1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Протести - да или не?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од KuklickaSk, 11 јуни 2011.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Секој протест, колку и да е неутрален, политичките партии го користеле и ќе го користат во своја полза.
    За жал, некои луѓе тоа го сфаќаат како причина за да не се протестира.
    Ако гледаме така, да си седиме сите мирно дома, нека тепаат, нека убиваат.
    Да, има многу работи вредни за протест во државава, но тоа не значи дека треба да се потценува оваа бидејќи за другите не се протестирало.
     
    На Phyramide и ludoto19 им се допаѓа ова.
  2. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Сум ги видела паролите реинбу, не сум неинформирана колку што ме правиш ти! И стави ме кај сакаш, баш ми е гајле! И како што кажав погоре- лично семејството на Мартин рече да се прекинат овие протести, кога тие самите се свесни за ова, зошто јас да се правам паметна? Јас гледам што кажуваат медиумите, а медиумите- оцрнуваат! А во секоја држава- се слушаат медиумите! Тие се главен извор на се!
    ова што го болдирав, нема да го коментирам бидејќи е веќе повреда! Внимавај што зборуваш молим те.
    И случајот за Мартин беше расветлен за 24 часа, онолку колку што е доволно да се направи аутопсија и да приберат доказите. Само проблемот е што а1 и компанија чекаат само прилика да почнат со својата антивладина кампања, овој пат тоа го прават на основа на смртта на невина личност! Е се додека така се сфаќаат работите во државава, нема да протестирам!
    Јас можам да направам парола дека во Прилеп и Битола во текот на 1 година починаа околу 4 родилки, следната можам да бидам, па и ти! Ама тие не починаа изгледа на денот кога вмро славеше победа! затоа сите молчат??
    Нема да ме убедиш ни ти ни тие што ги носат паролите дека ова нема политичка позадина!
     
  3. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    433
    Нешто прочитав,нешто не од темава,ама не е ни важно,ќе кажам свое мислење!!
    Фан сум на ВМРО-ДПМНЕ,иако цела фамилија ми е за СДСМ!!
    Во редовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ,јасно и гласно беше протестирано дека ниеден член не смее да присуствува на протестите!!! Воопшт не ја оправдувам оваа постапка! Да член сум на било која партија,но живеам во демократска држава и можам да правам што сакам!! Но,кај нас протеситите не се организираат индивидуално,туку се организираат од страна на политички партии...ЗА ВАКВИТЕ ПРОТЕСТИ СУМ ПРОТИВ!!!

    Доколку протестите ги организираат група земјоделци,сточари,ученици,мажи,жени независно...кои не се предводени од ниедна политичка партија,тогаш нивниот потег е за пофалба и доколку се во право,со огромно задоволство ќе им се придружам,бидејќи си ги бараат нивните права!! Значи, ГОЛЕМО ДА за ваквите протести,НЕЗАВИСНИ!!!

    Во случајов со овај актуелен протест,искрено не ми е јасно за што протестираат младиве..СТОП ЗА ПОЛИЦИСКО НАСИЛСТВО?! :^)
    Што бараат,да не постојат повеќе специјалните едници или ...?!?!?!
    Мислам дека вакво нешто се има случено во секоја држава,но не се разгласува како кај нас,сами негативно се брукаме по светот!! :x
    човекот ја злоупотребил својата униформа,казнет е и крај!!!
    И татко ми е полицаец и пред неколку години,поради неможност ја немаше регистрирано колата неколку месеци,па си се провлекуваше со значката и ?!?!?!
    Секојдневие е ова во Македонија,само овој пат млад живот згасна,заради злоупотреба да работното место и положба,наместо да го жалат детето и семејството,некој гради на туѓата мака политичка кариера!!!
    Знам дека заминав од темава малце ама се со цел да образложам зошто е моето НЕ НА ВАКВИТЕ ПРОТЕСТИ!!!
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Скурел да си била макар на еден протест, или да си се потрудела да се информираш кои се паролите и за што се борат младите, не верувам дека ќе ги вмешаше овде вмро и сдсм. Биди си за кој сакаш. Детето што умре беше вмро, исто како и специјалецот што го уби. Тоа не менува ништо, зошто не биле политички побудите за насилство. Специјалците кај нас не се при нормално психичко здравје и треба да бидат распуштени, па се до нагорна линија да се поднесат оставки од луѓето надлежни што допуштиле такви луѓе да го чуваат „мирот“ на граѓаните. Земи препрочитај за колу убиства и тепачки тигрите и алфите од 2001 па нава се обвинувани. Земи подразмисли дали некој ќе те жали тебе, брат ти, дечко ти или било кој да се нашол во слична ситуација... 60/60 специјалци се неурачунливи, такво нешто прочитав утрово. ШЕЕСЕТ ОД ШЕЕСЕТ.
    Па уште да се молчи за такво грозоморие и високи функционери да ЛАЖАТ!!!! СРАМНО..
    и точно дека се брукаме...се додека има луѓе што размислуваат вака ко тебе...ќе се брукаме.
    Патем, хајд парк во Лондон е место каде има слични случувања. Ама тоа е Лондон нели? Они не се брукаат? Пошто малограѓанштината е толку всадена во нечии глави дури и пред ваква монструозност вадите партиски знаменца и изигравате полтрончиња.
    СРАМНО.

    http://www.vest.com.mk/?ItemID=676BCA8B ... CC59524C8E
    Партиите не се дел од протестот и не се поканети. Напротив, ИЗРИЧНО беше кажано дека не се добредојдени... ама кој да знае нели..? треба некој да излезе и да слушне што имаат тие луѓе да кажат, али вие сте презафатени со гледање серии или што и да правите.
     
    На JuLleE, Phyramide, KuklickaSk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Не да те вреѓам, ама ако за некој во оваа држава мие жал тоа е , за подмладокот на вмро-дпмне, бидејќи толку ви даваат искривена слика за реалноста, и ви ги перат мозоците, полошо отколку грците, на нивните млади околу светската историја и историјата на македонија и грција. ни една невладина организација не ќе можи после тоа „ да те излечи“. ЗА некоја година кога ќе одиш на работа ќе треба да им собираш гласови, сега ти забрануваат да си го искористиш грѓанското право на протест, си влегла во машинеријата „биди дел од вмро ОД ПРЕПИЧ од мода“. таа партија има за цел да манипулира со простите луѓе , а ти си се пикнала таму за да станиш дел од простите луѓе, или пак сакаш да бидиш од оние безмилосни интелектуалци кои се претворат во крадци и ќе манипулираат со простотилакот на рајата. сврти се малку околу себе, секој има право да протестира, охрид убија србин, убија албанче на училиште, сега полицаец уби дете. ова не е партиско, јас не сум во никоја партија, која партија и да беше на власт ќе си сносеше последици, бидејќи детето беше убиено од претставник на власта (на извршната власт). види прочитај малку за женскта организација што ја организирал хитлер, види како им ги перел мозоците на младите девојќи, веднаш ќе најдиш сличности со вашиот подмладок. оди прво во невладина организација, пред повторно да стапниш во штабот. бидејќи имам прочитано 10 флаери од подмладокот ваш кои се по МОДЕЛОТ НА НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ и имам мн луѓе таму во повисоките редови и сите ми велат да се држам понастрана, од партија дури не завршам факултет ,не станам зрела личност, бидејќи сите таму ке бидете во иднина само искористени физички и психички за интересите на некој трет што нема ни да ве познава. И имаш право за да не останиш обележана од општеството во иднина, да одиш на протест, бидејќи тоа не е ништо политичко и бидејќи сите имааат право да протестираат и да глсаат за кој сакаат.
     
  6. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Девојко внимавај како вреѓаш!
    Како прво- јас не одам во штабовите на вмро-дпмне, ниту на која е и да е партија. Ама си ја почитувам партијата, знаеш зошто? Затоа што јас лично имам корист од тоа, затоа што кога ми требало помош ми се нашле луѓе блиски до партијата! Не одам ни од мода, ни од што сум проста, Ти не ме познаваш за да ме вреѓаш така. Немам против тие што протестираат ама имам против целта на протестите, колку и да се прават “паметни“ дека нема политика во тоа, сите знаеме дека има! па признале или не! Ако мислиш дека вака терба да се злоупотребува смртта на момчето, во ред! Нека ви биде! Ви посакувам многу успех во протестите и повеќе изјави за а1.
    поздрав
     
    На Squirrel му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    433
    Добро океј протестирајте си,ама само едно не ми е јасно,како сето тоа се случи баш тој ден и како баш тогаш му текна на сите дека се против специјалните сили на полицијата :^) ?!?!

    За психотестот ќе коментирам од лично искуство....и ќе те прашам дали имаш некој близок од твоите што е полицаец!?
    Татко ми е чувар во затвор!!! Многу добро на своја кожа го имам искусено неговото психичко здравје,да знаеш само под колкав стрес се..татко ми го имам видено во сите можни изданија и верувај имам јадено чотек за кој ти не можеш ни да замислиш и не ти посакувам да доживееш нешто такво!!
    Но,како растам сваќам дека работата му е таква па здравјето на мојот татко или на секој полицец е целосно нарупено од преголемиот стрес...е сега кога здравјето на еден обичен чувар е вакво,тогаш какво е на тигрите воопшто не сакам да знамм!!!

    Пак ќе кажам океј протестирајте си вие,ама чуден ми е целиот сплет на околности и тоа што викаш дека нема партиска вмешаност,искрено не верувам!!
    Ама бидејќи не сум информирана сигурно нешто грешно гледав кога подмладокот на сдсм даваше изјава на А1! :!: не не не грешка сум,не сум инфомирана :!:

    И да нека се сменат овие 60 тигри и алфи кои паднале на психо тестот,но тврдам дека и новите кои ќе дојдат за неколку години ќе бидат исти!!
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Добро бе, добро бе.... ЌЕ помине ли кај нас една факинг работа а да не се вмешаат вмро и сдсм? Ќе помине ли? Ќе станеме ли еднаш демократија бре? За срамота! Сите треба да се засрамииме во какво општество живееме! Што ако излегол да протестира некој активист од сдсм или од незнам, лдп? Што? Еден таков несмее да изрази револт, или доволно е да видат дека член на опозициска партија присуствувал за протестот да се етикетира како Сдсмовски? Значи не ми се верува бре, неможам седам и ми се плаче, зошто оооооо зошто Господе овде си ми ја скроил судбината да живеам со вакви амеби бре. Абе, ќе протестирале пред седиштето на сдсм, леле ми иде да земам да плукнам и да си се удавам во плунката бе, зошто делам воздух со такви амеби?
     
    На so4nti2u, JuLleE, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    23.865
    Секој ден одам на протести, ја знам основата на протестот, организацијата, знам пари како секој ден се собираат по 5,10 денари од човек и тврдам дека нема никаква полтичка позадина... Да имаше партиска позадина, ќе имаше повеќе луѓе (партиски војници), ќе имаше подобра организација и автобуси од цела Македонија.
    Исто така, знам дека е СРАМОТА, на секој протест да се организра КОНТРА ПРОТЕСТ од партиски членови на владеачката партија, кои излегуваат на телевизија и како на Вашите 5 минути, си ја бараат својата слава, изјавувајќи глупости. Девојката која излезе да каже дека имало притисоци од страна на СДСМ, ниту еднаш не се појавила на протест. (колку толку се знааеме тие што одиме секој ден).
    За фамилијата на Мартин, да знаете дека брат му секој ден доаѓа и протестира заедно со нас.

    и да... ќе кажам.. мозоциве на повеќето млади во земјава се ставени на центрифуга. До толку да се нема сопствен став за нешто и да се верува слепо на Сител, не сум верувала дека е можно
    пс. ќе видите сега во 6 како подмладокот на вмро ќе организира контра протест, па СЕ НАДЕВАМ дека ќе можете да споредите партиски со независен протест, и да ја видите разликата.
     
    На so4nti2u, JuLleE, Offspring и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Squirel искрено нема поента твојов пост, малце авто-голски од твоја страна да збориш дека полицајците се склони на насилство,нели? И за ќерка на чувар на затвор, треба да ја знаеш границата помеѓу полицаец/сообраќаец/чувар/ војник и специјалец.
    Не знам каков ќутек си јадела, ама знам детето што умре каков ќутек изеде, и доволно сум човек да застанам и да речам..чекајте малце, доста беше.
    А вие што тотално без поента лупате небулози овде, и браните некаква си партиска чест, време е да погледнете дека ја валкате својата во процесот.


    ПС: Поглупо прашање од прашањето - ШТО СЕГА ВИ ТЕКНА? не сум слушнала, али еве ќе те удостојам со очигледниот одговор- Сега ни текна зошто дете беше претепано до смрт, и се обидоа да го скријат тоа.
    Затоа немојте да сте се дрзнале да го поврзете ова со едните или другите, не е против Владата, не е за СДСМ, не е ни против нив, не ми е гајле за кого гласате на избори, само гајле ми е кога гледам дека сте ја изгубиле човечноста...Стварно сум запрепастена.
     
    На Queen.S, Theodora, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Сфаќаш дека спореди ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ со регистрација на кола? Не можам да речам дека таквите како тебе ме фрустрираат, ама ви ги жалам испраните мозочиња.

    Погледнете подалеку од раката што ве гали и ви прави услуги за преку ред на шалтер, свртете се кон големата слика и она што не одделува од сите други суштества: барање правда, солидарност и емпатија!

    Ако сака да тепа, нека оди во ринг и нека се истуча до смрт, никој нема да жали таква битанга. Ама во држава кај што планирам (а секој ден сум понесигурна во одлукава) деца да раѓам и чувам, да знам дека некој ментално нестабилен ќе ја „злоупотреби“ својата функција и ќе посегне по животот на моето дете не. Затоа ДА за протестите, НЕ за партиските полтрончиња!
     
    На so4nti2u, julie77, Theodora и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Александар: Да се расчисти убиството на брат ми Мартин

    [​IMG]

    Мартин Нешкоски го познавал специјалецот Игор Спасов од порано, тврди неговиот брат Александар. Кобната ноќ, кога тигарот до смрт го претепа момчето не била нивна прва средба. Александар Нешкоски за АЛФА тврди дека пред четири години неговиот брат бил очевидец на настан во кој полициски Алфи малтретираат граѓанин. По настанот Мартин добивал закани од некои полициски работници – наместо да ја зборува вистината морал да сведочи во полза на алфите- вели Александар.

    „Пред да го убие, Мартин се сретнал со специјалецот Спасов пред месец ипол. Му рекол да внимава што прави“ - вели Александар Нешкоски.

    Александар е дел од младите кои секој ден протестираат против полициската тортура и бараат целосно да се расчисти убиството на неговиот 22 годишен брат. Казна за соучесниците кои му помогнале да избега и не го пријавиле убиството, семејството бара и преку приватна судска постапка.

    Исходот од истрагата во кривичниот суд ја чека и јавниот обвинител. Од сведоците на убиството ќе зависи дали обвинителството ќе побара кривичо да одговараат други лица инволвирани во трагичниот настан.
    http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=3 ... ntId=38241
     
    На JuLleE, babyblond и zhap4e им се допаѓа ова.
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Катастрофа! А бе овде има мизерија од народ поточно млади! А бе бетер од овци се ... можеш значи да ги манипулираш како сакаш, а посебно за нешто што нигде во свет го нема ... контра протести!? :x

    Ооо Боже помогни им не знаат што прават! (смајли што се крсти)
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Абе ја незнам шо не земат да протестираат против сами себе бре? Е така ќе ни направат на сите најголема услуга. За шо протестираат пред седиштето на сдсм бре? Аман леле незнам шо да кажам повеќе, ми иде да вметнам едно 4838945734867 пцовки во мислењево, ама несмеам... Нели ќе го бришеа Бранко од политиката со победата, шо сеа пак го спомнуваат него и сдсм? Нека земат да си протестираат против сами себе, зашто се претерано трули! Никогаш немало толку протести колку шо има сега во МКД, нели се запрашуваат дека нешто не е во ред бре? Нели се запрашуваат дека не е секогаш опозицијата крива? Кој фактор е уосталом опозицијава? Ги доби ли овие избори опозицијата? Кој ги доби? ПА добро бе, глупи ли не праат бре? Штета, многу ми е жал шо не бев во можност да присуствувам на протестите, инаку прва ќе застанев и ќе се дерев не против вмро, туку против овоа шо се случува!
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Видете ги бре! Абе зошто Господи го трошат кислородот овие суштества? Овие протестираат а незнаат зошто!

    http://a1.com.mk/video-home.asp?VideoID=2759

    У ќе фанам ќе се отрујам! :@
     
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Прости им Господи не знаат што прават
    Оној што ги пратил изгледа не подразмислил дека може да настане хаос и тепачки не дај Боже, да на исто место каде имаш група млади што протестираат, ти им праќаш друга група против нивниот протест. Или можда со таа цел ги пратил?!? Ама среќа за сега нема тепачки, освен збунети фаци :) ах бе!
    Ој интелегенцијо Македонска у која црна дупка си го набутала задникот, пак неинтелегенција те вози.
    Ќе ми протестираат против моето право да протестирам.
    И што се вадат на изјавата на Сител што ја кажале семејството. Еј, интелегенцијо, што тогаш бара истото тоа семејство среде оние што протестираат, со истите пароли, со кои оние протестираат?
    Што, сега вие протестирате против правото на семејството на Мартин да протестира, против правото да бараат одговорност од институциите што ги лажеле, што не ги информирале два дена дека синот им е починат, што го криеле убиецот, што му се заканувала полиција... против тоа ли протестирате? Се се, владата да е стабилна ли? Ваш е умрениот и ок е значи. Во ваш двор се случило, што има другите да се замараат |(
    Ајде тогаш драги мои министри сите да ве видиме, бар да ви се исплати глупоста ваша.
     
    На LivingGlam, julie77, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    23.865
    Господе каде живеам?? Господе со кого го делам воздухот??
    Со испранине мозоци што работат само по наредба?? И доаѓаат на протести во штикли и нафрцкани... Не им кажале како се протестира..

    Што се однесува до тоа од кого се организирани овие контра протести, се ќе ви биде јасно кога ќе ви кажам дека они поминаа, онаму каде што ние 15 дена не успеавме заради полициските барикади. Браво!
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.517
    Безврска работа...
    контра проести ахам да секако ;) ние по дома арни вие како сте?
    Потполно се согласував со првите протести затоа што со право сите протестираа.
    Ма да и да протестираме и да не протестираме,во државава наша на никој не му е гајле.Ако се реши полицаец да те убие ќе те убие и готово,ќе го помилува претседателот.
    Колку и да простестираме нема некои работи да се сменат,за жал тоа е нашата сурова реалност...
    Нема ни да се врати животот на момчево,а и да се спречи и понатаму да се случува тоа.Ќе се случува,затоа што на никој политичарите не им е гајле како се чуствуваме ние обичните граѓани
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Мислам дека во многу брзо време, повторно ќе почнам да ја разгледувам опцијата `Бегај одовде додека можеш` |( Дај бе ако ги познава некој нека им каже да се скријат да не се бламираат |( Абе ми иде да застанам и да ги пукам по ред од шо се прости и испрани. Жими се, би застанала и по ред би ги пукала да ги снема. Ебате беља (посилно е од мене) абе нели им е срам како прво? Нели помислуваат како им е на семејството на починатиот? Господе или земи ги нив или мене земи ме, или напрај да се разбудам некаде далеку одовде |(