1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Протести - да или не?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од KuklickaSk, 11 јуни 2011.

  1. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    се додека ги се мирни и во демократски дух ги подржувам и тераба да постојат ;) ;)
     
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Ајде да организираме марш на луѓето на Виножитото :) ако и тие поминат мирно.. тогаш е до нас. Мирољубив народ сме, пак и си го гледаме своето гајле. Ако поминат нешто налик Хрватска и остатокот од Балканов, тогаш ни треба поинаква стратегија.. досегашната не ни пали.
    Шала на страна.
    Државава предолго време немала масовни протести. Со години патиме од сиромаштија, законите ги направија за да ни измолзат и тоа малку што ни останало во нашата сиромаштија и повторно ние и на 1ви мај си одиме на пикници.
    До сите нас е. Не само постарите генерации, а сите. Татко ми може да ми кажува што да правам и како да правам до одредена возраст. Потоа веќе што јас ќе направам зависи од мене, зависи од она што јас го гледам и како мојов мозок го прифаќа сето тоа. Но, повеќето се научени по полесниот пат да стигнуваат до целта. Пак, наместо пракса во некоја фирма имаат пракса во здружение на политички обоените, бидејќи знаат дека кад-тад ќе дојде и нивниот ред за вработување. И тоа е тоа што ги занима. Тие се до таму и за таму дојдени. Не очекувај повеќе.
    Оние што излегуваат се таа маса на луѓе што размислува со своја глава и која се надевам ќе продолжи да размислува со своја глава.. т.е нема утре да ја видиме во редовите на нечија партија како чита од лист пред камери, пошто, :) многумина од лидерите на едни протести од поодамна, пак и од поблисково минато де си ги искористија за без лепење плакати да се ангажираат во здруженијава на политички обоените за работа и молкнаа во истиот момент :).
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DivineChaos

    DivineChaos Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    60
    Луѓето жапче се откажаа од народов и од државава погледни ги агенцииве за иселување никнуваат како печурки после дожд. Останатите во други земји се надеваат и затоа се борат.
    Кога државава апла ќе банкротира и кога луѓето ќе почнат да гладуваат - МОЖЕБИ ќе им текне да протестираат како што треба . Викам можеби пошто македонскиот чмар е како црна дупка збира се од била каква величина во газот и знае да се шири до бескрајност.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Па јас зашто ти го кажувам последниот пасус :) дека и оние кои протестираа и беа први микрофони против некогашните влади, застанаа рамо до рамо со истите ;) да работат за истите на истите работи, против кои носеа транспаренти со себе :D
    Да не постојат весниците, телевизиите, воопшто медиумите нема да има критика никаква. Ќе замре тоа, дури нема да се дискутира пред маало. Ама весниците, телевизиите и медиумите се нечија професија.. и тие тоа што би се рекло го прават за пари.
    А, :) протестов - таквата врста на критика, не се прави заради бонуси, а заради подобра иднина, не само лична. Е, тука ни е проблемот.
    А :) и да банкротира државава сосема, верувај оние што ќе останат во земјава ќе си пратат се пред телевизор се дур не им го земат.. од место нема да се померат.
    Фина историја си имаме :) доволно кажува за нас.
     
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Во најмала рака би требало Груевски како мандатар на новата влада да и се обрати на СВОЈАТА младина, да им покаже дека ги слуша, гледа, разбира, дека сочувствува со нив ...

    И не го гледам тоа како политика, затоа што тој како водач на овој народ кој го изгласа должен да ја гарантира нашата безбедност. Кога велам нашата мислам на сите нас без разлика кој со какви политички убудувања е.

    Искрено мислам дека тоа и ќе се случи, но веднаш потоа ќе следи и бурна реакција на опозицијата...
     
  6. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Проблемот е во тоа што и да се случи, каков и да било настан на кој ќе се повика на одговорност или јавна критика, на оние кои тоа им пречи организираат божемни факти и докази се со цел да ги уверат граѓаните дека нема потеба од паника и приклучување на тие "организации" затоа што се политички мотивирани за да се "оцрни" владата. :x
     
  7. so4nti2u

    so4nti2u Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    16
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.207
    Допаѓања:
    23.986
    Масовен протест е најавен за во недела во 12 часот
    „Ја користам оваа прилика да ги повикам сите граѓани на Република Македонија да излезат во недела во 12:00 часот на протест. Да покажеме дека сакаме да му ставиме крај на полициското насилство. Стоп на полициското насилство! Да покажеме дека ние сме свесни за своите права и дека си ги бараме од институциите. Ако тие не сакаат да ги исполнат нашите права, тогаш ние ќе се самоорганизираме и на улиците ќе ги бараме нашите права. Ги повикувам сите, Македонци, Турци, Албанци, да се сретнеме сите во недела во 12:00 часот пред платото на Мајка Тереза“, повика еден од демонстрантите.
     
    На esperanca и AIT им се допаѓа ова.
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.207
    Допаѓања:
    23.986
  10. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Овој прекрасен текст кружи низ фб, навистина убаво напишано од еден И
    магистер,Не го познавам писателот но бидејќи јавно кружи низ фб мислам дека дозволено е да го објавам.
    ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА - КОЈА Е НАШАТА ГРАЃАНСКА ОДГОВОРНОСТ?
    (Ако ви се допаѓа, ве молам препратете на други. Особено ако познавате уредници на весници!) Се викам Игор Стефановски. Имам 30 години. Роден сум во Скопје од мајка англичанка и татко макед...онец. После распадот на Југославија, се преселивме во Англија. Пред четири години се вратив да живеам и работам во Скопје. Последниве тринаесет дена сум физички и духовно со протестантите кои се собираат секој ден зад спомен куќата на Мајка Тереза. Би сакал да кажам нешто во врска со тоа. Која и да е судбината на протестот против полициската бруталност кај нас, тоа што се случува од 00:30ч на 6ти јуни е од критична важност за иднината на оваа држава. За прв пат во историјата на Република Македонија, се случи спонтан, масовен, секојдневен протест, организиран преку социјалните мрежи на интернет, а кој произлезе од фрустрациите на младите во земјава. Револтот, кај поголемиот дел од тие што се појавија во наредните денови, (за жал) не изби поради тепањето до смрт на младиот Мартин Нешкоски, туку поради фактот што Фејсбук и Твитер кажуваа дека тоа што го соопштуваше МВР беа лаги и обид за прикривање на случајот. За разлика од вистинските демократски општества, убиството на овој невооружан млад човек од страна на припадник на специјалните едници, на сред главниот плоштад, пред илјадници луѓе, како да не беше доволен мотив за народот да го крене гласот. Дали е тоа од страв, или од незаинтересираност, не е важно. Важно е дека станува збор за проблем. Илјадници луѓе, после 20 години лаги, корупција и безнадежност, се осмелија да излезат на улица, и истата да ја прогласат за своја, за граѓанска. Оформија јавна трибина, симболично зад спомен куќата на Мајка Тереза, за да го искажат својот гнев на мегафон, и со тоа да се прочистат, да им олесни. Немаше организатори, секој од нив беше лидер. Околу нив многумина гледаа зачудено, или ги критикуваа, или ги обојуваа, со што комплетно ја промашија поентата. Побитно им беше да кажат дека станува збор за наркомани на кои им се плаќа по 1000 денари дневница, отколку да чујат која е смислата на протестот. Поважно беше да се зборува за измислени лидери, отколку за фактот дека на протестите имаше и млади и стари, и Албанци и Македонци, и ВМРОвци и СДСМовци. Свесни луѓе на кои им е преку глава од поделбите креирани од страна на партиите и медиумите. (Вулгарноста со која одредени медиуми презентираат параноични приказни како факти е навредлива, незрела и крајно неразбирлива. Веројатно им требало повеќе труд да прикажат измислици, отколку да ја покажат вистината. Овој протест е и делумно против нивниот недостаток на морал, и нивната вулгарност, кои придонесуваат на секојдневната бруталност на животот кај нас. Да имаат срам, од морални причини би си дале оставка.) Мислам дека овде веќе не се работи само за протест против полициската бруталност во Македонија. Овде се работи за тоа колку македонската младина е заинтересирана за својата иднина. Овде се работи за тие 6500 луѓе кои ветија на Фејсбук дека ќе дојдат на протест на 8ми јуни, а дојдоа само 800. Овде се работи за сите тие кои мислат дека демократијата значи само гласање на секој четири години, и дека потоа не треба да се провери дали тој глас се злоупотребува. Kако можеме да очекуваме подобра иднина, ако самите не покажеме постојан интерес за неа? И една друга работа сакам да прашам. Зошто мислиме дека само партиите имаат право на масовни собири, и дека секакво друго спонтано и органско собирање е сигурно партиски поврзано??!! Може ли да има луѓе кои се вон тие партии? Може ли да се дише непартиски воздух кај нас? Во голема мера, секоја партија во светот, без разлика на која страна од политичкиот спектрум се наоѓа, повеќе се бори за да дојде на власт отколку да го претставува народот. Нивниот проблем е што мораат да ги добијат нашите гласови за да стигнат до таа цел, инаку воопшто не би нé прашале. Но, ТУКА лежи нашата моќ. Секој од нас мора секојдневно да се бори за своите права. Aко мислите дека тепањето до смрт на едно момче не ве засегнува директно, тогаш не мора да се приклучите на овој протест, но борете се против вашите фрустрации. Има многу работи што фалат на ниво на демократско општество во нашава држава, но додека не се буниме, тие на власт (било која и било кога) нема многу да сторат. Ние сме општеството. Нема да има промени додека не направиме нешто, додека не ги превземеме нашите граѓански обврски. Не можеме сé да очекуваме од политичарите. Мораме сами да си помогнеме и сами да делуваме! Тие се тука како граѓански сервис, за да ни служат нам, и ако не им кажеме јасно и гласно што сакаме и што ни треба, тоа никогаш нема да го добиеме. Ако нé засегнуваат измените во здравството, да го кажеме тоа јавно! Ако ни требаат повеќе корпи за ѓубре, ајде да го бркаме тоа! Ако ни пречат маалските кучиња скитници, ајде да се нафатиме да го решиме проблемот! Ако мислиме дека Скопје се гуши во билборди и реклами, ајде да направиме движење за намалување на нивниот број! Ако таксистите се чувствуваат загрозени и ограбени од новите закони во такси превозот, нека се соберат за да го искажат своето незадоволство… Не е доволно само да кукаме по мракот, секој од нас треба да запали светло. Политичарите мора да увидат дека гледаме што прават. Мора да знаат дека вршиме надзор, и дека ќе реагираме ако тие ги занемарат основните морални принципи на едно цивилно граѓанско општество. Моментално, знаеме што прават (бидејќи тие често не се ни обидуваат да ја сокријат својата вулгарност), знаеме кога се брутални, но не ги караме како што треба. Молчиме и гледаме додека се распаѓаат цели делови од нашето општество. И тоа трае скоро 20 години! Е па, доста беше молк! МОРАМЕ да ја преземеме нашата граѓанска одговорност, и нашиот надзор врз политиката. Како? Преку граѓански надзорни тела. И преку солидарност. Ако еден е загрозен, сите сме загрозени. Ако еден е претепан до смрт, можеме ние да бидеме следни на ред. Треба да им биде јасно дека кога ги поттрнуваат проблемите под килим, не значи дека ги решиле. А нам, на граѓаните, треба да ни биде јасно дека ако нé игнорираат, тоа не значи дека не постоиме. И дека мораме да бидеме тука сé додека не изградиме вистинска цивилна држава. Секој од нас има нешто од последниве 20 години што сеуште го револтира. Ајде да го споделиме тој гнев и таа фрустрација на Јавната трибина зад спомен куќата на Мајка Тереза, секој ден од 18ч. Ајде да сфатиме дека не сме сами. Ајде да видиме дека и други го делат нашето мислење, случајни минувачи, нашите сограѓани. Ајде да ја користиме демократијата! Како граѓани сите имаме еднаков удел во одлуките кои влијаат врз нашите животи. Демократија не е само гласање секои четири години! Вистинско демократско општество значи секојдневна активност во насока на општото добро. Мораме да развиваме толерантност. Мораме да се учиме на обsирност. Ова е клучно за потребната департизација на Македонија! Време е за граѓанска Македонија! Во една од најсивите држави во Европа (во смисла на економија, јавна администрација, етнички поделби…), политичарите нé убедуваат дека сé е црно-бело и дека мораме да бидеме или едно или друго. Ако не си со нас, тогаш си со нив. Значи во целото нивно сивило на лаги, дезинформација, манипулација, партизација и игнорирање на народот, ние мораме да избираме само една страна. Е па веќе не! Вистината е секогаш некаде во средина, и мораме внимателно да ја бираме како разумни луѓе и одговорни граѓани. Од една страна, изгледа дека добар дел од медиумската битка е изгубена во овој случај. На многумина ништо не им се случи, бидејќи веќе си го формираа своето мислење, базирано не на лично искуство, туку на тоа што секогаш ги гледаат истите канали и ги читаат истите весници. Од друга страна, на тие кои присуствуваа и сеуште протестираат, дури и на оние кои полека го губат својот елан, сепак нешто битно им се случи. За време на протестите, преовладуваа чувствата на вистинска слобода (кај некои за прв пат), за разбудена граѓанска свест и заедничка моќ. Кошмарот на секоја власт, на сите ‘моќници’ во сите држави, е буден народ. Ова е само почеток, будење, но нé чека тежок работен ден. Нé чека вистинска граѓанска одговорност и работа! Видовме дека постои цивилна македонска свест и совест. Свест дека можеме да делуваме, да ја менуваме нашата околина и нашето секојдневие. Свест дека заедно сме посилни. И свест дека станува збор за историски момент во кој ни е неопходен морален граѓански препород на Македонија и сите кои живееме во неа. Игор Стефановски (Магистер по европски и меѓународни студии) Види повеќе
    Од: Igor Stefanovski,
     
  11. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Не сум за протести! Не сакам да ја користам смртта на младо момче за политички цели.
     
  12. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека протестите ќе си ја постигнат целта, крајно време е некој да им каже на специјалците што смеат а што не смеат. Па побогу не сме во Авганистан!!!!
     
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не верувам дека протестите имаат политичка заднина, не се што не и годи на владата е предизвикано од СДСМ. Ги подржувам протестите, ама мислам дека нема да постигнат којзнае што... ако ништо друго, ќе се создаваат тензии и несогласувања помеѓу учесниците на протестот, а од друга страна и ако продолжи владата вака да ги игнорира ќе ги фати на кондиција.
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Немаат политичка заднина?? Зошто тогаш само на а1 се зборува за тоа?? Ја користат смртта на момчето, дури и неговото семејство апелираше да не го прават тоа. Убиецот е таму каде што треба да е- зад решетки! И таму ќе остане неколку години. Ако размислуваме така, момчето на себе носеше маица од вмро, што може да значи дека специјалецот бил вознемирен од загубата и изгубил контрола... Ако веќе размислуваме како што размислуваат на а1... Ако тие можат да направат цела драма од несреќата на едно семејство и да ја обвинат власта за се` така можеме и ние да си замислиме друго сценарио и да ја обвиниме опозицијата. Само ЖАЛНО е што ја искористи ја смртта на ова младо момче. Не може да ги суспендираат сите специјалци само заради еден будала што немал контрола и разум!

    Јас повеќе би излегла на протести против несовесни доктори, несовесен медицински персонал, таму секојдневно умираат луѓе, зошто за тоа никој не бара права??? Лично мојот татко го изгубив заради несовесни доктори, зошто никој за нив не протестира???
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Затоа што тоа не им е во корист на владините медиуми, затоа што се обидоа да ја прикријат смртта на момчето и сега се обидуваат да го прикријат протестот со предвременото поставување на Александар... пардон "Воинот на коњ", затоа што таков поблицитет не и годи на власта. Од друга страна А1 многу негативно го користат протестот, значи протестот не е политички ама секој си го користи како му одговара на него.
    Колку што знам не бараат да ги суспрендираат сите туку да им прават психотестови пред да ги примаат, што е многу логично. Не може секој да стапи во одбраа на оваа држава. Не можат тие да се однесуваат како да се редот и законот во држата, како никој да нема право ни да ги погледне. Сум била сведок на несоодветно однесување на полицајци и затоа го подржувам овој протест.
    Епа ајде да се организираме, да протестираме против нив. Јас одма ќе ти се придружам. И јас сум за, и јас имам изгубено блиска личност поради докторска негрижа, ама за жал ти нема да се дигнеш на протест за да не ти стават етикета дека си од една или друга партија, да не дојде ред да кажат дека случајно работиш против владата.
    Сакаш да кажеш дека специјалецот навивал за СДСМ?
     
  16. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    можеби!!! зошто инаку би го тепал ако двајцата слават?? само презумпција е ова...

    А за тоа дека нема да излезам на протести против медицински персонал- многу грешиш! Прва ќе излезам ако треба! Нема потреба да се плашам дали ќе ме етикетираат или не, јас сум веќе етикетирана партиски, но ни една партија нема да ми го врати тоа што ми го зедоа докторите и сестрите несовесни! Јас не верувам во утешните зборови “Бог така сакал“, јас верувам во докажаните дела, а ако тие доктори беа совесни јас сеуште ќе имав татко!
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Па знаеш како му доаѓа, зошто поради еден доктор да има протести против сите доктори? Не значи дека сите доктори се несовесни. Ова го кажувам изведено од твоите зборови, нели еден специјалец бил, па зошто се протестира против цела полиција.
    И вака, поради луѓе со вакво размислување никакви протести нема да успеат. Затоа се скандира ние не сме партија, има направено огромни пароли со ова лого, ама џабе е, кој сака пак ќе му даде политичка заднина на протестот.
     
    На LivingGlam, zhap4e и DAngel им се допаѓа ова.
  18. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    http://twitpic.com/5aka5v/full еве за Ози Ангел да не поштеди следен пат од лаички ставови и лепење етикети...Чисто колку да биде ад хок информирана што кој и зошто е на улица со транспаренти..
    просто не можам да поверувам дека постојат млад луѓе со толку закржлавени и тесни видици..
    Или е ВМРО или е СДсМ...
    Негде прочитав - многу бабици- килаво бебе - „експерти“ оставете ги младите да ве научат што е демократија! Еве не биле само самопрокламираните експерти неуки.
     
  19. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Ма дај! Не е еден доктор реинбу! Знаеш ли ти какви се состојбите по болниците?? Знаеш колку луѓе умираат таму од негрижа? Јас знам бидејќи одев таму 4 години да работам и да гледам како се однесуваат... Зошто за тоа нема протести? Зошто има протести за убиство што се случи ноќта кога се славеше победата? И тоа што е убиен еден од славениците! Ако вие не читате меѓи редови, жал ми е за вас! И не си земајте за слобода да ми кажувате мене дека имам кратки видици, не спаѓам во редот на таквите луѓе! Само се чекаше за да се избувне, не ми кажувај мене барем за тие работи, така правеа и со тутунарите зимата, така и сега! И ние тука се расправаме за политика, не за протести, затоа што јас ја “бранам“ Власта, а вие- ја оцрнувате! Таму каде што има масовни грешки, таму треба да се интервенира.
    Полицијата била и ќе остане со голем авторитет, ама онаму каде што ХУМАНОСТ е во прашање, никој не зборува! сите молчат!
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Има протести против бруталноста на полицијата, протести против насилство, поради тоа што е убиено едно невино дете, а сето тоа ќе се заташкаше да не излезеа сведоци. Знаеш какви пароли има? Вчера беше Даниел, денес е Мартин а утре може ќе бидеш ТИ, е затоа се протестира. И власта не се оцрнува, туку ова е обид да се смени нешто, нема пароли долу Грујо, нити пак Доле влада, ама вака од неинформираност се може да се каже. И да, можеш да се мислиш дека не си од тие со кратки видици, ама според твоиве мислења богами баш таму би те ставила.
    А за докторите, зошто нема протести? Па од такви размислувања, мене ништо не ми згрешиле, зошто да протестирам? Се чека додека не не спопадне нешто на наша глава, па да протестираме. Да беше на местото на Мартин брат ти, или било кој близок, дали и тогаш ќе викаше дека протестиве се со политичка заднина?
     
    На so4nti2u, DAngel и zhap4e им се допаѓа ова.