Па пред некоја година и јас јадев пред вегера во гтц, помина еден малецок питач како што ги викаш и бидејќи земав две кифли едната му ја дадов на него, ми се виде гладен а и со раката накај мене ми бараше нешто, претпоставив дека е гладен па му требаат пари за леб. И знаете што направи малиов? Ја зема кифлата и ја згази под нозе Од тогаш ни питач ни свети питач не регистрирам. А и целата ситуација само на проблемот со цел и со пола леб ли ја сведе? Не знам ти кај живееш, ама кај мене може и пола леб да се купи. Што се нема да прочита човек. За времето на Бранко се купувал пола леб а сега за време на Никола само цел, никако пола, а на другата половина што ќе и правиме, ќе се исуши Прво викаш дека протестиве не биле организирани од сдсм, дека и ти ќе се вклучиш зашто си само дел од незадоволниот народ, а после кажуваш: Што ти значи фактот дека пола леб не се купувало, одма на бунт зашто спасот го гледаат во сдсм, само за да не биде вмро, мора да биде сдсм, а дом? За времето на Бранко се купувало пола леб, ама по цена на цел леб, зашто Бранко им го јадел пола
Сдсм никој не ги избрка од собрание, туку сами се фолираа и глумеа т.е. пробуваа да соберат евтини политички поени и да создадат вештачка криза, затоа што веќе го допреа дното и како партија им се гледа веќе крајот. Мислам тоа во собранието беше очајна глума. Зарем не им текнува тие што правеа кога беа на власт, а и нивните дедовци за време на Југославија кога праќаа луѓе на Голи Оток. СДСМ не е партија од вчера, туку владее со Македонија цели 60 години, тие се само продолжеток на КПЈ и го фаќаат народот на југоносталгичност. Ете сега во Куманово им падна уште еден функционер за примање мито од 1.000 евра. Никој не вели дека ВМРО се идеални, но СДСМ е најлошата можна варијанта којашто може ВМРО да го замени. Кај нас во Македонија генерално проблемот е во самиот менталитет и култура кај целиот народ, а не само во две политички партии.
Јас си кажав само тоа што видов на телевизија. Мене едно не ми е јасно, оти никој не помислува на нова трета опција? Оти мора или да се напаѓа СДСМ или да се брани ВМРО? Јас ни од едните арно сум видела ни од другите и преку глава ми е и од едните и од другите како и на многу други млади луѓе кои очигледно овде не гледаат иднина и си заминуваат. Јас барем за разлика и од нив и од сите вас сум патриот и оптимист и верувам дека може да биде подобро. Ако вас ви е супер, не значи дека на сите им е супер. И зошто вам би ви сметало да е подобро? Или треба сите да извадиме партиска книшка од ВМРО и се да престани да функционира и сите да чекаме да не вработат во државни институции, да си направиме нова Југославија се да е државно, пак да си се вратиме во социјалистичко општествено уредување, бидејќи ова сето води кон нешто такво? М?
Е баш така,добро кажано babyblond ја само сакам да биде подобро сега што некој сваќа погрешно тоа е друго ја само кажав што мислам.а и колку што знам секој си има право на свое мислење
За поздрав е тоа што го велиш, но некако имам впечаток дека кај луѓето нема доволно силна волја за протести кои би предизвикале сериозна промена - секако, времето ќе го потврди или побие кажаново. Но некако не ми се верува дека СДСМ, барем таков каков што е во моментов со толку нехаризматичен лидер како Заев (кој инаку мнооогу го ценам како градоначалник на Струм'ца!). Еве и да направат протести на 31.10. еве и да не се исплашат од Мајкл Мајерс (бидејќи е ноќ на вештерките нели ) Спојлер и да сменат власт што понатака? Ќе го детонираат СК2014? Ќе ги вратат испосечените дрва? Некако ми немаат визија, сè што слушам е дека тие би сакале да бидат на власт, а што откако ќе дојдат на власт? Низ каква програма ќе ја поправат досегашната штета од „античкиве патриоти„? Но можеби си во право, можеби ако се смени власта ако ништо друго ќе се намали или исчезне чувството на страв и неслобода. Факт е дека во времето на левицата имаше поголем и побогат културен разновиден живот - не затоа што тие премногу се разбираат во културен живот, туку затоа што не го гушеа со наметнување на сулуди идеи и уште посулуди реализации на истите.
Не знам за вас, мене ми се уврте во глава песна од мјузикалот Клетници. Do you hear the people sing singing the song of angry men this is the music of the people that will not be slaves again! Еј, се занесов. Протест, големата работа. Се протестира додека не излезе полицијата, пушти солзавец, удри некој пендрак и ајде куд кој мили мои. И ова во случај само кога се работи за протест во права смисла. За народ излезен за сендвич без пари и да фрли јајце по зграда уште помалку ефорт. Јаз`к за јајцето.
Ти девојче многу гледаш телевизија и тоа опозициска. КОј ги сруши барикадите, кој маваше по полицијата цццццццццццццццццццццц ех ова новинарството што прави или вакви тикви како твоите. Што глумците што ги гледавте на тв абе ајде приберете се власта е преслатка. Колку те платија бе? Или очекуваш да те вработат? Ова е форум , а не пропагадна програма или страница.
https://www.facebook.com/events/1609032 ... y&source=1 кој сака нека се придружи кој сака не мора,не ги присилувам
Драганче ти да не си ПР на настанот , отепа со покани. Ај баш да видиме кој и колку ќе дојдат. Ако одиш ти постирај некоја слика да те видиме, може и еден леб да носиш со тебе, уствари пола, така одма ќе те препознаеме.
Под реден број 1 Кој будала го правеше настанот? На кого ќе протестирате пред собрание во 17 часот? На чистачките? Под реден број 2 За што ќе протестирате? Само да се протестира битно. Нит има протестот некоја цел, нит има некои барања... смешен е...
Навистина по 17,00 часот хаххаххах баш на женичките што чистат или евентуално ако има седница до 18,00. Не да е смешно трагикомично е.
Јaс во 17 си одам од работа... Ќе ми стават етикета дека сум протестирала Прекувремено ќе останам во петок, да се расчисти гузвата пред собрание па да поминам јас
Кој сака, нека протестира. Секој има право да протестира. Тоа е демократско загарантирно право. Протестот не е негативна работа. Тој е позитивна работа. Тој е показател колку е демократско некое општество. Ако нема протести тогаш народот е уплашен, потиштен, депресивен, пасивен, а тоа не се знае како и кога ќе ескалира. Нема утописко општество каде сите се од се задоволни. Дури и во „најсовршените“ земји има секојдневни протести. Подобро е да има протести и да се „туши “ народот отколку да има криминал. Ако не се истуши таму каде што треба ќе се истуши дома, на децата, на сопругот, ќе почни на пие, да се дрогира, да забушава на работа, психички да се разболи. Па има растурени семејства, семејно насилство... И така од еден проблем 300 други проблеми произлегуваат. Затоа не им судете на луѓето кои сакаат да протестираат, бидејќи тоа е показател дека се уште чувствуваат дека се уште РАЗМИСЛУВААТ и преземаат некоја акција, дека не се скрос пасивни.Дека се уште има некое живо ткиво. Дека не само вегетираат туку и размислуваат, сакаат промени, сакаат напредок, едноставно реагираат некако, било како. Дека има се уште некоја доза на алтруизам па макар и била само за одредена група граѓани, во ова општество каде никој не гледа подалеку од својот нос, но е спремен да го пика истиот каде ќе стигне.
Јас немам ништо против протести, и луѓето што протестираат. Но да се прават вакви безцелни протести кои нема да вродат никаков позитивен резултат, освен гужви низ центар и нервози меѓу граѓаните, не ја гледам логиката. Еве сите што планираат да одат нека ми кажат што очекуваат од тоа што ќе излезат на улица, што ќе им смени тоа???? Само време ќе си губат, не за друго туку нивната партија не знае ниту протест да организира како што треба а и истите секогаш ги прави тенденциозно за да предизвика некој неред и дестабилизација во државата,и после да си гледат сеир кога ЕУ ќе ни прати некоја негативна порака за состојбата во Мк. Ако сдсм сака да им помогне на граѓаните и своите членови тогаш треба да превземе други попаметни чекори, во спротивно лидерите ќе си терат свои интереси ќе се полнат пари со нивните приватни бизниси а оние обичните граѓани кои урлаат по улиците, со години ќе останат на истото статус кво, оти улични лидери само на улица може да те вработат, каде на друго место??( и така се повлекоа од институциите).
Така во партија ти кажаа??? што си се фатила со девојчето да се расправаш само, ако сака да оди на протест ќе оди. Тоа е нејзино лично право. Убаво има пишано бејбиблонд за протестите, но на вас Вмроовците кога ќе ви се слушне за протест косата ви се крева. Така сте задоени од партија. Одма Сдсм Ви е криво за се, не знете друго. Немате објаснување за сите проблеми што ги направивте во државата и најлесно е да се впери прстот кон опозицијата. Протестот е загарантирано право и кој што сака ќе излезе да протестира против нешто што смета дека не е во ред. Протестот ВМРООВКе значи демократија, а не ДИКТАТУРА која цвета и владе во Македонија долги години. Тебе гледам не те вработиле на улица, туку во убава државна фотеља па овде кажуваш бајки и приказни.