1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Протести - да или не?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од KuklickaSk, 11 јуни 2011.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Кхм, кхм... Сакате уште? :)

    [​IMG]
     
  2. so4nti2u

    so4nti2u Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    16
  3. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Кај нас веќе стана пракса на секој ПРОТЕСТ,да му следи и АНТИ-протест.Било да е на стечајци,тутунари,на млади итн...
    (нема да ми биде чудно ако некој член на СДСМ,каже дека ќе прави свадба,па од штабот на ВМРО да се јават веднаш-Ќе има и АНТИ-свадба :!: 8)

    Инаку,конкретно за протестот на младите против полициската бруталност-Да.
    Не сум од Ск,а да бев секако дека ќе присуствував.Ниту како испратеник од Сдсм,ниту од која било друга партија.За мене,за моите најблиски,за сите кои можеа и можат да бидат на местото на Мартин Нешковски.
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    До: Министерство за внатрешни работи
    Гордана Јанкуловска – Министер за внатрешни работи
    Ул. Димче Митрев бб
    1000 Скопје
    Скопје, 22.06.2011
    Предмет: Барање за доставување на информација

    Почитувана Министерке за внатрешни работи,
    • Врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ние групата на граѓани кои протестираме против полициската бруталност во изминативе две недели, бараме да ни доставите информации за следново:
    • Врз основа на кои законски акти и одлуки на МВР нашите уставни загарнтирани права, право на мирно собирање (Устав на Република Македонија, член 21) и правото на слободно движење (Устав на Република Македонија, член 27) го ограничувате и притоа поставувате полициски кордон на раскрсницата на улиците Железничка и Бихаќка, а со тоа не можеме мирно да се собереме пред зградата на МВР.
    • Врз основа на кои законски акти и одлуки на МВР во текот на понеделникот (20.06.2011) на група граѓани кои што исто така мирно се собраа и протестираа пред седиштето на политичката партија која што исто така е на улицата Бихаќка, веднаш до зградата на МВР им беше дозволено да поминат преку оваа раскрсница без притоа да биде поставен полициски кордон на гореспоменататa раскрсница. Како потврда за ова дека таа група на граѓани мирно се собрала се прилозите на неколку медиуми објавени во текот на иститот ден:
    o Алфа телевизија http://www.time.mk/read/NONE/f331306955/index.html
    o Сител телевизија http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/ ... sustvo-ja-
    otkriva-pozadinata-na-protestite
    o Курир http://kurir.mk/makedonija/vesti/33615- ... olitizira-
    smrtta-na-Neskovski
    Поради горенаведениве ситуации исто така бараме од Вас да ни доставите:
    • информација врз основа на кои законски процедури нееднакво ги третирате граѓаните, односно на една група го ограничувате правотот на мирно собирање пред зградата на МВР, а на друга група на граѓани им овозможувате да се движат и мирно да се
    собираат во непосредна близина на зградата на МВР.
    Ве замолуваме одговорот на ова барање да ни го доставите на електронската пошта info@protestira.me .
    Се надеваме дека Вашиот одговор ќе биде во духот на уставно загрантираните принципи и ќе ни одговрите зашто сите граѓани поедеднакво не можат да ги остварат правото на мирно собирање и правото на слобода на движење.
    Со почит,
    Група на граѓани
    Иницијатива против полициската бруталност
    Скенираното барање доставено до Министерството за внатрешни работи.
    Испратено од: Правна група на координативното тело на протестите
     
    На Masnoli01, zhap4e, so4nti2u и 5 други им се допаѓа ова.
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    боже, онаа дали има 17 години |( !
    што им е на децана бре, со политика се замараат!
    Неписмењак, барем да научела 2-3 збора, оној новинарон и ги влече од уста :lol: А божем па тој по писмен од нејзе ќе да е :rofl:
    едит- протестира, протестира, за книшка девојчето си протестира!
    Ама амбициозна да ти била
     
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.989
    Утре, 25ти Јуни, 10 часот... Масовен протест пред Собранието на РМ

    Се собираме кај Мајка Тереза ~
     
  7. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107

    Овој протест кога станува збор за настан според мене е организиран од партиски побуда, а не е граѓански и се гледа јасно кои одат на протести. Протестот според мене, е во ред, но ако ја земеме пошироката слика, е целосна утка. Не може да се протестира само против полициската бруталност. Не може тоа да биде единствениот мотив, ниту пак е најважниот. Постојат милион причини за протест. Мене ми е кристално јасно дека врската помеѓу причините и поводот за овој протест се тесно врзани со политиката. Подеднакво ми е јасно дека не може секој протест да биде насочен кон многубројните причини, затоа што понекогаш треба да се тргне од посебното, за да се дојде до општото. Но, не сум сигурена дали состојбите во нашата земја го дозволуваат тоа. Затоа, едно од основните прашања кое треба да си го постават оние кои протестираат е дали тие сакаат да менуваат нешто во рамките на овој систем на власт или, пак, сакаат да го сменат самиот систем на оваа власт. Што вреди ако протестираме против полицијата и што вреди дури и ако формално се воведат некои реформи, кога тие ќе останат само на хартија.
     
  8. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    BetiBoop25

    Тие т.н. контрапротести имаат смешна и политичка позадина - погледни ја онаа неписменана вмровка на клипот погоре и ќе ти стане јасно...Кога веќе даваш коментари за ова, дај и за двете страни да чујам, поточно за оној вмровски собир на простаци, кои ги вртат на мало прсте по штабовите |( Убиено е момче на 22 години од припадник на специјална единица Тигри :envy: Министерката за внатрешни, треба да си поднесе неотповиклива оставка за ова, а не да се организираат контрапротести по штабовите и да го прават народот глуп...
     
  9. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    Jас си го кажав моето мислење и мојот став, и стојам на тоа.Не сум партиски определана и немам намера да коментирам за партии и политика, јас коментирав за протестот општо, и останувам на горенапишаниот мој коментар и несакам и немам намера да се повторувам.А гледам дека некои кои коментираат тука во нивните коментари се чувствува доза на исполитизираност.
     
  10. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    ^^^

    Батали ти исполитизираност, тоа нема везе со ова..Гледај ти објективност, тоа е битно... :)
     
    На lolyta777 и Masnoli01 им се допаѓа ова.
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.989
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    Да те исправам: Не е Тигар -лично обезбедување на Груевски е и е на службена должност т.е. во работно време го направија Тигар за да ја ублажат работата. ( што бара до премиерот во маичка? Фустанот му го носи? )
    Друго: Го има некој од овие што одат по протести видено детето што сведочеше за А1 и другите пишани медиуми очевидецот негде а? Тоа што го снимаа во патиката де?! Не а! Е па не..дома е и од јутра до сутра има полиција кај него дома и е под закана да не сведочи оти ке го папа.
    За жал дојде време кога секој во оваа држава може да исчезне од дома од необјасливи околности.
    И ако некој се чуди зашто- јас ке кажам народот тоа го сака. Тешко тие што се трезни верувајте.
    За жал народот ни е таков си сакаат тортура.
    После ние сме салам држава демократија? Нееееее......ноу веј! :x :fubar:
     
    На Offspring и milky-candy им се допаѓа ова.
  13. DressedToKill

    DressedToKill Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    43
    На kankus и Masnoli01 им се допаѓа ова.
  14. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Значи премногу ми беше жал кога ја дознав тажната вест за Мартин. Ме погоди, бидејќи го познавав и бевме извесно време во контакт. Не ми се веруваше дека он, од сите го накркал.
    Протести - ДА! Бидејќи доста е веќе. Оние кои што би требало да не заштитат премногу си дозволуваат, си замишљаат го држат државичево, ко Мајкл Џордан баскетот на прст. Зборувам за полицијата, бранителите и слично. Ги користат сите бенефиции што им ги доделува државата, а да не зборувам уште кооолку повеќе си собираат. Треба да се стави крај на овие бљувотини. И премногу е неетички и незаконски да се прикрива идентитетот на жртвата со цел да се заштити криминалец. Не можам да објаснам колку ми се гади од тоа. Но зад тој криминалец - стои цела институција. И тоа веќе станува проблем, бидејќи ужасно се потребни реформи.
    За медиумиве, да не коментирам.. сите си го присвоија случајов во своја корист. Де крадел пијачки, де сакал да честита за победата на владејачката партија и тн и тн. Познавајќи го, можам да кажам дека не беше баш мирен момак, но беше добар. Што и да се случило, не заслужи така да заврши. Голема неправда, и сеуште не е решена. Доооколку тие се вистинските луѓе на сцената, би требало да ја донесат правилната одлука. А за тоа, останува да си почекаме.
     
  15. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    протести да се додека не се затворат и осудат сите сооучесници и а горданчето да си даде една оставка голема колку нејзинот брк :x :x
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Братот Мартин Нешковски, момчето кое што до смрт беше претепано од специјалец додека се славеше изборната победа, повикува на протест на денот на роденденот на Мартин, во вторник на 16 август.



    „Ве поканувам во вторник на 16 август на денот на раѓањето на мојот брат во 18 часот кај спомен куќата на Мајка Тереза да го изразиме незадоволството од институциите надлежни за случајот со Мартин. Ги поканувам власта, опозицијата и сите други што можат да придонесат да се сплотиме како едно, да го решиме случајот и да се разбудиме од овој кошмар иако загубата е најголема за нас како фамилија, да се потрудиме да не се повтори грозниот чин од таа кобна ноќ“ пишува Александар Нешковски на Фејсбук групата, Правда за Мартин Нешковски.

    Инаку, припадникот на Специјалната полициска единица „Тигар“, Игор Спасов (33) е испратен на психијатриско вештачење, кое треба да покаже дали тој бил пресметлив за време на убиството на Мартин Нешковски што се случи на 6 јуни годинава.

    Вештачењето ќе трае 15 дена, а потоа ќе биде изготвено психијатриско вештачење. Спасов е во притвор во Истражниот затвор „Скопје“.

    Игор Спасов на 6 јуни, 40 минути по полноќ, додека се славеше изборната победа до смрт го претепа младиот Мартин Нешковски.
    Убиството предизвика масовни протести на младите на скопските улици, барајќи расчистување на случајот и оставки од министерката Гордана Јанкулоска и помошникот на министерот за односи со јавност Иво Котевски.
     
  17. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Знам дека малку ќе бидам далеку од темата за Мартин Нешковски,но сакам да ве прашам дали сте за еден протест да организираме да ја тргнеме оваа власт.Затоа што веќе претеруваат се те манимпулации со народот те незнам ставаат албанец за да ни биде министер за образование,те сме на прво место од цел свет за најлоша економија поточно за најмала плата каде е сето ова сител да го објави не само сител туку и другите телевизии епа не даваат затоа што на сите телевизии даваат дека се е сјајно во државата епа драги мои не е се сјајно во државата ЈАС СУМ ЗА ДА ОГАНИЗИРАМЕ ЕДЕН ПРОТЕСТ ЗА ДА ГИ СИМНЕМЕ ВМРО ОД ВЛАСТ
     
  18. snowflake123

    snowflake123 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2014
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    11
    Во чест на протестиве кои го тресат Скопје, да си го кажам моето мислење.
    Протести- големо ДА. Ги има во секое демократско општество, тоа е начин нардот да си го искаже своето незадоволство за некоја работа. Факт е дека штом стигнала работата до протест состојбата во тоа општество е далеку од сјајна.
    Одобрувам протести ама со пароли, со блокирање на улици, па дури и јајца фрлање ама не бомби, не кршење и уништување на државен имот.
    Проблемот со протестите КАЈ НАС е што 95% од оние кои излагаат на протести(зборам за актуелниве простести во Скопје, за Монструм) се деца, од 15 па до 20тина години. А не е дека постарите се задоволни од ситуацијата во државава ама што ќе излагаат на протести, кога има деца за ив да излагаат.. :envy:
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Државата ни тоне, нацијата ни се губи, исчезнуваме од земјината топка на која што сме најситната точка.
    Не дозволувајте да бидеме исчистени, измачени, побиени и омаловажувани, а ако веќе МОРА ДА СЕ СЛУЧИ ТОА, мојата душа ќе го напушти телово одкако ќе ја покажам мојата ГОРДОСТ ШТО СУМ МАКЕДОНКА!
    -
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  20. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски