе им се срушат.
     
    На Jojoba и Abeja им се допаѓа ова.
  4. antica20

    antica20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    28
    Не е поентат веќе мартин ниту пак таткому или неговото семејство,поентата на протестите е дека со ваква полиција и во ваква држава
    утре истото може да му се случи на секого, притоа МВР и министерката да се обидат сето тоа да го заташкаат како во овој случај.
    Тоа беше поентата јас бев на протестите бидејки не сакам утре мене некој да ме убие или некој мој близок затоа што е исфрустриран
    или пред тоа се карал со женаму или девојкаму, и ваквото насилничко однесување мора да престане еднаш засекогаш.
     
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Преку глава ми е од луѓе што од се права политика од се, од луѓе кои мислат дека сите се против владата и дека се лошо што се спомне е од некој што е против владата. Една другарка денес цело време ме убедуваше дека протестот е опозициска работа, дека дури и таа е сигурна дека тигар не го убил детето, дека тоа го измислиле А1, се додека не и кажав дека слушнав дека детето било симпатизер на ВМРО, тогаш се се смени, одеднаш протестите станаа во ред. Оставете ги партиите на страна, треба да престанеме да живееме со страв, да ти биде страв да излезеш на улица, зашто не знаеш дали ќе се вратиш жив или ќе те истепа некој полицаец по патот.
     
    На DivineChaos и esperanca им се допаѓа ова.
  6. DivineChaos

    DivineChaos Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    60
    Се обложувам до крајот на наредната недела ќе се заборави толку беше.

    Младината никад не созреала. Ако созреала до сега немаше да се фрцкаат 3000 мамини и татини синови, нити ќе имаше партиски полтрони да тролаат насекаде на нет туку ќе застанеа во редот сите заедно и веројатно ќе беа 30-40 илјади . Веројатно ќе беше како атина , со неколку трупа од алфите . Да им биде страв да излезат надвор и да се серат в ѓаки
    Протестот го направија ради реда пошто е фенси под 1 а под 2 бидејќи имаме нет , а нетот ги држи сите информации лесно достапни од последниве 5-6 години и упорно и упорно ни зјае во лице . Конечно некој мораше нешто да направи .
    Многу малце. Случајно целава случка се деси кога владата е најранлива то ест пост изборен период каде мораат да коалицираат и се е во неизвесност и виси во воздух. Да се случеше 3 месеца покасно кога веќе е формирана и зацврстена коалицијата тогаш имаше првичните двеста души да јадат ќотек и да летаат од работа факс одма.

    Ги оправдувам и не се политички исценирани.

    А што треба да се деси за да власта и алфите се приберат?
    Е тоа сонце е работа која се дешава во франција на секои 20 -30 години каде група на најхардкор од хардкор луѓе почнува да коле рандом судии, адвокати , новинари кои го продаваат народот за да имаат порше паркирано во дворот. Ама затоа франџузите се пензионираат на 60 и имаат невидени бенефиции.

    Не треба Атина стил палење така само ќе го јадат стапот обичните дуќанџии.
    Треба оние од дијаспората што отупеа дека ја сакаат земјава да изрентаат еден death squad неколку снајперисти кои ќе почнаат на рандом да пукаат по алфиве, сосе фамилија, па миленко, латас, томиќ, ѓорчев, бичиклиски, мирка итн.

    Е тогаш власта има да се понаша како што треба а алфите ќе прекинат народот да го малтретираат.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    со обзир на тоа што младите не протестират за партија или за скриени намери ДА ГО ОПРАВДУВАМ ПРОТЕСТОТ бидејки не смее вака да се кријат убијаства и да се лаже демек не се запознаени...време е да се крене гласот....
     
  8. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    35
    Објасни ми зашто им е страв, и дали треба да им биде страв?
     
  9. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Страв им е затоа што не постојат НЕЗАВИСНИ заштитни механизми кои ќе ги заштитуваат човековите права...
    Луѓето се фатени во стапицата на постојан страв за сопствената егзистенција (и егзистенцијата на најблиските) па оттука е и свеста за својата потполна немоќ да се спротистават на политичката гарнитура на власт, кога им се загрозени ОСНОВНИТЕ ПРАВА СЛОБОДИ :x
     
    На Blumarine, JuLleE и SunFlower94 им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.939
    Допаѓања:
    66.109
    Пол:
    Женски
    Од многу луѓе слушнав -немој да одиш на протести, ќе те обележат, после ни работа нема да можеш да најдеш. Од вакво размислување државата ни оди назад, никогаш за ништо нема да успееме да се избориме, можеме само да си ќутиме и да си животариме некое бедно животче. Замислете сликале, потоа на слики ќе те има еј. Јас секако партиски не сум вработена, а нема ни да се вработувам, а нема да дозволам некој да ме уценува, да ми ги крати основните права и слободи.
    Е затоа луѓето сеири од тераси си гледаат, а не излегуваат да се изборат, да придонесат со нешто. И убаво си скандираат малдите на протестов- Имате ли деца?
     
    На DivineChaos, Blumarine, pink4ever и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.052
    Само ќе додадам затоа што силата само сила признава. Ако му дозволиш на силеџијата да те гази и малтретира нормално ќе биде вака, но ако со истиот начин без грам страв му се спротивставиш има да бега ко најголема кукавица. Затоа редно е овој "скапан" народ да се окуражи и да сфати дека мора да се бори за себе за да не дозволи најголемите кукавици и искомплексирани створења да им диктираат како треба да живеат.
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.893
    Допаѓања:
    152.856
    Ние сме народ што брзо ни минува лутина...вечер пак протести и се плашам дека како ќе минува време ќе се намалуваат поддржувачите и ќе се заборави се,а овие на врвот тоа чекаат и така размислуваат.
    Додека не се потегне некој радикален чекор,може до 1001 и назад да се одржуваат протести,џабе ќе е...
    Се гледаме денес на градска обиколка...за да ти ја видат сериозноста и револтот,бога ми на триумфалнана треба масовно уринирање да се деси или да се искрши нешто,кога сите треба да се наработа,да се на улица,во спротивно...гајле ќе им е.
    Гордана денес у некој салон е бркови депилира,неделно онака...дур младите дремат по улици бараат правда.Ама најдобар транспарент...ОСТАВКА и бркови под него!
     
  13. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Сум за протести, во целост,доколку има причина.

    Но, НЕ СУМ за насилство,кршење,уривање на градов.Малтретирање,удирање случајни минувачи.

    Не сум за насилство, за никакво.

    Можеби сонувам за Утопија ама ете... мразам насилство многу.



    Е сега...бев вчера на протестот да.
    И морам да кажам, единствено што ми падна во очи дека на протестот беа многу растафарци , ќе ги наречам така. Имаше само такви,ако не само такви,беа повеќето тогаш.

    Не видов, ниту една нашминкана шмизла со ташна во рака, не видов ниту еден фраер со најк патики.

    Зошто?!
    Зошто излегле на протест само овие послободоумните?Каде се другите не ми е јасно?
    Се чудев,цел пат,каде се другите,и зошто само овие млади луѓе се тука?

    Загатка ќе ми остане.

    Нека не се навредува никој,не ми е тоа поентата, само сакам да кажам што видов.
     
  14. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Затоа што привилегираниот слој на луѓе не оди на маршеви и протести, нивниот свет е безбеден и чист и е управуван со законите кои се зоздадени за да ги усреќуваат :x
    А и тие кои со страв ќе излезат да протестираат за да испадне вистината на виделина, и за да апелираат да се превземат некои мерки за ова грозоморна случка да не се повтори, главните си имаат и свои медиуми преку кои експресно ќе им налепат еткети на политичко опозициски војници за бедни политички поени... Па уште и повикуваат на одговорност за немири :fubar: Немаат видено изгледа вистински немири, а ги предизвикуваат секојдневно :x
     
  15. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    денес гледам на вести еден со сликата од Мартин од полицаец на полицаец овие па се вртат на страна бе не сакат да го видат детево...ама не ме чуди бе им дадоа сила сеа ке си ја користат...и стварно бе кај се овие мајки татковци? Имат ли деца????
     
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.615
    Допаѓања:
    25.179
    Мене омилен транспарент ми е
    СЛОБОДА ИЛИ БРК :D :D
    Инаку, сум ЗА протестиве и за се што е израз на демократија, нешто што е многу потребно во земјава :)
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.939
    Допаѓања:
    66.109
    Пол:
    Женски
    Јавно обраќање до Иво Котевски


    Господине Котевски,

    ние знаеме дека ве загрижува, дека ве плаши оваа самоорганизирана група граѓани. Знаеме дека дека ве плаши фактот што гледате дека граѓаните, конечно, на хоризонтален начин, ослободени од хиерархизираните модели на наредби и дисциплина се собираат и ја практикуваат демократијата. Знаеме дека оваа маса од енергија, од демократски флуид надвор од стандардните партиски митинзи и распрскани протести, надвор од методите на страв, ги растетерува темелите на вашиот монопол и злоупотреба на сила. Знаеме дека тоа ве вознемирува.

    Но, господине Котевски, ве молиме покажете барем тронка почит кон граѓаните на кои вие треба да им служите, за кои вие постоите, покажето почит кон нивната ожалостеност, кон нивната тага, кон нашиот гнев, нашиот револт.

    Нашата тага е вашето насилство, нашиот гнев е копнежот за демократија.

    Господине Котевски, овде нема група насилници. Нити пред два дена, нити вчера, нити денес, нити утре, овде никој не повикува на насилство. Немојте нам да ни ја препишувате вашата омилена стратегија. Барајте ги насилниците во вашите редови, свртете се околу вас, таму ќе ги пронајдете.

    Господине Котевски, додека вашите пријатели безобзирно и игнорантно фрлаат лопати за темелници на виртуелни села, некој фрла лопати за гроб, за реална смрт која не може да ја прекрие и надмине никаков идеал на вашиот национализам и изумрена историја.

    Господине Котевски, придружете ни се, ние сме против насилството.

    Да ве потсетиме уште еднаш Господине Котевски, вашата должност е да се грижите телата на овие граѓани да растат, да се развиваат и разменуваат во слобода, вашата обврска е да креирате и одржувате услови во кои телата на овие луѓе ќе комуницираат, ќе се радуваат и сакаат, ќе креираат и градат заедно подобра иднина. Господине Котевски, да ве потсетиме, вие му служите на животот на овие граѓани.

    Потклекнавте Господине Котевски пред основната ранливост на човечкото тело, пред копнежот на човечкиот дух и сила. Подклекнавте пред демократијата, пред ненасилството, пред слободата, пред правдата.

    Нашата тага, Господине Котевски, е вашето насилство, нашиот гнев е копнежот за демократија.



    http://protestira.me/
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    1. Нормално е да се намалат страстите. Таман работа секој ден да имаше протести.
    2. Не ја криви младината, туку постарите генерации.
    Баш денес се 'отепав' од дискутирање на таа тема колку постарите генерации се пасивни и колку ние попримаме од нивното однесување.

    Но,искрено не те разбирам,а се трудам.
    Ако нема протести-никаква младина, не знаат да се борат за основните човекови права, несовесни,вакви,такви,потакви.
    Ако има протести- зошто има?
    Фенси било.
    Ме истаде од контакт зборов мајке ми.
    Ако ти мислиш дека е фенси да се протестира,а ти си хардкор по душа..комотно седи дома.
    На тие што им се протестира,ќе протестираат.
    Силно ги поддржувам протестите,затоа што мене некогаш и страв ме фаќа кога поминувам покрај полицаец,место да се чувстувам заштитено.
    И тоа не е во ред.
    Мора од некаде да се почне и да се крене глас. Можеби нема да е успешно,ама малку ако приметуваш во небрано се и Јанкулоска и Костоски.


    Слушнав дека се бара психолошки тестирања на секој амбициозен реален кечер,таканаречен македонски алфа,тигар шотијазнам.
    И треба.
     
  19. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020

    Незнам зашто се плашиш

    ако видиш извештаите у последни 10 год едиствените жртви од алфите се машките лица :emo:
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.893
    Допаѓања:
    152.856
    О,не...според можностите и пригодата,Јипмен...паралелно си застанувате на семафори и оној,непријатен поглед,а немаш поим кои се и оп,се претројува позади тебе после 200 метри возење и ти сигнализира да застанеш...а ти,не си направил ни прекршок,па ајде нека те легитимира,ама не,те прашува дали имаш дечко...
    Тоа може да се стави во насилство?!Еве нека биде злоупотреба.
     
    На Ashling му/ѝ се допаѓа ова.